1.0 | 0 | 0Почетино со солзи се збогуваше со САД: Најтешката одлука во кариерата
Точка

Точка

Маурисио Почетино се расплака на збогувањето со американската репрезентација , опишувајќи го заминувањето како најтешка одлука во својата тренерска кариера. Аргентинецот зборуваше во петокот, 13 ноември, во тренинг-центарот на американската федерација во Фајетвил, Џорџија. Покрај него беа претседателката Синди Парлоу Коун и извршниот директор Џеј Ти Батсон.

Лидер

Заминувањето на Маурицио Покетино на позицијата тренер на Манчестер Јунајтед исто така значи дека тој ја завршил својата мисија како селектор на репрезентацијата на Соединетите Американски Држави. Поради големиот предизвик и можноста да тренира еден од најголемите клубови во светот, Покетино не можел да ја одбие поканата и ги напуштил Соединетите Американски Држави. Според информациите на американскиот медиум Ју-Ес-Еј Тудеј, еден од главните кандидати за испразнетото селекторско место е Роберто Мартинез, шпанскиот стручњак кој ја напушти репрезентацијата на Португалија по Светското првенство.

Fresh : 0.10 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 11.01.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]

1.0 | 0 | 0 | [0|0]Робертсон испиша историја против Македонија, во понеделник станува апсолутен рекордер!
Спортеи

Спортеи

Се чини дека дуелите против Македонија се предодредени да ги обележат најголемите јубилеи во репрезентативната кариера на Енди Робертсон. Откако во октомври во Скопје го одигра својот 100. натпревар во националниот дрес, капитенот на Шкотска во синоќешната победа од 2:1 на преполниот „Хемпден Парк“ во Глазгов го запиша 102. настап и се израмни на вечната листа со легендарниот Кени Далглиш, а веќе во понеделник ќе има шанса и осамен да застане на врвот. Левиот бек на Тотенхем, кој зад себе има деветгодишна ера во Ливерпул, по средбата порача дека сè уште е гладен за големи успеси со репрезентацијата пред да почне поопуштено да слави со навивачите.

Точка

Енди Робертсон е пред израмнување на рекордот на Кени Далглиш. Ако вечерва заигра против Македонија на „Хемпден парк“, шкотскиот капитен ќе стигне до 102 настапа за националниот тим. Средбата во Лигата на нации е на 13 ноември од 20:45 часот по Скопје . Рекордот сè уште не е израмнет: за тоа е потребно Робертсон да настапи.

Fresh : 0.08 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 11.01.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]

1.0 | 0 | 0 | [0|0]Албанија ја совлада Финска со 2: 0, Мучи и Манај донесоа голема победа за „црвено-црните“
Илинден

Илинден

Фудбалската репрезентација на Албанија оствари значајна победа против Финска со резултат 2:0. Албанците до победата стигнаа благодарение на погодоците на Ернест Мучи и Реј Манај, кои ја потврдија добрата форма на националниот тим. Мучи го отвори резултатот во 35. минута, додека Манај во 50. минута ја зголеми предноста на 2:0. Финска дополнително си ја отежна задачата откако во 67. минута остана со играч помалку по црвениот картон за Техо. Со оваа победа Албанија освои важни бодови во групата и ја продолжи борбата за првото место и пласман во повисок ранг на натпреварувањето.

Точка

Албанија ја победи Финска со 2:0 на „Ер Албанија“ во Тирана и стигна до 12 бода во групата Ц1 од Лигата на нации. Средбата се одигра на 12 ноември, а домаќините ја задржаа водечката позиција. Според официјалниот извештај на Албанската федерација, Ернест Мучи погоди во 35. минута . Тој ја прими топката на десната страна и со надворешниот дел од стапалото ја испрати во мрежата.

Офф.нет

Првата вечер од 5. коло во Лига на нации почна со доста атрактивни голчишта. Арда Гулер се отвори ептен од слободен удар, ама и Ернест Мучи од Албанија не е ништо полош. Албанците ја добија Финска со 2:0 и ја сочуваат лидерската позиција во својата група од Ц конкуренцијата.

Fresh : 0.03 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 31.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0
Комерцијални објави
Fresh : 0.04 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 11.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Швајцарија се врати во Лига А: Бодот во Марибор го потврди првото место
Точка

Точка

Швајцарија обезбеди враќање во Лига А на Лигата на нации по ремито 0:0 со Словенија во Марибор на 13 ноември. Бодот беше доволен за тимот на Мурат Јакин да го потврди првото место во групата Б1, во која настапува и Македонија. Швајцарците пристигнаа на стадионот „Људски врт“ со четири победи од четири натпревари.

Точка

Швајцарија вечерва, 13 ноември од 20:45 часот , гостува кај Словенија во Марибор со јасна пресметка: еден бод носи прво место и враќање во Лига А . По четири победи во четири кола, тимот на Мурат Јакин има можност да ја заврши главната работа уште пред последниот натпревар во групата. Швајцарците имаат 12 бода, пет повеќе од Словенија , единствената репрезентација што сè уште може да ги достигне. Победија со по 3:0 на гостувањата во Скопје и во Глазгов, а во Луцерн беа подобри од Словенија со 2:1 и од Македонија со 3:0. Токму дуелот со Словенците беше најтесниот од досегашните четири.

Fresh : 0.04 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 11.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Бекам избран во американската фудбалска Куќа на славните: Церемонијата е во април
Точка

Точка

Дејвид Бекам е избран во Националната фудбалска Куќа на славните на САД како член на генерацијата за 2027 година. Изборот е објавен на 12 ноември, а свечениот прием ќе се одржи на 16 април 2027 во Фриско, Тексас. Поранешниот капитен на Англија е избран преку гласањето за ветерани.

Спортеи

Доаѓањето на Дејвид Бекам во Лос Анџелес засекогаш ја промени перцепцијата за фудбалот преку Атлантикот, а Американците сега му возвраќаат со највисокото можно признание. Поранешниот англиски репрезентативец официјално е избран за нов член на Куќата на славните на американскиот фудбал како дел од Класата 2027, соопшти селекцискиот комитет задолжен за годишниот избор. Денес 51-годишен сопственик на Интер Мајами, Бекам ги мина завршните години од својата играчка кариера во дресот на ЛА Галакси, со кого ги освои шампионските титули во МЛС-лигата во 2011 и 2012 година.

Fresh : 0.02 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 21.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Грилиш се извини за испадите
Контра

Контра

Џек Грилиш им се извини на навивачите на Евертон откако беше повторно повикан во тимот и играше на пријателскиот натпревар против Дерби. Играчот од средниот ред пропушти четири натпревари за „карамелите“ и не играше за тимот од 17 октомври откако клубот му изрече дисциплинска казна. Во тоа време, Дејвид Мојес не откри точно што се случило, но не ја затвори вратата за враќањето на играчот.

Точка

Џек Грилиш јавно им се извини на навивачите и на сите во Евертон по периодот надвор од тимот поради прекршување на клупската дисциплина. Фудбалерот се врати на теренот на 12 ноември, во пријателски натпревар против Дерби Каунти зад затворени врати. Во објава на Инстаграм, пренесена од британските медиуми и Ројтерс, Грилиш изрази жалење што не можел да му помогне на тимот во последните недели . Тој истакна дека му било убаво повторно да биде со соиграчите по неколку добри денови на тренинг.

Fresh : 0.02 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 21.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Де ла Фуенте го потврди враќањето на Јамал и Ојарзабал пред Англија
Точка

Точка

Ламин Јамал и Микел Ојарзабал се враќаат во плановите на Шпанија за дуелот со Англија. Селекторот Луис де ла Фуенте по натпреварот во Прага потврди дека двајцата треба да се приклучат на подготовките денеска, 13 ноември. Во интервјуто за ТВЕ, објавено по победата над Чешка, селекторот соопшти дека Јамал се чувствува многу добро и има голема желба да се приклучи.

Спортеи

Шпанската репрезентација ќе биде посилна за Ламин Јамал и Микел Ојарзабал за претстојниот дуел против Англија во Лигата на нациите. Двајцата офанзивци ќе му се приклучат на националниот тим пред неделната пресметка, откако го пропуштија триумфот од 2-0 над Чешка. Јамал претходно остана во Барселона поради проблеми со коленото, додека Ојарзабал доби дозвола да отпатува во Сан Себастијан за да присуствува на раѓањето на своето второ дете.

Fresh : 0.02 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 21.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Де ла Фуенте: Ниту Јамал, ниту некој друг играч има посебен третман во репрезентацијата
Сител

Сител

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис де ла Фуенте, беше принуден јавно да ги негира гласините дека играчот од средниот ред на Барселона, Ламин Јамал, ужива посебен третман кај него. Деветнаесетгодишниот Јамал не патуваше со националниот тим за натпреварот од Лигата на нации против Чешка поради проблем со коленото. Се очекува да биде достапен против Англија в недела, 15 ноември.

Контра

Селекторот на шпанската репрезентација, Луис де ла Фуенте, ја објасни одлуката напаѓачот Ламин Јамал да не игра на натпреварот од Лигата на нации против Чешка на 12 ноември. Според тренерот, Јамал чувствува непријатност во десното колено уште од победата на Барселона од 3-0 над Астон Вила во четвртото коло од Лигата на шампионите. „Тоа е правилна одлука.

Република

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис де ла Фуенте, беше принуден јавно да ги негира гласините дека играчот од средниот ред на Барселона, Ламин Јамал, ужива посебен третман кај него. Деветнаесетгодишниот Јамал не патуваше со националниот тим за натпреварот од Лигата на нации против Чешка поради проблем со коленото. Се очекува да биде достапен против Англија в недела, 15 ноември.

Точка

Ламин Јамал нема посебни привилегии во шпанската репрезентација , порача Луис де ла Фуенте на прес-конференцијата пред гостувањето кај Чешка. Селекторот објасни дека напаѓачот останал во Барселона поради проблемот со коленото, со цел да избегне непотребно патување и да продолжи со третманот во клубот. Според изјавите што ги пренесоа „Европа прес“ и јавниот сервис РТВЕ на 11 ноември, прегледите покажале воспаление и течност во коленото.

Fresh : 0.05 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 51.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Кулушевски открива драмата со повредата: Мораше да направам трансплантација на колено, но реков не. Ме спаси српскиот доктор…
Спорт М

Спорт М

Дејан Кулушевски се врати во шведската репрезентација по двегодишно отсуство, откако ја надмина тешката повреда на крстената врска на коленото, што го држеше надвор од терените цели 526 дена. Крилниот напаѓач на Тотенхем се врати во октомври, а сега е повикан од тренерот Грејхам Потер за одлучувачките натпревари од Лигата на нации против Босна и Полска. Во едно интервју за тешката побрама, тој откри дека по две неуспешни хируршки интервенции му била предложена трансплантација на коленото, што ќе го оддалечеше уште 18 месеци од терените.

Точка

Дејан Кулушевски откри дека за време на долгото опоравување од повредата на коленото одбил предложена дополнителна операција , која самиот ја опишал како трансплантација. Во интервју објавено од шведскиот „Фотболсканален“ на 10 ноември, фудбалерот на Тотенхем раскажа и колку блиску бил до помислата дека кариерата можеби завршува. По првичните зафати закрепнувањето не одело според очекувањата.

Fresh : 0.02 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 21.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Мохамед Салах стана најдобар стрелец во историјата на Египет
Спортеи

Спортеи

Мохамед Салах и официјално се запиша со златни букви во аналите на египетскиот фудбал. Во убедливиот триумф на „фараоните“ против Малави од 5-0 во Каиро, во рамки на квалификациите за Африканскиот куп на нации 2027, 34-годишниот напаѓач на Трабзонспор постигна два погодоци во самата завршница и со вкупно 70 голови го урна повеќедеценискиот рекорд на легендарниот Хосам Хасан (69). Иако домаќините го решија прашањето околу победникот уште во првото полувреме со три погодоци, долго време се чинеше дека историскиот јубилеј ќе мора да почека за некоја следна прилика. Сепак, Салах режираше вистински спектакл во финишот, најпрво во 84. минута со прецизен удар со глава на втората статива го искористи центаршутот на Ибрахим Адел за да се израмни на врвот, а потоа во длабокото судиско продолжение презеде одговорност од белата точка и со мајсторска „паненка“ го круниса својот подвиг.

Опсервер

Мохамед Салах стана најдобар стрелец во историјата на египетската фудбалска репрезентација. Салах го постигна својот 70-ти гол за репрезентацијата во квалификацискиот натпревар за Африканскиот куп на нации против Малави. Всушност, тој ги постигна 69-тиот и 70-тиот гол и со тоа го престигна претходниот рекордер Хосам Хасан, некогаш и селектор на оваа селекција, на вечната листа на стрелци.

Fresh : 0.12 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 1 | 0 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Стефан Ристиќ повторно ја израдува Македонија
МКД

МКД

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години ја забележа и втората победа на квалификацискиот турнир кој се игра во Трабзон, овојпат го победивме Сан Марино со минимални 1-0, Стефан Ристиќ повторно беше нашиот херој. Македонија во првото коло ја совлада Унгарија со 3-2, во тој меч сите три гола беа дело на Ристиќ, а напаѓачот кој е дел од младинскиот погон на Партизан и денеска донесе победа. Во вториот денешен дуел ако Турција ја победи Унгарија, тоа значи дека ќе завериме едно од првите две места уште на коло пред крајот.

Спортска Мрежа

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години забележа нова победа во квалификациите за Европското првенство, откако со минимални 1:0 ја совлада селекцијата на Сан Марино. Фудбалерите на Иљами Исејни продолжуваат со одличните настапи во квалификацискиот турнир. По претходната победа над Унгарија, македонските фудбалери денеска стигнаа и до триумф против Сан Марино, со што се доближија до пласман во елитната фаза.

Fresh : 0.14 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 2 | 0 | 0 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Еден гол, пет порази и многу молк: До кога Седлоски ќе добива нови шанси?
Контра

Контра

Македонската фудбалска репрезентација конечно постигна гол, но продолжи таму каде што застана – со нов пораз. Шкотска нè победи со 2:1 во Глазгов, Елмин Растодер ја прекина голгетерската суша, но Македонија повторно остана со празни раце. Пет натпревари, пет порази, нула бодови и само еден постигнат гол.

ФинПортал

Дома Фудбал Домашен фудбал Фудбал Домашен фудбал Репрезентација Малески оптимист: Верувам дека можеме да ја победиме Словенија, а зошто да не и Шкотска Трајан Маневски пред 2 дена 2191 Facebook X What.

Точка

Марко Ѓорѓиевски се надева дека ќе добие шанса за дебитантски настап и ќе ѝ помогне на Македонија да го промени правецот во завршницата од Лигата на нациите. Напаѓачот на Шкендија ги сподели очекувањата пред гостувањето кај Шкотска и домашниот дуел со Словенија . Во изјавата објавена од ФФМ на 11 ноември, Ѓорѓиевски порача дека секоја репрезентација минува низ тежок период, но верува оти е време македонскиот тим да почне да оди нагоре. Фудбалерот сака евентуалните минути да ги искористи за да даде сопствен придонес.

Спорт М

Македонија утре вечер против Шкотска игра уште еден меч од Лигата на нации во Глазгов. Македонија се уште е без победа, без постигнат гол, но селекторот вели атмосферата е подобрена, и на прес конференцијата пред мечот порача на играчите да одиграат храбро и да уживаат во мечот. Знаеме со какви играчи располага.

Fresh : 1.13 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 3 | 1 | 3 | 0 | 891.01.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]

1.0 | 0 | 0 | [0|0]Португалија врти нов лист без Роналдо: Посебен омаж во седмата минута со Данска!
Спортеи

Спортеи

Вечерва од 20:45 часот во Брага официјално започнува новата ера на португалскиот фудбал, прва по 23-годишното репрезентативно поглавје на легендарниот Кристијано Роналдо. Иако досегашниот капитен нема да биде присутен на трибините, Фудбалската федерација на Португалија подготви посебна церемонија во негова чест, играчите ќе истрчаат во специјални дресови со бројот седум, а натпреварот против Данска ќе биде прекинат во седмата минута за целиот стадион да му оддаде признание. Со максимален учинок досега и веќе обезбеден билет за четвртфиналето на Лигата на нации, селекторот Жорж Жезус влегува во мечот без резултатски притисок, додека капитенската лента ја наследи искусниот Бернардо Силва.

Контра

Португалија подготвува необично збогување со Кристијано Роналдо, откако легендарниот напаѓач одлучи да ја заврши својата репрезентативна кариера. Португалската фудбалска федерација потврди низа посебни гестови со кои ќе му оддаде почит на еден од најважните фудбалери во историјата на националниот тим. Португалците ќе одржат посебна почит на својот поранешен капитен на стадионот „Мунсипинал де Брага“ во сабота, пред натпреварот од Лигата на нациите против Данска.

Курир

Португалската фудбалска звезда Кристијано Роналдо има намера да остане во Ал-Наср, а според медиумите во Саудиска Арабија, би можел да потпише нов договор со важност до јули 2029 година. Роналдо пристигна во Ал-Наср во јануари 2023 година и веќе ја игра петтата сезона во клубот. На 160 натпревари досега постигна 138 голови, а и покрај тоа што стави крај на репрезентативната кариера, не планира наскоро да се повлече од клупскиот фудбал.

Спорт Статион

Фудбалската репрезентација на Португалија се наоѓа пред историска пресвртница. Избраниците на Хорхе Жезус во сабота ја пречекуваат Данска во Брага во рамките на Лигата на нации, што ќе биде нивниот прв официјален натпревар по повлекувањето на Кристијано Роналдо од националниот тим. Новиот капитен, ѕвездата на Реал Мадрид, Бернардо Силва, уверува дека екипата има капацитет да се справи со притисокот во новата ера.

Fresh : 0.32 || 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 1 | 1 | 0 | 0 | 41.01.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]

1.0 | 0 | 0 | [0|0]Маурисио Покетино е нов тренер на Манчестер Јунајтед
Офф.нет

Офф.нет

Аргентинскиот стратег потпиша договор до јуни 2029 година, а официјално ќе го преземе тимот на 18 ноември, откако ќе ги заврши обврските со репрезентацијата на САД за натпреварите против Хаити. Манчестер Јунајтед постигна договор со Фудбалската федерација на САД и ја активираше откупната клаузула од околу 10 милиони долари за негово ослободување. Неговиот прв официјален натпревар на чело на црвените ѓаволи ќе биде дербито против Ливерпул на Енфилд кое е закажано на 22 ноември.

Опсервер

Аргентинскиот стручњак Маурисио Покетино ќе стане нов тренер на Манчестер Јунајтед, откако договори соработка до 2029 година. Според доверливиот новинар на „Атлетик“ Дејвид Орнштајн, Покетино ќе го наследи Мајкл Карик на клупата на Јунајтед, а клубот од „Олд Трафорд“ ќе плати приближно 8,6 милиони евра за да го откупи неговиот договор со Фудбалската асоцијација на Соединетите Американски Држави. Јунајтед го означи 54-годишниот Аргентинец како главен кандидат за нов тренер, а преговорите се практично завршени.

Контра

Аргентинскиот стручњак Маурисио Покетино ќе стане нов менаџер на Манчестер Јунајтед, откако постигна договор со англиските гиганти за соработка до 2029 година. Според новинарот на „Атлетик“, Дејвид Орнштајн, Покетино ќе го наследи Мајкл Карик на клупата на Јунајтед, а клубот од „Олд Трафорд“ е подготвен да плати приближно 8,6 милиони евра за да го ослободи од договорот со Фудбалската федерација на Соединетите Американски Држави. Јунајтед го идентификуваше 54-годишниот Аргентинец како свој главен кандидат за нов менаџер, а преговорите се практично завршени.

Точка

Манчестер Јунајтед и Маурисио Почетино постигнале договор за преземање на тренерската функција, објави „Скај спортс“ на 13 ноември. Според медиумот, предвиден е договор на две и пол години , но официјалното именување сè уште се очекува. „Скај“ наведува дека во петок се довршуваат договорните детали, по што треба да следуваат формалното ослободување од актуелниот договор со американската федерација и потписот со Јунајтед.

Fresh : 0.20 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 171.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Зошто Шпанија и Англија имаат за што да играат: Првото место носи реванш дома
Точка

Точка

Шпанија и Англија веќе го обезбедија четвртфиналето во Лигата на нации, но нивниот последен групен дуел има конкретна тежина. Во недела, 15 ноември од 20:45 часот по скопско време , на „Метрополитано“ во Мадрид ќе се решава кој ќе ја заврши групата А3 на првото место. Шпанците влегуваат со 15 бода од пет натпревари, а Англија има 12 . Победата со 2:0 во Чешка и англиските 2:1 против Хрватска ја задржаа разликата од три бода.

Точка

Англија и Хрватска влегуваат во вечерашниот дуел со различна математика. На Англичаните им е доволен бод за потврдено четвртфинале во Лигата на нации, додека Хрватска мора да победи за да ги задржи шансите за место меѓу најдобрите осум. Натпреварот е закажан за денес, четврток, 12 ноември, во 20:45 часот по Скопје.

Контра

Менаџерот на Англија, Томас Тухел, ја пофали реакцијата на своите играчи откако примија израмнувачки гол, но сепак дојдоа до победа од 2-1 над Хрватска во натпревар од Лигата на нации на УЕФА на стадионот Вембли. „Добра победа за нас. Имавме огромна желба за победа и мислам дека целосно ги заслуживме трите бода.

Република

Репрезентациите на Англија, Шпанија и Италија и се приклучија на Белгија со победи на синоќешните дуели од 5.коло од А сегментот во Лигата на нациите. Во првиот дуел Белгија во Истанбул ја победи Турција со 2:1, а на вториот дуел од групата 1 Италија славеше со 3:1 против Франција. На чело на табелата се Италија и Франција со по 10 бодови, а Белгија има 9, додека Турција е без бод.

Fresh : 0.18 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 111.01.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]

1.0 | 0 | 0 | [0|0]Сити се брани во декември, конечната казна паѓа во јануари
Спортеи

Спортеи

Сагата што со месеци го тресе англискиот и европскиот фудбал конечно влегува во завршна фаза. Како што открива реномираниот „Фајненшел тајмс“, Манчестер Сити кон средината на декември ќе ја има последната шанса да ги побие сите 114 точки за кршење на финансиските прописи на Премиер лигата, по кои независно тело веќе го прогласи за виновен. Жалбената постапка на „граѓаните“ ќе трае неколку дена, а одлуката на комисијата се очекува на самиот почеток од јануари, по што речиси веднаш ќе бидат обелоденети и санкциите.

Спорт М

Еден од најсериозните проблеми во историјата на англискиот фудбал се приближува до клучен момент, бидејќи е веќе договорен календарот на правната битка која Манчестер Сити ја води за да се одбрани од обвинувањата за кршење на финансиските регулативи на Премиер лигата. Манчестер Сити е подготвен да започне нова фаза од својата правна битка, додека спортскиот свет е во исчекување на одлука која може драстично да ја промени иднината на англиските шампиони. Меѓу потенцијалните санкции се вклучува и исклучувањето од Премиер лигата.

Точка

„Манчестер Сити ќе се соочи со санкции во 2027 година ако жалбата на клубот не биде усвоена. Жалбата во случајот за прекршување на финансиските правила ќе се разгледува кон средината на декември. Парични казни, одземање бодови, па дури и исклучување од Премиер лигата се меѓу можните санкции“, наведува весникот.

Канал 5

Манчестер Сити ќе се соочи со санкции во 2027 година доколку нивната жалба биде одбиена. Жалбата во случај на финансиски малверзации ќе биде разгледана кон средината на декември. Казни, одземање бодови или дури и исклучување од Премиер лигата се меѓу можните казни, тврди весникот.

Fresh : 0.11 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 41.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0(Видео) Уругвај победи во Биенос Аирес
Опсервер

Опсервер

Аргентина, загуби од Ургвај, во првиот натпревар што го одигра по пензинирањето на Лионел Меси. Уругвај во Буенос Аирес, на „Бомбоњера“ победи со 2:1. Иако Аргентина имаше многу повеќе шанси, удари кон голот и посед на топка од дури 72%, Уругвај славеше победа. Во отсуство на Лионел Меси, местото на стартерот очекувано го зазеде Нико Паз, заедно со Тијаго Алмада и Хулијан Алварез.

Курир

Репрезентацијата на Уругвај славеше голема победа од 1-2 (0-0) на гостувањето кај лутиот ривал Аргентина во пријателскиот натпревар одигран на легендарниот стадион „Ла Бомбонера“ во Буенос Аирес. Првите 45 минути поминаа во знакот на теренската иницијатива на домаќините, кои преку Хулијан Алварез и Тиаго Алмада имаа рани шанси, но мрежите мируваа до паузата. По една конфузија во шеснаесетникот на Аргентина и неспретна интервенција при обид за расчистување, дефанзивецот Леонардо Балерди си постигна автогол и им донесе водство на гостите во 48.минута.

Спортеи

Животот без Лионел Меси започна со болен пораз за актуелниот светски првак. Во 198. издание на култното „Класико дел Рио де ла Плата“, Уругвај ја совлада Аргентина со 2-1 на преполната „Бомбонера“ во Буенос Аирес, расипувајќи го почетокот на новото поглавје за „гаучосите“ по репрезентативното повлекување на нивниот долгогодишен капитен. Иако домаќините беа поконкретни во првото полувреме кое заврши без голови, продолжението донесе неочекуван пресврт на настаните.

Контра

Фудбалската репрезентација на Уругвај ја победи Аргентина со 2-1 во пријателски натпревар. Ова беше прво појавување на аргентинската репрезентација откако Лионел Меси се повлече од репрезентативниот фудбал. Поразот на актуелните светски вицешампиони беше запечатен со автогол на аргентинскиот дефанзивец Леонардо Балерди во второто полувреме и редок гол на уругвајскиот играч од средниот ред Макси Араухо.

Fresh : 0.18 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 3 | 1 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0