Придобивката е двојна, велат од ФЗО, пациентите добиваат континуирана терапија без дополнителен трошок , а истовремено се зачувува ефектот од претходно постигнатото намалување на цената на лекот.
„Цената на Myfortic од 180 mg е намалена за 291 денар, а на Myfortic од 360 mg за 2.012 денари.
Ова е конкретен пример како рационалното управување со средствата од здравствениот буџет може истовремено да донесе поголема заштита за пациентите: терапија без доплата за осигурениците и понизок трошок за Фондот.
„Фондот за здравствено осигурување ќе продолжи да ги следи состојбите на пазарот и да реагира таму каде што е потребно, со цел придобивките од Позитивната листа и конкуренцијата меѓу лековите да стигнат таму каде што се најважни – директно до пациентите, велат од ФЗОМ Пациентите со трансплантирани органи од утре, 26 август 2026 година, ќе можат да го подигнуваат лекот Myfortic (mycophenolic acid) од 180 mg и 360 mg без доплата од договорните аптеки на Фондот за здравствено осигурување.