На денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, побара од Владата и Агенцијата за храна и ветеринарство итно да утврдат законски механизам со кој Општината ќе може да ја координира акцијата за отстранување на добитокот од улиците и имотите на граѓаните, во соработка со надлежните институции и под ветеринарен надзор. Кога веќе не помагате доволно дозволете јас да го решам проблемот. Не ви барам пари, не ви барам механизација, не барaм ниту еден денар дополнитeлни средства од државниот буџет.
На денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, побара од Владата и Агенцијата за храна и ветеринарство итно да утврдат законски механизам со кој Општината ќе може да ја координира акцијата за отстранување на добитокот од улиците и имотите на граѓаните, во соработка со надлежните институции и под ветеринарен надзор. Митовски посочи дека граѓаните предолго трпат материјални штети, а правосилните и извршни решенија за одземање на животните, кои постојат повеќе од две години, сè уште не се целосно спроведени. „Не барам да ги заобиколиме институциите или законите.
Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, на денешната прес-конференција побара од Владата и Агенцијата за храна и ветеринарство итно да утврдат законски механизам со кој Општината ќе може да ја координира акцијата за отстранување на добитокот од улиците и имотите на граѓаните, во соработка со надлежните институции и под ветеринарен надзор. Митовски посочи дека граѓаните….
Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, денеска на прес конференција побара од Владата и Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) итно да утврдат законски механизам со кој Општината ќе може да ја координира акцијата за отстранување на добитокот од улиците и имотите на граѓаните, во соработка со надлежните институции и под ветеринарен надзор. Митовски посочи дека граѓаните предолго трпат материјални штети, а правосилните и извршни решенија за одземање на животните, кои постојат повеќе од две години, сè уште не се целосно спроведени. „Не барам да ги заобиколиме институциите или законите.
Од вчера во Македонија е задолжителна зимската опрема за сите возила кои учествуваат во сообраќајот. Законската обврска важи до 15 март следната година, без разлика дали на патиштата има снег или зимски услови. За патничките автомобили, возачите имаат две можности.
Од 15 ноември до 15 март возилата што учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема. Во согласност со одребите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата за безбедно учество во сообраќајот на патиштата како зимска опрема на моторните возила се подразбира: За моторни возила што не надминуваат 3.500 кг: – зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри; – пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со најмалку 4 мм ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала. За моторни возила со погон на четири тркала (4×4): – зимски пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм; – пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со најмалку 4 мм ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната оска, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената оска.
Од 15 ноември во Македонија стапува на сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, која ќе важи до 15 март следната година. Обврската се однесува на сите учесници во сообраќајот, без оглед на моменталните временски услови. Возачите кои нема да ја почитуваат законската одредба се соочуваат со парична казна од 45 евра во денарска противвредност.
Од денеска, 15 ноември возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата, задолжително треба да ја поседуваат пропишаната зимска опрема. Зимски гуми се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS“, „M+S“, „M & S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва. Како што информира Министерството за внатрешни работи (МВР), задолжителното поседување зимска опрема е согласно со одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Автопатот Кичево–Охрид, долг 57 километри, треба да овозможи побезбедно и побрзо патување кон Охрид. Како дел од А2 и Паневропскиот коридор 8 во правец исток–запад, тој е значаен сегмент од примарната патна мрежа и меѓународното сообраќајно поврзување. Следниот најавен чекор од Владата е отворањето на Извор–Врбјани во декември.
Изградбата на автопатот Охрид – Кичево се одвива со одлична динамика, а за прв пат во Македонија и во целиот регион се применува најновата европска директива за безбедност во сообраќајот, особено во делот на тунелите. Ова го истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски од Охрид каде учествуваше на меѓународната конференција „Современи предизвици за.
Интензивно се работи на изградбата на автопатот Охрид – Кичево, моментално се применува најновата европска директива за безбедност во сообраќајот, особено во делот на тунелите, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, додавајќи дека целата делница со сите потребни документи ќе биде пуштена во употреба до крајот на мај 2027 година. Министерот Николоски подвлече дека од особена важност за градот е и изградбата на новата терминална зграда и модернизацијата на охридскиот аеродром, каде бројот на патници бележи значителен раст. Особено значајна е најавата за можноста Охрид да добие големи чартер-аранжмани надвор од летната туристичка сезона.
Автопатот Охрид-Кичево целосно ќе биде завршен и пуштен во употреба до крајот на мај, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој информираше дека градежните работи на делницата од Извор до Врбјани, вклучително и тунелите кај Пресека, се целосно завршени. Во моментов се спроведуваат потребните тестирања за безбедност во сообраќајот, согласно најновата европска директива, со посебен акцент на тунелите.
Родителите и семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ повторно излегоа на улиците во Кочани, по 51. пат, со барање за вистина, одговорност и правда. Маршот се одвиваше по веќе познатата рута – од Паркот на револуцијата, преку Трговскиот центар, пред објектот на УЈП и Полициската станица, до Основниот суд и Обвинителството. Слушнете го Канал 77 радио во живо онлајн!
Александар Наунов, таткото на Надица Наунова, која го загуби животот во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, се огласи по последното судско рочиште, изразувајќи разочарување и револт од одговорите што ги слушаат родителите на загинатите во една од најголемите трагедии во поновата историја на земјава. Во својата објава, Наунов посочува дека секое ново рочиште за семејствата на жртвите претставува повторно соочување со болката од трагичната ноќ, кога нивните деца ги загубија животите. Наместо одговори што би помогнале да се утврди како дошло до катастрофата и дали можело да се спречи, како што наведува, родителите во судницата повторно слушаат паушални објаснувања, оправдувања и префрлање на одговорноста.
Во дел од своите обраќања порачаа дека денеска освен за 63-те ангели кои загинаа во дискотеката, маршираат и за сите невини жртви што ја завиле Македонија во црно, како трагедиите во модуларната болница, Ласкарци, автобусот на Беса Транс. Им оддадоа почит и на жените и девојките чии животи како што посочија, насилно биле прекинати.
Не ни требаат нови ветувања по нови погреби, бараме одговорност. Сакаме институции што ќе ги штитат животите. Ваква заедничка порака испратија родителите на загинатите во пожарот во дивата дискотека „Пулс“ во Кочани, на уште еден заеднички „Марш за ангелите“ организиран низ кочанските улици и пред тамошните институции.
Македонците кои живеаат во соседните држави, како и Македонците од Егејска Македонија, кои сега живеаат во Македонија вчера се собраа на традиционалната „Егејска вечер“, но и семакедонска средба во Штип. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на општина Пустец во Албанија вели дека во моментов актуелно е бугарски здруженија преку хуманитарни активности и лекари кои прават бесплатни прегледи на населението да ја извртуваат вистината за населението кое живее во овој регион во Албанија. Сега во последно гледаме дека си играат и го злоупотребуват дури и здравјето на луѓето.
Во периот пред Пописот во Албанија, бугарската пропаганда ги искористи пасошите и европското државјанство кај македонското да влијае врз пописните резултати, но како што вели поранешниот градоначалник на Пустец, Едмонд Темелко, тоа не влијаеше многу врз резултатите. Пописот беше електронски, па секој моќеше како сака да се изјасни. Сепак, Македонците од Албанија, овој Попис го оспоруваат.
Македонците во Мала Преспа Албанија водат битка за зачување на македонскиот идентитет. Едмонд Темелко вели дека бугарски здруженија преку хуманитарни активности и лекари кои праваат бесплатни прегледи на населението сакаат да ја извртуваат вистината и токму овие акции ги прикажуваат дека се прават кај бугарско население. „Сега последно гледаме дека си играт и го злоупотребуват дури и здравјето на луѓето.
Македонците кои живеаат во соседните држави, како и Македонците од Егејска Македонија, кои сега живеаат во Македонија се собраа на традиционалната „Егејска вечер“, но и семакедонска средба во Штип. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на општина Пустец во Албанија вели дека во моментов актуелно е бугарски здруженија преку хуманитарни активности и лекари кои прават бесплатни прегледи на населението да ја извртуваат вистината за населението кое живее во овој регион во Албанија. Сега во последно гледаме дека си играат и го злоупотребуват дури и здравјето на луѓето.
Во околината на манастирот „Свети Димитриј“, кај прилепското село Селце, на 15 ноември се одржа еколошка акција за пошумување, во која учествуваа граѓани, ученици и доброволци од различни возрасни групи. Акцијата, под мотото „Не биди трупец, засади дрво“, по четврти пат ја организираше прилепското здружение „Сина револуција“. Според теренскиот извештај на „Инфо компас“, засадени се околу 500 садници, додека „Нова Македонија“ известува за повеќе од 300 засадени растенија.
Околу 500 садници беа засадени во близина на манастирот „Св. Димитриј“ кај прилепското село Селце, во акција организирана од Здружението „Сина револуција“, со поддршка од компанијата „Бехтел ЕНКА“. Во акцијата, организирана по повод Светск.
Четири мечки биле снимени како влегуваат во пчеларник во селото Дихово, во подножјето на Пелистер, каде што предизвикале значителна штета, уништувајќи кошници и пчелни семејства. Настанот го забележале безбедносните камери поставени во пчеларникот на Нацо Јовчевски, а снимките биле објавени на 15 ноември. Според сопственикот, мечките се спуштиле во потрага по храна, што претставува повторлив проблем за пчеларите во потпелистерските села.
Четири мечки решиле да се почестат со потпелистерски мед, а камерите во пчеларникот на Нацо Јовчевски во битолското село Дихово ги снимија како влегуваат меѓу кошниците. Но, зад нивната гозба остана голема штета – уништени се повеќе пчелни семејства. Пчеларите се жалат дека покрај климатските промени и намалените приноси, дополнителен проблем им создаваат и пелистерските мечки, кои често слегуваат до пчеларниците во потпелистерските села и ги уништуваат кошниците.
Добро утро! Понеделник е, 16 ноември 2026 година. Ова се десетте кратки вести за почетокот на денот — со корисни домашни информации, регионални и светски теми, технологија и спорт.
Планиран прекин на електричната енергија е најавен за денеска, понеделник, 16 ноември, во дел од охридскиот регион. Според дневните прегледи на Струја Денес и OffInfo , кои ги пренесуваат најавите на Електродистрибуција, прекинот е предвиден од 09:15 до 16:30 часот . Во објавениот опфат се наведени дел од селото Трпејца, селото Љубаништа и Свети Наум . Најавата се однесува на овие локации, а не на целиот град Охрид. OffInfo го води прекинот како планирано одржување.
За проблемот со кравите кои слободно талкаат низ Крива Паланка, сторија објави и новинската агенција Асошиејтед Прес. Во сторијата на АП се вели дека кравите се спуштаат од околните ридови, главно ноќе, и ги уништуваат градинарските и земјоделските насади во потрага по храна. Жителите на Крива Паланка во изјава за АП велат дека дека кравите што слободно шетаат претставуваат сериозен ризик за водоснабдувањето на градот, како и за возачите на патот што води кон соседна Бугарија.
Покрај брегот на Крива Река џогираат спортисти, ама трчаат и кравите, низ градот одат на корзо мештаните, но се „корзираат“ и кравите, во пар, а и во стадо. Чиниш толку навикнале на местото и се вдомиле што слободно, како да се сопственици, влегуваат и во дворовите, стојат пред стаклата на рестораните, да се праша човек, што би рекле жителите, дали можеби и резервација имаат. Редакцијата на МКД.мк ја посети Крива Паланка за да провериме дали проблемот за кој со години градоначалникот Сашко Митовски бара од надлежните помош и наоѓање на решение е претерување или шега, или навистина постои, а за тоа е виновна политиката.
Повеќе од 1.000 говеда што неконтролирано се движат низ Крива Паланка и околните села стигнаа и до светските медиуми. Асошиејтед Прес и Euronews објавија стории за животните што се движат по улици, меѓу автомобили, низ паркови и земјоделски површини, додека локалната власт бара од Владата 30-дневна кризна состојба. Она што од далечина може да изгледа како необична балканска приказна, за жителите одамна не е куриозитет.
Веста дека стотици говеда шетаат слободно низ градот го објавија неколку угледни светски медиуми, како Асошиејтед прес и Еуроњуз, каде што случајот со кравите се најде во познатата рубрика „без комента“. Медиумите наведуваат дека жителите на Крива Паланка, опишана како земјоделски град, се бори со повеќе од илјада крави кои им ги уништуваат имотите.
По 14 години, штипската Итна медицинска помош доби три нови амбулантни возила, а наскоро треба да пристигне уште едно. Со обновувањето на возниот парк се надминува долгогодишниот проблем со дотраените возила, кои секојдневно се користат за итни интервенции и транспорт на пациенти. Во моментот располагаме со 11 доктори, 11 возачи, 12 медицински сестри и шест амбулантни возила, така што можеме слободно да кажеме дека во овој момент ги задоволуваме стандардите и обезбедуваме целосна покриеност на населението во општините Штип и Карбинци, изјави Горан Андонов, Директорот на Здравствениот дом „ Панче Караѓозов“-Штип.
Три нови амбулантни возила пристигнаа во Здравствениот дом „Панче Караѓозов“ во Штип, наменети за потребите на Брзата помош. Возилата се опремени со современа медицинска опрема и ќе овозможат побрз транспорт на пациентите и подобри услови за работа на медицинскиот персонал. Директорот на Здравствениот дом „ Панче Караѓозов“-Штип Горан Андонов изјави дека со оваа набавка ќе се подобри здравствената заштита на жителите на Штип и Карбинци.
Три нови амбулантни возила опремени со современа медицинска опрема пристигнаа во Здравствениот дом „Панче Караѓозов“ во Штип, со што ќе се подобрат условите за работа на Брзата помош и згрижувањето на пациентите. Возилата ќе ги покриваат потребите на жителите на Штип и Карбинци, а во наредниот период се очекува установата да добие уште едно. Директорот на Здравствениот дом, Горан Андонов, информира дека возилата се набавени во рамки на проектот за 100 амбулантни возила на Министерството за здравство и Владата.
Општина Велес е меѓу добитниците на националната награда „Младински пријателски град“ за 2026 година , соопшти локалната самоуправа на 12 ноември. Признанието е доделено во рамките на Четвртиот национален форум за младинска работа, одржан од 10 до 12 ноември во Младинскиот центар во Охрид. На форумот беа доделени осум награди, по една на општина од секој плански регион.
Велес до утре, 16 ноември , е домаќин на 59. Детски Рацинови средби. Манифестацијата е посветена на детското творештво и на делото на Коста Солев Рацин, а започна на 11 ноември. Според програмата што ја објави Општина Велес, средбите опфаќаат литературни, ликовни и грнчарски работилници, книжевни средби и посети на Спомен-куќата на поетот.