На двата аеродрома, скопскиот и охридскиот, годинава сме блиску до 4.000.000 патници.
Аеродромите рушат рекорди и тоа е резултат на субвенциите за нови линии и инвестициите што ги правиме во аеродромите, вели заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. Oна што било проектирано за 2030 година, веќе го постигнуваме во 2026 година и ќе продолжи да расте во следниот период. Секако, една од основните причини за тоа е изградбата на нова терминална зграда, на помошните простории.
Аеродромите рушат рекорди и тоа е резултат на субвенциите за нови линии и инвестициите што ги правиме во аеродромите, вели заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. „Oна што било проектирано за 2030 година, веќе го постигнуваме во 2026 година и ќе продолжи да расте во следниот период. Секако, една од основните причини за тоа е изградбата на нова терминална зграда, на помошните простории.
Охридскиот аеродром годинава ќе достигне помеѓу 370.000 и 400.000 патници наспроти предвидените 130.000 патници до 2030 година, вели вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Како што објави на својот фејсбул профил, на двата аеродрома, скопскиот и охридскиот, годинава сме блиску до 4.000.000 патници, што е значителен раст споредено со 2.400.000 патници во 2024 година. Јасно насочените политики кон поддршка кои ги води оваа Влада и новите конекции коишто ги отворивме допринесоа значително да се зголеми бројот на туристи, а со тоа ја подобруваме и локалната економија, наведува Николоски.
Рафиња нема предвреме да се врати во Барселона, иако заработи црвен картон во поразот на Бразил од Јапонија (2:3) и ќе го пропушти следниот натпревар против Сингапур. Бразилската фудбалска конфедерација одлучи фудбалерот да остане со репрезентацијата до крајот на собирот. Од Барселона претходно побарале внимателно да се контролира неговото физичко оптоварување поради ризикот од нова повреда, но Бразилците не планираат да го ослободат.
Тренерот на Бразил, Карло Анчелоти, им одговори на загриженостите на европските клубови за собирањето на нивните ѕвезди, меѓу кои Винисиус и Рафинја, за азиските пријателски натпревари против Јапонија и Сингапур. „Приоритет е секогаш здравјето на играчите. Ако се 100% физички подготвени, ќе тренираат и ќе играат.
Во саботата, во пријателски натпревар одигран во Сингапур, Јапонија ја победи подмладената бразилска репрезентација со 3-2. Јапонија поведе рано со головите на Такефусе Куба во 15-тата минута и Кеито Накамура во 19-тата минута. „Селесао“, во чии редови имаше 15 играчи под 23 години, се врати благодарение на Винисиус Жуниор кој постигна два гола, првиот во 33-тата минута, а потоа и вториот во 75-тата минута. Сепак, победата за Јапонија ја обезбеди Тацухиро Сакамото, кој постигна гол во судиското продолжение на крајот од натпреварот.
Легендарниот бразилски напаѓач, сега сенатор, Ромарио побара Карло Анчелоти да биде отпуштен откако Јапонија го победи Бразил со 3-2 во пријателски натпревар. „Анчелоти, готово е! Земи си ги работите и оди си! Никој не ја доведува во прашање твојата историја. Ти си еден од најголемите тренери што ги видел светскиот фудбал, но го докажа тоа во клубовите.
Проф. д-р Сашко Кедев официјално е признат од „Guinness World Records“ како највозрасниот човек во светот што ги искачил сите 14 планински врвови повисоки од 8.000 метри. Федерацијата за планинарство на Македонија му упати честитки за подвигот, со кој македонското планинарство доби светско признание. Кедев го започнал патот кон овој предизвик со искачувањето на Монт Еверест на 19 мај 2009 година, а го завршил на 20 јули 2025 година, на врвот Гашербрум I во Пакистан, висок 8.080 метри.
Македонскиот кардиолог, професор и алпинист Сашко Кедев е најстариот алпинист во светот кој се искачил на сите 14 планини повисоки од 8.000 метри. Со искачување на врвот Гашербрум I Кедев го заокружи овој предизвик на 20 јули 2025 година, на возраст од 63 години и 14 дена, со што влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстарата личност во светот што се искачила на сите планински врвови над осум илјади метри надморска височина. Д-р Кедев, кој е роден на 6 јули 1962 година, исто така, е најстарата личност која ги искачила сите планини повисоки од 8.000 метри, како и „Седумте врвови“ (највисоките точки на секој од континентите). Овој подвиг го остварил во периодот помеѓу 14 јануари 2008 година (Аконкагва во Јужна Америка) и 6 ноември 2011 година (Пункак Џаја, познат и како Пирамида Карстенц, во Океанија). Планини над 8.000 метри, коишто ги има освоено Кедев се: Еверест: 19 мај 2009 Манаслу: 27 септември 2021 Дхаулагири I: 9 април 2022 К2: 22 јули 2022 Брод Пик: 29 јули 2022 Анапурна I: 15 април 2023 Нанга Парбат: 2 јули 2023 Чо Оју: 2 октомври 2023 Макалу: 5 мај 2024 Лхоце: 13 мај 2024 Гашербрум II: 22 јули 2024 Шиша Пангма: 4 октомври 2024 Канченџунга: 23 мај 2025.
Македонскиот кардиолог и алпинист Сашко Кедев влезе во Гинисовата книга на рекорди како највозрасен човек кој освоил 14 планински врвови во светот и стигнал до највисоката точка од над осум илјади метри . Историскиот подвиг го заокружил на 20 јули минатата година со искачувањето на Гашербрум во Пакистан . Кедев е првиот Македонец со вакво достигнување што го призна Гинис. Категорија: Македонија Nadnaslov: достигнување Слика за вест:.
Македонскиот кардиолог, професор и алпинист Сашко Кедев е најстариот алпинист во светот кој се искачил на сите 14 планини повисоки од 8.000 метри. Со искачување на врвот Гашербрум I Кедев го заокружи овој предизвик на 20 јули 2025 година, на возраст од 63 години и 14 дена, со што влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстарата личност во светот што се искачила на сите планински врвови над осум илјади метри надморска височина. Д-р Кедев, кој е роден на 6 јули 1962 година, исто така, е најстарата личност која ги искачила сите планини повисоки од 8.000 метри, како и „Седумте врвови“ (највисоките точки на секој од континентите). Овој подвиг го остварил во периодот помеѓу 14 јануари 2008 година (Аконкагва во Јужна Америка) и 6 ноември 2011 година (Пункак Џаја, познат и како Пирамида Карстенц, во Океанија). Планини над 8.000 метри, коишто ги има освоено Кедев се: Еверест: 19 мај 2009 Манаслу: 27 септември 2021 Дхаулагири I: 9 април 2022 К2: 22 јули 2022 Брод Пик: 29 јули 2022 Анапурна I: 15 април 2023 Нанга Парбат: 2 јули 2023 Чо Оју: 2 октомври 2023 Макалу: 5 мај 2024 Лхоце: 13 мај 2024 Гашербрум II: 22 јули 2024 Шиша Пангма: 4 октомври 2024 Канченџунга: 23 мај 2025.
Александра Стојаноска е претседателска на Прилепскиот локален младински совет. Има свои соништа, но мора да ги претстави и барањата на сите прилепски млади. Немаат свој простор, ниту младински центар, се снаоѓаат како знаат и умеат, досега само формално проследиле седница на општинските советници, а имаат многу проблеми за решавање.
Иако Законот за млади е донесен во 2020 година, до денес неговото спроведување е премногу ниско. Општините и политичарите се уште младите ги оставаат на маргините, а се покрај нив единствено кога треба да се фотографираат и пофалат за некој проект. А потоа се по старо.
Еден од најпознатите ноемвриски метеорски роеви се приближува до својот максимум. Леонидите во 2026. година ќе бидат најактивни во ноќта меѓу 16. и 17. ноември , а од Македонија најдобри услови за набљудување ќе има во часовите по полноќ и пред разденување, под услов небото да биде ведро. Не треба телескоп, ниту посебна опрема.
В недела во попладневните часови наместа ќе има повремени врнежи од дожд. Потоа од почетокот на следната работна седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, освен во средината на седмицата, кога ќе има пообилни врнежи од дожд, особено во западните делови, гласи прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и дневни температури од 8 до 13 Целзиусови степени. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд.
Променливо облачно време со сончеви периоди, но и повремени врнежи од дожд во попладневните часови – вакво време нè очекува денеска, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла, а ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој долж Повардарието ќе биде поизразен. Утринската температура ќе се движи од неколку степени над нулата до околу 10 степени, додека дневните температури ќе останат релативно високи за овој период од годината. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време, со можност за повремен дожд во попладневните часови и слаб до умерен југоисточен ветер.

9 ное – 16 ное · 2 терминивто 10.11.
БесплатноВлез слободен — без билет и без пријава14 ное – 15 ноеДружење со маскоти во East Gate MallEast Gate Mall · СкопјеEast Gate Mall · Скопје
БесплатноВлез слободен — без билет и без пријава10 ное – 15 ноеГолема хуманитарна акцијаПростории на ВМРО-ДПМНЕ О.К. НеготиноПростории на ВМРО-ДПМНЕ О.К. Неготино
БилетПлатен влез — потребен е билет14 ное – 15 ноеLexington Band во Atva Kitchen & BarAtva Kitchen & Bar · КичевоAtva Kitchen & Bar · Кичево
13 ное – 15 ное48-часовен читателски предизвик: The Passion According to G.H.Online · СкопјеOnline · Скопје
32Cineplexx Skopje
21Македонски народен театар
18Македонска филхармонија
17Драмски театар Скопје
14Public Room
1050та Дивизија
10СЦ Јане Сандански
7Арена Борис Трајковски
7Културно-информативен центар – КИЦ
7МКЦ
7Театар Комедија
6Laboratorium
6Rulebook Cafe
6Киноверзум Штип
6НУЦК „Марко Цепенков“
6Национална опера и балет
5AVRA
5Base42
5Book Nook Bookclub
5Tribeca Park
5Бистро Јужна Пруга
5Киноверзум Велес
5Народен театар Битола
5Ресторан Централ

Сите места ›
9 ное – 16 ное · 2 терминивто 10.11.
БесплатноВлез слободен — без билет и без пријава14 ное – 15 ноеДружење со маскоти во East Gate MallEast Gate Mall · СкопјеEast Gate Mall · Скопје
БесплатноВлез слободен — без билет и без пријава10 ное – 15 ноеГолема хуманитарна акцијаПростории на ВМРО-ДПМНЕ О.К. НеготиноПростории на ВМРО-ДПМНЕ О.К. Неготино
БилетПлатен влез — потребен е билет14 ное – 15 ноеLexington Band во Atva Kitchen & BarAtva Kitchen & Bar · КичевоAtva Kitchen & Bar · Кичево
13 ное – 15 ное48-часовен читателски предизвик: The Passion According to G.H.Online · СкопјеOnline · Скопје
ДенесЗабава со BrassbrothersCuban Cocktail Bar & Restaurant · СкопјеCuban Cocktail Bar & Restaurant · Скопје

+711 настани ›Нашиот штрајк започнува на 20 ноември, но не планираме да застанеме на еден ден.
Средношколци и студенти во Загреб, Риека, Пула, Задар и Осиек во петок, на 20 ноември, ќе ја бојкотираат наставата во текот на целиот ден, во рамки на меѓународниот штрајк на младите. Со протестот сакаат да привлечат внимание на високите трошоци за живот, недостапното домување, состојбата со јавните услуги и милитаризацијата. Штрајкот го организира иницијативата „Штрајк на младите во Хрватска“, како дел од меѓународното движење „International Youth Strike“, кое под слоганот „За нашата иднина, а не за нивните војни“ најави протести во 25 европски земји.
Средношколци и студенти во Загреб , Риека, Пула, Задар и Осиек во петок, на 20 ноември, ќе ја бојкотираат наставата во текот на целиот ден, во рамки на меѓународниот штрајк на младите. Со протестот сакаат да привлечат внимание на високите трошоци за живот, недостапното домување, состојбата со јавните услуги и милитаризацијата . Штрајкот го организира иницијативата „Штрајк на младите во Хрватска“, како дел од меѓународното движење „International Youth Strike“, кое под слоганот „За нашата иднина, а не за нивните војни“ најави протести во 25 европски земји. Организаторите бараат подостапни станови за младите, намалување на животните трошоци и подобрување на здравството, образованието и науката.
Нарушувањето во воздухопловниот сообраќај во Соединетите држави продолжи и трет дена, а само во неделата со овој проблем беа опфатени повеќе од 5.200 летови. Сепак, министерот за сообраќај Шон Дафи предвидува дека до понеделник враќање во нормалната состојба. Истовремено, воздухопловните компании настојуваат да воспостават редовен распоред во редовниот ред на летовите по целосното запирање на воздушнот сообраќај.
ОБНОВЕНО — 14.11.2026, 00:59 часот (CET, Скопје). Националниот прекин останува во сила , но FAA ќе дозволува одредени полетувања како што закрепнуваат регионалните контролни центри. Секое такво полетување ќе се координира со командниот центар за управување со воздушниот сообраќај. Ова е најава за постепено дозволување летови со одобрение, а не за целосно укинување на мерката.
Во САД и денеска продолжува хаосот во авиосообраќајот поради дефект во системот за контрола на летањето. Откажани се најмалку 910 летови, а бројката постојано расте, покажуваат податоците на платформата за следење на воздушниот сообраќај „ФлајтАвер“. Проблемите траат веќе трет ден.
Повеќе од 2.500 летови биле откажани во САД, а неколку стотици доцнеле по повеќечасовната целосна обустава на полетувањата од американските аеродроми поради безбедносни причини и прекин во телекомуникациите. Обуставата на авиосообраќајот беше укината во петокот околу 20:15 часот, но надлежните предупредија дека нормализацијата ќе биде постепена и бавна, со оглед на тоа што станува збор за најдолгиот прекин на летовите во последните 25 години. Американските власти очекуваат авиосообраќајот целосно да се нормализира до почетокот на големиот бран патувања за Денот на благодарноста, пренесе АП. Според процените на компанијата „Сириум“, нарушувањата во воздушниот сообраќај погодиле околу 1,5 милиони патници.
Естонскиот премиер Кристен Михал нареди подготовка на мерки за можно целосно затворање на границата со Русија, по обидот за напад врз фабрика за воени беспилотни летала. Естонските безбедносни служби се сомневаат дека зад обидот за саботажа стои руската воена разузнавачка служба ГРУ, објави естонскиот јавен сервис ЕРР. Во саботата, 14 ноември, биле приведени осуммина државјани на Латвија по обид за провала во фабриката на компанијата „Треод системс“ во Виймси, северно од Талин.
Естонија ќе ги затвори сите патни гранични премини со Русија од 1 декември, соопшти естонското Министерство за надворешни работи. Ваквата одлука следува по обидот за палеж на погон на компанија што произведува воени дронови, за што естонската безбедносна служба официјално ја обвини руската воено-разузнавачка служба ГРУ. Осум латвиски државјани беа уапсени во саботата по обид за провала во просториите на компанијата „Треод Системс“ во Вимси, место лоцирано северно од Талин.
Естонските безбедносни служби се сомневаат дека руската воена разузнавачка служба ГРУ стои зад обидот за саботажа, објави естонскиот јавен радиодифузер „ERR“. Во сабота, 14 ноември, осум латвиски државјани беа приведени по обид за провала во фабриката „Треод Системс“ во Виимси, северно од Талин. Според естонските власти, целта на нападот била да се предизвика експлозија и да се запали објектот, кој, меѓу другото, произведува дронови за извидување со долг дострел и борбени летала.
Естонија и Русија моментално имаат три отворени гранични премини.
Стотици илјади луѓе денеска протестираа во главниот град на Чешка, Прага против планираното укинување на претплатата за чешките јавни медиуми. Организатор на протестите е асоцијацијата „Милион моменти за демократија“, според која на демонстрациите присуствувале од 350.000 до 450.000 луѓе. Голем број граѓани утрово пристигнале во Прага за протестот од другите чешки градови.
Десетици илјади Чеси денеска протестираа во Прага против владиниот план за укинување на таксата за јавните медиуми и нивно финансирање од државниот буџет – потег за кој критичарите велат дека ќе ја поткопа независноста и одржливоста на тие медиуми. Pohled z dronu – Letná proti 4:36, za média veřejné služby. https://t.co/yrxARlIm28 — Michal Kubal (@MichalKubal) November 15, 2026. Опозициските партии ги споредија предлозите содржани во нацрт-законот, претставен во октомври, со промените во Унгарија за време на поранешниот премиер Виктор Орбан, кој таму создаде низа провладини медиуми.
Стотици илјади луѓе денеска протестираа во главниот град на Чешка, Прага против планираното укинување на претплатата за чешките јавни медиуми. Организатор на протестите е асоцијацијата „Милион моменти за демократија“, според која на демонстрациите присуствувале од 350.000 до 450.000 луѓе. Голем број граѓани утрово пристигнале во Прага за протестот од другите чешки градови.
Опозициските партии ги споредија предлозите во нацрт-законот, претставен во октомври, со промените во Унгарија за време на поранешниот премиер Виктор Орбан, кој таму создаде голем број провладини медиуми. Hundreds of thousands people gathered in Prague on Sunday afternoon to protest against Czech government and its efforts to change funding of public media and bring it under state control. According to police, Letná Plain is completely full & demonstration is larger than in spring https://t.co/y149qI2AWW — Filip Nerad (@FilipNerad) November 15, 2026.
Домаќинствата во Македонија плаќаат речиси 60 отсто поевтина електрична енергија од просекот во Европската Унија, покажуваат податоците за првата половина од 2026 година. Според анализата објавена од „Еуроњуз“, цената на еден киловат-час во Македонија изнесувала околу 11,68 евроценти, додека просекот во ЕУ достигнал 28,32 евроценти. Тоа значи дека електричната енергија за домаќинствата во земјава е значително поевтина во споредба со европскиот просек.
Македонија има една од најниските цени на електричната енергија за домаќинствата во Европа, покажуваат најновите податоци за првата половина од 2026 година. Според анализата објавена од „Еуроњуз“, електричната енергија во Македонија е речи.
Неофицијално, девојката синоќа била брутално претепана и оставена буквално без свест на улица во Охрид, по што итно била пренесена во болница. Според информациите во неколку медиуми, двајцата прво биле заедно во ресторан, каде што започнала меѓусебна расправија. По заминувањето од таму, насилството продолжило во автомобил, од каде што наводно насилникот ја исфрлил во близина на маркет.
Ужас го потресе Охрид, откако триесет и едно годишен охриѓанец ја претепал девојката. Како што неофицијално дознава Курир, охриѓанецот ја нападнал девојката во автомобил и ја тепал додека паднала во бессознание. По онесвестувањето, тој продолжил да се вози низ Охрид со неа додека девојката повторно не се освестила.
Син на инспектор во УЈП и јавната правобранителка од Охрид, 31-годишниот Х.К. ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт, на крај остави охриѓанка онесвестена на улица „7. Ноември“. Според информациите, со возилото помина покрај повеќе камери „сејф сити“ и камери на приватни објекти, а рано утринава полицијата го уапси. „Денеска (15.11.2026) во 05:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода го лишија Х.К.(31) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата девојка.
Тешко повредена девојка била оставена во несвест на улица пред маркет во Охрид. Според пријавените информации, таа претходно била физички нападната од нејзиното момче, по што итно била пренесена во болница каде што била задржана на понатамошно лекување, додека осомничениот напаѓач е приведен. За овој немил настан, полицијата го лиши од слобода 31-годишниот охриѓанец Х.К. Според досегашните сознанија, инцидентот започнал во ресторан во Охрид, каде што девојката и Х.К. почнале жестоко да се расправаат.
На 15.11.2026 во 05:05 часот на ул. „7 Ноември“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Х.К.(31) од Охрид, по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата девојка. На 15.11.2026 во 02:20 часот, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода Г.С.(54) од пробиштипско, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 61-годишна сопруга. На 15.11.2026 во 04:50 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ќ.Х. (32) од гостиварско, по претходна пријава дека во 03:10 часот дека околу 00.30 часот во нејзиниот стан физички ја нападнал неговата поранешна 25-годишна девојка од Турција, со привремен престој во Гостивар.
Рано утрово во 05:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 31-годишен охриѓанец, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата девојка. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Вчера, пак, во 17:55 часот во Охрид,.
На 15.11.2026 во 02:20 часот, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода Г.С.(54) од пробиштипско, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 61-годишна сопруга. На 15.11.2026 во 04:50 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ќ.Х. (32) од гостиварско, по претходна пријава дека во 03:10 часот дека околу 00.30 часот во нејзиниот стан физички ја нападнал неговата поранешна 25-годишна девојка од Турција, со привремен престој во Гостивар. На 14.11.2026 во 09:45 во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода М.С.(59) од струмичко, по претходна пријава дека во семејниот дом се однесувал агресивно кон неговата 91-годишна мајка, а на неговиот 63-годишен брат му упатувал закани.
Насилствата не се намалуваат, се уште има нападнати сопруги, мајки, девојки. За 24 часа МВР регистрираше дури 15 насилства. Ова се насилниците: На 15.11.2026 во 05:05 часот на ул. „7 Ноември“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Х.К.(31) од Охрид, по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата девојка.
Екипата на Атлетико од Битола продолжува со одличната серија резултати во Кадетската женска фудбалска лига, откако во рамките на 8. коло запиша уште една победа совладувајќи го Љуботен од Тетово пред домашната публика со 4:0. Победата беше најавена уште во првиот дел кога на полувреме тимот на Никола Гелевски имаше предност од три погодоци. Резултатот го отвори Јован Папучкоска по само три минути игра, а потоа во 35. минута Евгенија Костовска ја дуплираше предноста, а во 44. минута Андреа Огненовска погоди за 3:0 на полувреме. Во второто полувреме Јована Талевска погоди за конечни 4:0 откако погоди во 57. минута од средбата.
Вардар Неготино со пресврт славеше со 1:3 на гостувањето кај Превалец во 10. коло од Третата лига – Регион 4, по што домаќините најавија жалба. Големо Коњари го совлада Венец со 1:0 и се искачи на третото место, а Млекар со победата над Влазними Јуниор ја забележа првата сезонска радост. Превалец – Вардар Неготино 1:3.
Државниот секретар во Министерството за спорт, Сашо Огњеновски присуствуваше на инклузивната трка „Run Together 2026“ што се одржa во Гевгелија, во рамките на спортскиот настан November Run, и изрази поддршка за учесниците и за организаторите. Трката која годинава го бележи третото издание, ја организира Фондацијата „Ице Бегов“ во соработка со Атлетскиот клуб „7 Ноември“. „Run Together“ е ненатпреварувачка трка на 1 км. на која лица со и без попреченост, деца, семејства, спортисти, волонтери, претставници на училишта и на здруженија се движат заедно на иста патека.
Гевгелија денес го започнува шестото издание на „November Run“ со детски трки и инклузивната „Run Together“. Според Општината, за дводневната програма се пријавени приближно 3.300 учесници . Детската програма на 14 ноември почнува во 11:30 часот за родените во 2020 година и помлади. Во 12:00 трчаат генерациите 2018–2019, во 12:30 децата родени во 2016–2017, а во 13:00 генерациите 2013–2015.
Државниот секретар во Министерството за спорт, Сашо Огњеновски, денеска присуствуваше на инклузивната трка „Run Together 2026“ што се одржа во Гевгелија, во рамките на спортскиот настан November Run. Тој од местото на настанот изрази целосна институционална поддршка за сите учесници и за организаторите. Трката, која се одржува трета година по ред, е во организација на Фондацијата „Ице Бегов“ во партнерство со Атлетскиот клуб „7 Ноември“.
Трката која годинава го бележи третото издание, ја организира Фондацијата „Ице Бегов“ во соработка со Атлетскиот клуб „7 Ноември“. „Run Together“ е ненатпреварувачка трка на 1 км. на која лица со и без попреченост, деца, семејства, спортисти, волонтери, претставници на училишта и на здруженија се движат заедно на иста патека. Настанот создава простор за рамноправно учество и ја поттикнува инклузијата и достапноста на спортот за сите.
Легендарниот боксер Мајк Тајсон сподели ВИ-генерирана фотографија на која е прикажан како антички владетел, со оклоп, црвена наметка и златен венец. Објавата е означена како содржина создадена со вештачка интелигенција, а фотографијата е придружена со натписот „Mikesander The Great“ – игра на зборови што ги спојува името на Тајсон и Александар Велики. На фотографијата во позадина се гледа и знаме со сончев симбол, што дополнително ја засилува асоцијацијата со Александар Македонски.
Легендарниот боксер Мајк Тајсон се појави во лик на антички војсководец во објава на својата официјална Фејсбук-страница, а пораката со која ја придружи сликата веднаш буди асоцијација на Александар Македонски. „Mikesander The Great“ – од.
Тој на Фејсбук објави фотографија генерирана со ВИ, на која тој е прикажан како Александар Македонски. Во описот на фотографијата стои „Mikesander The Great“.
Легендарниот американски боксер Мајк Тајсон ги насмеа и изненади корисниците на социјалните мрежи со необична фотографија на која е претставен како антички македонски владетел, по примерот на Александар Македонски. На фотографијата, која ја објавил на својот Фејсбук-профил, Тајсон е прикажан во античка облека, со златна ловорова круна на главата. Покрај неговиот лик стои натписот „Mikesander The Great“ (Микесандар Велики). Фотографијата е создадена со помош на вештачка интелигенција, а необичната трансформација брзо привлече внимание на социјалните мрежи, каде што корисниците се пошегуваа со спојот на боксерската легенда и еден од најпознатите владетели во светската историја.
Новата недела носи можности за промени, нови познанства и важни одлуки. Некои хороскопски знаци ќе имаат причина за финансиско задоволство, други ќе се соочат со предизвици на работното место, а за дел од нив љубовта ќе биде во центарот на вниманието. Проверете што ви носат ѕвездите од 16 до 22 ноември.
ОВЕН Не дозволувајте мислите за претстојната работна седмица да ви го одвлечат целото внимание од слободниот ден. По ручекот, пријателска покана или идеја за заедничка активност ќе ви понудат пријатна промена на атмосферата. Можно е разговорот во компанијата да се допре до тема за која имате цврсто мислење и да предизвика жива дискусија.
Новата недела носи можности за промени, нови познанства и важни одлуки. Некои хороскопски знаци ќе имаат причина за финансиско задоволство, други ќе се соочат со предизвици на работното место, а за дел од нив љубовта ќе биде во центарот на вниманието. Проверете што ви носат ѕвездите од 16 до 22 ноември!
Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.