Тенисерот од Монако, Валентин Вашеро, испиша историја на АТП 500 турнирот во Базел откако во големото финале го совлада осмиот носител Јиржи Лехечка со 2-1 во сетови (2-6, 6-3, 6-3). Со оваа победа, Вашеро стана првиот играч од Монако кој стигнал до трофејот на овој престижен турнир. Чешкиот тенисер тргна фуриозно и рутински го доби првиот сет со 6-2. Сепак, неносителот на турнирот и 31-ви играч на АТП листата не се предаде, го пронајде својот ритам и ја презеде контролата врз мечот во следните два сета. По еден час и 54 минути игра, Вашеро ја искористи меч-топката откако бекендот на Лехечка заврши во аут и победнички го крена рекетот пред публиката во „Сент Јакобсхале“.