1.0 | 0 | 0Кливленд без цела прва петорка го сруши Далас (Видео)
Спортеи

Спортеи

Публиката во Кливленд со свирежи ја дочека веста дека тимот ќе истрча без комплетната стартна петорка, но на крајот со громогласни овации ги испрати осуммината кошаркари кои приредија вистинска сензација и го совладаа Далас со 127-117. По гостувањето во Мајами претходната вечер и привремениот прекин на авиосообраќајот низ САД, Кавалирс преноќија на Флорида и слетаа дома дури в сабота наутро. Иако Донован Мичел сметаше дека дуелот треба да се одложи, мечот се одигра во предвидениот термин, а тренерот Кени Еткинсон реши да настапи без Мичел, Џејмс Харден, Пејтон Вотсон и Џерет Ален, додека Еван Мобли втор натпревар по ред отсуствуваше поради повреда на палецот на левото стапало.

Точка

Кливленд го совлада Далас со 127:117 во ноќта кон 15 ноември по Скопје, иако настапи без својата вообичаена почетна петорка. Главна улога имаше Тајрис Проктор, кој го оствари првиот трипл-дабл во НБА-кариерата. Австралискиот бек заврши со 24 поени, 11 скока и 10 асистенции . Погоди 10 од 19 обиди од поле, вклучувајќи четири тројки, и загуби само една топка за нешто повеќе од 34 минути на паркетот.

Fresh : 0.02 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 21.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Барселона броеше до 108: Мартин и Бризуела го предводеа нападот против Обрадоиро
Точка

Fresh : 0.02 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 21.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Историски подвиг на Леброн Џејмс: Се искачи на третото место на вечната листа на асистенти во НБА
24 Часа

24 Часа

Леброн Џејмс испиша нова страница во историјата на НБА-лигата, откако се искачи на третото место на вечната листа на најдобрите асистенти. Со 11 асистенции на натпреварот против Индијана, Џејмс стигна до вкупно 12.092 успешни додавања во кариерата и го надмина Џејсон Кид. Тој сега пред себе ги има само Крис Пол со 12.552 асистенции и рекордерот Џон Стоктон со 15.806.

Курир

ЛеБрон Џејмс имаше солиден настап во победата на Филаделфија над Индијана, а со својот ефект успеа да напредува едно место на вечната листа на најдобри асистенти во НБА лигата. Ветеренот испорача 15 поени, 11 асистенции и 7 скокови, а со корисните додавања успеа да го надмина Џејсон Кид и да ја потисне поранешната НБА ѕвезда на четвртото место. ЛеБрон има 12092 асистенции, а сезонава може да се надева дека ќе се искачи и на второто место, бидејќи следен на вечната листа е Крис Пол со 461 асистенција повеќе.

Точка

Леброн Џејмс испиша уште една страница во историјата на НБА , откако на дуелот со Индијана стигна до 12.092 асистенции во кариерата и го мина Џејсон Кид на вечната листа. Ветеранот на Филаделфија го заврши натпреварот со 15 поени, 11 асистенции и седум скока, а неговиот тим славеше со 131:124. Историското додавање дојде во финишот, кога Џејмс го пронајде Ви Џеј Еџкомб за реализација.

Контра

Леброн Џејмс имаше уште една незаборавна ноќ во својата богата кариера, искачувајќи се на третото место на листата на асистенции на сите времиња во НБА. Ѕвездата имаше 11 асистенции, 15 поени и шест скока и ги предводеше Филаделфија 76 ерс до победа на домашен терен од 131-124 над Индијана Пејсерс. LeBron James just passed Jason Kidd for the 3rd most assists in NBA history 12,092 career assists so far https://t.co/v0OcJ78odd — Fullcourtpass (@Fullcourtpass) November 15, 2026.

Fresh : 0.12 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 1 | 2 | 11.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0
Комерцијални објави

1.0 | 0 | 0Петровски: Имам огромна доверба во оваа група на девојки
Денешен

Денешен

Селекторот на женската кошаркарска репрезентација на Македонија, Виктор Петровски, верува дека младата селекција има потенцијал за напредок и за подобри резултати и покрај убедливиот пораз од Естонија (51:86) во претквалификациите за Евробаскетот 2029. По натпреварот, Петровски посочи дека националниот тим минува низ процес на создавање, со голема генерациска промена и со значително присуство на млади кошаркарки. Сепак, како позитивни работи ги издвои карактерот, пожртвуваноста и односот на репрезентативките кон националниот дрес.

Спортска Мрежа

Естонија уште еднаш ја потврди својата физичка и резултатска надмоќ, овојпат и на гостувањето во Штип. Во спортскиот центар „Џексон“, гостинската репрезентација ја совлада Македонија со убедливи 86:51, во натпреварот од второто коло на претквалификациите за Евробаскетот 2029. Естонките уште од самиот почеток наметнаа силно темпо и со почетна серија од 12:0 покажаа дека се дојдени по победа.

Курир

Селекторот на женската кошаркарска репрезентација на Македонија, Виктор Петровски, верува дека младата селекција има потенцијал за напредок и за подобри резултати и покрај убедливиот пораз од Естонија (51:86) во претквалификациите за Евробаскетот 2029. По натпреварот, Петровски посочи дека националниот тим минува низ процес на создавање, со голема генерациска промена и со значително присуство на млади кошаркарки. Сепак, како позитивни работи ги издвои карактерот, пожртвуваноста и односот на репрезентативките кон националниот дрес.

Fresh : 0.16 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 2 | 0 | 0 | 0 | 0 | 21.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Видео | Ново поентерско шоу на Дончиќ во Феникс
Телма

Телма

Лос Анџелес лејкерс ја продолжија победничката серија на осум натпревари во НБА-лигата, откако славеа на гостувањето кај Феникс со 131-123. Лука Дончиќ повторно беше незадржлив со 43 поени. За Словенецот ова беше шести натпревар сезонава со најмалку 40 поени.

Точка

Лука Дончиќ постигна 43 поени и ги предводеше Лос Анџелес Лејкерс до победа од 131:123 на гостувањето кај Феникс Санс. Тимот ја продолжи серијата на осум последователни триумфи и стигна до биланс 12–2. Словенечкиот ас одигра 35 минути и 44 секунди, погоди 13 од 28 шута од поле и пет тројки, а беше прецизен и во 12 од 14 обиди од линијата за слободни фрлања. Покрај 43-те поени , запиша и девет асистенции , три скока и една украдена топка.

Контра

Лос Анџелес Лејкерс ги победија Феникс Санс со 131-123 и ја забележаа осмата победа по ред во НБА. Лука Дончиќ го предводеше тимот со 43 поени. Лејкерси дојдоа до победа и покрај отсуството на Остин Ривс, вториот најдобар стрелец во тимот, кој го пропушти натпреварот поради повреда на петицата здобиена во претходниот натпревар против Милвоки.

Канал 5

Утрово Лука Дончиќ и Лос Анџелес Лејкерс го победија Феникс со 131–123. Словенечкиот кошаркар постигна 43 поени, предводејќи ги уште еднаш Лејкерс до нивната 12-та победа во сезоната, во вкупно 14 одиграни натпревари. За време на натпреварот, Дончиќ повлече необичен потег.

Fresh : 0.12 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 1 | 4 | 31.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Кливленд му даде целосна доверба на Марио Хезоња, останува до крајот на сезоната
Спортеи

Спортеи

Хрватскиот кошаркар Марио Хезоња и официјално останува во редовите на Кливленд Кавалирс до крајот на оваа НБА сезона, откако со своите настапи целосно ги воодушеви тренерот Кени Еткинсон и раководството на тимот. Крајниот рок до кој клубот требаше да се изјасни за неговиот статус истече на 15 ноември, со што неговиот договор автоматски стана загарантиран, а Кавалирс за неговите услуги ќе издвојат близу три милиони долари. По шест години поминати на европските паркети во дресовите на Панатинаикос, Уникс и Реал Мадрид, поранешниот играч на „кралскиот клуб“ долго преговараше за враќање во најсилната лига на светот и докажа дека сè уште има што да понуди на највисоко ниво, при што Кливленд направи одличен потег од финансиски аспект.

Контра

Марио Хезоња ќе остане во Кливленд Кавалирс до крајот на сезоната откако го импресионираа тренерот Кени Аткинсон и целиот тим. Кавс имаа рок до 15 ноември да одлучат за статусот на Хезоња. Кога помина тој ден, неговиот договор стана загарантиран и Кавс ќе потрошат близу три милиони долари за него до крајот на сезоната.

Fresh : 0.35 || 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Нов луд кош на Јокиќ
Офф.нет

Офф.нет

Денвер Нагетс синоќа го совлада Њу Орлеанс Пеликанс 116-108 и сега е на учинок 7-4. Србинот постигна 26 поени (9/14 за два, 1/1 за три и 7/7 слободни фрлања) со 10 асистенции и 8 скока. Џамал Мареј имаше 23 поени со 7 скока и 9 асистенции а Кристијан Браун 17 поени со 7 скока. Никола Јокиќ погоди и една луда тројка под фаул.

Точка

Денвер го победи Њу Орлеанс со 116:108 на гостински терен во натпреварот одигран на 14 ноември по американско време, односно во ноќта кон 15 ноември по Скопје. Никола Јокиќ заврши со 26 поени, 10 асистенции и осум скока , останувајќи на два скока од трипл-дабл. Џамал Мареј додаде 23 поени и девет асистенции , а Кристијан Браун постигна 17 поени.

Опсервер

Никола Јокиќ и Џамај Мареј го предводеа Денвер до победа над Пеликанс, во Њу Орлеанс (116:108). Јокиќ беше исклучителен. Тој забележа 26 поени, осум скока и 10 асистенции, заедно со три украдени топки. Канаѓанецот додаде 23 поени, седум скока и девет асистенции.

Спортеи

Кошаркарите на Денвер Нагетс ја запишаа четвртата победа во последните пет натпревари откако славеа на гостувањето кај Њу Орлеанс со 116-108, во дуел што гостите го прекршија токму во моментите кога Никола Јокиќ одмораше на клупата. Иако составот од Колорадо имаше плус 11 во третата четвртина, Пеликанс преку Џордан Пул и тројката на Карло Матковиќ се вратија во игра и намалија на само четири поени негатива (86-82) пред последните дванаесет минути. Наместо пад без својот лидер на паркетот, стартот на решавачкиот период донесе фуриозна серија од 9-0 за гостите, режирана преку цврстата одбрана, блокадата и офанзивниот скок на Марвин Бегли, како и продорот на Спенсер Џонс.

Fresh : 0.08 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 51.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Арис на Димитријевиќ ги руши грчките гиганти, по Панатинаикос, падна и Олимпијакос
Спортеи

Спортеи

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ продолжува со одличните настапи во дресот на Арис, кој приреди ново големо изненадување во грчкиот шампионат. Солунскиот состав го декласираше европскиот шампион Олимпијакос со убедливи 100:78, испраќајќи јасна порака дека сезонава може да се вмеша во борбата со најголемите фаворити. Триумфот добива уште поголема тежина ако се знае дека Арис со оваа победа ја прекина неверојатната серија од 27 последователни порази во меѓусебните дуели со тимот од Пиреја.

МКД

Арис ја совлада Рига со убедливи 105-81 во седмото коло од Еврокупот, а натпреварот го одбележа и атрактивниот потег на македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ. Неговото додавање за цепелин беше избрано за најубав потег во оваа рунда, па Македонецот се најде на врвот на листата со десет најатрактивни моменти од одиграните натпревари. Димитријевиќ има значајна улога во играта на грчкиот тим оваа сезона, со просек од 13 поени, 3,1 скок и 4,1 асистенција по натпревар во Еврокупот.

Точка

Ненад Димитријевиќ имаше важна улога во големата победа на Арис над Олимпијакос со 100:78 во Солун, во седмото коло од грчкото првенство. Македонскиот плејмејкер заврши со 19 поени и шест асистенции , според официјалниот извештај на ЕСАКЕ. Со овој резултат Арис стигна до шестата последователна првенствена победа и до биланс 6–1. Олимпијакос го претрпе првиот лигашки пораз сезонава и исто така има шест победи и еден пораз.

Контра

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ одигра уште еден одличен натпревар во дресот на Арис, овојпат во еден од најголемите триумфи на солунскиот клуб сезонава. Арис го декласираше актуелниот европски шампион Олимпијакос со убедливи 100:78, а Димитријевиќ беше меѓу најзаслужните за големата радост на домашните навивачи. Македонскиот репрезентативец го заврши дуелот со 19 поени, шест асистенции, два скока и една украдена топка.

Fresh : 0.09 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 2 | 51.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Нов тежок удар за кошаркарките: Македонија сè уште далеку од европското ниво
Контра

Контра

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија го запиша и вториот пораз во претквалификациите за Евробаскетот 2029, откако на домашен терен во Штип убедливо загуби од Естонија со 51:86. По неуспехот во Букурешт против Романија, македонските кошаркарки повторно покажаа дека пред нив има многу работа доколку сакаат да бидат конкурентни во овој циклус. Натпреварот практично беше решен уште во првата четвртина. Естонија ја доби со убедливи 23:9, наметнувајќи ритам на кој домашната селекција немаше одговор.

Спортска Мрежа

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија в сабота, на 14 ноември од 18 часот, ќе ја пречека Естонија во спортскиот центар „Џексон“ во Штип. По стартниот пораз од Романија со 73:52, првиот домашен натпревар добива дополнителна тежина: во следната рунда од претквалификациите за Европското првенство во 2029 година продолжуваат само победниците на групите. Токму тој тесен простор за напредување го прави дуелот со Естонија важен уште на почетокот од циклусот.

Лидер

Женската сениорска репрезентација на Македонија продолжува со натпреварите од ноемврискиот циклус на претквалификациите за Евробаскетот 2029. По гостувањето во Букурешт и дуелот со Романија, следниот предизвик за избраничките на Виктор Петровски е средбата со селекцијата на Естонија. Натпреварот Македонија – Естонија е закажан за 14 ноември, во сабота, со почеток во 18:00 часот, во спортскиот центар „Џексон“ во Штип.

МКД

Селекторот на женската кошаркарска репрезентација на Македонија, Виктор Петровски, го утврди конечниот список од 12 кошаркарки за вечерашниот натпревар против Естонија во претквалификациите за Евробаскетот 2029. Двете кошаркарки ќе добијат можност да се најдат во комбинација за вториот натпревар на Македонија во оваа фаза, откако го пропуштија гостувањето во Букурешт. Колева и Милосављевиќ претходно беа дел од младинската селекција до 18 години, која летово ја претставуваше Македонија на Европското првенство во Тулчеа, Романија.

Fresh : 0.14 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 141.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Кошаркарска драма во Гевгелија и Кавадарци, Куманово ја декласираше Струмица
Спортска Мрежа

Спортска Мрежа

Седмото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе две неизвесни пресметки во кои победникот се решаваше во последните моменти, но и убедлив триумф на МКК Куманово. ТФТ славеше по продолжение против Кожув во Гевгелија, Тиквеш ја продолжи победничката серија против Пелистер, додека кумановци немаа проблеми на домашен терен против Струмица 2001. МКК Куманово убедлив против Струмица 2001.

Курир

Ракометарите на Прилеп забележаа убедлива победа над Мулти Есенс со 34:24 во првиот денешен натпревар од 10. коло во Супрелигата. Домашниот тим уште во првото полувреме ја најави победата, заминувајќи на пауза со високи 19:10. Најефикасен во победничкиот состав беше Никола Шипинкоски со 11 погодоци, а Андреј Стојановски постигна осум гола. Кај Мулти Есенс, Јован Петрески беше најдобар стрелец со осум погодоци, шест од седмерец, додека Немања Џигеровски постигна четири гола.

Лидер

Кошаркарите на ТФТ Скопје го надиграа Кожув по голема борба и едно одиграно продолжение во натпреварот од седмото коло во македонската Суперлига со конечен резултат 86-88. За скопскиот состав ова беше четврта победа од почетокот на актуелната натпреварувачка сезона. Најефикасен поединец во победничкиот табор беше Секој Сила, кој го заврши мечот со 25 постигнати поени. На спротивната страна кај тимот на Кожув, Симиќ и Армстронг реализираа по 20 поени, додека Бојчев додаде уште седумнаесет коша.

Fresh : 0.08 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 81.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Тејтум со 32 поени, Бостон го прегази Далас и постави клупски рекорд
Точка

Точка

Бостон Селтикс го совлада Далас Маверикс со 131:94 во натпревар одигран на 15 ноември во „ТД Гарден“. Домаќините уште во првата четвртина изградија предност што гостите не успеаја да ја загрозат. Почетните 42:9 значат клупски рекорд за најголема предност на Бостон по првите 12 минути.

Точка

Баерн Минхен го совлада МБЦ со 91:61 во неделата, 15 ноември, и го зацврсти првото место во германската кошаркарска Бундеслига. Гостите пристигнаа како третопласирани, со пет првенствени победи по ред, но нивната серија заврши во „БМВ парк“. Мајлс Норис беше најефикасен кај победникот со 17 поени и шест скока . Двејн Вашингтон додаде 14 поени, Оскар да Силва 12, Марџон Бошам 11, а Андреас Обст заврши со десет поени и шест асистенции.

Спортеи

Кошаркарите на Бостон Селтикс остварија убедлива победа над Далас Маверикс со 131:94, во натпревар во кој домаќините уште во првата четвртина направија огромна разлика и практично го решија прашањето околу победникот. Бостон одигра фантастични почетни 12 минути, во кои постигна 42 поени, а на противникот му дозволи само девет, што претставува клупски рекорд за најголема разлика во една прва четвртина. Предноста од 33 поени по првиот период беше доволен показател за целосната доминација на домашниот состав.

Fresh : 0.05 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 1 | 11.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0НБА Преглед: Шампионско издание на Јокиќ за нова победа на Денвер, Мајами со историска одбрана
Спорт Статион

Спорт Статион

Изминатата ноќ во НБА лигата ни донесе интересни натпревари каде бевме сведоци на неверојатни тимски достигнувања во одбраната, трипл-дабл настапи и изненадувачки победи на десеткувани состави. Кошаркарите на Мајами Хит продолжија со одличните игри, забележувајќи ја својата четврта последователна победа. Домаќините го прегазија Детроит предводени од Јанис Адетокумбо кој забележа 34 поени, 14 скокови и 8 асистенции.

Точка

Мајами го победи Кливленд со 133:121 во НБА купот, предводен од Јанис Адетокунбо и Бам Адебајо со по 37 поени . Натпреварот се одигра на 13 ноември во Мајами, односно во ноќта кон 14 ноември по Скопје. Адебајо додаде 14 скока, а Адетокунбо заврши со девет. Дејвион Мичел го организираше нападот со 22 поени и 17 асистенции , израмнувајќи го личниот рекорд во асистенции.

Нетпрес

Мајами Хит го продолжија својот силен настап во НБА со изненадувачки убедлива победа од 137:117 над Детроит Пистонс. Мајами, кој ја започна сезоната со четири порази во низа, искористи многу ефикасен период непосредно пред и по полувремето за да го подобри својот резултат на седум победи и шест порази, првпат оваа сезона да имаат повеќе победи отколку порази. Откако го добија Детроит со 31:21 во втората четвртина, Мајами додаде уште 35 поени во третата четвртина гршејќи го отпорот на гостите.

Спортеи

Кошаркарите на Мајами Хит фатија силен залет и ја запишаа четвртата победа по ред откако на домашен терен го совладаа Детроит со убедливи 137-117, со што првпат сезонава стигнаа до позитивен биланс (7-6). Избраниците на Ерик Сполстра одиграа уште една офанзивно беспрекорна вечер, откако претходно му уфрлија 133 поени на Кливленд, сега стигнаа до вкупно 270 постигнати поени во два дена. Прво име кај домаќините повторно беше Јанис Адетокумбо, кој остана на чекор до трипл-дабл со 34 поени, 14 скока и осум асистенции, фантастична шутерска партија имаше Клеј Томпсон со 26 поени и шест тројки за само 20 минути на паркетот, додека Бем Адебајо додаде 20 поени. Иако Пистонс подобро го отворија дуелот и водеа со 39-37 по воведната четвртина, Мајами одговори со гранитна одбрана во вториот период, го сведе ривалот на само 21 поен и 24,1 отсто реализација од игра, а мечот го заврши со рекордни за сезоната 14 блокади.

Fresh : 0.09 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 91.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0НБА: Филаделфија подобра од Пејсерс
Нетпрес

Fresh : 0.02 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 21.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Тиквеш го совлада Пелистер
Курир

Курир

Во рамките на 7.коло во Супер Лига Тиквеш дома славеше со Пелистер со 72:70, а во Гевгелија. Битолчани во Кавадарци подобро го отворија мечот, по првиот период беше +4 за нив, но во продолжение од средбата Тиквеш врати а победата дојде дури во самиот финиш кога кавадарчани знаеја како треба да одиграат. Ова е нивна четврта победа а за Пелистер ова е петти пораз.

Спортска Мрежа

Вицешампионот Еурофарм Пелистер забележа убедлива победа над Тиквеш над домашен терен славејќи триумф од 37:26 со што битолчани стигнаа до својата осма сезонска победа, а пак тимот од Кавадарци го запиша четвртиот сезонски пораз. Само во првите десет минути беше неизвесно, а потоа битолчани започнаа да создаваат предност и на полувреме беше 17:13. На стартот од вториот дел Тиквеш намали на минус два при 19:17, а потоа Еурофарм Пелистер влезе во одлична серија на погодоци и стигна до плус десет при 31:21 на десет минути пред крајот на мечот и сите работи беа решени. Завршницата беше рутина за домаќинот кој ја завери осмата победа со 37:26. Петар Атанасијевиќ беше прв стрелец со девет гола кај битолчани, а пак Жарко Пешевски имаше шест од шест, во тимот на Кристијан Грчевски најдобар со осум гола од десет обиди беше Тоше Ончев.

Лидер

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер на домашен терен славеше убедлива победа против ГРК Тиквеш со резултат 37-26, во рамките на натпреварите од македонската ракометна лига. Ова беше осма победа во сезоната за избраниците на Лино Червар, кои досега имаат забележано и еден пораз и едно реми. На спротивната страна, тимот на кавадарчани по овој натпревар има скор од четири порази, пет победи и едно реми.

Контра

Седмото коло во македонската кошаркарска Суперлига донесе две средби со неизвесна завршница, но и важни резултати за екипите кои се борат за подобра позиција на табелата. ТФТ славеше на гостувањето кај Кожув со 88:86 по продолжение, додека Тиквеш пред својата публика го совлада Пелистер со 72:70. Во Гевгелија се одигра вистинска кошаркарска драма. ТФТ успеа да излезе како победник од гостувањето кај Кожув, иако домаќинот имаше свои аргументи и сериозно се наметна во текот на натпреварот.

Fresh : 0.06 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 61.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0