1.0 | 0 | 0Естонија се подготвува да ја затвори границата со Русија по обидот за саботажа
Канал 5

Канал 5

Естонските безбедносни служби се сомневаат дека руската воена разузнавачка служба ГРУ стои зад обидот за саботажа, објави естонскиот јавен радиодифузер „ERR“. Во сабота, 14 ноември, осум латвиски државјани беа приведени по обид за провала во фабриката „Треод Системс“ во Виимси, северно од Талин. Според естонските власти, целта на нападот била да се предизвика експлозија и да се запали објектот, кој, меѓу другото, произведува дронови за извидување со долг дострел и борбени летала.

Лидер

Естонија ќе ги затвори сите патни гранични премини со Русија од 1 декември, соопшти естонското Министерство за надворешни работи. Ваквата одлука следува по обидот за палеж на погон на компанија што произведува воени дронови, за што естонската безбедносна служба официјално ја обвини руската воено-разузнавачка служба ГРУ. Осум латвиски државјани беа уапсени во саботата по обид за провала во просториите на компанијата „Треод Системс“ во Вимси, место лоцирано северно од Талин.

Нетпрес

Естонија ќе ги затвори сите гранични премини со Русија од 1-ви декември, изјави во неделата министерот за надворешни работи на балтичката држава, по наводен обид за саботажа врз естонска одбранбена компанија, за што Талин ја обвини Москва. Естонските власти приведоа осум лица во текот на ноќта во неделата под сомнение дека се обиделе да ја запалат компанијата „Threod Systems“, производител на беспилотни летала. Според естонските власти, нападот бил нарачан од руската воена разузнавачка служба ГРУ.

Експрес

Естонија и Русија моментално имаат три отворени гранични премини.

Fresh : 1.38 || 0 | 1 | 0 | 1 | 3 | 2 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]

1.0 | 0 | 0 | [0|0]Ким Џонг-ун доби овластување да командува со нуклеарните сили, ја повика војската да се подготвува за војна
Опсервер

Опсервер

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун доби дополнителни уставни овластувања, меѓу кои и директно командување со нуклеарните сили, а воените команданти ги повика да ги засилат подготовките за можен воен конфликт. Промените доаѓаат во период на зголемени тензии со Јужна Кореја, чие обединување со Северна Кореја Пјонгјанг и официјално го отфрли. Северна Кореја неодамна повторно го објави текстот на својот устав, речиси три години откако го отстрани од официјалната интернет-страница.

Опсервер

Северна Кореја го измени Уставот и ги промени пропорциите на своето државно знаме, првпат од воспоставувањето на режимот во 1948 година. Промената е наведена во ревидираниот основен закон објавен на интернет-порталот „Наенара“. Според членот 166 од изменетиот Устав, односот меѓу висината и ширината на знамето сега изнесува еден спрема 1,65, наместо досегашниот еден спрема два, објави јужнокорејската новинска агенција Јонхап.

А1он

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун доби дополнителни уставни овластувања, вклучително и команда над нуклеарните сили, при што ги повика воените команданти да ги интензивираат подготовките за можна војна. Овие промени доаѓаат во време на затегнати односи со Јужна Кореја – земја од чие обединување Пјонгјанг официјално се откажа, пишува „LADbible“. Северна Кореја неодамна повторно го објави текстот на својот устав, речиси три години откако тој беше отстранет од официјалната веб-страница.

Fresh : 0.63 || 0 | 1 | 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 31.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Рекорден бран мигранти на Канарските Острови: 1.500 лица само за еден ден
Алфа

Алфа

Шпанија се соочува со ново засилување на мигрантската криза, откако за само еден ден на Канарските Острови пристигнале речиси 1.500 мигранти, што е најголем број од 2020 година. Повеќето од мигрантите потекнувале од Сенегал, Гамбија и Гвинеја. Атлантската мигрантска рута кон Канарските Острови важи за една од најсмртоносните во светот, а илјадници луѓе секоја година го ризикуваат животот обидувајќи се да ја поминат.

Опсервер

Речиси 1.500 мигранти пристигнале во саботата на шпанските Канарски Острови, што е најголем број во еден ден од 2020 година, објави агенцијата ЕФЕ. Шпанската крајбрежна стража спасила вкупно 1.488 лица од 14 чамци, со што продолжува бранот пристигнувања од западниот дел на Африка, кој започна во октомври. Претходниот дневен рекорд изнесувал 1.461 спасен мигрант во водите околу Канарските Острови, соопштија службите за поморско спасување, пренесе Ројтерс.

Телма

Речиси 1.500 мигранти од западна Африка пристигнаа викендот на шпанските Канарски острови, што претставува најголем број во еден ден од 2020 година, соопшти службата за поморско спасување на Шпанија. Најголем дел од мигрантите биле од Сенегал, од Гамбија и од Гвинеја. Шпанската крајбрежна стража спасила вкупно 1.488 луѓе од 14 пловни објекти.

Локално

Речиси 1.500 мигранти пристигнаа на Канарските Острови за 24 часа, што е најголем број за еден ден од 2020 година, објави шпанската новинска агенција ЕФЕ, повикувајќи се на службата за спасување. ЕФЕ известува дека шпанската крајбрежна стража спасила 1.488 лица во 14 чамци. На еден чамец имало 240 лица, меѓу кои 12 жени и 36 деца, објавија властите.

Fresh : 0.91 || 0 | 1 | 0 | 0 | 1 | 0 | 2 | 1 | 4 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]
Комерцијални објави

1.0 | 0 | 0 | [0|0]Украински дронови погодија голем петрохемиски комплекс во Русија, пожар и жртви во повеќе напади.
Алфа

Алфа

Украински дронови погодија еден од најголемите петрохемиски комплекси во Русија, при што три лица биле повредени. Според локалните медиуми, во нападот избувнал голем пожар во фабриката, која е дел од комплексот. Во одделен напад во Ростовската област, била погодена електрична трафостаница, при што загинал главниот инженер, а четири лица биле повредени.

Опсервер

Украински дронови со долг дострел во текот на ноќта нападнале цели во руските региони Татарстан и Ростов, при што биле оштетени петрохемиски комплекс, енергетска инфраструктура и важен логистички мост. Во нападите загинал главен инженер на трафостаница во Таганрог, а четири лица биле повредени, потврди регионалниот гувернер Јуриј Сљусар. One of Russia’s largest petrochemical plants—Nizhnekamskneftekhim in Tatarstan—is on fire following a drone attack.

Лидер

Украински беспилотни летала погодија голем петрохемиски комплекс на руска територија. Во нападот биле повредени најмалку три лица, соопшти регионалното министерство за здравство. Официјалните власти не објавија конкретни детали за тоа кој точно индустриски објект бил цел на ударот.

Паноптикум

Русија во текот на денешниов ден изврши нови воздушни напади врз повеќе украински региони, при што во изминатите 24 часа загинаа 4 лица, а 69 беа повредени, според украинските власти. Во истата ноќ украински беспилотни летала стигнаа длабоко на руска територија, со удари врз петрохемиски и енергетски капацитети во Татарстан и Ростовската област, како и врз објекти што Киев ги поврзува со руската воена индустрија. Размената на удари покажува дека војната сè помалку останува ограничена на линијата на фронтот.

Fresh : 0.74 || 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 2 | 1 | 3 | 3 | 0 | 01.01.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]

1.0 | 0 | 0 | [0|0]Ослободени 600 воени заробеници во Јемен: Најголем хуманитарен потег за време на конфликтот
Лидер

Лидер

Јеменските бунтовници Хути ослободија 600 воени заробеници, што претставува најголем ваков чин од почетокот на вооружениот конфликт. Оваа одлука за еднострано ослободување на лицата притворени за време на борбите беше потврдена и од хуманитарните организации на терен. „Ова е најголемото еднострано ослободување на притвореници во двегодишната граѓанска војна во Јемен“, изјави ал-Муртада.

Курир

Армијата на меѓународно признаената јеменска влада денеска соопшти дека се повлекува од подрачјето Баб ал-Мандеб, со што контролата на стратешката теснина би можеле да ја преземат јеменските бунтовници Хути. Јужните вооружени сили ги прераспоредуваат своите сили од аеродромот Дубаб и областа Баб ел-Мандеб, западно од провинцијата Таиз. Овој чекор е преземен со приоритет да се осигури безбедност на главниот град Аден и соседните провинции, како и да се зајакнат фронтовските линии и да се одговори на постоечките закани, се наведува во соопштението на јеменската армија.

Нетпрес

Армијата на меѓународно признаената јеменска влада денеска соопшти дека се повлекува од подрачјето Баб ал-Мандеб, со што контролата на стратешката теснина би можеле да ја преземат јеменските бунтовници Хути. „Јужните вооружени сили ги прераспоредуваат своите сили од аеродромот Дубаб и областа Баб ел-Мандеб, западно од провинцијата Таиз. Овој чекор е преземен со приоритет да се осигури безбедност на главниот град Аден и соседните провинции, како и да се зајакнат фронтовските линии и да се одговори на постоечките закани“, се наведува во соопштението на јеменската армија.

Канал 5

Службеникот на Хутите задолжен за прашањата на затворениците, Абдул Кадер ал-Муртада, рече дека ова е „најголемото еднострано ослободување на притвореници во двегодишната граѓанска војна во Јемен“, објави Ал Џезира. Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) потврди дека „властите во Сана, со поддршка на тимови од организацијата, еднострано ослободија 600 луѓе „кои беа притворени во врска со вооружениот конфликт“. „Нашите претставници разговараа со секој од затворениците пред ослободувањето, поддржувајќи го нивното достоинствено враќање во своите домови“, соопшти МКЦК.

Fresh : 1.04 || 0 | 1 | 1 | 1 | 0 | 0 | 2 | 0 | 0 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Украина и Русија договараат размена на најмалку илјада воени заробеници
Алфа

Алфа

Народните правобранители на Русија и на Украина, Дмитро Лубинец и Јана Лантратова, разговарале за подготовките и начинот на спроведување на најавената голема размена на воени заробеници меѓу двете земји. Според објавата на Лубинец на платформата Телеграм, Лантратова потврдила дека во размената ќе бидат опфатени најмалку илјада лица. „Откако се појавија информациите за можноста за размена, веднаш стапив во контакт со Јана Лантратова за да разговараме како да продолжиме.

Телма

Народните правобранители на Русија и на Украина, Дмитро Лубинец и Јана Лантратова, разговарале за подготовки и начинот на спроведување на најавената голема размена на воени заробеници меѓу двете земји. Според објавата на Лубинец на платформата Телеграм, Лантратова потврдила дека во размената ќе бидат опфатени најмалку илјада лица. Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, претходно неделава изјави дека Киев и Москва разговараат за размена на воени заробеници, што би можела да опфати од илјада до 1.500 лица.

МРТ

Народните правобранители на Русија и на Украина работат на подготовките за спроведување на најавената голема размена на воени заробеници, во која ќе бидат опфатени најмалку илјада лица. Во исто време, американски претставник за преговорите за Украина, Кушнер, објави дека САД се фокусирани на организирање директен ангажман меѓу Москва и европските партнери, како и на подготовка на дневниот ред за следната рунда трилатерални разговори. „Американскиот претседател Доналд Трамп јасно стави до знаење оти за траен мир се потребни веродостојни безбедносни гаранции за Украина, како и детални повоени безбедносни аранжмани.

Денешен

Народните правобранители на Русија и на Украина, Дмитро Лубинец и Јана Лантратова, разговарале за подготовки и начинот на спроведување на најавената голема размена на воени заробеници меѓу двете земји. Според објавата на Лубинец на платформата Телеграм, Лантратова потврдила дека во размената ќе бидат опфатени најмалку илјада лица. Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, претходно неделава изјави дека Киев и Москва разговараат за размена на воени заробеници, што би можела да опфати од илјада до 1.500 лица.

Fresh : 0.77 || 0 | 1 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 1 | 3 | 1 | 1 | 01.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Голем протест во Чешка: Граѓаните стравуваат за независноста на јавните медиуми (Видео)
МКД

МКД

Опозициските партии ги споредија предлозите во нацрт-законот, претставен во октомври, со промените во Унгарија за време на поранешниот премиер Виктор Орбан, кој таму создаде голем број провладини медиуми. Hundreds of thousands people gathered in Prague on Sunday afternoon to protest against Czech government and its efforts to change funding of public media and bring it under state control. According to police, Letná Plain is completely full & demonstration is larger than in spring https://t.co/y149qI2AWW — Filip Nerad (@FilipNerad) November 15, 2026.

А1он

Десетици илјади Чеси денеска протестираа во Прага против владиниот план за укинување на таксата за јавните медиуми и нивно финансирање од државниот буџет – потег за кој критичарите велат дека ќе ја поткопа независноста и одржливоста на тие медиуми. Pohled z dronu – Letná proti 4:36, za média veřejné služby. https://t.co/yrxARlIm28 — Michal Kubal (@MichalKubal) November 15, 2026. Опозициските партии ги споредија предлозите содржани во нацрт-законот, претставен во октомври, со промените во Унгарија за време на поранешниот премиер Виктор Орбан, кој таму создаде низа провладини медиуми.

Сител

Стотици илјади луѓе денеска протестираа во главниот град на Чешка, Прага против планираното укинување на претплатата за чешките јавни медиуми. Организатор на протестите е асоцијацијата „Милион моменти за демократија“, според која на демонстрациите присуствувале од 350.000 до 450.000 луѓе. Голем број граѓани утрово пристигнале во Прага за протестот од другите чешки градови.

Опсервер

Десетици илјади Чеси протестираа во Прага против планот на владата за укинување на таксата за јавните медиуми и нивно финансирање од државниот буџет. Демонстрантите и критичарите на предлогот стравуваат дека со ова ќе се загрози независноста на јавниот телевизиски и радиодифузен сервис и ќе се отвори простор за политички притисоци. Протестот се одржа во паркот Летна, со поглед кон чешката престолнина, каде што брзо се исполни просторот пред бината, а големи гужви имаше и на околните метро-станици.

Fresh : 1.16 || 0 | 0 | 2 | 1 | 1 | 1 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Иран сè уште има до 2.500 балистички ракети и покрај американските и израелските напади
Опсервер

Опсервер

Иран и натаму располага со арсенал од 1.500 до 2.500 балистички ракети, и покрај американските и израелските напади со кои требаше да бидат уништени неговите воени капацитети. Ова е најновата процена на американските разузнавачки служби, објавена од „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на американски претставници запознаени со разузнавачките податоци. Процената има низок степен на сигурност, бидејќи тешко е да се утврди колку ракети се подготвени за лансирање, а колку се складирани.

Република

Неодамнешна проценка на американските разузнавачки служби покажала дека Иран сè уште произведува околу 50 балистички ракети месечно, и покрај месеците воздушни напади на САД и Израел, објави „Бумберг“. Според изданието, тоа е половина од она што Иран можеше да го произведе пред војната и е во спротивност со неодамнешните тврдења на американскиот министер за одбрана Пит Хегсет дека 80% од индустриската база на Иран е уништена. Во текстот се додава дека Иран, исто така, сè уште има посебна залиха на компоненти што можат да се користат за склопување дополнителни балистички ракети.

Колегиум

И покрај изјавите од Белата куќа и од американскиот државен секретар, Марко Рубио, дека Иран е многу ослабнат од американските и исраелските наопади, американски разузнавачки агенции велат дека Иран има меѓу 1.500 и 2.500 балистички ракети. Овој разузнавачки податок ги доведува во прашање тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека иранската војска е практично уништена….

Fresh : 0.49 || 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 1 | 0 | 01.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Пожар на божиќен базар во Белгија: Пет лица се повредени по експлозија на плинска боца
Лидер

Лидер

Пет лица се повредени откако денеска избувна пожар на божиќен базар во Анје, Белгија. Градоначалникот на Анје, Пјер Рондија информираше дека две од повредените лица се пренесени во болница во критична состојба. Тој додаде дека пожарот избувнал откако експлодирала плинска боца, при што целосно изгореле две дрвени куќички, а оштетени биле уште две.

Република

Пет лица се повредени откако денеска избувна пожар на божиќен базар во Анје, Белгија. Градоначалникот на Анје, Пјер Рондија две од повредените лица се пренесени во болница во критична состојба. Тој додаде дека пожарот избувнал откако експлодирала плинска боца, при што целосно изгореле две дрвени куќички, а оштетени биле уште две.

Курир

Пет лица се повредени откако денеска избувна пожар на божиќен базар во Анје, Белгија. Градоначалникот на Анје, Пјер Рондија две од повредените лица се пренесени во болница во критична состојба. Тој додаде дека пожарот избувнал откако експлодирала плинска боца, при што целосно изгореле две дрвени куќички, а оштетени биле уште две.

Fresh : 0.47 || 0 | 0 | 0 | 1 | 1 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Од специјализирана продавница за „Покемон“ украдени карти во вредност од над 130.000 евра
Сител

Сител

Данската полиција денеска почна истрага откако маскирани лица упаднаа во продавница специјализирана за продажба на „Покемон“ карти и украле колекционерски примероци во вредност од над 130.000 евра. Полицијата трага по петмина мажи за кои се верува дека, користејќи „предмет што наликува на пиштол“, му се заканувале на вработениот во продавница лоцирана во трговски центар во Лингби, северно од Копенхаген. Разбојниците потоа ги искршиле изложбените витрини и ги украле карти.

Курир

Данската полиција денеска почна истрага откако маскирани лица упаднаа во продавница специјализирана за продажба на „Покемон“ карти и украле колекционерски примероци во вредност од над 130.000 евра. Полицијата трага по петмина мажи за кои се верува дека, користејќи „предмет што наликува на пиштол“, му се заканувале на вработениот во продавница лоцирана во трговски центар во Лингби, северно од Копенхаген. Разбојниците потоа ги искршиле изложбените витрини и ги украле карти.

Лидер

Данската полиција денеска започна опсежна истрага откако маскирани лица упаднаа во продавница специјализирана за продажба на „Покемон“ карти и украле колекционерски примероци во вредност од над 130.000 евра. Полициските службеници активно трагаат по петмина мажи за кои се верува дека, користејќи предмет што наликува на вистински пиштол, му се заканувале на вработениот во објектот лоциран во трговски центар во Лингби, северно од главниот град Копенхаген. Разбојниците потоа ги искршиле заштитните изложбени витрини и ги одзеле вредните картички.

Fresh : 0.49 || 0 | 0 | 0 | 0 | 2 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Мета казнета со 887 милиони долари во Италија за фотографии и видеа од галеријата на Aндроид на Фејсбук
Локално

Локално

Италија вчера објави казна од 805 милиони евра, или 887 милиони долари, против Мета за користење фотографии и видеа од галериите на корисниците на Андроид на Фејсбук без посебна согласност или соодветно откривање, јави Асошиејтед прес (АП). Италијанскиот орган за заштита на податоци соопшти дека функцијата, наречена Добијте предлози од галеријата при пребарување на Фејсбук, ја прекршила европската директива за приватност вклучена во италијанскиот закон. Директивата ги штити паметните телефони како дел од приватната сфера на лицето и бара слободна и информирана согласност за таков пристап, соопшти органот. Истражителите откриле дека функцијата била овозможена по дифолт и дека Фејсбук побарал пристап до галеријата преку една дозвола што опфаќа повеќе функции на апликацијата со различни намени.

Колегиум

Италија ја казни компанијата „Мета“ (Фејсбук, Инстаграм) со 805 милиони евра поради користење фотографии и видеа од смарт телефони со Андроид без конкретна согласност од корисниците, соопшти денеска италијанската Управа за заштита на податоците, пренесоа западните медиуми. Казната, како што објави Управата, се однесува на функцијата за предлози од галеријата при прелистување на Фејсбук….

Телма

Италијанското регулаторно тело ја казни компанијата Мета со 805 милиони евра за пристап до фотографии на корисниците на Андроид без нивна изрична дозвола, пишува Би-Би-Си. Италијанската агенција за заштита на податоци откри дека Мета не ги информирала соодветно околу 20 милиони корисници дека Фејсбук има пристап до нивните фотографии и видеа преку една од функциите во апликацијата. На компанијата ѝ беше наредено да ја исклучи функцијата како стандардна во рок од 60 дена и мора да побара посебна согласност за нејзино користење. Станува збор за функција која им предлага на корисниците да користат фотографии и видеа од меморијата на телефонот за креирање нови објави.

Сител

Италијанската агенција за заштита на податоците ја казни компанијата „Мета“ со 805 милиони евра бидејќи пристапила кон фотографиите на корисниците на „Андроид“ без нивна дозвола. Според Агенцијата, „Мета“ не успеала соодветно да информира околу 20 милиони корисници дека „Фејсбук“ има пристап до нивните фотографии и видеа преку функција во апликацијата. На компанијата ѝ беше наредено да ја исклучи функцијата како стандардна поставка во рок од 60 дена и да бара специфична согласност за нејзино користење.

Fresh : 0.20 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 2 | 91.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Трамп бара од Конгресот дополнителни средства за модернизација на американскиот систем за контрола на воздушниот сообраќај
Сител

Сител

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска го повика Конгресот итно да одобри дополнителни средства за модернизација на американскиот систем за контрола на воздушниот сообраќај. Тој побара дополнителни средства откако пред два дена повеќе од четири часа беше затворено небото над САД поради технички дефект. Доколку Конгресот ги одобри преку потребните средства за контрола на воздушниот сообраќај, можеме да ја изградиме брзо и ефикасно.

Опсервер

Американскиот претседател Доналд Трамп побара од Конгресот итно да одобри дополнителни средства за модернизација на системот за контрола на воздушниот сообраќај, откако голем технички дефект во петокот речиси пет часа ги запре полетувањата низ САД и предизвика хаос во авиосообраќајот. Трамп оцени дека застарената инфраструктура мора да се замени одеднаш, наместо да се поправа постепено, а за повеќегодишното доцнење во модернизацијата ја обвини администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден. „Ако Конгресот ги одобри неопходните средства за контрола на воздушниот сообраќај, можеме брзо и ефикасно да изградиме најдобар систем во светот“, напиша Трамп на социјалната мрежа „Трут соушл“.

Fresh : 0.29 || 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Во државна фирма во Романија работеле 4.875 роднини, краделе гориво и на боледување биле 176 илјади денови
Локално

Локално

Стечајната администрација воведена ова лето во јавниот превозник на романската престолнина, СТБ, се соочи со невидени нивоа на непотизам и корупција во Европската Унија, кои очигледно се развивале во СТБ со години и ја довеле на работ на банкрот. СТБ е „семејна компанија“ бидејќи нејзините 4.876 вработени се во роднинска врска. Поточно, 1.400 од нив се сопруг и сопруга, а 30 семејства имаат повеќе од десет членови вработени во СТБ, изјави судскиот администратор на СТБ, Ремус Борза, јави романската агенција Агерпрес.

Лидер

Стечајната управа воведена ова лето во компанијата за јавен превоз на романската престолнина, STB, се соочи со невидени нивоа на непотизам и корупција во Европската Унија, кои очигледно се развиваа во компанијата со години и ја доведоа на работ на банкрот. „STB е семејна компанија бидејќи нејзините 4.876 вработени се во меѓусебно сродство. Поточно, 1.400 од нив се сопруг и сопруга, а 30 семејства имаат повеќе од десет членови вработени во претпријатието“, презентираше Ремус Борза на прес-конференција.

Fresh : 0.16 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Имал совршен резултат на државниот испит, па признал дека користел вештачка интелигенција
Опсервер

Опсервер

Најдобриот кандидат на испитот за даночни сметководители во Јужна Кореја признал дека мамел со помош на вештачка интелигенција. Тој со минијатурна камера ги фотографирал прашањата, ги испраќал до систем со вештачка интелигенција, а потоа одговорите ги читал од паметен телефон. Кандидатот, кој се претставил само со презимето Хан, објавил видео-извинување на Јутјуб, во кое признал дека најдобриот резултат не го постигнал со чесна работа.

Точка

Најдобриот кандидат на испитот за даночни сметководители во Јужна Кореја признал дека мамел со помош на вештачка интелигенција . Тој со минијатурна камера ги фотографирал прашањата, ги испраќал до систем со вештачка интелигенција , а потоа одговорите ги читал од паметен телефон. Кандидатот, кој се претставил само со презимето Хан, објавил видео-извинување на Јутјуб, во кое признал дека најдобриот резултат не го постигнал со чесна работа. „Мамев користејќи електронски уреди и генеративна вештачка интелигенција . Тоа што го положив испитот со најдобар резултат не беше плод на чесна работа“, навел тој.

Fresh : 0.14 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 2 | 0 | 0 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0