Црните сценарија за Алта банка, на кои предупредува СДСМ, според премиерот Христијан Мицкоски, ќе останат само пуста желба на опозицијата. Премиерот очекува успешна продажба на битолската банка, а тоа што мерките постојано се олеснуваат е добар знак. Наместо затворање и пропаѓање на банката, како што, според него, посакуваат од опозицијата, банката полека ги отвора вратите и ги олеснува ограничувањата за граѓаните да дојдат до своите пари.
Ај нека помине малку време, Мицкоски да го реши ова со Алта банка и сите своите пари да ги имаат на слободно располагање па ќе се свртиме кон еден друг случај: Како Зоран Заев, со асистенција за неговиот советник Зоран Башановиќ кој под притсок од Вучиќ се повлече од Србија и стана десна рака на СДСМ и Заев… како Заев и тој се обидуваа да го исполнат ветувањето дадено на Бојко Борисов за купување на Комерцијална банка Скопје, пишува Драган Павловиќ – Латас. Три млади навежбани Бугари и еден од бугарските социјалисти со македонско име во акција… Останатото кога ќе дојде време. Од кого се барала помош да помогне да не дојде до преземањето?
Сите објавуваа документи и записници..Имало ли влез на сомнителен капитал во домашната банка и од кога и со чии одлуки.. Во Собранието е Михајло Видмилиски.. Михајло до каде е во моментот надзорната расправа, кога се очекува сведочењето на обвинителот Савески?
Кога лагата ќе ти се врати со службен печат, хистеријата веќе не помага. Само ја зголемува одговорноста. СДСМ и Венко кренаа хистерија за „Алта банка“, а заборавија дека токму нивната влада ја одобрила продажбата на акциите во Стопанска банка Битола во 2023 година, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук пратеникот Љупчо Пренџов.
Предлог-буџетот за 2027. година влезе во расправа во собраниската Комисија за финансирање и буџет. Државата планира да собере 395,4 милијарди денари, а да потроши 440,4 милијарди – разлика од 45 милијарди денари, односно околу 732 милиони евра, која ќе се покрива преку финансирање и задолжување. За предлогот се поднесени повеќе од 300 амандмани, а комисиската расправа е предвидено да трае 10 дена.
Во предлог буџетот за 2027 година, вкупните приходи се планирани на ниво од 395,4 милијарди денари, што е 5,7 отсто повеќе споредено со 2026 година, додека вкупните расходи се проектирани на 440,4 милијарди денари, што е за 4,8 отсто споредено со 2026 година. Буџетскиот дефицит е планиран на 45 милијарди денари, односно 3,5 отсто од БДП, и е во согласност со Фискалната стратегија за периодот 2027–2031 година. За капитални расходи се планирани 40,8 милијарди денари.
Пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, на која се расправаше за Предлог-буџетот за 2027 година, порача дека Владата бара доверба за управување со над 440 милијарди денари јавни средства, а притоа не покажува ниту транспарентност ниту институционална одговорност за скандалот со „Алта банка“. Посочувајќи ја паралелата со случајот „Алта банка“, Битиќи истакна дека зад двете теми се препознава истата логика на нетранспарентни интереси, политички влијанија и избегнување одговорност. Тој посочи дека Буџетот за 2027 година претставува продолжување на економски модел кој ги исцрпува развојните можности на државата, ги зголемува долговите и ги става во втор план инвестициите и потребите на граѓаните.
Предлог-буџетот за 2027 година е насочен кон обезбедување стабилни и одржливи јавни финансии, продолжување на фискалната консолидација и поддршка на економскиот раст, со јасен фокус на развојните инвестиции, редовното исполнување на обврските кон граѓаните и подобрувањето на квалитетот на јавните услуги. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, образложувајќи го Предлог-буџетот за 2027 година.
Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во Охрид порача дека силата на државата не се мери само преку извршната власт, туку и преку стабилноста и независноста на институциите. Во обраќањето на Форумот на балканските уставни судови тој ја поврза улогата на Уставниот суд со заштитата на уставниот поредок, основните права и слободи и владеењето на правото. Николоски посочи дека Уставниот суд има посебна улога во демократската држава, особено во услови на брзи политички, општествени и технолошки промени.
Во претстојните три дена, почнувајќи од денеска, Охрид утре ќе биде во центарот на регионалниот уставноправен дијалог – 10 месечното претседавање на македонскиот Уставен суд со форумот, ќе се заокружи со меѓународната конференција на 4 тиот годишен состанок, на кој меѓу главните прашања ќе бидат како да се зголеми довербата во Уставните судови. Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски кој претседава со форумот цела година, во интервју за Канал 5 кажа дека ќе биде потпишана и Охридската декларација, како потврда за заложбата за подигнување на довербата во уставните судови, која треба да ја продлабочи регионалната соработка и размена на искуства и судска практика, како и зајакнување на владеењето на правото, со акцент на независноста, транспарентноста ефикасноста и достапноста на уставната правда за граѓаните. Со него разговараше Дејан Трајкоски.
Наша должност е да одолееме на политичките притисоци и да ја држиме политиката во рамките на правото, порача денеска во Охрид претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. Тој оцени дека Уставниот суд е единствената институција што треба да обезбеди политиката и државните органи да ги почитуваат уставните и законските рамки. Одговарајќи на новинарски прашања за предизвиците со кои се соочуваат уставните судии, Костадиновски рече дека неговото присуство во медиумите не е заради популаризација, туку заради справување со, како што рече, манипулациите и невистините за работата на Судот.
Наша должност е да им одолееме на политичките притисоци и да ја држиме политиката во рамките на правото – порача денеска во Охрид претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. Тој оцени дека Уставниот суд е единствената институција што треба да обезбеди политиката и државните органи да ги почитуваат уставните и законските рамки. Одговарајќи на новинарски прашања за предизвиците со кои се соочуваат уставните судии, Костадиновски рече дека неговото присуство во медиумите не е за популаризација, туку за справување, како што рече, со манипулациите и невистините за работата на судот.
Поддршката за Украина, зајакнувањето на европската безбедност, справувањето со хибридните закани и подобрувањето на технолошката конкурентност беа главните теми на деветтиот самит на Европската политичка заедница, кој денеска се одржа во Даблин. Ова на прес-конференција по завршувањето на самитот го соопштија ирскиот премиер Михол Мартин и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта. Мартин оцени дека учесниците имале интензивен и продуктивен ден, во кој разговарале за предизвиците со кои се соочува Европа, но и за конкретните чекори за обликување на нејзината заедничка иднина.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница (ЕПЗ), кој се одржува во Даблин, Ирска. Нејзиното учество е можност Македонија да ги претстави своите ставови за европската безбедност, регионалната соработка, проширувањето на Европската Унија и актуелните геополитички предизвици. На состанокот се очекува присуство на повеќе од 50 европски шефови на држави и влади, како и лидери на клучни европски и меѓународни институции.
Лидерите на околу 50 европски земји ќе разговараат за клучните стратешки и геополитички предизвици со кои се соочува европскиот континент.
Европа мора да има место на преговарачката маса во врска со крајот на војната во Украина, изјави премиерот на Бугарија – Румен Радев пред новинарите во Даблин, каде што присуствува на деветтиот самит на Европската политичка заедница и на состанокот на лидерите во рамките на Европскиот совет. Тој смета дека е невозможно да се разговара за изградба на нова безбедносна архитектура во Европа без учество на европските нации. Според него, разговорите меѓу Соединетите Држави и Русија се недоволни за решавање на прашањата што се однесуваат на долгорочната безбедност на континентот.
Се одржа редовна седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. На партискиот состанок се разговараше за актуелната економско-политичка состојба, енергетските предизвици и активизмот на партиските тела и органи. Беше разговарано за случајот со Алта банка, при што се нотираше деструктивното делување на опозицијата во насока на рушење на банката и создавање ризик за губење пари на илјадници граѓани.
Прво, СДСМ одбива да свика продолжение на надзорната расправа за Алта банка. По вчерашното фијаско кое самите си го приредија, денеска нè известија дека немаат намера да свикаат продолжение. Ние, како пратеничка група од мнозинството, бараме итно и неодложно, утре да биде свикано продолжението на надзорната расправа, со цел да продолжи испрашувањето на сведоците, за да можеме конечно вистината да ја расветлиме.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, денеска изјави дека СДСМ одбива да свика продолжение на надзорната расправа за Алта банка, по вчерашните случувања на седницата. Стојаноски информираше дека пратеничката група на мнозинството бара расправата итно да продолжи утре, за да се овозможи дополнително испрашување на сведоците и усвојување на заклучоци. Тој најави дека една третина од членовите на Комисијата за финансирање и буџет во текот на денот писмено ќе се обратат до претседателката Сања Лукаревска, со барање за неодложно продолжување на надзорната расправа.
Се одржа редовна седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Се разговараше за актуелната економско-политичка состојба, енергетските предизвици и активизмот на партиските тела и органи, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Беше разговарано за случајот со Алта банка, каде се нотираше деструктивното делување на опозицијата во насока на рушење на банката и губење пари на илјадници граѓани.
Опозициските пратеници успеале да се изборат за продолжување на седницата за пратенички прашања, која вчера беше прекината откако предвидените два часа поминаа во процедурални расправии и паузи, без да биде поставено ниту едно прашање до премиерот и министрите. „По вчерашниот бесрамен обид на ДПМНЕ и нивните спотери со две паузи да го избришат правото на опозицијата да поставува пратенички прашања, опозицијата успеа да се избори против самоволното и авторитарно прекројување на Деловникот по мерка на власта и расположението на министрите и Мицкоски“, се наведува во соопштението на Левица. Од партијата информираат дека седницата, која владејачкото мнозинство се обидело да ја прогласи за завршена без да биде поставено ниту едно прашање, ќе се одржи наредната недела.
Пратеничката група на Левица реагираше на денешниот обид на претседателот на Собранието, Африм Гаши, да го прекине одржувањето на седницата за пратенички прашања на опозицијата, повикувајќи се на наводно исцрпување на предвиденото време поради искористените паузи. Координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, посочи дека ваквото толкување на Деловникот е неправилно и претставува злоупотреба на претседателската функција со цел да се оневозможи опозицијата да го искористи своето загарантирано право на пратенички прашања. Повикот на Крмов се темелеше на член 42 став 2 од Деловникот, според кој пратеничките прашања се поставуваат по утврдувањето на дневниот ред, во времетраење од два часа.
Опозицијата не сакаа да започнат пратеничките прашања на денешната собраниска седница, рече Ѓорѓија Сајкоски член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, кој за случувањата се огласи на социјалните мрежи. Според него, ваквиот однос претставува преседан во демократската практика, а ова, како што наведува, не е првпат опозицијата да го попречува одржувањето на пратеничките прашања. „Денес бевме сведоци дека опозицијата не сакаше да започнат опозициските пратенички прашања.
Неговата одлука следи по двете побарани едночасовни паузи, со што според него било потрошено предвиденото време за поставување на прашања. Повикувајќи се на деловникот, Гаши рече дека времето почнало да тече откако е усвоен дневниот ред, а според опозициските партии тој со свое толкување ја саботирал седницата. За да се смират тензиите Гаши свика вонредна координација.
Тоа ќе биде прв пат на иста маса да седнат Мицкоски-Димитриевски-Касами и Меџити, повод е новиот закон за правосудниот испит, за кој во коалицијата имаат различни ставови дали треба тој да е на македонски, на албански или комбиниран. Премиерот и денеска повтори дека предлогот кој е испратен до Венецијанската комисија е тој на правда - теоретскиот дел да може да се полага на албански, турски или англиски, но практичниот дел исклучиво на македонски јазик. За заканите на Димитриевски дека во случај ова решение да биде усвоено е можно да ја напушти коалицијата не сакаше да коментира.
Со жалење ја проследивме одлуката на Владата да наметне мешан модел, малку на албански, а малку на македонски јазик, за полагање на правосудниот испит. Јасно порачуваме: Законот за употреба на јазиците е јасен и не остава простор за вакви толкувања. Не само правосудниот испит, туку и секој друг државен испит треба да се полага на албански јазик, исто како што е гарантирано и за испитот за административни службеници, се вели во соопштението на ДУИ од денешната прес-конференција на Арбер Адеми.
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, во одговор на новинарски прашања појасни дека предложеното решение за полагање на правосудниот испит предвидува два дела, при што теоретскиот ќе може да се полага и на албански, турски или англиски јазик, а практичниот дел ќе биде исклучиво на македонски јазик и на неговото кирилско писмо. Не постои таков правосуден испит кој во целост се полага на албански јазик. Второ, решението што е испратено до Венециската комисија е следно – правосудниот испит се полага во два дела.
Од Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска на прес-конференција упатија критики, за како што велат, одлуката на Владата за воведување мешан модел за полагање на правосудниот испит, со што дел од испитот ќе бде на албански, а дел на македонски јазик. Генералниот секретар на партијата, Арбер Адеми, посочи дека Законот за употреба на јазиците предвидува правосудниот, но и сите други државни испити, да може да се полагаат на албански јазик. „Законот за употреба на јазиците е јасен и не остава простор за вакви толкувања.
Денеска е 1 ноември (по стар стил) и се слават Светите Козма и Дамјан. Бесребреници и чудотворци. Браќа по тело и по дух, родум негде од Азија, од татко незнабожец и мајка христијанка.
Главен спомен: Светите бесребреници и чудотворци Козма и Дамјан Азиски и нивната мајка Преподобна Теодотија Дополнително: Свети маченик Ерминингелд, преподобномаченик Јаков Костурски со неговите ученици Јаков и Дионисиј и други светители Нов календар: 14. ноември Стар календар: 1. ноември Ден: сабота, 24-та седмица по Педесетница Правило на постот: Не се пости. На 14. ноември православната Црква го одбележува споменот на Светите Козма и Дамјан, познати и како Свети Врачи – браќа лекари кои во црковното предание останале запаметени по тоа што им помагале на болните без да бараат надомест. Козма и Дамјан биле браќа воспитани во христијанската вера од нивната мајка Теодотија.
Во Собранието веќе се поднесени предлог законски измени за Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство со кои, меѓу другото, се предвидува и можност за употреба на електронски алки за следење на насилниците. Како што соопшти на денешниот брифинг со новинарите министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, скоро шест месеци интензивно се работело на подготовката на законското решение, во соработка со Министерството за социјална политика, демографија и млади, невладини организации, експерти, професори, обвинители и судии. Во законското решение е вклучена и можноста за употреба на електронски алки и за следење на осомничени лица.
Жената, мајката и ќерката треба најбезбедно да се чувствуваат во својот дом, а институциите се должни да направат сè што е во нивна можност за нивна заштита, порача министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за телевизија Сител, најавувајќи дека во Собранието е поднесено ново законско решение за семејно насилство, со кое, меѓу другото, се предвидува и можност за употреба на електронски алки за следење на насилниците. Тошковски посочи дека повеќе од пет до шест месеци интензивно се работело на подготовката на законското решение, во соработка со Министерството за социјална политика, демографија и млади, невладини организации, експерти, професори, обвинители и судии. Верувајте ми, ова законско решение нема да ја реши состојбата со семејното насилство, но гарантирам дека ќе даде подобри резултати од оние што ги имаме сега – рече Тошковски.
Електронска алка би го спречила насилниот сопруг или партнер да ѝ се приближи на жената – жртва на семејно насилство, кога му е изречена забрана за приближување. Барем, такви се искуствата од земјите кои веќе применуваат електронски надзор во вакви случаи. Шпанија важи за најуспешен пример – уредите во земјата се користат веќе 17 години.
Жената, мајката и ќерката треба најбезбедно да се чувствуваат во својот дом, а институциите се должни да направат сè што е во нивна можност за нивна заштита, порача министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за телевизија Сител, најавувајќи дека во Собранието е поднесено ново законско решение за семејно насилство, со кое, меѓу другото, се предвидува и можност за употреба на електронски алки за следење на насилниците. Тошковски посочи дека повеќе од пет до шест месеци интензивно се работело на подготовката на законското решение, во соработка со Министерството за социјална политика, демографија и млади, невладини организации, експерти, професори, обвинители и судии. Верувајте ми, ова законско решение нема да ја реши состојбата со семејното насилство, но гарантирам дека ќе даде подобри резултати од оние што ги имаме сега – рече Тошковски.
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска е дел од државната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која учествува на лидерскиот самит во рамките на 31. конференција на страните на рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (COP31), што се одржува во Анталија, Република Турција. Како претставник на македонскиот енергетски сектор министерката Божиновска е дел од меѓународниот собир на кој присуствуваат лидери и високи претставници од 191 земја, а во фокусот се одлуките и политиките што ќе ја определат динамиката на глобалната енергетска и климатска транзиција. Нејзиното присуство е важно за непосредно следење на новите меѓународни насоки, размена на искуства со земјите учеснички и согледување на можностите за партнерства и инвестиции што може да ја поддржат трансформацијата на македонскиот енергетски систем – се наведува во соопштението од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, ќе биде дел од државната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која ќе престојува во работна посета на Република Турција по повод учеството на Лидерскиот самит во рамките на 31. Конференција на страните (COP31) на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени. Во составот на делегацијата ќе биде и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска. Посетата ќе се реализира во периодот од 10 до 13 ноември 2026 година, во Анталија, Република Турција, каде што светските лидери, претставници на владите и меѓународните организации ќе разговараат за актуелните климатски предизвици, унапредувањето на глобалната климатска акција и зајакнувањето на меѓународната соработка во справувањето со климатските промени.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе учествува на Лидерскиот самит во рамките на 31. Конференција на страните (COP31) на Конвенцијата на Обединетите Нации за климатски промени, што се одржува во турскиот град Анталија. Предвидено е претседателката да се обрати на првата пленарна сесија за шефови на држави и влади, како и на дијалогот на високо ниво, посветен на транзицијата кон чиста енергија и електрификацијата. Таа ќе и билатерални средби со дел од учесниците на самитот.
Од 9 до 20 ноември 2026 година, во Анталија се одржува најмасовниот светски самит за климатски промени досега, со над 92 000 учесници. Сепак, улогата на Турција и Австралија како водечки земји во организацијата, во комбинација со глобалните конфликти и енергетската криза, отвора сериозен сомнеж за реалните резултати од конференцијата. Во Анталија, Турција, во тек е светскиот самит за климатски промени COP31 (Conference of the Parties). Според официјалните бројки, пријавени се над 92 000 учесници, што е рекордна бројка во однос на претходните собири.
ВЛЕН деновиве изнесе неколкуинформации за врски помеѓу ДУИ и АСлта банка Белград во кои се презентира финансиски интерес на ДУИ или лица од раководтсвото со српката банка. Денес ВЛЕН излезе со конкретни ситуаци и бројки за соработката: Денес пред македонската јавност го презентираме клучниот факт кој директно го поврзува најблиското семејно опкружување на Али Ахмети со контроверзниот српски бизнисмен Давор Мацура и белградската „Алта банка“. Во центарот на оваа операција е кичевската компанија „АС Сењак“, фирма во сопственост на Селаудин Арифи, сват на Али Ахмети, која на јавноста веќе ѝ е добро позната како партнер на внукот Дрин Ахмети во милионското преземање на “Соравија” Јавно го прашуваме Али Ахмети и врвот на ДУИ: * По која економска логика и за какви заслуги банката на Давор Мацура од Белград исплаќа 5 милиони евра свеж капитал на фирма директно поврзана со семејството на Ахмети?
„Пред македонската јавност го презентираме клучниот факт кој директно го поврзува најблиското семејно опкружување на Али Ахмети со контроверзниот српски бизнисмен Давор Мацура и белградската „Алта банка“. Додека Али Ахмети и врвот на ДУИ со години јавно продаваа лажен патриотизам, далеку од очите јавноста нивната семејна бизнис-мрежа склучувала милионски договори директно во Белград. Денес, кога сопственикот на „Алта банка“, Давор Мацура, се наоѓа во притвор во Србија, а Народната банка мораше да воведе привремена администрација за да го заштити македонскиот банкарски систем, трагите на парите водат директно до Зајас и Кичево“, истакнуваат од „Вреди“.
Коалицијата ВЛЕН денеска излезе со сериозни обвинувања за политичко-финансиска корупција против лидерот на ДУИ, Али Ахмети, тврдејќи дека неговото најблиско семејство има директна бизнис-поврзаност со контроверзниот српски бизнисмен Давор Мацура и белградската „Алта банка“. Според претставникот на ВЛЕН, Зекирја Тахири, додека врвот на ДУИ со години јавно „продавал лажен патриотизам“, нивната семејна мрежа склучувала милионски договори во Белград. Во центарот на оваа операција, како што посочи тој, е кичевската компанија „АС Сењак“, во сопственост на Селаудин Арифи – сват на Али Ахмети и јавно познат како партнер на внукот Дрин Ахмети во преземањето на трговскиот центар „Соравија“.
Додека Али Ахмети и врвот на ДУИ со години јавно продаваа лажен патриотизам, нивната семејна бизнис-мрежа, далеку од очите јавноста, склучувала милионски договори директно во Белград, велат во партиското соопштение од ВРЕДИ. Денеска пред македонската јавност го презентираме клучниот факт кој директно го поврзува најблиското семејно опкружување на Али Ахмети со контроверзниот српски бизнисмен Давор Мацура и белградската „Алта банка“. Додека Али Ахмети и врвот на ДУИ со години јавно продаваа лажен патриотизам, далеку од очите јавноста нивната семејна бизнис-мрежа склучувала милионски договори директно во Белград.
Според предложеното решение, кривично ќе одговара тој што, злоупотребувајќи го своето влијание, службената или општествената положба и углед, преку лажни изјави или исправи ќе пласира неточни информации во јавноста, а со тоа ќе ја загрози стабилноста на банкарскиот систем до степен што ќе наложи преземање законски мерки за нејзино одржување. За ова дело е предвидена затворска казна од една до пет години. Премиерот Мицкоски вели дека одредбата е додадена по актулените случувања поврзани со Алта банка, но и претходните слични искуства.
Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка во Собранието, во вчерашното издание на дебатната емисија „Анализа“ на телевизија 24 истакна дека со Кривичниот законик, којшто е испратен до Европската Комисија, предвидено е воведување на ново кривично дело кое се однесува на загрозување на стабилноста на банкарскиот систем, по пат на неосновано ширење во јавност на неточни информации, за кое е предвидено и казна затвор, зошто како што вели таа, за секое ширење на неточни и лажни информации на начин на кој се загрозува банкарскиот систем, мора да се сноси и одговорност. „Знаете дека го испративме Кривичниот законик до Европската Комисија, но во тој Кривичен законик ќе има еден нов член којшто ќе ги предвидува овие ситуации, ќе се воведе како кривично дело за ситуација настаната, поврзана со банкарскиот сектор и ширење на лажни информации, се вели, загрозување на стабилноста на банкарскиот систем во којшто неосновано во јавноста ќе се шират неточни информации со што ќе се загрози стабилноста на банкарскиот систем. За ова кривично дело ќе се воведе казна затвор бидејќи не можете вие да ширите лажни информации, политички да профитирате, да се обидувате политички да профитирате и за тоа да не сносите одговорност, на овие ситуации ќе им ставиме крај“, рече Бојковска.
Затворска казна од една до пет години ќе добијат сите оние кои со ширење лажни информации ќе предизвикаат паника и ќе ја загрозат стабилноста на банкарскиот сектор. Ова е ново кривично дело кое е вметнато во предлог верзијата на новиот Кривичен законик, што Министерството за правда пред два дена го испрати на мислење во Брисел. Пратеничката Драгана Бојковска од редовите на ВМРО ДПМНЕ вели дека целта на новото кривично дело е да се заштити сигурноста на депозитите на граѓаните и јавниот интерес.
Ширење лажни информации кои можат да ја загрозат стабилноста на банкарскиот и финансискиот систем би можело да стане ново кривично дело за кое ќе се предвидува и затворска казна. Ова е предвидено со новиот Кривичен законик, кој веќе е испратен до Европската комисија. Ваквите новости вчера ги најави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Драгана Бојковска, говорејќи во дебата за Алта банка Битола.
Новиот Кривичен како и Законот за кривичната постапка ќе важат само за идните случаи и нема да се применуваат ретроактивно. Ова го вели премиерот Мицкоски кој ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на овие закони овозможиле амнестирање на криминалот и добиле политчка заштита. Новините, пак, со кои се предвидува санкционирање на ширењето лаги кои може да влијаат врз банкарскиот систем се воведуваат за да спречат политички сопки по искуствата со Алта банка, вели премиерот.
Во Брисел испративме два закони - Кривичниот и Законот за казнена постапка. Тоа се закони кои што во времето на Владата на СДСМ и ДУИ добија поинаква форма и суштина, посочи денес премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање. Тогаш тие злоупотребувајќи го европското знаме, по скратена постапка во Парламентот ги изгласаа овие закони.
Измените на Кривичниот законик и на Законот за кривичната постапка, кои Владата ги испрати во Брисел на мислење, имаат цел да ги надминат последиците од законските решенија донесени во времето на владата на СДСМ и ДУИ, а ќе се применуваат од нивното донесување па натаму, не и ретроактивно – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на детската градинка „Лавче“ во Инџиково во општина Гази Баба. Тој посочи дека главниот фокус на измените е враќање на одредбите што се однесуваат на високата корупција, односно надминување на решенијата со кои, како што рече, пред неколку години биле намалени казните и овозможено е побрзо застарување на кривичните дела. Како дополнителен дел од измените е најавено и воведување ново кривично дело за загрозување на сигурноста во банкарскиот сектор.
Во Брисел испративме два закони – Кривичниот и Законот за казнена постапка. Тоа се закони кои што во времето на Владата на СДСМ и ДУИ добија поинаква форма и суштина, посочи денес премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање. Тогаш тие злоупотребувајќи го европското знаме, по скратена постапка во Парламентот ги изгласаа овие закони.
Собранието ќе ги повтори опозициските прашања во рамки на 130. пленарна седница, се согласиле координаторите на пратеничките групи, соопшти попладнево претседателот на Собранието Африм Гаши, без да прецизира кога ќе се одржи седницата. Собранието потоа се префрли на 129. пленара седница и со 63 гласа „за“ го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за јавни набавки, чиј што указ не беше потпишан од претседателката на државата Сиљаноска-Давкова, со укажување. Владејачкото мнозинство поднесе амандман со којбеше избришан членот од укажувањето на Сиљаноска-Давкова.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, уверува дека нема проблем што не може да се надмине и дека преку дијалог на координацијата во понеделник може да се најде решение за различните толкувања на собранискиот Деловник. Ова следува откако вчера не се одржа седницата на која требаше да бидат поставувани пратенички прашања од опозицијата, а денеска опозициските пратеници повторно реагираа на начинот на кој се водат седниците. Гаши денеска ја продолжи 129. седница, на чиј дневен ред се неколку неразгледани точки, но расправата не започна поради процедуралните забелешки на пратениците од опозицијата.
Собранието ќе ги повтори опозициските прашања во рамки на 130. пленарна седница, се согласиле координаторите на пратеничките групи, соопшти попладнево претседателот на Собранието Африм Гаши, без да прецизира кога ќе се одржи седницата. Собранието потоа се префрли на 129. пленара седница и со 63 гласа „за“ го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за јавни набавки, чиј што указ не беше потпишан од претседателката на државата Сиљаноска-Давкова, со укажување. Владејачкото мнозинство поднесе амандман со којбеше избришан членот од укажувањето на Сиљаноска-Давкова.
Претседателот на Собранието Африм Гаши, соопшти дека координаторите на пратеничките групи се согласиле Собранието да ги повтори опозициските прашања во рамки на 130. пленарна седница. Гаши не прецизира кога ќе се одржи седницата. Собранието потоа се префрли на 129. пленара седница и со 63 гласа „за“ го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за јавни набавки, чиј што указ не беше потпишан од претседателката на државата Сиљаноска-Давкова, со укажување.
Министерот ги отфрли и шпекулациите за можна вмешаност на полициски службеници во нејзиното бегство.
Досегашната истрага за бегството на Ива Михајлова од Кочани покажала дека таа не е евидентирана ниту при влез или излез од државата на македонските гранични премини, ниту на камерите на безбедносните системи во земјава во критичниот период, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на една од националните телевизии. Тој посочи дека првичните информации добиени и од бугарската гранична полиција биле дека нема евиденција за влез или излез на Михајлова од Бугарија во текот на 2026 година. Според Тошковски, ниту една од камерите и безбедносните системи со кои располагаат македонските институции не го регистрирала нејзиното движење во критичниот временски интервал – од вечерта кога била забележана во локал во Кочани до моментот кога се појавила во медиумите во Бугарија.
Досегашната истрага за бегството на обвинетата Ива Михаилова од Кочани во Бугарија покажа дека таа во критичниот период не е евидентирана ниту при влез или излез од државата на македонските гранични премини, ниту на камерите на безбедносните системи, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за Сител. Тој посочи дека првичните информации кои се добиени и од бугарската гранична полиција се дека нема евиденција за влез или излез на Михаилова од Бугарија во текот на 2026 година. Според Тошковски, ниту една од камерите и безбедносните системи со кои располагаат македонските институции не го регистрирала нејзиното движење во критичниот временски интервал – од вечерта кога била забележана во локал во Кочани до моментот кога се појавила во медиумите во Бугарија.
Досегашната истрага за бегството на Ива Михајлова од Кочани покажала дека таа не е евидентирана ниту при влез или излез од државата на македонските гранични премини, ниту на камерите на безбедносните системи во земјава во критичниот период, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за телевизија Сител. Тој посочи дека првичните информации добиени и од бугарската гранична полиција биле дека нема евиденција за влез или излез на Михајлова од Бугарија во текот на 2026 година. Според Тошковски, ниту една од камерите и безбедносните системи со кои располагаат македонските институции не го регистрирала нејзиното движење во критичниот временски интервал - од вечерта кога била забележана во локал во Кочани до моментот кога се појавила во медиумите во Бугарија.
Вистината за случајот со Алта банка излегува на виделина. Документите и фактите јасно покажуваат дека СДС и Венко Филипче пласираат невистини и се обидуваат да создадат политичка хистерија околу влезот на Алта банка на македонскиот финансиски пазар, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Како што беше посочено и на надзорната расправа во Собранието, уште во 2023 година, за време на владата на СДС и ДУИ, на 194 седница на Владата додека претседател бил Димитар Ковачевски, одржана на 24 октомври, тогашниот министер за финансии Фатмир Бесими побарал одобрување Државното правобранителство да влезе во деловни односи со Алта банка од Србија во сопственост на Давор Мацура.
Документите ја демантираат опозицијата во случајот со Алта банка и покажуваат дека немало пречки за нејзиното влегување на македонскиот финансиски пазар, тврдат од владејачката партија. Оттаму ги отфрлаат обвинувањата на СДСМ и Венко Филипче дека банката имала забрана за работа во Европската Унија или дека била санкционирана од Европската централна банка. Како аргумент, од партијата посочуваат дека уште во октомври 2023 година, за време на владата на СДСМ и ДУИ, тогашниот министер за финансии Фатмир Бесими побарал одобрување Државното правобранителство да воспостави деловни односи со Алта банка од Србија, во сопственост на Давор Мацура.
Вистината за случајот со Алта банка излегува на виделина. Документите и фактите јасно покажуваат дека СДС и Венко Филипче пласираат невистини и се обидуваат да создадат политичка хистерија околу влезот на Алта банка на македонскиот финансиски пазар, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Како што беше посочено и на надзорната расправа во Собранието, уште во 2023 година, за време на владата на СДС и ДУИ, на 194 седница на Владата додека претседател бил Димитар Ковачевски, одржана на 24 октомври, тогашниот министер за финансии Фатмир Бесими побарал одобрување Државното правобранителство да влезе во деловни односи со Алта банка од Србија во сопственост на Давор Мацура.
Според Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, „Алта банка“ немала никаква забрана за работа во ЕУ при нејзиниот влез во Македонија. Според него, информацијата која ја лиферуваа Филипче и СДС во јавноста, дека „Алта банка“ имала забрана за работа во ЕУ, е голема невистина. „Што е тука вистината?
Владата е стабилна, имаме мнозинство во Собранието, продолжуваме да го испорачуваме ветеното за граѓаните, одговори премиерот Мицкоски. Во декември ќе има лидерска средба на владините коалициски партнери. Шефот на Владата потврди дека разговарал со лидерот на ЗНАМ, Димитриевски за неговите ставови за полагањето на правосудниот испит, посочувајќи дека за тоа треба да се праша лично тој.
Правосудниот систем -тригер за владејачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ со ЗНАМ или секое чудо за три дена? Кој и зошто прави хистерија, важат ли во оваа држава законите еднакво за сите? ЕУ челниците не’ упатуваат решение за деблокада на процесите да бараме преку Софија, како до брз излез од ќор-сокакот со Бугарија, или ќе чекаме подобри времиња?
ЗНАМ е составен дел на Владата и мнозинството во Собранието и така ќе биде додека не се нарушат елементарните принципи на договорот којшто го имаме постигнато со нашиот владин партнер ВМРО-ДПМНЕ, изјави лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски. Во однос на Законот за правосуден испит Димитриевски верува дека ќе дојде до владина лидерска средба во декември, бидејќи тоа веќе го побарал од премиерот. Досегашната соработката со премиерот, Димитриевски, во гостувањето на една од националните телевизии, ја оцени како одлична и на задоволително ниво.
Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ќе остане дел од владиното мнозинство сè додека се почитуваат претходно утврдените коалициски принципи, но партијата нема да прави компромиси со решенија кои го усложнуваат правниот систем и го загрозуваат уставниот поредок на државата. Оваа го истакна лидерот на партијата, Максим Димитриевски, во гостувањето во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија. Осврнувајќи се на актуелните политички случувања и односите внатре во владината коалиција, Димитриевски изрази категоричен став, особено во контекст на предлогот за овозможување полагање на правосудниот испит на албански јазик.
Хрватската влада денеска во 9:30 часот по локално време ќе ја одржи својата 225. седница во Националната и универзитетска библиотека во Загреб. На отворениот дел од дневниот ред се предлог-измените на буџетската рамка за периодот 2027–2029, како и нацрт-предлогот на државниот буџет за 2027 година со проекции за 2028 и 2029 година. Фото: Branko Radovanović / Wikimedia Commons / CC BY-SA 4.0.
Хрватската влада на 11 ноември испрати во собраниска постапка законски измени со кои предлага Загреб и Крапинско-загорската жупанија од 1 јануари 2027 година да се вратат на редовното финансирање на децентрализираните функции. Според министерот за просторно уредување и градежништво Бранко Бачиќ , по земјотресите од 2020 година на погодените локални и регионални власти им било дозволено дел од средствата наменети за образование, здравство, пожарникарство и социјална заштита да го насочуваат кон обнова на згради. Државниот буџет потоа ги покривал тие функции.