1.0 | 0 | 0ФОТОГАЛЕРИЈА: Емотивен концерт на Коки Јанков во Филхармонија
Република

Република

Со многу музика, емоции, спомени и гости, Коки Јанков синоќа во Македонската филхармонија одбележа 30 години од песната „Виолина и гитара“, со која заедно со Дуле Љубисављевиќ победија на „Макфест“ во 1996 година. На концертот, насловен „30 години – Виолина и гитара“, публиката имаше можност да ги слушне песните што го одбележаа музичкиот пат на дуото „Дуле и Коки“, но и подоцнежното творештво на Јанков. На сцената му се придружија Игор Џамбазов, Бојана Скендеровска, Ристо Самарџиев, Зоран Илиев и Јована Богдановска.

Вистина

Под мотото „30 години Виолина и гитара“, Коки ќе одбележи значаен јубилеј од своето музичко творештво, заедно со пријателите, соработниците и публиката која низ годините ги следела неговите песни. Посебно место во оваа приказна има и дуото „Дуле и Коки“, кое остави бројни песни зад себе, а токму „Виолина и гитара“ е една од песните по кои ќе се памети нивното заедничко творештво. На концертот неизбежно ќе оживеат и спомените на Дуле Љубисављевиќ, со кого Коки со години ја делеше сцената, создаваше и настапуваше.

Fresh : 0.11 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 1 | 51.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0„Филмска, поп и современа хорска музика“ – концерт на Градскиот мешан хор „Вардар“
Република

Република

Градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје во Музејот на македонската борба за самостојност вечерва со почеток во 19:30 часот ќе го одржи својот годишен концерт под наслов „Филмска, поп и современа хорска музика“. Публиката ќе има можност да ужива во музичка програма која ги обединува различните музички жанрови и стилови, преку познати филмски мелодии, современи хорски композиции и обработки на македонски народни композиции. Со овој концерт, хорот „Вардар“ ја продолжува својата мисија за негување и афирмација на хорската уметност, истовремено претставувајќи ја разновидноста и богатството на хорскиот израз.

Република

Во вторник, 17 ноември, во Македонскиот паб „Ѕе“, во 20 часот по двегодишна пауза, повторно ќе настапи Hayvanlar Alemi, еден од најинтересните претставници на современата турска и европска психоделична, дум и експериментална рок музика. Концертот ќе биде можност за непосредна средба со нивниот специфичен инструментален звук, кој се движи меѓу психоделичниот рок, жанровските експерименти и слободната импровизација. Добра увертира за претстојниот концерт е Evidence of Life on Earth: Concert Recordings from Ankara, Istanbul and Belgrade, 2018–2019, концертниот албум на бендот, објавен 2023 година за Inverted Spectrum Records.

Fresh : 0.12 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 1 | 0 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0(Видео) Филипинката Кармел победи на првото азиско издание на Евровизија, бугарската пејачка Дара ѝ го врачи трофејот
Локално

Локално

Деветнаесетгодишната пејачка Кармел им ја донесе на Филипините првата победа на првото издание на азискиот натпревар за песна на Евровизија. На натпреварот во Бангкок учествуваа 11 земји, а претставничката на Филипините триумфираше со песната „Sobra-Sobra“. Пејачката Кармел освои 211 поени – 93 од стручното жири и 118 гласови од публиката на натпреварот што се одржа во арената „Ван Бангкок“.

Канал 5

Најголемиот и најдолготрајниот меѓународен музички натпревар, „Евровизија“, за првпат се проширува на азискиот континент; неговото прво издание ќе се одржи во сабота, 14 ноември, во Бангкок, главниот град на Тајланд, со учество на претставници од 11 земји. „Евровизија Азија“ се одржува во годината кога „Евровизија“ ја одбележува својата 70-годишнина, што претставува прво големо проширување на овој музички настан на друг континент, пренесува Би-Би-Си (BBC). На натпреварот ќе учествуваат претставници од Бангладеш, Бутан, Камбоџа, Лаос, Малезија, Монголија, Непал, Филипините, Јужна Кореја, Тајланд и Виетнам. Организаторите најавија дека изведувачите ќе пеат на десет локални јазици, како и на англиски јазик, со цел да се прикаже јазичната, културната и музичката разновидност на азискиот континент.

Паноптикум

Филипини ја освоија првата Eurovision Song Contest Asia, одржана на 14 ноември 2026 година во One Bangkok Forum во Бангкок. CARMELLE победи со „Sobra-Sobra“ и стана првата победничка во историјата на новото азиско издание на Евровизија, пред претставниците на домаќинот Тајланд и Виетнам. Тоа е резултат што ќе остане запишан подалеку од една фестивалска вечер.

Fresh : 0.08 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 31.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0
Комерцијални објави

1.0 | 0 | 0Филмот „17“ е номиниран за „Европско откритие“, што го доделува ФИПРЕСЦИ на Европските филмски награди
Експрес

Експрес

Филмот „17“, дебитантско долгометражно остварување на режисерката Косара Митиќ, е номиниран за 39. Европски филмски награди во категоријата „Европско откритие – Награда ФИПРЕСЦИ“ (European Discovery – Prix FIPRESCI).

МКД

Долгометражниот игран филм „17“, дебитантско остварување на режисерката Косара Митиќ, во продукција на „Црна мачка продукција“ и Томи Салковски официјално е номиниран во категоријата Европско откритие – Награда ФИПРЕСЦИ(European Discovery – Prix FIPRESCI)за 39. издание на престижните Европски филмски награди (European Film Awards). Оваа номинација доаѓа по светската премиера на Берлинале, триумфот на Ерусалимскиот филмски фестивал и Сараево филм фестивал, како и неодамнешната скопска премиера во рамки на Скопје филм фестивал. Наградата во категоријата „Европско откритие“, која се доделува во соработка со Европската федерација на филмски критичари (FIPRESCI), ги афирмира најталентираните нови европски авторски гласови. Вклучувањето на „17“ во оваа ексклузивна селекција е огромно признание за авторскиот тим, но и пошироко – за целокупната македонска култура.

Нетпрес

Долгометражниот игран филм „17“, дебитантско остварување на режисерката Косара Митиќ, во продукција на „Црна Мачка Продукција“ и Томи Салковски продолжува со меѓународна афирмација и успеси. Официјално е номиниран во категоријата Европско откритие – Награда ФИПРЕСЦИ (European Discovery – Prix FIPRESCI) за 39. издание на престижните Европски филмски награди (European Film Awards). Оваа значајна номинација претставува уште една потврда за уметничката тежина и автентичноста на филмот „17“, кој по светската премиера на Берлинале, триумфот на Ерусалимскиот филмски фестивал и Сараево Филм Фестивал, како и неодамнешната скопска премиера во рамки на Скопје Филм Фестивал, продолжува моќно да ги освојува срцата на меѓународната филмска критика и публика. Наградата во категоријата „Европско откритие“, која се доделува во соработка со Европската федерација на филмски критичари (FIPRESCI), ги афирмира најталентираните нови европски авторски гласови.

Алфа

Македонскиот игран филм „17“, дебитантско остварување на режисерката Косара Митиќ, е номиниран во категоријата „Европско откритие – Награда ФИПРЕСЦИ“ за 39. издание на Европските филмски награди. Од продукцијата соопштуваат дека номинацијата претставува значајно признание за филмот, кој претходно беше прикажан на Берлинскиот филмски фестивал, освои награда на Филмскиот фестивал во Ерусалим и беше дел од програмата на Сараево филм фестивал, а неодамна ја имаше и својата скопска премиера во рамки на Скопје филм фестивал. Наградата „Европско откритие“, која се доделува во соработка со Меѓународната федерација на филмски критичари (ФИПРЕСЦИ), е наменета за афирмација на новите авторски гласови на европската кинематографија.

Fresh : 0.06 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 61.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0„Танец“ на турнеја во Малта, македонскиот фолклор на сцената на „St. Vincent De Paul theatre“
Лидер

Лидер

Националната установа Ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“ продолжува со својата меѓународна мисија за презентација и чување на македонското културно наследство. Денеска ансамблот ќе одржи целовечерен концерт во престижната сала „St. Vincent de Paul Theatre“ во Лука, Малта. Како што инфомираат од ансамблот, подиумските уметници, хорот и оркестарот на „Танец“ ќе претстават репрезентативна програма од антологиски кореографии, изворни ора инародни песни.

Експрес

Националната установа Ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“ продолжува со својата меѓународна мисија за презентација и чување на македонското културно наследство. Денеска ансамблот ќе одржи целовечерен концерт во престижната сала„St. Vincent de Paul Theatre“ во Лука, Малта – инфомираат од ансамблот.

Република

Националната установа Ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“ продолжува со својата меѓународна мисија за презентација и чување на македонското културно наследство. Денеска ансамблот ќе одржи целовечерен концерт во престижната сала „St. Vincent de Paul Theatre“ во Лука, Малта. Како што инфомираат од ансамблот, подиумските уметници, хорот и оркестарот на „Танец“ ќе претстават репрезентативна програма од антологиски кореографии, изворни ора инародни песни.

Fresh : 0.05 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 2 | 01.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0„Мал формат / МиниАртура“ на ДЛУМ во КИЦ
Канал 5

Канал 5

Во рамки на „Мал формат“ ќе бидат претставени 37 автори со 64 дела, а во „МиниАртура“ 27 автори со 47 дела. „Мал формат“ го насочува вниманието кон уметничкото дело со ограничени димензии, но со неограничен простор за визуелна, концептуална и емоционална интерпретација. Малата површина овозможува концентрација на ликовниот јазик и ја нагласува важноста на секој потег, линија, боја, форма и текстура.

Република

Во организација на Друштвото на ликовните уметници на Македонија – ДЛУМ, на 16 ноември во Културно- информативниот центар –КИЦ, Скопје, во 20.30 часот ќе биде отворена изложбата „Мал формат / МиниАртура“. Во рамки на „Мал формат“ ќе бидат претставени 37 автори со 64 дела, а во „МиниАртура“ 27 автори со 47 дела. „Мал формат“ го насочува вниманието кон уметничкото дело со ограничени димензии, но со неограничен простор за визуелна, концептуална и емоционална интерпретација.

Fresh : 0.02 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 21.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Оскаровецот „Господин Никој против Путин“ на јубилејниот Медиумскиот фестивал Скопје
Република

Република

Десеттото издание на Медиумскиот фестивал Скопје, во организација на Платформата за истражувачко новинарство и анализи – ПИНА, ќе се одржи од 17 до 19 ноември во Лабораториум. Јубилејното издание на единствениот македонски фестивал целосно посветен на медиумската работа повторно нуди богата филмска програма и интересни разговори на актуелни прашања врзани со новинарската задача. Како и секогаш влезот е слободен и отворен за сите кои се заинтересирани да добијат подлабок увид во работата на медиумите.

Алфа

Јубилејното 10. издание на Медиумскиот фестивал Скопје (МФС), во организација на Платформата за истражувачко новинарство и анализи (ПИНА), ќе се одржи од 17 до 19 ноември во „Лабораториум“, со богата програма составена од документарни филмови, работилници и дебати посветени на актуелните предизвици во медиумската сфера. Како што соопштуваат од тимот на ПИНА, фестивалот годинава ќе отвори прашања поврзани со новинарската задача, улогата на новинарството во демократските општества, менталното здравје на новинарите, правната заштита во професијата и медиумската писменост во дигиталната ера. Фестивалот ќе биде отворен на 17 ноември со проекцијата на документарниот филм „Птици на војната“, приказна за либанска новинарка и сириски снимател кои преку известувањето од воени жаришта ја откриваат човечката страна на конфликтите.

Fresh : 0.02 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 21.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Во Битола се одбележува годишнина од формирањето на Народниот театар
Алфа

Алфа

Во Битола денес се одбележува 14 ноември, денот кога пред 82 години, во старата зграда на Народниот театар се одржа првата театарска претстава на Македонски јазик, „Ѓоре Магарески“ од Владо Малески во режија на Димче Стефановски, воедно ден кога прв почна со работа театарот во Битола. Првите членови и основачи на театарот биле Јорго Цаца, Вера Вучкова, Димче Стефановски, Ацо Стефановски, Мери Бошкова, Симо Георгиевски, Славче Матевски, Георги Карев и Јован Бејко, кои заедно со следните генерации во старата зграда на театарот изградена од Абдул Керим Паша во 1897 година, работаат до 1980 година, кога зградата е срушена. Од тогаш и денес, ансамблот на НУ Народен театар Битола претставите ги подготвува и игра на сцените во Центар за култура, каде вечер ќе почне 12. издание на Битола Шекспир фестивал.

Република

Во Битола се одбележува 14 ноември, денот кога пред 82 години, во старата зграда на Народниот театар се одржа првата театарска претстава на Македонски јазик, „Ѓоре Магарески“ од Владо Малески во режија на Димче Стефановски, воедно ден кога прв почна со работа театарот во Битола. Првите членови и основачи на театарот биле Јорго Цаца, Вера Вучкова, Димче Стефановски, Ацо Стефановски, Мери Бошкова, Симо Георгиевски, Славче Матевски, Георги Карев и Јован Бејко, кои заедно со следните генерации во старата зграда на театарот изградена од Абдул Керим Паша во 1897 година, работаат до 1980 година, кога зградата е срушена. Од тогаш и денес, ансамблот на НУ Народен театар Битола претставите ги подготвува и игра на сцените во Центар за култура, каде вечер ќе почне 12. издание на Битола Шекспир фестивал.

Fresh : 0.02 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 21.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Под мотото „Дали ни е гајле? “ во Скопје почнува 34. Студентски средби „СКОМРАХИ“
Алфа

Алфа

Со претставата „Дома“ од Људмила Разумовска, во изведба на студентите по актерска игра на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) – Скопје, започнува 34. издание на Студентските средби СКОМРАХИ, кое годинава ќе се одржува под мотото „Дали ни е гајле?“. Како што соопштуваат организаторите, меѓународната студентска театарска манифестација ќе трае од 14 до 18 ноември и ќе обедини студенти од драмски академии од Северна Македонија, Словенија, Србија, Црна Гора, Белгија и Украина. Отворањето е закажано во Македонскиот народен театар, а во наредните денови публиката ќе има можност да ги проследи претставите „Крал Лир“ од Љубљана, „Патувачкиот театар Шопаловиќ“ од Нови Сад, „Женска гардероба“ од Цетиње, „САКАМРАЗВОД.“ од Антверпен и „Чекајќи го Бекет“ од Киев. Покрај театарската програма, предвидени се разговори за претставите, работилници, предавање, промоција на списанието „Арс академика“ и музичка програма.

Република

Со претставата „Дома“ од Људмила Разумовска, во изведба на студентите по актерска игра на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) – Скопје, почнува 34. издание на Студентските средби СКОМРАХИ, кое годинава ќе се одржува под мотото „Дали ни е гајле?“. Како што соопштуваат организаторите, меѓународната студентска театарска манифестација ќе трае од 14 до 18 ноември и ќе обедини студенти од драмски академии од Македонија, Словенија, Србија, Црна Гора, Белгија и Украина. Отворањето е закажано во Македонскиот народен театар, а во наредните денови публиката ќе има можност да ги проследи претставите „Крал Лир“ од Љубљана, „Патувачкиот театар Шопаловиќ“ од Нови Сад, „Женска гардероба“ од Цетиње, „САКАМРАЗВОД.“ од Антверпен и „Чекајќи го Бекет“ од Киев. Покрај театарската програма, предвидени се разговори за претставите, работилници, предавање, промоција на списанието „Арс академика“ и музичка програма.

Fresh : 0.02 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 21.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Предавање и работилница за креативно пишување инспирирани од друштвената игра „Синхроницитети“
Алфа

Алфа

Отворено предавање посветено на друштвената игра „Синхроницитети – Чувари на приказната“, авторски проект на визуелниот уметник и графички дизајнер Марко Трпески, ќе се одржи во киното „Синеплекс“, во организација на „Скопје Сити Мол“. Настанот ќе биде проследен со разговор за креативноста, асоцијативното размислување и раскажувањето приказни преку визуелни симболи. По предавањето, од 13 часот ќе се одржи и работилница за креативно пишување базирана на концептот на играта.

Република

На 14 ноември (сабота), во 12 часот напладне, во киното Синеплекс и во организација на Скопје Сити Мол ќе се одржи отворено и бесплатно предавање за друштвената игра „Синхроницитети – Чувари на приказната“, авторско дело на визуелниот уметник и графички дизајнер Марко Трпески. Преку разговор со авторот Трпески, писателот и преведувач Владимир Јанковски и психотерапевтот Никола Дукоски, посетителите ќе имаат можност да дознаат како една слика може да поттикне низа асоцијации, да отвори нови перспективи и да стане почеток на приказна. Веднаш по предавањето во 13 часот ќе се одржи и работилница за креативно пишување преку играта.

Fresh : 0.04 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 41.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Кога уметноста е најдобра едукација: Над 1.200 ученици на Крит ја открија магијата на „Набуко“ со МОБ
Република

Република

Македонската опера и балет ги воодушеви учениците на Крит со едукативни раблотилници за операта „Набуко“. Повеќе од 1.240 ученици од 28 средни училишта од Ираклион, Ретимно и Ласити имаа ретка можност да навлезат во магичниот свет на оперската уметност, преку специјалните едукативни работилници посветени на култната опера „Набуко“ од Џузепе Верди. Дводневната образовна програма, организирана од PSEI со поддршка на Регионот Крит, се одржа во Културниот центар во Ираклион, каде учествуваа ансамблот и солистите на Македонската опера и балет (МОБ). Големиот интерес од 28 средни училишта на Крит резултираше со две успешни едукативни сесии.

Република

Ираклион – Со громогласен аплауз и нескриени емоции, ансамблот на Македонската опера и балет (МОБ) испиша историја на грчкиот остров Крит! На престижната сцена на Културниот и конференциски центар во Ираклион, пред преполна сала, вечерва спектакуларно одекна монументалното ремек-дело „Набуко“ од Џузепе Верди, при што македонските солисти и оркестар предизвикаа вистинска ерупција од воодушевување кај меѓународната публика. Вистинска магија на сцената создадоа нашите извонредни оперски ѕвезди, кои со своите моќни вокали и длабока драматика ја освоија критската публика.

Fresh : 0.03 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 31.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0