Рафиња нема предвреме да се врати во Барселона, иако заработи црвен картон во поразот на Бразил од Јапонија (2:3) и ќе го пропушти следниот натпревар против Сингапур. Бразилската фудбалска конфедерација одлучи фудбалерот да остане со репрезентацијата до крајот на собирот. Од Барселона претходно побарале внимателно да се контролира неговото физичко оптоварување поради ризикот од нова повреда, но Бразилците не планираат да го ослободат.
Тренерот на Бразил, Карло Анчелоти, им одговори на загриженостите на европските клубови за собирањето на нивните ѕвезди, меѓу кои Винисиус и Рафинја, за азиските пријателски натпревари против Јапонија и Сингапур. „Приоритет е секогаш здравјето на играчите. Ако се 100% физички подготвени, ќе тренираат и ќе играат.
Во саботата, во пријателски натпревар одигран во Сингапур, Јапонија ја победи подмладената бразилска репрезентација со 3-2. Јапонија поведе рано со головите на Такефусе Куба во 15-тата минута и Кеито Накамура во 19-тата минута. „Селесао“, во чии редови имаше 15 играчи под 23 години, се врати благодарение на Винисиус Жуниор кој постигна два гола, првиот во 33-тата минута, а потоа и вториот во 75-тата минута. Сепак, победата за Јапонија ја обезбеди Тацухиро Сакамото, кој постигна гол во судиското продолжение на крајот од натпреварот.
Легендарниот бразилски напаѓач, сега сенатор, Ромарио побара Карло Анчелоти да биде отпуштен откако Јапонија го победи Бразил со 3-2 во пријателски натпревар. „Анчелоти, готово е! Земи си ги работите и оди си! Никој не ја доведува во прашање твојата историја. Ти си еден од најголемите тренери што ги видел светскиот фудбал, но го докажа тоа во клубовите.
Екипата на Атлетико од Битола продолжува со одличната серија резултати во Кадетската женска фудбалска лига, откако во рамките на 8. коло запиша уште една победа совладувајќи го Љуботен од Тетово пред домашната публика со 4:0. Победата беше најавена уште во првиот дел кога на полувреме тимот на Никола Гелевски имаше предност од три погодоци. Резултатот го отвори Јован Папучкоска по само три минути игра, а потоа во 35. минута Евгенија Костовска ја дуплираше предноста, а во 44. минута Андреа Огненовска погоди за 3:0 на полувреме. Во второто полувреме Јована Талевска погоди за конечни 4:0 откако погоди во 57. минута од средбата.
Вардар Неготино со пресврт славеше со 1:3 на гостувањето кај Превалец во 10. коло од Третата лига – Регион 4, по што домаќините најавија жалба. Големо Коњари го совлада Венец со 1:0 и се искачи на третото место, а Млекар со победата над Влазними Јуниор ја забележа првата сезонска радост. Превалец – Вардар Неготино 1:3.
Државниот секретар во Министерството за спорт, Сашо Огњеновски присуствуваше на инклузивната трка „Run Together 2026“ што се одржa во Гевгелија, во рамките на спортскиот настан November Run, и изрази поддршка за учесниците и за организаторите. Трката која годинава го бележи третото издание, ја организира Фондацијата „Ице Бегов“ во соработка со Атлетскиот клуб „7 Ноември“. „Run Together“ е ненатпреварувачка трка на 1 км. на која лица со и без попреченост, деца, семејства, спортисти, волонтери, претставници на училишта и на здруженија се движат заедно на иста патека.
Гевгелија денес го започнува шестото издание на „November Run“ со детски трки и инклузивната „Run Together“. Според Општината, за дводневната програма се пријавени приближно 3.300 учесници . Детската програма на 14 ноември почнува во 11:30 часот за родените во 2020 година и помлади. Во 12:00 трчаат генерациите 2018–2019, во 12:30 децата родени во 2016–2017, а во 13:00 генерациите 2013–2015.
Државниот секретар во Министерството за спорт, Сашо Огњеновски, денеска присуствуваше на инклузивната трка „Run Together 2026“ што се одржа во Гевгелија, во рамките на спортскиот настан November Run. Тој од местото на настанот изрази целосна институционална поддршка за сите учесници и за организаторите. Трката, која се одржува трета година по ред, е во организација на Фондацијата „Ице Бегов“ во партнерство со Атлетскиот клуб „7 Ноември“.
Трката која годинава го бележи третото издание, ја организира Фондацијата „Ице Бегов“ во соработка со Атлетскиот клуб „7 Ноември“. „Run Together“ е ненатпреварувачка трка на 1 км. на која лица со и без попреченост, деца, семејства, спортисти, волонтери, претставници на училишта и на здруженија се движат заедно на иста патека. Настанот создава простор за рамноправно учество и ја поттикнува инклузијата и достапноста на спортот за сите.
Лукас Пињеиро Бротен победи во слаломот во Леви на 15 ноември и го задржа максималниот учинок на почетокот од Светскиот куп. Бразилецот претходно го доби и велеслаломот во Зелден. По првата трка имаше 65 стотинки пред Клеман Ноел . Во второто возење Французинот врати само мал дел од разликата, па Бротен славеше со 56 стотинки предност.
Ема Ајхер ја освои првата слаломска победа во кариерата во Светскиот куп , триумфирајќи во фински Леви на 14 ноември. Германката, која претходните пет светски куп победи ги оствари во брзинските дисциплини, сега покажа дека може да победува и меѓу густо поставените капии. Ајхер имаше најдобро време во првото возење, 55,74 секунди, и предност од 36 стотинки пред Лара Колтури.
Легендарниот Роналдињо го одигра својот прв официјален натпревар по 11 години. Бразилецот повторно ја облече „десетката“ и блесна во дресот на италијанскиот третолигаш Равена. На дербито против Форли, Роналдињо учествуваше во акцијата за водечкиот гол на Равена, кој го постигна Донати.
Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо повторно ќе ги облече копачките и ќе игра на официјален натпревар по 11-годишна пауза. Поранешниот ас на Барселона и Милан, кој има 46 години, треба да игра за италијанскиот тим Равена во недела, 15 ноември, против Форли во 14-то коло од Серија Ц, третата лига на италијанскиот фудбал. Неговото враќање предизвика огромен интерес, но и незадоволство кај некои навивачи поради драстичното зголемување на цените на билетите.
Италијанската трета лига утре е во фокусот поради враќањето на залениот терен на познатиот бразлиски фудбалер Роналдињо. Роналдињо со своите 46-годишниот утре ќе заигра во дресот на италијанскиот третолигаш Равена, со што ќе настапи за прв пат на официјален фудбалски меч по повеќе од една деценија од неговото пенизонирање. Се очекува тој да биде стартер на утрешното дерби во Серија Ц во кое Равена го пречекува Форли.
Роналдињо денеска официјално се врати на теренот по цели 11 години од повлекувањето од фудбалот. Бразилската ѕвезда играше 45 минути во дресот на Равена во Серија Ц, на натпреварот против Форлì. Роналдињо беше дел од почетниот состав, пред да им мавне на присутните на стадионот „Бенели“ за време на паузата на полувремето; момент што беше проследен со громогласни аплаузи од целата публика. „Дали ова е мојот последен натпревар?
По натпреварот со Естонија, селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Виктор Петровски, истакна дека националниот тим минува низ процес на создавање нова селекција, во кој особено е изразена генерациската промена и вклучувањето на поголем број млади кошаркарки. Без оглед на резултатот, Петровски ги потенцираше карактерот, борбеноста и пожртвуваноста на кошаркарките, како и нивниот однос кон репрезентативниот дрес. Според него, токму овие вредности се од особена важност во периодот на градење на новиот тим.
Женската кошаркарска репрезентација на Македонија в сабота, на 14 ноември од 18 часот, ќе ја пречека Естонија во спортскиот центар „Џексон“ во Штип. По стартниот пораз од Романија со 73:52, првиот домашен натпревар добива дополнителна тежина: во следната рунда од претквалификациите за Европското првенство во 2029 година продолжуваат само победниците на групите. Токму тој тесен простор за напредување го прави дуелот со Естонија важен уште на почетокот од циклусот.
Женската сениорска репрезентација на Македонија продолжува со натпреварите од ноемврискиот циклус на претквалификациите за Евробаскетот 2029. По гостувањето во Букурешт и дуелот со Романија, следниот предизвик за избраничките на Виктор Петровски е средбата со селекцијата на Естонија. Натпреварот Македонија – Естонија е закажан за 14 ноември (сабота), со почеток во 18:00 часот, во спортскиот центар „Џексон“ во Штип.
Женската кошаркарска репрезентација на Македонија го запиша и вториот пораз во претквалификациите за Евробаскетот 2029, откако на домашен терен во Штип убедливо загуби од Естонија со 51:86. По неуспехот во Букурешт против Романија, македонските кошаркарки повторно покажаа дека пред нив има многу работа доколку сакаат да бидат конкурентни во овој циклус. Натпреварот практично беше решен уште во првата четвртина. Естонија ја доби со убедливи 23:9, наметнувајќи ритам на кој домашната селекција немаше одговор.
Никола Јокиќ и Џамај Мареј го предводеа Денвер до победа над Пеликанс, во Њу Орлеанс (116:108). Јокиќ беше исклучителен. Тој забележа 26 поени, осум скока и 10 асистенции, заедно со три украдени топки. Канаѓанецот додаде 23 поени, седум скока и девет асистенции.
Денвер го победи Њу Орлеанс со 116:108 на гостински терен во натпреварот одигран на 14 ноември по американско време, односно во ноќта кон 15 ноември по Скопје. Никола Јокиќ заврши со 26 поени, 10 асистенции и осум скока , останувајќи на два скока од трипл-дабл. Џамал Мареј додаде 23 поени и девет асистенции , а Кристијан Браун постигна 17 поени.
Тандемот Јокиќ-Мареј беше главен и на овој натпревар. На српскиот кошаркар малку му недостасуваше за трипл-дабл. Тој постигна 26 пони, имаше десет асистенции и осум скокови, Мареј реализираше 23 поени, имаше девет асистенции и седум скокови.
Кошаркарите на Денвер Нагетс ја запишаа четвртата победа во последните пет натпревари откако славеа на гостувањето кај Њу Орлеанс со 116-108, во дуел што гостите го прекршија токму во моментите кога Никола Јокиќ одмораше на клупата. Иако составот од Колорадо имаше плус 11 во третата четвртина, Пеликанс преку Џордан Пул и тројката на Карло Матковиќ се вратија во игра и намалија на само четири поени негатива (86-82) пред последните дванаесет минути. Наместо пад без својот лидер на паркетот, стартот на решавачкиот период донесе фуриозна серија од 9-0 за гостите, режирана преку цврстата одбрана, блокадата и офанзивниот скок на Марвин Бегли, како и продорот на Спенсер Џонс.
Германскиот тенисер Александар Зверев забележа победа над Шпанецот Рафаел Ходар во нивниот меѓусебен натпревар од групната фаза на завршниот АТП турнир. Средбата се одигра во рамките на воведното коло од престижното натпреварување. Мечот траеше вкупно 1 час и 28 минути игра, а германскиот претставник славеше со максимални 2:0 во сетови, односно со резултат 6:4 и 6:4. Првиот светски рекет за време на дуелот сервираше вкупно 10 аса, не направи ниту една двојна сервис грешка и успешно реализираше 2 од вкупно 7 брејк топки.
Карлос Алкарас пристигна на медиумскиот ден во Торино со јасна цел: прва титула на АТП финалето . Шпанецот, кој минатата година загуби во финалето од Јаник Синер, на 13 ноември порача дека освојувањето на трофејот би било огромен успех. Според АФП, Алкарас во петокот го прекинал тренингот порано поради стомачни проблеми . Тој објаснил дека се разбудил со тегоби и не можел ни да појадува, но додал дека постепено се чувствува подобро. На официјалната прес-конференција зборуваше и за физичкиот товар од многуте натпревари.
Светскиот број еден, Александар Зверев, го победи Шпанецот Рафаел Ходар во два сета со 6:4, 6:4, на почетокот од Финалниот Мастерс во Торино. Германецот го победи 11-то рангираниот играч на АТП листата по еден час и 28 минути. Брејк во седмиот гем од првиот сет и брејк во третиот од вториот сет беа доволни за Зверев да триумфира.
Тенисерот број еден во светот и двократен победник на АТП Финале (2018, 2021), 29-годишниот Германец Александар Зверев го победи 20-годишниот Шпанец Рафаел Ходар Камачо (АТП-10-ти), дебитант на завршниот турнир, со 6-4, 6-4 во Торино во неделата. Тоа беше првиот меч во групата „Џон Мекенро“, во кој Зверев го реши прашањето за победникот со два „брејка“: првиот во осмиот гем од првиот сет за водство од 5-3, а вториот пат го „скрши“ сервисот на Ходар во третиот гем од вториот сет. „Задоволен сум од победата против играч од Топ 10 во два сета 6-4, 6-4. Не беше идеално, но беше добро.
Арина Сабаленка се извини на Инстаграм за испадот за време на поразот од Елина Свитолина на финалето на ВТА во Индијан Велс. Таа тврди дека коментарот не бил насочен кон Украинката, туку кон гледачите кои, вели таа, агресивно навивале за нејзините грешки. Видео кое се прошири на социјалните мрежи ја покажува Сабаленка како пцуе за време на натпреварот во петокот, кој Свитолина го доби во три сета (6:3, 3:6, 6:1). Аудиото не е звучно, а некои корисници читаат од усни за да тврдат дека таа ги навредила Свитолина или Украинците на руски.
Арина Сабаленка јавно се извини за емотивниот испад за време на поразот од Елина Свитолина на ВТА финалето во Индијан Велс. Во објава на Инстаграм на 14 ноември објасни дека нејзините зборови не биле насочени кон противничката, туку кон дел од публиката. 🤬“Those f***ing Ukrainians, for f***’s sake!” Or was it “That f***ing Ukrainian b***h, for f***’s sake!”? These are the words 🏳️ Aryna Sabalenka appears to be saying in Russian, judging by her lip movements during her WTA Finals match against 🇺🇦 Elina Svitolina.
Арина Сабаленка повторно се најде во центарот на голем скандал откако за време на поразот од Елина Свитолина (6-3, 3-6, 6-1) на Мастерсот во Индијан Велс ги загуби нервите и упати жестоки пцовки на руски јазик. Снимките од нејзината реакција веднаш станаа вирални на социјалните мрежи, а од нејзините усни лесно се прочитаа тешки навреди, што отвори бурна дебата околу тоа дали бесот бил директно насочен кон украинската тенисерка. По лавината критики, Белорусинката се огласи со обид да ја смири тензијата, уверувајќи дека нејзиниот испад воопшто не се однесувал на ривалката на теренот.
Екипата на Охрид во третото коло од ЕХФ Европскиот Куп ќе игра со Драгунас Клаипеда од Литванија. И овој пат актуелниот прва во ова натпреварување, двата натпревари ќе ги одигра на домашен терен, поточно во СЦ „Билјанини извори“. Првиот меч е закажан за 21, додека реваншот е следниот ден, на 22. ноември, со почеток од 18:00 часот.
Европската приказна на ГРК Охрид продолжува, а следната пречка на патот кон нов успех во ЕХФ Европскиот Куп ќе биде литванскиот претставник Драгунас Клаипеда. „Гладијаторите“ ги очекуваат два последователни европски дуели, кои ќе имаат посебна тежина и поради тоа што двата ќе се одиграат пред домашната публика. Охриѓани ќе ја искористат предноста на домашниот терен на 21 и 22 ноември, кога во салата „Билјанини Извори“ ќе ги пречекаат Литванците.
Вардар славеше против Алкалоид со 36-31 и остана перфектен, има десет победи во исто толку одиграни натпревари, за Алкалоид ова е втор пораз, има осум победи. Фадухил со 11 гола од исто толку обиди беше прво име кај Вардар, зад него беше Воркапиќ со шест погодоци.
Вардар влегува во десеттото коло од ракометната Суперлига со девет победи од девет натпревари, но саботното дерби со Алкалоид може значително да ја промени сликата на врвот. Лидерот има 18 бода, неговиот градски ривал 16, а Еурофарм Пелистер и Охрид ја следат трката со по 15. Пресметката е едноставна: победа на Вардар ќе ја зголеми разликата меѓу скопските ривали на четири бода. Триумф на Алкалоид, пак, ќе ги израмни на по 18. Двата тима доаѓаат со победи од претходното коло.
Алкалоид долго му парираше на фаворитот и во најголемиот дел од Во дербито на десеттото коло, „црвено-црните“ го совладаа Алкалоид со 35-31, откако во завршницата направија пресврт и ја скршија отпорноста на големиот ривал. Алкалоид долго се бореше и мотивирано сакаше да му го нанесе првиот удар на шампионот оваа сезона. Екипата предводена од Кирил Лазаров одигра квалитетен натпревар, го следеше ритамот на Вардар и не му дозволуваше на противникот да се одлепи.
Вардар продолжува со максимален ефект во домашното првенство, откако во големото скопско дерби го совлада Алкалоид со 36-31. Сепак, конечниот резултат не ја отсликува целосно неизвесноста што ја понуди оваа пресметка, во која тимот на Кирил Лазаров долго време му беше рамноправен противник на актуелниот шампион. Алкалоид влезе храбро во натпреварот, не дозволувајќи му на Вардар лесно да ја преземе контролата. По почетната предност на црвено-црните, гостите успеаја да се вратат и да го одржат резултатскиот приклучок, па на паузата двете екипи заминаа со нерешени 17-17. И во вториот дел се играше изедначено, а Алкалоид успеваше да одговори на предизвикот сè до резултатот 26-26. Токму тогаш дојде периодот кој го реши победникот.
Изминатиот викенд, на кејот на реката Вардар во Скопје, се одржа Националното првенство во крос-кантри за 2026 година, во организација на Атлетската федерација на Македонија и Атлетскиот клуб Фортиус. На првенството учествуваа повеќе од 80 атлетичари и атлетичарки од повеќе македонски атлетски клубови, кои се натпреваруваа во различни возрасни категории, од млади пионери до сениори. Во сениорска конкуренција, титулите национални прваци ги освоија Адријана Поп Арсова од АК Олимп, која победи на 8.000 метри со резултат 32:09, и Григоријан Никовски, исто така од АК Олимп, кој триумфираше на 10.000 метри со време 32:53. Кај младите сениорки под 23 години, на 6.000 метри победи Ирма Хајдари од АК Олимп со резултат 25:58, додека во машка конкуренција на 8.000 метри најуспешен беше Бојан Чаприќ од АК Олимп со време 30:31. Во младинските категории, победи забележаа Дарија Крстевска од АК Олимп на 4.000 метри кај младинките, со резултат 15:43, и Марта Димковска од АК Работнички на 3.000 метри кај младите младинки, со време 14:20. Во категоријата млади младинци, на 4.000 метри победи Валентино Јовановски од АК Аеродром – Скопје со резултат 14:58. Во пионерските категории, национални прваци станаа Сара Ночевска од АК Олимп на 1.500 метри кај пионерките со резултат 6:18, Антонио Каракабаков од АК Аеродром – Скопје на 2.000 метри кај пионерите со време 7:22, Јана Милојеска од АК Делта на 1.000 метри кај младите пионерки со резултат 3:33 и Дијар Џемаили од АК Камјани на 1.500 метри кај младите пионери со време 5:14. Комплетен преглед на медалистите по категории.
Одбојкарската федерација на Македонија ќе биде домаќин на два квалификациски турнири за Европското првенство 2027 во конкуренција до 20 години, еден во машка и еден во женска конкуренција. Скопје ќе биде центарот на европската младинска одбојка во јануари следната година. Машкиот турнир од втората фаза на квалификациите, во рамки на групата Е, ќе се одржи од 14 до 17 јануари 2027 година, додека женските селекции до 20 години ќе се натпреваруваат во истиот град од 21 до 24 јануари, исто така во групата Е. Покрај Македонија, Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) ги одреди и останатите домаќини на квалификациските турнири.
Македонската репрезентативка Ева Митевска оствари извонреден успех на Младинските олимписки игри во Дакар, Сенегал пласирајќи се во финалето на трката на 100 метри во конкуренција на атлетичарки под 18 години. Во полуфиналната трка, Ева го освои четвртото место со резултат од 12.58 секунди, обезбедувајќи пласман меѓу деветте најдобри финалистки. Во големото финале нашата репрезентативка истрча фантастични 12.28 секунди и го освои осмото место.
Младата македонска атлетичарка Ева Митевска го освои осмото место на Младинските Олимписки игри во Дакар во трката 100.метри. Таа беше дел од финалето каде настапија девет атлетичарки и постигна време од 12.28 секунди. Претходно Митевска настапи во полуфиналето каде истрча – 12.58 секунди и како четвртопласирана обезбеди место во финалната трка.
Македонската репрезентативка Ева Митевска оствари извонреден успех на Младинските олимписки игри во Дакар, Сенегал пласирајќи се во финалето на трката на 100 метри во конкуренција на атлетичарки под 18 години. Во полуфиналната трка, Ева го.
Македонската атлетичарка Ева Митевска забележа значаен успех на Младинските олимписки игри во Дакар, Сенегал, откако обезбеди место во финалето на трката на 100 метри во конкуренција на атлетичарки до 18 години, каде што на крајот го освои осмото место. Митевска во полуфиналната трка заврши на четвртата позиција со време од 12.58 секунди, резултат кој и донесе пласман меѓу деветте најдобри натпреварувачки и настап во големото финале. Во финалната трка македонската репрезентативка истрча одлични 12.28 секунди и го освои осмото место.
Големиот УФЦ 334 настан во Њујорк не донесе промени на шампионскиот врв, откако Сирил Ган и Кајла Харисон успешно ги одбранија своите појаси. Во главната борба на вечерта во тешка категорија, францускиот шампион Сирил Ган (15-2) со едногласна судиска одлука му го нанесе првиот пораз во кариерата на Џош Хокит (10-1). По пет исцрпувачки рунди, Ган целосно доминираше во размените на нозе и ја контролираше дистанцата, додека Американецот ги собра симпатиите на публиката покажувајќи огромно срце со постојани напади, иако немаше вистинско решение за техниката на првакот. A gente não entende NADA desse esporte.
Сирил Ган помина низ исклучително тешки почетни моменти, но покажа карактер во завршните рунди и го одбрани својот шампионски појас во тешка категорија против Џош Хокит во главниот настан на гала вечерта на UFC 334. Борбата беше далеку од лесна за шампионот, кој мораше да се одбрани од агресивните и неконвенционални напади од Хокит. Способноста на Французинот да го издржи постојаниот притисок и да изведе клучни удари во доцната фаза од судирот му даде предност на картите на судиите.
Денес е финалето на 55.Меѓународен боксерски турнир „Златен гонг“ во Скопје, кое ќе почне во 17 часот во салата „Расадник“ во Кисела Вода. Репрезентацијата на Украина има 12 боксери и боксерки во финалните борби. За жал, Македонија нема боксер во финалето.
Скопје во периодот од 13 до 15 ноември ќе биде центар на меѓународниот бокс, каде што ќе се одржи јубилејното 55. издание на традиционалниот турнир „Златен гонг“. За годинашното издание е пријавен голем интерес, со повеќе од 70 боксери од 17 земји кои ќе се борат за одличја во спортската сала „Расадник“. Покрај македонските претставници, на турнирот ќе настапат и боксери од Албанија, Австрија, Белгија, Белорусија, Бугарија, Косово, Литванија, Молдавија, Словенија, Србија, Турција, Украина, Унгарија, Хрватска и Шпанија.
Финалните борби на јубилејниот 55. меѓународен боксерски турнир „Златен гонг“ ќе се одржат вечерва од 17 часот во спортската сала „Расадник“ во Скопје. Влезот за публиката е слободен. Турнирот почна на 13 ноември со четвртфиналните борби, а во саботата се одржаа полуфиналињата.
Меѓу најзвучните имиња е Украинецот Јуриј Захарјејев, сениорски светски шампион од Белград 2021. На 19 години тој стана првиот боксер што во иста година освои светско злато и кај младинците и кај сениорите. Во Скопје настапува и Данило Жасан, бронзен медалист од сениорското Светско првенство во Ливерпул во 2025 година.
Екипата на Рејсинг Булс нема да прави промени во својата возачка постава за следната сезона во Формула 1. Екипата официјално потврди дека Лијам Лосон и Арвид Линдблад ќе останат дел од тимот и во 2027 година. Шефот на тимот, Алан Пермејн, истакна дека двајцата возачи покажале напредок и дека нивната комбинација на искуство и амбиција е важна за идните планови на екипата. Лосон сезонава има подобри резултати од својот тимски колега и се наоѓа на деветтото место во генералниот пласман, додека дебитантот Линдблад е 11-ти. За Новозеланѓанецот ова е важна сезона по неуспешниот краток престој во Ред Бул на почетокот од 2025 година.
Тимот на Рејсинг Булс (Racing Bulls) официјално потврди дека Лијам Лосон и Арвид Линдблад ќе го задржат возачкото партнерство и во сезоната 2027 во Формула 1. Двајцата возачи ги продолжија своите договори, ставајќи крај на повеќемесечните шпекулации околу нивната иднина. Местото на Новозеланѓанецот Лијам Лосон подолго време беше под знак прашалник, откако младиот талент на Ред Бул, Никола Цолов, сериозно се наметна како потенцијална замена, па дури доби шанса и на првиот тренинг (FP1) во Мексико. Сепак, Лосон со своите брилијантни перформанси не остави простор за сомнеж кај раководството.
Никола Цолов ќе биде заеднички резервен возач на Ред Бул и Рејсинг Булс во 2027 година . Двата тима ја потврдија новата улога на 19-годишниот Бугарин на 12 ноември, отворајќи му уште еден чекор кон Формула 1. Неговите обврски ќе вклучуваат работа во симулатор и настапи на слободни тренинзи , како и возење со постари болиди и учество во избрани тестирања. Како резерва, ќе биде подготвен да замени тркачки возач доколку тоа биде потребно. Цолов веќе го направи својот прв настап на тренинг во Формула 1 во Мексико.
Тимот на Рејсинг Булс официјално ја потврди својата постава на возачи за 2027 година во шампионатот на Формула 1. Потврдено е дека Новозеланѓанецот Лиам Лосон и Британецот Арвид Линдблад ќе останат возачи за тимот следната сезона. „Воодушевени сме што го продолжуваме нашето партнерство со Лиам и Арвид во 2027 година. И двајцата ги покажаа своите способности и потенцијал во текот на целата сезона, а го видовме напредокот што го постигнаа, и индивидуално и како тим.
Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.