По неколкунеделното неовластено протекување информации, „Rockstar Games“, во партнерство со „Netflix“, претстави 27-минутен официјален приказ на „Grand Theft Auto VI“. Реакциите се исклучително позитивни … На чекањето му дојде крајот – во четвртокот вечерта, на 27 август, „Rockstar Games“ не објави само нов трејлер, како што тоа го прават сите други издавачи, туку наместо тоа приреди вистински глобален медиумски настан! Во соработка со „Netflix“, премиерно беше прикажан „Grand Theft Auto VI: An Extended Look“, речиси половина час долг специјал кој на претплатниците на стриминг-сервисот им овозможи ексклузивен увид во најочекуваната игра на деценијата.