Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, заедно со генералниот… Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, заедно со генералниот секретар на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), Владимир Обрадовиќ, ја отвори Националната младинска летна школа за социјална инклузија во Дојран. Од 14 до 18 септември на Школата учествуваат 60-ина млади на возраст од 15 до 29 години од целата земја. Летната школа е организирана од Министерството за социјална политика, демографија и млади, во соработка со Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) и Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО). Во текот на петдневната програма младите учесници од разни делови на државата ќе имаат можност преку интерактивни, едукативни и спортски активности да стекнат нови знаења и практични вештини во повеќе области, меѓу кои комуникација, тимска работа, лидерство, социјална инклузија, личен развој и вработливост.