Српскиот водител Зоран Кесиќ гостуваше во „Јутро за све“ на БХТ, каде што се осврна на… Српскиот водител Зоран Кесиќ гостуваше во „Јутро за све“ на БХТ, каде што се осврна на укинувањето на својата емисија „24 минути“ на Нова С, зборуваше за причините што ги добил од сопственикот на телевизијата, но и го најави нејзиното враќање на Јутјуб. На самиот почеток од разговорот со Звонко Комшиќ, Кесиќ откри и како се чувствува по откажувањето на емисијата на Нова С, по поддршката што им ја пружија колегите, но и бројните граѓани кои излегоа на улиците на Белград на неодамнешниот собир. „Сè повеќе и повеќе доминантно чувство, по лутината, разочараноста и желбата за одмазда, е желбата нашата емисија да биде што подобра.