1.0 | 0 | 0ВМРО-ДПМНЕ остро и недвосмислено го осудува насилството врз млада девојка во Охрид: Никој не е над законот и институциите мора да постапат во согласност со законите
Алфа

Алфа

ВМРО-ДПМНЕ остро и недвосмислено го осудува насилството врз млада девојка во Охрид. Никој не е над законот и сите институции мора да постапат во согласност со законите. ВМРО-ДПМНЕ застанува зад Сара и нејзиното семејство, сочувствува со нив и повикува на итна и решителна реакција во заштита на правната држава и жртвите на насилство – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

А1он

Мајката на Сара, која сè уште се наоѓа во болница, преку јавна објава на Фејсбук изнесе сериозни обвинувања за постапките на осомничениот Кристијан, како и за наводното влијание на неговото семејство врз случајот. Таа наведува дека нејзината ќерка, наместо да се посвети на закрепнувањето, живее во страв за сопствената безбедност, особено по информацијата дека осомничениот синоќа бил пуштен на слобода. Во објавата, мајката тврди дека Кристијан се фалел оти неговите родители се доволно моќни за да „средат“ сè, посочувајќи ги неговите родители Љубинка Корабоска, поранешна претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, и Гоце Корабоски, инспектор во УЈП.

Канал 5

Вчера во Охрид се случи уште еден грозоморен чин на брутално насилство врз млада девојка. Сара. Безмилосно е претепана, фрлена на улица и оставена да умре.

Курир

ВМРО-ДПМНЕ изразува поддршка и солидарност со Сара и нејзиното семејство и повикува на итна, решителна и неселективна реакција на институциите во заштита на правната држава и жртвите на насилство. За насилството врз жените нема и нема да има место во Македонија. Затоа бараме од надлежните институции, секоја во рамките на своите законски надлежности, да ги преземат сите неопходни мерки и активности за целосно расчистување на случајот и изведување на сторителот пред лицето на правдата, велат од таму.

Fresh : 3.44 || 0 | 0 | 0 | 2 | 3 | 6 | 22 | 6 | 2 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]

1.0 | 0 | 0 | [0|0]Мицкоски од Брисел: Проширувањето на ЕУ е геостратешки императив, Македонија е посветена на реформите
Алфа

Алфа

Проширувањето на Европската Унија претставува геостратешки императив и долгорочна инвестиција во мирот, стабилноста и безбедноста на европскиот континент – порача премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска присуствуваше на Форумот за проширување на Европската Унија – EU Enlargement Forum 2026 во Брисел. Мицкоски преку објава на „Фејсбук“ информира дека заедно со еврокомесарката за проширување Марта Кос го проследил обраќањето на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со кое беше отворен Форумот. Според премиерот, процесот на проширување треба да продолжи да се темели врз постигнатите резултати, но истовремено да биде подинамичен, праведен и предвидлив.

Локално

Партијата „Да, Бугарија“ ќе се обрати до Брисел за случајот со бугарската Државна агенција за национална сигурност (ДАНС) и Ива Михаилова, изјави копретседателот на партијата, Ивајло Мирчев. Според него, тамошната владејачка партија веројатно ќе ги блокира обидите за парламентарни расправи, како што се случувало досега. Случајот беше покренат по видеото на бугарскиот јутјубер Станислав Цанов, во кое беше објавено аудио со Михаилова.

Пресинг ТВ

Проширувањето на Европската Унија претставува геостратешки императив и долгорочна инвестиција во мирот, стабилноста и безбедноста на европскиот континент – порача премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска присуствуваше на Форумот за проширување на Европската Унија – EU Enlargement Forum 2026 во Брисел. Мицкоски преку објава на „Фејсбук“ информира дека заедно со еврокомесарката за проширување Марта Кос го проследил обраќањето на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со кое беше отворен Форумот. Според премиерот, процесот на проширување треба да продолжи да се темели врз постигнатите резултати, но истовремено да биде подинамичен, праведен и предвидлив.

Канал 5

Во фокусот на разговорите беа европската перспектива на Македонија, напредокот во реформските процеси и следните чекори во пристапувањето кон Европската Унија. Нашата определба за членство во Европската Унија е јасна и недвосмислена. Македонија заслужува европска иднина, заснована на принципиелни односи, почитување и заштита на националните интереси, како и доследно спроведување на реформите во интерес на граѓаните.

Fresh : 3.00 || 0 | 0 | 2 | 2 | 2 | 3 | 16 | 3 | 2 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0МВР: Кривична пријава против насилникот од Охрид, кој си ја претепа девојката и ѝ нанесе тешки телесни повреди
Алфа

Алфа

Поднесена е кривична пријава против насилникот од Охрид, кој си ја претепа девојката и ѝ нанесе тешки телесни повреди – соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. СВР Охрид поднесе кривична пријава против К. К. на возраст од 31 година од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешка телесна повреда по член 131 став 3 од Кривичниот законик. На 15 ноември околу два часот, по претходна расправија, која почнала во неговиот дом, а продолжила во неговиот автомобил, пријавениот во возилото физички ја нападнал својата 26-годишна девојка од Охридско.

24 Часа

Случај на партнерско насилство ја вознемири јавноста во Охрид, откако девојка била физички нападната од своето момче, по што, според сведочења пренесени од локални медиуми, била оставена на улица во близина на маркет на „Тинекс“. Министерството за внатрешни работи потврди дека на 15 ноември, во 05:05 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода К.К. (28) од Охрид, по пријава дека физички ја нападнал својата девојка. Според информации што редакцијата ги добила од лица блиски до девојката, кај неа бил констатиран потрес на мозокот, а биле направени и дополнителни медицински испитувања, вклучително и магнетна резонанца.

МРТ

Според информациите од полицијата, нападот се случил на 15 ноември, околу 2 часот по полноќ, по претходна расправија што започнала во домот на осомничениот, а продолжила во неговиот автомобил. Тој најпрво ја нападнал девојката во возилото, а откако го запрел, продолжил физички да ја удира. Девојката изгубила свест и била пренесена во Општата болница во Охрид, а потоа и во болницата „Св. Еразмо“, каде што ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

Охрид Њуз

Поднесена е кривична пријава за 31-годишниот охриѓанец кој вчера утрината ја нападна својата девојка, при што истата со телесни повреди била примена во болницата „Св. Еразмо“. Како што инфомираат од СВР Охрид, К.К.(31) од Охрид ќе одговара за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 став 3 од Кривичниот законик. На 15.11.2026 околу.

Fresh : 1.62 || 0 | 0 | 0 | 2 | 0 | 1 | 16 | 0 | 0 | 0 | 0 | 11.01.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]
Комерцијални објави

Македонија

1.0 | 0 | 0 | [0|0]Битолчанецот кој избега низ прозор како осомничен за семејно насилство, се предаде на полицијата
Колегиум

Колегиум

Момчето од битолско, осомничено за семејно насилство, кое пред неколку дена избега низ прозор во полициска станица, денеска се предал на полицијата. Информацијата ја потврдија и од СВР Битола велејќи дека во координација со адвокатот на 24-годишникот и битолското Основно јавно обвинителство (ОЈО) презеле мерки за тој доброволно да се предаде. „Денеска во 12:00 часот, К.У.

Телма

Ја давел, ја удирал со тупаници и ѝ се заканувал дека ќе ја убие . Вакво насилство од својот партнер пријави 21-годишна битолчанка на 10 ноември. Пред полицијата раскажала дека насилството траело околу година и половина, но од страв досега не го пријавувала. „Отидовме во болница, ја прегледаа на неколку одделенија, затоа што беше удрена во главата, на лицето и на вратот.

Локално

„Последниот случај во Битола каде насилникот “избегал” низ прозорец од полициска станица е само потврда на тоталниот колапс на системот, каде власта ги штити насилниците“, обвинуваа од Левица. Според партијата, девојка во Битола пријавила дека трпела тепање и закани со убиство од партнерот и според нејзиното сведочење, насилникот ја давел со голи раце и не ѝ дозволувал да дише. Велат дека наместо да биде задржан и процесуиран, осомничениот им избегал на полицајците низ прозорец на полициска станица во Битола.

Канал 5

Денеска во 12:00 часот, К.У. доброволно се предал и е лишен од слобода. Со него се врши службен разговор од страна на инспектори од криминалистичката полиција при СВР Битола. Против него, на 11.11.2026 година, е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Загрозување при семејно насилство“ по член 144 став 3 и „Телесна повреда при семејно насилство“ по член 130 став 2 од Кривичниот законик.

Fresh : 3.62 || 1 | 1 | 4 | 2 | 4 | 0 | 0 | 3 | 0 | 0 | 0 | 71.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Искра Хаџи Василева ја презеде должноста шеф на ОЈО ГОКК од Ислам Абази
Алфа

Алфа

Искра Хаџи Василева и официјално ја презеде функцијата раководителка на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција од досегашниот шеф Ислам Абази со примопредавање на должноста во просториите на ОЈО ГОКК. По примопредавањето, Хаџи Василева и Абази ќе имаат и средба на државниот јавен обвинител Ненад Савески. Хаџи Василева беше избрана за раководителка на ОЈО ГОКК на изборите одржани на 28 октомври годинава кога освои 64 гласа од вкупно 171 важечко гласачко ливче.

Курир

Новоизбраната раководителка на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Искра Хаџи Василева, денеска официјално ќе ја преземе функцијата од досегашниот шеф Ислам Абази, со примопредавање на должноста во просториите на ОЈО ГОКК. Според најавата од Јавното обвинителство, по примопредавањето е предвидена и средба на јавниот обвинител Ненад Савески со Хаџи Василева и Абази. Хаџи Василева беше избрана за раководителка на ОЈО ГОКК на изборите одржани на 28 октомври годинава, кога освои 64 гласа од вкупно 171 важечко гласачко ливче.

Денешен

Искра Хаџи Василева и официјално ја презема функцијата раководителка на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција од досегашниот шеф Ислам Абази, со примопредавање на должноста во просториите на ОЈО ГОКК, пишува Курир . Укинување на истрагата за „Бонусите на СЈО“ тешки 4,6 милиoни евра, прекин на истрагата за мега-аферата „Мазут“ тешка 167 милиони евра, седењето на глава на братот на Али Ахмети и спороста на случајот „Лотарија на Македонија“ која му даде време на Груби да избега се само дел од скандалите по кои ќе се памети мандатот на Ислам Абази. Ислам Абази , додека беше на чело на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), донесе решение со кое ја отфрли кривичната пријава за случајот со бонусите во поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО) . Станува збор за афера вредна околу 4,5 милиони евра , поврзана со исплата на надоместоци за доверливост на обвинителите и вработените во СЈО. Македонија се’ уште чека разврска на оваа мега-афера за која сведочат и поранешни обвинители од некогашното СЈО, а доказите се во извештајот на ДЗР.

Република

По официјалното преземање на функцијата шефица на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, обвинителката Искра Хаџи Василева, заедно со досегашниот шеф на обвинителството Ислам Абази, оствари средба со републичкиот јавен обвинител Ненад Савески. Савески им посака успех и успешна работа на двајцата обвинители. Абази, кој досега раководеше со обвинителството, се враќа на работа во Вишото јавно обвинителство во Гостивар, каде што работеше и претходно.

Fresh : 1.58 || 0 | 1 | 0 | 0 | 1 | 0 | 5 | 12 | 1 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Пронајден 62-годишниот планинар по повеќечасовна потрага во Мариово
Паноптикум

Паноптикум

Шеесет и двегодишниот планинар кој вчера исчезнал при планинарење во близина на селото Лениште, Општина Прилеп, е пронајден денеска, 16 ноември, во 10:15 часот во селото Кален, во Мариово. Во повеќечасовната потрага биле вклучени полициски службеници, екипа на ТППЕ Прилеп, РЦУК Прилеп и Дирекцијата за заштита и спасување , а акцијата ја координирал Центарот за управување со кризи . Случајот започнал вчера во попладневните часови. Според информациите за акцијата, планинарот паднал и изгубил свест, а во 16:47 часот успеал да се јави на единствениот број за итни случаи 112 за да побара помош и да се утврди неговата локација.

А1он

По повеќечасовна потрага, денеска во 10:15 часот, во село Кален, во Мариовскиот Регион, беше пронајден 62-годишниот планинар кој исчезна при планинарење во близина на село Лениште, општина Прилеп. Во акцијата беа вклучени полициски службеници, екипа на ТППЕ Прилеп, РЦУК Прилеп и Дирекцијата за заштита и спасување – Прилеп, со координација на Центарот за управување со кризи (ЦУК), соопшти ЦУК. Настанот, како што велат од ЦУК, се случил вчера во попладневните часови, кога лицето, по пад и губење на свеста, во 16:47 часот се јавил на телефонскиот број за итни случаи 112, со цел да ја утврди точната локација на која се наоѓа.

Опсервер

По повеќечасовна потрага, денеска, во 10:15 часот, во село Кален, во Мариовскиот регион, беше пронајден 62-годишниот планинар кој исчезна при планинарење во близина на село Лениште, општина Прилеп, соопшти Центарот за управување со кризи. Во акцијата биле вклучени полициски службеници, екипа на ТППЕ Прилеп, РЦУК Прилеп и Дирекцијата за заштита и спасување – Прилеп, со координација на Центарот за управување со кризи. Настанот се случи вчера во попладневните часови, кога лицето, по пад и губење на свеста, во 16:47 часот се јавило на телефонскиот број за итни случаи 112, со цел да ја утврди точната локација на која се наоѓа.

Република

По повеќечасовна потрага, денеска во 10:15 часот, во село Кален, во Мариовскиот Регион, беше пронајден 62-годишниот планинар кој исчезна при планинарење во близина на село Лениште, општина Прилеп. Во акцијата беа вклучени полициски службеници, екипа на ТППЕ Прилеп, РЦУК Прилеп и Дирекцијата за заштита и спасување – Прилеп, со координација на Центарот за управување со кризи (ЦУК), соопшти ЦУК. Настанот, како што велат од ЦУК, се случил вчера во попладневните часови, кога лицето, по пад и губење на свеста, во 16:47 часот се јавил на телефонскиот број за итни случаи 112, со цел да ја утврди точната локација на која се наоѓа.

Fresh : 3.60 || 1 | 4 | 2 | 3 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

Политика

1.0 | 0 | 0Негираат дека имало притисок врз „бегалката“
Експрес

Експрес

Ива Михајлова обвини новинар дека работи по наредба на бугарската Државна агенција за национална безбедност и дека по нивни инструкции добивала прашања и ѝ било кажувано што да зборува во јавност. Шефицата на бугарската дипломатија тврди дека немала такви информации.

Лидер

Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар Станислав Цанов, во кое се објавени аудиоразговори со Ива Михаилова со сериозни тврдења за закани и психичко малтретирање од бугарската тајна служба ДАНС. Во разговорите таа опишува положба што новинарот ја споредува со заложништво: тврди дека лица од Државната агенција за национална безбедност — ДАНС ѝ одредувале кај кој новинар смее да гостува, што смее да зборува и дека ѝ се заканувале со ускратување на неопходната рехабилитација. Михаилова, чиј случај бугарски политичари и медиуми го претставуваа како пример за дискриминација во Македонија, во објавените разговори изнесува тешки обвинувања за односот на институциите во Бугарија кон неа.

МКД

Бугарскиот јутјубер Станислав Цанов тврди дека Ива Михаилова од Кочани, која избега во Бугарија, е проект на бугарската тајна служба – Државната агенција за национална безбедност на Бугарија (ДАНС). Цанов тврди дека неколку часа пред договореното снимање за неговата емисија, Михаилова му кажала дека луѓето од ДАНС ѝ забраниле да гостува во неговиот поткаст. Цанов го снимил тој разговор,во кој Михаилова отворено вели дека службата се согласила за нејзиното гостување кај Мартин Карбовски, кој исто така има свој поткаст, но не и за разговор со Цанов. ДАНС наводно ѝ се заканиле оти снимката од тоа гостување ќе биде избришано, а таа ќе ја изгуби и ветената рехабилитација од државата и помошта околу адвокатите.

Сител

Случајот со Ива Михаилова отвори нов политички скандал во Бугарија. По јавното признание на Михаилова дека бугарската Државна агенција за национална безбедност – ДАНС ја контролира и заканува се бараат оставки од првите луѓе на агенцијата. Пратеничката од опозициската „Демократска Бугарија“, Елисавета Белобрадова, најави дека не само оставка од директорот на ДАНС, ќе бара сите институции да бидат повикани на одговорност . За скандалот ќе слушне и Брисел, најави бугарската опозиција.

Fresh : 0.53 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 1 | 1 | 2 | 0 | 0 | 261.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ бега од одговорност, кога со ДУИ и нивните бизнис-партнери ја отвораа вратата за Алта банка СДСМ и Филипче молчеа
Алфа

Алфа

Во позадина на случајот Алта Банка стојат бизнис интереси на СДСM и ДУИ, Бесими ја отворил темата на Влада а фирма на сватот на Ахмети зела 5 милиони евра кредит. Во јуни, семејната бизнис-мрежа на Ахмети зема 5 милиони евра кредит од Мацура од Белград. За во септември, сватот на Ахмети преку „АС Сењак“ му ги продава акциите на истиот тој Мацура за да влезе во „Алта банка Македонија“ и инкасира милиони, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Сител

Од ВРЕДИ пак обвинуваат дека функционерите на ДУИ соработувале со Алта Банка во Србија. Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for ВРЕДИ: Функционери на ДУИ директно соработувале со српските центри за моќ Категорија: Македонија.

Република

„Црно на бело, документите покажуваат дека министрите на ДУИ предлагале и гласале точки на седници на Владата со кои на белградската Алта Банка ѝ се овозможува деловна соработка со државата. Наместо да ги штитат интересите на граѓаните, функционерите на ДУИ отворале врати за финансиски аранжмани и партнерства со банка од Србија. Ова е само уште еден доказ за долгогодишната политичка и деловна соработка на ДУИ со структури поврзани со српските центри на моќ.

Курир

ВМРО-ДПМНЕ побара Јавното обвинителство да ги испита одлуката на Владата од 2023 година за деловни односи со „Алта банка“ и кредитот од пет милиони евра што, според објавени информации, го добила компанија поврзана со „АС Сењак“. Во соопштение од партијата се наведува дека тогашниот министер за финансии Фатмир Бесими ја предложил владината точка за деловни односи со банката. ВМРО-ДПМНЕ прашува дали Бесими и тогашната влада знаеле за подоцнежните деловни релации, како бил одобрен кредитот и какви гаранции биле приложени.

Fresh : 1.24 || 0 | 0 | 1 | 0 | 1 | 0 | 2 | 0 | 0 | 0 | 0 | 601.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Манасиевски: Филипче се скри на „Бихаќска“ по откривањето на вистината за Алта банка
Алфа

Алфа

Филипче се скри на „Бихаќска“ по откривањето на вистината за Алта банка. Со месеци говореа за Давор Мацура и Алта банка, а на крајот се утврди дека тие биле првите што дозволиле да купи акции од Македонија, тој е оној за кој говореа дека е криминалец и дека поседувал сомнителен капитал, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. Со месеци говореа дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ, поточно во Австрија, за на крајот да излезе дека немале забрана за работа, туку добиле прекршочна казна од австрискиот регулатор.

Курир

Филипче се сокри на Бихаќка откако се откри вистината за Алта банка. Со месеци говореа за Давор Мацура и Алта банка, а на крајот се испостави дека тие биле првите што дозволиле да купи акции од Македонија, истиот овој за кој говореа дека е криминалец и дека поседувал сомнителен капитал, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Тој додаде дека со месеци говореа дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ, поточно во Австрија, за на крајот да излезе дека немале забрана за работа, туку добиле прекршочна казна од австрискиот регулатор.

Денешен

Филипче се скри на „Бихаќска“ по откривањето на вистината за Алта банка. Со месеци говореа за Давор Мацура и Алта банка, а на крајот се утврди дека тие биле првите што дозволиле да купи акции од Македонија, тој е оној за кој говореа дека е криминалец и дека поседувал сомнителен капитал, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, стои во партиското соопштение, што го пренесуваме интегрално. Со месеци говореа дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ, поточно во Австрија, за на крајот да излезе дека немале забрана за работа, туку добиле прекршочна казна од австрискиот регулатор.

Канал 5

Филипче се сокри на Бихаќка откако се откри вистината за Алта банка. Со месеци говореа за Давор Мацура и Алта банка, а на крајот се испостави дека тие биле првите што дозволиле да купи акции од Македонија, истиот овој за кој говореа дека е криминалец и дека поседувал сомнителен капитал. Со месеци говореа дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ, поточно во Австрија, за на крајот да излезе дека немале забрана за работа, туку добиле прекршочна казна од австрискиот регулатор.

Fresh : 1.01 || 0 | 0 | 1 | 1 | 0 | 1 | 6 | 0 | 0 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

Скопје

1.0 | 0 | 0 | [0|0]Збогатен возниот парк на ЈКП „Илинден“ со нов камион „кипер“
Алфа

Алфа

Општина Илинден соопшти дека возниот парк на ЈКП „Илинден“ е збогатен со нов камион „кипер“, кој ќе придонесе за побрзо, полесно и поефикасно извршување на секојдневните работни активности. Посочуваат дека општината продолжува со континуирани инвестиции во модернизација и унапредување на капацитетите на ЈКП „Илинден“, со цел подобрување на квалитетот и ефикасноста на комуналните услуги за граѓаните. Новото товарно возило ќе се користи за товарење и транспорт на растителен и кабаст отпад, како и за превоз на различни материјали потребни за извршување на комуналните активности.

Опсервер

Општина Илинден продолжува со континуирани инвестиции во модернизација и унапредување на капацитетите на ЈКП „Илинден“, со цел подобрување на квалитетот и ефикасноста на комуналните услуги за граѓаните. Во таа насока, возниот парк на комуналното претпријатие е збогатен со нов камион кипер, кој ќе придонесе за побрзо, полесно и поефикасно извршување на секојдневните работни активности, велат од Општината. „Новото товарно возило ќе се користи за утовар и транспорт на растителен и кабаст отпад, како и за превоз на различни материјали потребни за извршување на комуналните активности.

Курир

Општина Илинден продолжува со континуирани инвестиции во модернизација и унапредување на капацитетите на ЈКП „Илинден“, со цел подобрување на квалитетот и ефикасноста на комуналните услуги за граѓаните. Во таа насока, возниот парк на комуналното претпријатие е збогатен со нов камион кипер, кој ќе придонесе за побрзо, полесно и поефикасно извршување на секојдневните работни активности. „Новото товарно возило ќе се користи за утовар и транспорт на растителен и кабаст отпад, како и за превоз на различни материјали потребни за извршување на комуналните активности.

Fresh : 0.51 || 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 3 | 0 | 0 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Во текот на викендот опожарени четири контејнери за одлагање комунален отпад
Алфа

Алфа

Во текот на викендот, непознати сторители опожариле два пластични контејнери лоцирани во населбата Ново Лисиче во скопската општина Аеродром, како и два метални контејнери лоцирани на булеварот Македонско-косовска бригада во општината Чаир. Како што стои во соопштението на ЈП Комунална хигиена – Скопје, со цел да не се наруши динамиката на одлагање, собирање и транспорт на комуналниот отпад, опожарените контејнери се заменети со нови. ЈП Комунална хигиена-Скопје апелира да престане уништувањето на садовите за одлагање отпад, со цел екипите на Претпријатието да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен, согласно Оперативната програма за работа.

Опсервер

Во текот на изминатиов викенд, непознати сторители опожариле четири садови наменети за одлагање на комуналниот отпад. Опожарени се два пластични контејнера со зафатнина од 1,1 м3, лоцирани во населбата Ново Лисиче во скопската општина Аеродром, како и два метални контејнера со зафатнина од 1,1 м3, лоцирани на булеварот Македонско-косовска бригада во општината Чаир, извести ЈП Комунална хигиена-Скопје. „Со цел да не се наруши динамиката на одлагање, собирање и транспорт на комуналниот отпад, ЈП Комунална хигиена-Скопје во најкус можен рок опожарените садови ги замени со нови.

Телма

Непознати сторители опожариле два пластични контејнери лоцирани во населбата Ново Лисиче во скопската општина Аеродром, како и два метални контејнери лоцирани на булеварот Македонско-косовска бригада во општината Чаир. Како што стои во соопштението на ЈП Комунална хигиена – Скопје, со цел да не се наруши динамиката на одлагање, собирање и транспорт на комуналниот отпад, опожарените контејнери се заменети со нови. ЈП Комунална хигиена-Скопје апелира да престане уништувањето на садовите за одлагање отпад, со цел екипите на Претпријатието да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен, согласно Оперативната програма за работа.

Канал 5

Опожарени се два пластични контејнера со зафатнина од 1,1 м3, лоцирани во населбата Ново Лисиче во скопската општина Аеродром, како и два метални контејнера со зафатнина од 1,1 м3, лоцирани на булеварот Македонско-косовска бригада во општината Чаир. Со цел да не се наруши динамиката на одлагање, собирање и транспорт на комуналниот отпад, ЈП Комунална хигиена-Скопје во најкус можен рок опожарените садови ги замени со нови. ЈП Комунална хигиена-Скопје апелира да престане уништувањето на садовите за одлагање отпад, со цел екипите на Претпријатието да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен, согласно Оперативната програма за работа.

Fresh : 0.27 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 4 | 0 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Прекин на водоснабдувањето во делови од Аеродром поради изведување водоводен приклучок
Алфа

Алфа

Поради изведување водоводен приклучок Ф-100 мм на висока и ниска зона на улицата Вангел Тодоровски бр. 1 во населбата Аеродром, денеска од 10:40 часот прекинато е водоснабдувањето за дел од корисниците во оваа скопска населба. Без вода, како што информираат од ЈП Водовод и канализација-Скопје, ќе бидат улиците Руди Чајавец и Пандил Шишков, како и улицата Вангел Тодоровски, од број 1 до број 21. Прекинот со водоснабдувањето ќе трае до завршување на работните активности.

Курир

Поради изведување водоводен приклучок Ф-100 мм на висока и ниска зона на улицата Вангел Тодоровски бр. 1 во населбата Аеродром, денеска од 10:40 часот прекинато е водоснабдувањето за дел од корисниците во оваа скопска населба. Без вода, како што информираат од ЈП Водовод и канализација-Скопје, ќе бидат улиците Руди Чајавец и Пандил Шишков, како и улицата Вангел Тодоровски, од број 1 до број 21. Прекинот со водоснабдувањето ќе трае до завршување на работните активности.

Нетпрес

Поради изведување водоводен приклучок Ф-100 мм на висока и ниска зона на улицата Вангел Тодоровски бр. 1 во населбата Аеродром, денеска од 10:40 часот прекинато е водоснабдувањето за дел од корисниците во оваа скопска населба. Без вода, како што информираат од ЈП Водовод и канализација-Скопје, ќе бидат улиците Руди Чајавец и Пандил Шишков, како и улицата Вангел Тодоровски, од број 1 до број 21. Прекинот со водоснабдувањето ќе трае до завршување на работните активности.

Fresh : 0.34 || 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 2 | 0 | 0 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

Република

1.0 | 0 | 0Митовски бара законски овластувања за да го реши проблемот со добитокот по улиците во Крива Паланка
А1он

А1он

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, побара од Владата и Агенцијата за храна и ветеринарство итно да утврдат законски механизам со кој Општината ќе може да ја координира акцијата за отстранување на добитокот од улиците и приватните имоти на граѓаните. На денешната прес-конференција Митовски истакна дека граѓаните предолго трпат материјални штети, додека правосилните и извршни решенија за одземање на животните, кои постојат повеќе од две години, сè уште не се целосно спроведени. „Не барам да ги заобиколиме институциите или законите.

Опсервер

На денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, побара од Владата и Агенцијата за храна и ветеринарство итно да утврдат законски механизам со кој Општината ќе може да ја координира акцијата за отстранување на добитокот од улиците и имотите на граѓаните, во соработка со надлежните институции и под ветеринарен надзор. Митовски посочи дека граѓаните предолго трпат материјални штети, а правосилните и извршни решенија за одземање на животните, кои постојат повеќе од две години, сè уште не се целосно спроведени. „Не барам да ги заобиколиме институциите или законите.

Колегиум

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, на денешната прес-конференција побара од Владата и Агенцијата за храна и ветеринарство итно да утврдат законски механизам со кој Општината ќе може да ја координира акцијата за отстранување на добитокот од улиците и имотите на граѓаните, во соработка со надлежните институции и под ветеринарен надзор. Митовски посочи дека граѓаните….

Канал 77

На денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, побара од Владата и Агенцијата за храна и ветеринарство итно да утврдат законски механизам со кој Општината ќе може да ја координира акцијата за отстранување на добитокот од улиците и имотите на граѓаните, во соработка со надлежните институции и под ветеринарен надзор. Кога веќе не помагате доволно дозволете јас да го решам проблемот. Не ви барам пари, не ви барам механизација, не барaм ниту еден денар дополнитeлни средства од државниот буџет.

Fresh : 0.74 || 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 1 | 5 | 0 | 0 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Од вчера задолжителна зимска опрема во сообраќајот
Сител

Сител

Од вчера во Македонија е задолжителна зимската опрема за сите возила кои учествуваат во сообраќајот. Законската обврска важи до 15 март следната година, без разлика дали на патиштата има снег или зимски услови. За патничките автомобили, возачите имаат две можности.

Денар

Од 15 ноември до 15 март возилата што учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема. Во согласност со одребите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата за безбедно учество во сообраќајот на патиштата како зимска опрема на моторните возила се подразбира: За моторни возила што не надминуваат 3.500 кг: – зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри; – пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со најмалку 4 мм ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала. За моторни возила со погон на четири тркала (4×4): – зимски пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм; – пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со најмалку 4 мм ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната оска, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената оска.

24 Часа

Од 15 ноември во Македонија стапува на сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, која ќе важи до 15 март следната година. Обврската се однесува на сите учесници во сообраќајот, без оглед на моменталните временски услови. Возачите кои нема да ја почитуваат законската одредба се соочуваат со парична казна од 45 евра во денарска противвредност.

Експрес

Од денеска, 15 ноември возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата, задолжително треба да ја поседуваат пропишаната зимска опрема. Зимски гуми се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS“, „M+S“, „M & S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва. Како што информира Министерството за внатрешни работи (МВР), задолжителното поседување зимска опрема е согласно со одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Fresh : 0.38 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 311.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Проблемот со кравите од Крива Паланка го извезовме и во Србија, во Босилеград и околината
МКД

МКД

Колеги од ТВ инфо од Босилеград, Србија, поприказната објавена на МКД.мкза кравите во Крива Паланка, нè информираат дека и тие си имаат проблеми со добитокот од Македонија. Дел од нив стигнале и во Србија, на 25 до 35 километри од Крива Паланка. Проблемот со незгрижените крави не е присутен само во Крива Паланка и не запира со државната граница, ни јавија колегите од Босилеград, кои ни испратија и фотографии.

24 Часа

Повеќе од илјада грла крупен добиток од општина Крива Паланка ја преминуваат македонско-српската граница и предизвикуваат сериозни штети во селата на општина Босилеград, Србија. Поради проблемот, од Крива Паланка побарале од Владата прогласување кризна состојба во траење од 30 дена. Според Мирослав Пеневиќ, медиумски соработник од Босилеград, кравите со македонски ушни маркици се движат без надзор низ повеќе села и уништуваат земјоделски површини и имот на локалното население.

Fresh : 0.31 || 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 11.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

Метео

Емисии

Tweets