Комисијата за финансирање и буџет ја почна надзорната расправа за Алта банка, на која треба да се разгледаат околностите што довеле до воведување администрација во банката, улогата на Народната банка во постапката, како и одговорноста на надлежните институции. На седницата се поканети сведоци, овластени претставници и експерти од областа, членовите на Комисијата, нивните заменици и други пратеници, претседателот на Собранието, Африм Гаши, потпретседателите на Собранието, Антонио Милошоски, Весна Бендевска и Јован Митрески, координаторите на пратеничките групи, гости на Комисијата за финансирање и буџет, како и претставнии од НДИ во Скопје. Прв поканет сведок е премиерот Христијан Мицкоски, кој има пет минути да се обрати пред Комисијата.