Денеска, претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, и заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, извршија увид во градежните активности за подобрување на системот за водоснабдување во населба Каменик, проект со кој конечно се решава еден од најгорливите, долгогодишни проблеми на граѓаните. Со оваа инвестиција трајно се обезбедува сигурно и квалитетно водоснабдување за домаќинствата и индустриските капацитети во овој дел од општината. Општина Кисела Вода реализира градба на нов резервоар и секундарна водоводна мрежа во должина од 4,2 километри, во вредност од 27.525.735,60 денари.
Премиерот на Република Мкедонија, Христијан Мицкоски ќе изврши увид во градежни активности во општина Кисела Вода. Утре со почеток во 11:00 часот, претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе изврши увид во градежните активности на проектот „Подобрување на системот за водоснабдување во руралната населба Каменик, Општина Кисела Вода“, информираат од прес службата на владата. Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски, стои во соопштението на македонската Влада.
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе изврши увид во градежните активности на проектот „Подобрување на системот за водоснабдување во руралната населба Каменик, Општина Кисела Вода“. Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми.
Изјава на премиерот Христијан Мицкоски по извршениот увид во градежните активности на проектот „Подобрување на системот за водоснабдување во руралната населба Каменик, Општина Кисела Вода“.
Земјоделските семејства што од сопствениот род создаваат храна со препознатливо и традиционално локално потекло можат да остварат поголем приход и да го вложат во развојот на своите стопанства, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски на денешното отворање на саемот „Вкуси ја традицијата“, кој денес се одржува кај Школка во Градскиот парк во Скопје. „Млад технолог може да осмисли нова преработка од локално овошје, а некој со познавање на дигиталната трговија може да им помогне на малите стопанства да стигнат до потрошувачи во други градови“, рече министерот Серафимовски. Тој истакна дека се разработува модел што ќе ги поврзе истражувањата на факултетите и институтите со земјоделските политики, за производителите да добијат практични препораки за одгледување во услови на суша и високи температури.
„Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“, е мотото на саемот што утре ќе се одржи во Градскиот парк во Скопје, во организација на здружението „Ж`та“ со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Од Министерството информираат дека на настанот ќе се обрати министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски. ,,Ж’та” е здружение на македонски ракијари од Кавадарци, посветени на зачувување и негување на македонската традиција, домашната ракија и богатото културно наследство.
Домашни производители на храна утре, сабота (14 ноември 2026 година), ќе се претстават на саемот „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“, кој ќе се одржи кај Школка во Градскиот парк во Скопје, со почеток во 10:00 часот. На почетокот на настанот е предвидено обраќање и на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски. Посетителите ќе можат да вкусат млечни производи и месни преработки, ајвар, лутеница, маџун, мармалади и путери од лешник и други јаткасти плодови.
Во Градскиот парк, кај Школка, денеска се одржува саемот „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“. Македонски производители нудат млечни производи и месни преработки, ајвар, лутеница, маџун, мармалади, путери од лешник и други јаткасти плодови, вино, ракија, како и природни сокови од овошје. Посетителите имаат можност да дегустираат и органски производи.
Со свечена церемонија и положување цвеќе, во Општина Ѓорче Петров беше одбележана 82-годишнината од ослободувањето на општината – 14 Ноември. На настанот присуствуваа градоначалникот Александар Стојкоски, претседателката на Советот Бранкица Дуковски, членови на Советот, претставници на делегации, бранители и бројни граѓани. Со положување цвеќе и минута молчење беше оддадена почит на борците и хероите кои ги положиле своите животи за слободата.
Со свечена церемонија и положување цвеќе, денеска беше одбележана 82- годишнината од ослободувањето на Општина Ѓорче Петров -14 Ноември, ден кој претставува траен симбол на слободата, храброста и пожртвуваноста на генерациите кои се бореле за подобра иднина. На одбележувањето присуствуваа градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, претседателката на Советот Бранкица Дуковски, членовите на Советот, претставници на делегации, вработени во општината и бројни сограѓани, кои со положување цвеќе и минута молчење им оддадоа почит на борците и хероите кои ги положиле своите животи за слободата. Особена чест на настанот му даде присуството на 97-годишниот Јован Манчевски, единствениот жив борец од тој период и драгоцено живо сведоштво за историските настани.
Со свечена церемонија, положување цвеќе и минута молчење, денеска во Општина Ѓорче Петров беше одбележана 82-годишнината од ослободувањето на општината, 14 Ноември, ден кој симболизира слобода, храброст и пожртвуваност на генерациите кои учествувале во борбата за ослободување. Како што соопштуваат од локалната самоуправа, на одбележувањето присуствувале градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски, претседателката на Советот, Бранкица Дуковски, советници, претставници на институции и делегации, вработени во општината и граѓани, кои им оддале почит на борците и хероите што ги положиле своите животи за слободата. Особена чест на настанот му даде присуството на 97-годишниот Јован Манчевски, единствениот жив борец од тој период и драгоцено живо сведоштво за историските настани.
Со свечена церемонија и положување цвеќе, денеска беше одбележана 82- годишнината од ослободувањето на Општина Ѓорче Петров -14 Ноември, ден кој претставува траен симбол на слободата, храброста и пожртвуваноста на генерациите кои се бореле за подобра иднина. На одбележувањето присуствуваа градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, претседателката на Советот Бранкица Дуковски, членовите на Советот, претставници на делегации, вработени во општината и бројни сограѓани, кои со положување цвеќе и минута молчење им оддадоа почит на борците и хероите кои ги положиле своите животи за слободата. Особена чест на настанот му даде присуството на 97-годишниот Јован Манчевски, единствениот жив борец од тој период и драгоцено живо сведоштво за историските настани.
Градот Скопје синоќа со свечена манифестација го одбележа 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, а во рамките на настанот беа доделени и признанијата на годинешните добитници на наградата „13 Ноември“. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски им ги врачи признанијата на наградените, истакнувајќи дека нивното знаење, творештво, труд и човечност го збогатуваат градот и го издигнуваат неговиот углед. Во своето обраќање, Ѓорѓиевски потсети на борбата на генерациите кои пред 82 години се избориле за слободно Скопје.
Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна. По повод празникот, предвидено е положување цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на заслужните граѓани на гробот на генералот Михајло Апостолски на гробиштата во Бутел, како и пред споменикот на Ослободителите на Скопје пред зградата на Владата. Од Град Скопје информираат дека вечерва во Македонската опера и балет ќе се одржи свеченото доделување на наградата „13 Ноември“.
(Сведоштва за ослободувањето на Скопје на командантот на Главниот штаб на НОВ и ПОМ – Михајло Апостолски) На 13 ноември 1944 година, борците од 42. и 50. Народнослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичка окупација. По неколкудневните тешки борби со припадниците на 22-та Гренадиска германска дивизија, составена од 47-от и 65-от полк и делови од 11-та воздухопловна десантна дивизија, како и со германската тврдинска бригада „Ангермилер“, која беше распоредена пред Качаничката Клисура, борците со победоносен марш влегоа во градот. Планот на битката за Скопје.
Заменик-претседателот на Владата, Љупчо Димовски, по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, упати честитка до граѓаните, потсетувајќи на жртвата и храброста на борците кои учествувале во ослободувањето на главниот град пред 82 години. Димовски им оддаде почит на борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија, како и на 12-та, 3-та и 16-та македонска ударна бригада, нагласувајќи дека нивната пожртвуваност оставила траен белег во историјата на Скопје и Македонија. Тој посочи дека денес, 82 години подоцна, постои историска и морална обврска да се зачуваат вредностите за кои се бореле ослободителите, меѓу кои антифашизмот, слободата, правдата, суверенитетот и националниот идентитет.
Советникот на ВЛЕН во Советот на Општина Бутел, Усеин Рамадан, се најде во центарот на расправата за натписот на новиот парк „Бутелска оаза“. Според медиумските извештаи, тој застанал на страната на барањето натписот да биде и на албански јазик, а на снимка од седницата се гледа како реагира жестоко и удира по масата. Тука се отвора прашањето за доследноста.
Иако ВЛЕН е дел од владејачката коалиција, а ДУИ е во опозиција, на седницата на Советот на Општина Бутел се случи ситуација во која партиските разлики останаа во втор план. Советник од ВЛЕН застана во одбрана на советник од ДУИ, удирајќи со тупаници по масата. Повод за реакцијата било прашање поврзано со употребата на албанскиот јазик.
Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, реагираше на случувањата на последната седница на Советот на Општината, на која, како што наведува, не присуствувал, обвинувајќи ги политичките противници дека неговото отсуство го искористиле за провокации и недолично однесување. Костовски порача дека лупањето, тропањето и викањето нема да го засенат развојот на општината и проектите што се реализираат. „Ниту едно тропање, ниту едно викање, ниту едно однесување што наликува на 19. век нема да го сокрие развојот на Бутел, ниту водоводот во Љуботен и Љубанци, ниту новите градинки, паркови и поликлиниката“, истакна Костовски.
Еднаш ќе отсуствувам од седница на совет и некои добиле “храброст “, целосно се изгубиле, реагира преку социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на скопската општина Бутел, Дарко Костовски, обраќајќи се на советниците од ДУИ и Влен поради нивното непримерно однесување на седницата на советот. „Лупање, тропање, кримоси и бандити се минато во општина Бутел. Развој, зеленило и безбедна општина Бутел се нашите приоритети!“, вели Костовски во своето видео обраќање.
Христијан МИЦКОСКИ од Илинден Добар ден и од мене. Уште еден ден, уште еден завршен проект, уште еден навистина прекрасен проект – детска градинка. Кога се пушта во употреба ваков проект, тоа значи дека има повеќе среќа, повеќе радост, повеќе убави моменти, пред сè за најмилите, за дечињата, и нема како човек да ја скрие емоцијата, бидејќи ова се навистина за мене прекрасни моменти.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на пуштањето во употреба на детската градинка „Лавче“ во населеното место Инџиково, во Општина Гази Баба. Како што информираат од Владата, на настанот е предвидено изјава за медиумите да даде премиерот Мицкоски. Пуштањето во употреба на градинката е најавено за во 11:00 часот.
Со отворањето на новата детска градинка во населеното место Инџиково се создаваат подобри услови за најмладите и се подобрува квалитетот на живот на граѓаните – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски на пуштањето во употреба на објектот во општина Гази Баба. Кога се пушта во употреба ваков проект, тоа значи дека ќе има повеќе среќа, повеќе радост, повеќе убави моменти, пред сѐ за најмилите, за дечињата. Проектите што ги почнавме уште при самото формирање на Владата во јуни 2024 година полека, но сигурно добиваат своја смисла, односно еден по еден се завршуваат и се пуштаат во употреба – истакна Мицкоски.
Пуштена е во употреба новата детска градинка во Инџиково, објави градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. „Со особена гордост ја отворивме новата детска градинка во Инџиково, современ објект со површина од 490 квадратни метри и капацитет за згрижување на 50 дечиња. Инвестиција вредна 47,5 милиони денари, обезбедени од првиот јавен повик на Владата за финансирање на инфраструктурни објекти, со современи услови, три занимални, мултифункционален простор и енергетски ефикасен систем за греење преку топлотни пумпи“, објави градоначалникот.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на седницата на Советот ја повика советничката група на ВМРО- ДПМНЕ да престане да ги става партиските интереси пред потребите на граѓаните. Тој потсети дека во изминатите четири години Советот едногласно поддржувал проекти од интерес на центарци и дека токму таа соработка дала резултати, соопштуваат од Општина Центар. „Вие изминатите неколку месеци работите во интерес на партијата.
На денешната седница на Советот ги потсетив советниците кои ги носеа ДУП-овите со кои се дозволија згради по осум ката на Водно, без паркинг-места, кажа градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. „Го унаказивте Центар. Со детални планови, со Панорамики, со згради на Водно по осум спрата без паркинг места.
Видовме што се случуваше деновиве имаше разни преписки во јавноста. Не би сакал да навлагам во тоа што се случуваше. Едноставно сметам како член на таа комисија дека фрливме дамка на целиот настан, 50 годишнината од Општина Центар и сметам дека треба оваа точка да се повлече, затоа што од дневен ред, односно 15-та точка, предлог одлука за доделување на годишна награда на Општина Центар, Феникс, вели Горан Николов, советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар.
Учениците во основните училишта во Општина Карпош ќе добијат нова можност за спорт и рекреација со новите текбол-маси. Овие спортски реквизити се погодни за играње и пинг-понг и одбојка. Градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски, истакна дека општината ќе вложува и натаму во развојот на спортската инфраструктура и во набавката на спортски реквизити кои им се потребни на најмладите за нивниот психофизички развој.
Во спортската сала „Наум Наумовски Борче“ (Партизан) денеска свечено беа доделени десет текбол маси наменети за сите основни училишта во Општина Карпош. Промотивниот настан беше во присуство на министерот за спорт Борко Ристовски, скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, градоначалникот на Карпош Сотир Лукровски, како и црногорскиот амбасадор во земјава Зоран Миљаниќ. Секое основно училиште во Карпош добива по една текбол маса, а учениците нова можност за спортување, дружење и развивање здрави животни навики.
Во спортската сала „Наум Наумовски Борче“ (Партизан) денеска свечено беа доделени десет текбол маси наменети за сите основни училишта во Општина Карпош. Промотивниот настан беше во присуство на министерот за спорт Борко Ристовски, скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, градоначалникот на Карпош Сотир Лукровски, како и црногорскиот амбасадор во земјава Зоран Миљаниќ. Секое основно училиште во Карпош добива по една текбол маса, а учениците нова можност за спортување, дружење и развивање здрави животни навики.
Во спортската сала „Наум Наумовски Борче“ (Партизан) денеска свечено беа доделени десет текбол маси наменети за сите основни училишта во Општина Карпош. Промотивниот настан беше во присуство на министерот за спорт Борко Ристовски, скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, градоначалникот на Карпош Сотир Лукровски, како и црногорскиот амбасадор во земјава Зоран Миљаниќ. Секое основно училиште во Карпош добива по една текбол маса, а учениците нова можност за спортување, дружење и развивање здрави животни навики.
ЈП Улици и патишта Скопје, ги известува граѓаните дека во недела на 15.11.2026 година со почеток во 8 часот наутро, на крстосницата помеѓу улиците „Скупи“ и Љубљанска“, ќе почне со демонтажа на семафорски портални и обични столбови и семафорска опрема. Овие активности ќе се реализираат согласно одобрен сообраќаен проект за измена на режим на сообраќај за воведување на нови светлосни сигнали на крстосницата. Сообраќајот ќе биде комплентно затворен по правец и истиот целосно пренасочен по околната улична мрежа.
ЈП Улици и патишта Скопје соопшти дека в недела, 15 ноември, со почеток во 8 часот, на раскрсницата на улиците „Скупи” и Љубљанска”, ќе започне со демонтажа на семафорските портални и обични столбови и семафорската опрема. Затоа, сообраќајот на овој дел од улицата „Скупи“ ќе се одвива во времен режим, односно ќе биде комплетно затворен и пренасочуван по околната улична мрежа. Времениот режим ќе важи до завршувањето на активностите, а сообраќајот ќе се одвива со помош на соодветна сообраќајна сигнализација и опрема, но и вработени од ЈП Улици и патишта за физичка регулација на сообраќајот.
Сообраќајот ќе се одвива со помош на привремена сигнализација.
Скопје добива нов есенски изглед преку акцијата за хортикултурно уредување што ја реализира ЈП „Паркови и зеленило“, со засадување сезонски цветен расад на повеќе локации низ градот. Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски, преку објава на „Фејсбук“, информира дека во рамки на активностите за есенско разубавување денеска беа уредени цветните леи во Градскиот парк, Парк Македонија, долж булеварите „Партизански одреди“, „Јане Сандански“ и „Александар Македонски“, како и во Реонскиот центар. Ново цветно руво добија и препознатливите цветни фигури „Штрк“ во општина Аеродром и „Торта“ во општина Чаир, кои се освежени со сезонско цвеќе миозотис и хризантеми.
Денеска, вредните вработени во ЈП „Паркови и зеленило“ засадија есенски цветен расад во цветните леи во Градскиот парк, Парк Македонија, долж булеварите „Партизански одреди“, „Јане Сандански“ и „Александар Македонски“, како и во Реонскиот центар. Нов цветен изглед добија и фигурите „Штрк“ во општина Аеродром и „Торта“ во општина Чаир, кои ги освеживме и украсивме со сезонско цвеќе, миозотис и хризантема. Благодарност до сите вредни раце што секојдневно се грижат нашите паркови и јавни површини да бидат поубави и попријатни за секој скопјанец.
Скопје добива нов есенски изглед преку акцијата за хортикултурно уредување што ја реализира ЈП „Паркови и зеленило“, со засадување сезонски цветен расад на повеќе локации низ градот. Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски, преку објава на социјалните мрежи, информира дека во рамки на активностите за есенско разубавување беа уредени цветните леи во Градскиот парк, Парк Македонија, долж булеварите „Партизански одреди“, „Јане Сандански“ и „Александар Македонски“, како и во Реонскиот центар. Ново цветно руво добија и препознатливите цветни фигури „Штрк“ во општина Аеродром и „Торта“ во општина Чаир, кои се освежени со сезонско цвеќе миозотис и хризантеми.
Скопје добива нов есенски изглед преку акцијата за хортикултурно уредување што ја реализира ЈП „Паркови и зеленило“, со засадување сезонски цветен расад на повеќе локации низ градот. Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски, преку објава на „Фејсбук“, информира дека во рамки на активностите за есенско разубавување денеска беа уредени цветните леи во Градскиот парк, Парк Македонија, долж булеварите „Партизански одреди“, „Јане Сандански“ и „Александар Македонски“, како и во Реонскиот центар. Ново цветно руво добија и препознатливите цветни фигури „Штрк“ во општина Аеродром и „Торта“ во општина Чаир, кои се освежени со сезонско цвеќе миозотис и хризантеми.
Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје соопшти дека денеска, петок, без струја ќе бидат: • Во периодот од 8 до 15.30 часот корисниците од патот кон фарми Јурумлери и ул 27 во Илинден (општина Илинден); • Во периодот од 8.30 до 16.30 часот корисниците на ул Народни херои бр.19, 21, 23; ОУ „Кирил Пејчинович“и ул. Архитект Никола Добровиќ бр 1-2 (општина Кисела Вода); • Во периодот од 9 до 13 часот корисниците селото Стајковци (општина Гази Баба); • Во периодот од 9 до 12 часот корисниците на ул. 22 (општина Сопиште).
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради планирани технички интервенции денеска без електрична енергија ќе останат: · Во период од 08,00ч до 15,30ч корисниците од патот кон фарми Јурумлери и улицата 27 Илинден, општина Илинден; · Во период од 08,30ч до 16,30ч корисниците на улицата Народни Херои бр.19,21,23; ОУ Кирил Пејчиновиќ и улицата Архитект Никола Добровиќ бр 1-2, општина Кисела Вода; · Во период од 09,00ч до 13,00ч корисниците во село Стајковци, општина Гази Баба; · Во период од 09,00ч до 12,00ч корисниците на улицата 22, општина Сопиште.
ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека две делници од улицата „Свети Кирил и Методиј“ денеска се или ќе бидат без вода. Така, поради дефект на приклучна цевка 2“ на оваа улица, во 13.50 часот е прекинато водоснабдувањето на потегот од „Макпетрол“ до ул. „Мито Хаџивасилев – Јасмин“, односно кај поранешен Трготекстил. Водата ќе биде пуштена по завршувањето на работите за отстранување на дефектот.
ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека заради монтажа на нов затворач (шибер) Ф100 мм на улица Вамбел бр. 7, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на улицата Вамбел, како и на делови на улиците Јани Лукровски и Лазар Поп Трајков. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8:30 часот до завршувањето на работните активности. Без вода утре дел од Карпош 4.
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: · во периодот од 08.00 до 15.30 часот, поради замена на 5 столбови, без напојување ќе останат потрошувачите од патот кон фармите во Јурумлери и улицата 27 во Илинден, општина Илинден; · во периодот од 08.30 до 16.00 часот потрошувачите на дел од улицата Христо Татарчев 14 и дел од улицата Христо Татарчев 2, општина Кисела Вода; · во периодот од 09.00 до 14.00 часот потрошувачите на улиците Хусеин Бајрам, Лезе Томи, Григор Прличев, 163, 165, 166, 170 и 171, општина Гази Баба; · во периодот од 09.00 до 13.00 часот потрошувачите на дел од Црвена Прес, Сопиште; · во периодот од 09.30 до 15.30 часот потрошувачите на Македонската опера и балет (МОБ), општина Центар.
Од ЕВН Македонија известуваат дека за ден 12.11.2026 година (четврток) без електрична енергија ќе останат: • во периодот од 08.00 до 15.30 часот, поради замена на 5 столбови, без напојување ќе останат потрошувачите од патот кон фармите во Јурумлери и ул. 27 во Илинден во општина Илинден. • во периодот од 08.30 до 16.00 часот потрошувачите на дел од ул. Христо Татарчев 14 и дел од ул. Христо Татарчев 2 во општина Кисела Вода. • во периодот од 09.00 до 14.00 часот потрошувачите на улиците Хусеин Бајрам, Лезе Томи, Григор Прличев, 163, 165, 166, 170 и 171 во општина Гази Баба.
Во рамки на есенската акција за збогатување на зеленилото, на повеќе локации низ Општина Карпош ќе бидат засадени околу 180 нови високостеблести листопадни дрвја, со што дополнително ќе се зголеми зелениот фонд на општината. „Дел од новите садници веќе го разубавуваат Карпош 4, на улиците „Вич“, „Струма“, „Волгоградска“, „Трифун Бузев“ и „Воденска“, како и во дворот на спортската сала „Наум Наумовски – Борче“ (Партизан). Нови дрва се засадени и во Тафталиџе 1, во паркот кај маркетот „Зур“, на платото „Педагошка“, како и на булеварот „Партизански одреди“ бр. 129. Во рамки на есенската акција се засадуваат различни видови дрва, меѓу кои црн јасен, албиција и горски јавор.
Во рамки на есенската акција за збогатување на зеленилото , на повеќе локации низ Општина Карпош ќе бидат засадени околу 180 нови високостеблести листопадни дрвја , со што дополнително ќе се зголеми зелениот фонд на општината. „Дел од новите садници веќе го разубавуваат Карпош 4, на улиците „Вич“, „Струма“, „Волгоградска“, „Трифун Бузев“ и „Воденска“, како и во дворот на спортската сала „Наум Наумовски – Борче“ (Партизан). Нови дрва се засадени и во Тафталиџе 1, во паркот кај маркетот „Зур“, на платото „Педагошка“, како и на булеварот „Партизански одреди“ бр. 129. Во рамки на есенската акција се засадуваат различни видови дрва, меѓу кои црн јасен , албиција и горски јавор.
Две маси со две менија и цени со огромна разлика. Активистите направија споредба меѓу студентскиот оброк од 140 денари и цените во собраниското бифе. Леб, туна и кромид на студентската трпеза, наспроти пратеничкото мени.
Со две поставени маси за ручек – една студентска и една пратеничка, Центарот за современи уметности (ЦАЦ) преку уметничката акција „Општествени контрасти“ го привлече вниманието кон проблемите со студентскиот стандард и разликите во цените на оброците за студентите и пратениците. На студентската маса се поставени леб, конзерва туна и кромид, како симбол на ограничените можности што ги нуди субвенционираниот студентски оброк од 140 денари. Наспроти неа, пратеничката маса со мени и послужено јадење го отвора прашањето за повластените цени во собраниското бифе.
Два различни оброка поставени на две маси се дел од герила-акцијата која денеска е поставена од групата „Урбани уметнички акции“ пред ТЦ „Буњаковец“ во Скопје. На едната маса е чинија со суво парче леб, конзерва туна, кромид, пиперка и шише со сок од половина литар, а на втората маса во чинијата има декорирано парче бифтек и празна чаша за вино. Едното мени е студентско….
Со герила акција во Скопје, активисти ја покажаа разликата меѓу храната што можат да си ја дозволат студентите и повластените цени во собраниското бифе. Акцијата, наречена „Општествени контрасти“, ја организирала групата „Урбани уметнички акции“ на малиот сквер во близина на Трговскиот центар „Буњаковец“. На две различни маси биле поставени две менија – студентско и пратеничко.
Предлогот за независна техничка, финансиска, правна и регулаторна анализа на „Топлофикација Софија“ е вклучен во дневниот ред на Градскиот совет за 19 ноември. Ова е трет обид предлогот на градоначалникот Васил Терзиев да биде разгледан, по две одложувања, соопшти Општината денеска. Предвидена е независна оценка на состојбата на претпријатието, натрупаните задолжувања, потребните инвестиции и можните сценарија за одржлив развој.
Недостигот на места за првата градинска група во Софија е намален од 1.373 во 2023 на 372 во 2026 година, според тригодишниот отчет на градоначалникот Васил Терзиев , објавен од општината денеска, 13 ноември. Општината го пресметува намалувањето на речиси 73 проценти. Во отчетот претставен во културниот центар „Топлоцентрала“ се наведуваат и близу 3.000 нови места во градинки и јасли во текот на трите години.