Косовските власти вратиле две пратки млечни производи од Македонија, со вкупна тежина од 12.268 килограми, поради утврдени неправилности во однос на безбедноста на храната и хигиенските услови во производството. Станува збор за производи на АД „Млекара Тетово“, кои биле запрени на граничниот премин Генерал Јанковиќ, а косовската Агенција за храна и ветеринарство не дозволила нивен увоз поради претходно воведена забрана за производителот, објави „Радио Ким“. Пратките биле наменети за компанијата „VIZIONI M.Z.I.I“ од Преоце, во близина на Грачаница, но биле вратени врз основа на забраната за увоз на производи од овој производител, која стапила во сила на 6 ноември.
„Косовските власти вратиле две пратки млечни производи од Македонија, со вкупна тежина од 12.268 килограми, поради претходно утврдени неправилности поврзани со безбедноста на храната и хигиената во производството. Станувало збор за прехранбени кремови со растителни масти и производи од сирење, произведени од АД ‘Млекара Тетово’,пренесува ‘Радио Ким’. Пратките биле наменети за компанијата ‘VIZIONI M.Z.I.I’ од Преоце, во близина на Грачаница, но биле запрени на граничниот премин Генерал Јанковиќ.“ – објави информативниот портал „Скопје 1.мк“.
Две пратки со вкупно 12.268 килограми млечни и прехранбени производи од млекарница од Тетово се запрени на граничниот премин Генерал Јанковиќ и се враќаат во Македонија, објавија косовските медиуми. Според информациите, пратките не добиле дозвола за влез на Косово поради забраната за увоз од овој производител, воведена на 6 ноември. Забраната била донесена откако лабораториските анализи на претходни производи покажале присуство на бактеријата ешерихија коли на дозволените гранични премини.
Косово врати над 12 тони прехранбени продукти произведени во македонска млекарница, откако при извршените контроли тамошната Агенција за храна и ветеринарство утврдила дека извозникот повторно ги прекршува критериумите за безбедност на храна и хигиена во производството според косовските стандарди, вклучително и незадоволителни лабораториски резултати кои во претходните пратки покажале присуство на бактеријата ешерихија коли над дозволените граници. „Одбивањето на увозот е извршено врз основа на одлука на косовската Агенција за храна и ветеринарство од 06.11.2026 година, со која се забранува увоз на производи од оваа фабрика и таа се брише од листата на одобрени објекти за извоз на прехранбени производи во Република Косово“, стои во образложението на косовското АХВ . Од македонската Агенција за храна и ветеринарство велат дека сè уште не се официјално известени од страна на нивните косовски колеги, но потврдуваат дека млекарницата поднела барање за враќање на пратката која се наоѓа под официјален надзор од косовските власти. „Во рамки на вонредната контрола во млекарницата земени се мостри од млечни и композитни производи, како и брисеви од работни површини, опрема и од вработените лица кои се дадени за тестирање во две независни лаборатории, чии резултати АХВ сè уште ги нема добиено“, пишува во одговорот што Телма го доби од АХВ.
Македонскиот кардиолог, професор и алпинист Сашко Кедев е најстариот алпинист во светот кој се искачил на сите 14 планини повисоки од 8.000 метри. Со искачување на врвот Гашербрум I Кедев го заокружи овој предизвик на 20 јули 2025 година, на возраст од 63 години и 14 дена, со што влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстарата личност во светот што се искачила на сите планински врвови над осум илјади метри надморска височина. Д-р Кедев, кој е роден на 6 јули 1962 година, исто така, е најстарата личност која ги искачила сите планини повисоки од 8.000 метри, како и „Седумте врвови“ (највисоките точки на секој од континентите). Овој подвиг го остварил во периодот помеѓу 14 јануари 2008 година (Аконкагва во Јужна Америка) и 6 ноември 2011 година (Пункак Џаја, познат и како Пирамида Карстенц, во Океанија). Планини над 8.000 метри, коишто ги има освоено Кедев се: Еверест: 19 мај 2009.
Македонскиот кардиолог, професор и алпинист Сашко Кедев е најстариот алпинист во светот кој се искачил на сите 14 планини повисоки од 8.000 метри. Со искачување на врвот Гашербрум I Кедев го заокружи овој предизвик на 20 јули 2025 година, на возраст од 63 години и 14 дена, со што влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстарата личност во светот што се искачила на сите планински врвови над осум илјади метри надморска височина. Д-р Кедев, кој е роден на 6 јули 1962 година, исто така, е најстарата личност која ги искачила сите планини повисоки од 8.000 метри, како и „Седумте врвови“ (највисоките точки на секој од континентите). Овој подвиг го остварил во периодот помеѓу 14 јануари 2008 година (Аконкагва во Јужна Америка) и 6 ноември 2011 година (Пункак Џаја, познат и како Пирамида Карстенц, во Океанија). Планини над 8.000 метри, коишто ги има освоено Кедев се: Еверест: 19 мај 2009 Манаслу: 27 септември 2021 Дхаулагири I: 9 април 2022 К2: 22 јули 2022 Брод Пик: 29 јули 2022 Анапурна I: 15 април 2023 Нанга Парбат: 2 јули 2023 Чо Оју: 2 октомври 2023 Макалу: 5 мај 2024 Лхоце: 13 мај 2024 Гашербрум II: 22 јули 2024 Шиша Пангма: 4 октомври 2024 Канченџунга: 23 мај 2025.
Најстариот алпинист кој се искачил до вистинската највисока природна точка на сите 14 планини повисоки од 8.000 метри е Сашко Кедев, соопштија денес од Гинисовата книга на рекорди. Во објавата на веб страницата на Гинисовата книга на рекорди стои дека Кедев, од Северна Македонија, роден на 6 јули 1962 година, го заокружи овој предизвик на 20 јули 2025 година, на возраст од 63 години и 14 дена, со искачување на врвот Гашербрум I. -Д-р Кедев е, исто така, најстарата личност која ги искачила сите планини повисоки од 8.000 метри, како и „Седумте врвови“, или највисоките точки на секој од континентите. Овој подвиг го остварил во периодот помеѓу 14 јануари 2008 година, Аконкагва во Јужна Америка и 6 ноември 2011 година, Пункак Џаја, познат и како Пирамида Карстенс, во Океанија, стои во објавата на Гинисовата книга на рекорди.
Кедев, на доделувањето на наградата, порача дека освојувањето на 14-те највисоки врвови во светот го смета за национален успех којшто го посвети на сите Македонци.
Денеска (15.11.2026), во временскиот период од 11:00 до 12:00 часот, на наплатна станица Петровец, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи во соработка со РСБСП поради одбележување на ,,Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгодиʼʼ беше реализирана превентивно-едукативна активност насочена кон зголемување на сообраќајната култура и безбедноста на возачите под мотото "Заедно со одговорно однесување во сообраќајот да придонесеме за патишта без жртвиʼʼ! Во рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни материјали (летоци) со пораки кон возачите - "Вози одговорно" и придонеси за намалување на бројот на жртви во сообраќајот! Исто така, на возачите им беше укажано дека од денеска 15-ти ноември стапува на сила законската обврска за поседување задолжителна зимска опрема и да ја прилагодуваат брзината и начинот на возење на условите на патот, заради нивната лична безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.
МВР соопшти дека денеска во Скопје, кај фонтаната во Градскиот парк, полициски службеници од Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи и Одделението за превенција при СВР Скопје, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), реализираа заедничка превентивно-едукативна активност за подигнување на свеста и унапредување на безбедноста во сообраќајот, по повод Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди. Активноста со мотото „Заедно, со одговорно однесување во сообраќајот, да придонесеме за патишта без жртви!“, беше насочена кон подигнување на свеста за значењето на одговорното и совесно учество во сообраќајот, унапредување на сообраќајната култура и намалување на бројот на сообраќајни незгоди и жртви на патиштата. Во рамки на активноста, на граѓаните им беа поделени едукативни материјали – летоци со превентивни пораки и апел за одговорно учество во сообраќајот, со посебен акцент на почитувањето на сообраќајните правила и прописи и грижата за сопствената и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.
По повод Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, денеска кај фонтаната во Градскиот парк во Скопје беше реализирана превентивно-едукативна активност на Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП). Активноста ја спровеле полициски службеници од Секторот за сообраќајни работи при МВР и Одделението за превенција при СВР Скопје, во соработка со РСБСП, со цел подигнување на свеста за одговорно учество во сообраќајот и намалување на бројот на сообраќајни незгоди и жртви на патиштата. Под мотото „Заедно, со одговорно однесување во сообраќајот, да придонесеме за патишта без жртви!“, на граѓаните им биле поделени едукативни летоци со превентивни пораки и апели за почитување на сообраќајните правила и прописи, како и за грижа за сопствената и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Во рамки на активноста, биле потсетени и возачите дека од 15 ноември започнува законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.
Температурните разлики ги зголемија повиците кон итната медицинска помош. Во едно деноноќие имаат и по 100-тина јавувања. Најчесто помош бараат пациенти со срцеви и невролошки заболувања.
Температурните разлики ги зголемија повиците кон итната медицинска помош. Во едно деноноќие имаат и по 100-тина јавувања. Најчесто помош бараат пациенти со срцеви и невролошки заболувања.
Кога споредуваме автомобил и автобус во Скопје, најчесто споредбата завршува пребрзо. За автомобилот го броиме горивото. За автобусот – билетот.
Доволно е автомобилот да ви откаже среде улица, па покрај мајсторот, да треба да платите и за шлеп-служба. А таа услуга веќе не е толку евтина. За превоз на расипан автомобил од една до друга локација во Скопје се бараат од 1.000 до 2.000 денари, а сумата може да биде и повисока доколку возилото треба да се транспортира на поголема оддалеченост.
Во Србија постои сомнеж дека во трезорот на тамошната Алта банка се криеле и чувале и фалсфикувани банкноти од по 500 евра, а српската истрага ги проверува и тие тврдења, вели во интервју за КОД, професорот по економија од Белград, Огњен Радоњиќ. Тoj е автор на анализата под наслов „Дали со стечајот ќе бидат скриени трагите на парите во Алта банка“. Вели дека е апсурдно како сопственикот Давор Мацура во Македонија станал член на надзорниот одбор на Алта банка Битола.
Стечајот на белградската „Алта банка“ отвора сериозни прашања за ликвидноста и за контролата на нејзиното работење, предупредува српскиот економски аналитичар и колумнист на „Нова економија“, Богдан Петровиќ. Тој тврди дека дел од уплатите.
Партијата на пензионери дава целосна поддршка за новиот предлог-закон за Кривичниот законик на Македонија, со кој се предвидуваат построги казни за корупција и криминал меѓу носителите на јавни функции. Од партијата, сепак, сметаат дека се потребни дополнително заострување на казнените мерки и суштински реформи во правосудниот систем.
Партијата на пензионери ја поддржува предложената измена на Кривичниот законик со која се предвидуваат построги казни за корупцијата и криминалот меѓу носителите на јавни функции, но бара дополнително заострување на мерките, целосна конфискација на незаконски стекнатиот имот и суштински реформи во правосудниот систем. Од партијата оценуваат дека злоупотребата на службената положба мора најстрого да се санкционира, но предупредуваат дека законските измени нема да дадат резултати без ефикасна примена и одговорност на институциите. Меѓу конкретните барања е безусловно одземање на целиот имот за кој функционерите не можат да докажат дека е стекнат со легални приходи, вклучително и имотот префрлен на членови на семејството и блиски соработници.
Партијата на пензионери ја изразува својата целосна и недвосмислена поддршка за новиот предлог-закон за Кривичниот законик на Македонија, со кој се воведуваат построги казни за корупцијата и криминалот меѓу носителите на јавни функции, се вели во соопштението од Партијата на пензионери. Како општествено одговорна политичка партија која ги застапува интересите на пензионерите и граѓаните кои со децении чесно го граделе ова општество, сметаме дека злоупотребата на службената положба мора најстрого да се санкционира. Меѓутоа, за овие законски решенија навистина да дадат резултат на терен, неопходни се уште поостри казнени мерки и итни, суштински реформи во целиот правосуден систем.
Партијата на пензионери ја изразува својата целосна и недвосмислена поддршка за новиот предлог-закон за Кривичниот законик на Македонија, со кој се воведуваат построги казни за корупцијата и криминалот меѓу носителите на јавни функции, се вели во соопштението од Партијата на пензионери. Како општествено одговорна политичка партија која ги застапува интересите на пензионерите и граѓаните кои со децении чесно го граделе ова општество, сметаме дека злоупотребата на службената положба мора најстрого да се санкционира. Меѓутоа, за овие законски решенија навистина да дадат резултат на терен, неопходни се уште поостри казнени мерки и итни, суштински реформи во целиот правосуден систем.
Не ни требаат нови ветувања по нови погреби, бараме одговорност. Сакаме институции што ќе ги штитат животите. Ваква заедничка порака испратија родителите на загинатите во пожарот во дивата дискотека „Пулс“ во Кочани, на уште еден заеднички „Марш за ангелите“ организиран низ кочанските улици и пред тамошните институции.
Александар Наунов, таткото на Надица Наунова, која го загуби животот во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, се огласи по последното судско рочиште, изразувајќи разочарување и револт од одговорите што ги слушаат родителите на загинатите во една од најголемите трагедии во поновата историја на земјава. Во својата објава, Наунов посочува дека секое ново рочиште за семејствата на жртвите претставува повторно соочување со болката од трагичната ноќ, кога нивните деца ги загубија животите. Наместо одговори што би помогнале да се утврди како дошло до катастрофата и дали можело да се спречи, како што наведува, родителите во судницата повторно слушаат паушални објаснувања, оправдувања и префрлање на одговорноста.
Фотографија Канал8. Во Кочани се одржа 51. „Марш за ангелите“. Родителите на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ и граѓаните повторно побараа вистина и одговорност, не само за трагедијата во Кочани, туку и за сите други несреќи во кои згаснаа човечки животи.
Во дел од своите обраќања порачаа дека денеска освен за 63-те ангели кои загинаа во дискотеката, маршираат и за сите невини жртви што ја завиле Македонија во црно, како трагедиите во модуларната болница, Ласкарци, автобусот на Беса Транс. Им оддадоа почит и на жените и девојките чии животи како што посочија, насилно биле прекинати.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од 15 ноември 2026 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.
Од денеска, 15 ноември, сите возила што учествуваат во јавниот сообраќај на патиштата во Македонија задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема. Обврската произлегува од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а од МВР ги потсетуваат возачите да ги почитуваат правилата за безбедно движење во зимски услови. Зимски гуми се оние што на бочната страна имаат ознака „MS“, „M+S“, „M & S“ или симбол на снегулка на стилизирана планина со три врва.
Жените се посилни кога се поврзани, а заедно можат да создадат можности што ги надминуваат границите на секоја индивидуална приказна. Тие се бренд и мора да бидат уште повидливи. Поддршката, поврзувањето и заедништвото се клучни, зашто само така може да се направат вистински промени, порачаа учесничките на 5. Глобална женска лидерска конференција „Јас сум жена“ што се одржа денеска во Скопје.
Во Музејот на македонската борба за самостојност, утре, од 10 часот, ќе се одржува петтата Глобална женска лидерска конференција „Јас сум жена“, во организација на истоименото здружение, во рамките на иницијативата „Мајките за Македонија“. Големиот интерес за конференцијата „Јас сум жена“ уште еднаш потврди дека постои силна желба за поврзување, размена на знаења, нови можности и заеднички иницијативи. Нè очекува ден исполнет со инспиративни македонски женски приказни, нови познанства, вредни контакти и многу изненадувања – соопшти организаторот.
Жените не треба да се приспособуваат на општествените ограничувања, туку да добијат еднакви можности да го реализираат својот потенцијал во бизнисот, институциите, науката и јавниот живот. Ова беше главната порака од отворањето на петтата Глобална женска лидерска конференција „Јас сум жена“, која денеска се одржува во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје. Поддршката на женското претприемништво и лидерство, рушењето на родовите стереотипи, но и предизвиците поврзани со репродуктивното здравје и родителството беа дел од темите на кои говореа учесничките.
Глобалната женска лидерска конференција „Јас сум жена“, се одржува денеска во Музејот на македонската борба за самостојност, со почеток во 11 часот, во организација на Здружението за вмрежување на жени, едуцирање и истражување „Јас Сум Жена“. „И годинава имаме исклучителни жени – Македонки и од странство, кои ќе ги споделат знаењата и искуствата на тема бизнис“ с евели во соопштението на организаторот. Панел дискусиите се следниве: 1. Македонски во нетипични професии – Елена Лотеска Наумовска, капетан на брод – Зорица Божинова, помошник машиновозач – Кристина Трпкова, ескортно обезбедување, моторно одделение при МВР 2. Македонски во бизнис – Андреа Илоски, генерална менаџерка и сопственичка на Инекс Олгица – Бранка Шалеска, експертка за имплементација на дигитални решенија во здравството и продуктен менаџер за Pinga – Искра Котевска, генерална менаџерка на ЕВМ ТИМ ДООЕЛ Скопје – Маја Стефкова, менаџерка на погон Билкарство во Алкалоид Скопје 3. Македонки во светот – Ивана Меговска Петковиќ, основачка и директорка на Mega Solution – Ина Марковиќ, основачка и сопственичка на DINNA AI – Марија Кунбароска Ванбесин, коосновачка и извршна директорка на Board Ready и MyCivic 4. Жени без граници: разговори за соработка – Гулнара Исмаилова, основачка и директорка на Resource Hub Азербејџан – Индира Попадиќ, основачка и директорка на OsnaZene Србија – Лиора Каспи, основачка и директорка на Liora Business Women Foundation, Израел – Мариам Чикопаидзе, Association of Women Entrepreneurs, Грузија 5. Мајките за Македонија – Бети Стаменкоска Трајкоска, градоначалничка на Кисела Вода – Марија Нацева, градоначалничка на Неготино.