Системите на „SpaceX“ ноќта кон неделата ја „фатија“ горната фаза од својот гигнатски ракетен комплекс „Starship“ првпат по враќањето на Земјата од пробен лет во вселената. Околу 20 часа по лансирањето, „Starship“ се врати во космодромот „Starbase“ во јужен Тексас, каде што беше фатен од механичките раце на лансирната кула. Тоа беше првпат инженерите на „SpaceX“ да се обидат да ја прифатат ракетата на таков начин.
Масивниот бустер на ракетата носач на ракеата „Starship“ на компанијата „SpaceX“ на Илом Макс експлодирашпе претворајќи се во огнена топка, откако беше прекинат обидот за негово зафаќање при слетувањето за време на пробен лет во „Starbase“, во американската сојузна држава Тексас. Иако „Starship“ успешно полета, засилувачот не успеа да се врати за планираното прифаќање од страна на лансирната кула, туку падна во морето и експлодираше. Така „SpaceX“ не успеа да го изведе таканатеченот „двојно зграпчување“ на ракетата-носач и горната фаза за време на 15-от тест лет на „Starship“, според преносот преку онлајн платформите.
Американската вселенска компанија „СпејсИкс“ ноќеска доживеа неуспех при уште еден тест-лет на џиновската ракета „Старшип“. Тестот предвидуваше механичките раце на лансирната кула да ги фатат двата степена на ракетата, но долниот сегмент познат како ракетен забрзувач „Супер Хеви“ наместо да биде прифатен од лансирната кула како што беше планирано, се спушти во морето и се запали. Од Компанијата на технолошкиот милијардер Илон Маск засега не е соопштено што го предизвикало неуспешниот обид за враќање на „бустерот“.
Компанијата „СпејсИкс“ на Илон Маск го лансираше вселенското летало „Старшип“ од Тексас на својот 15. пробен лет, во рамки на мисија во која за првпат ќе се обиде успешно да го врати горниот дел од леталото на истото место од кое полета. Тестирањето претставува важен чекор во плановите на компанијата за развој на целосно повторно употреблив ракетен систем, пренесува „Ројтерс“. Според планот на мисијата, горниот степен на „Старшип“, кој лета без екипаж, треба да се врати на лансирната платформа во Тексас по речиси еден ден поминат во орбитата.
Ракетата „Vulcan“ на компанијата „United Launch Alliance“ (ULA), заедничко вложување на американските гигнати во авионската индустрија „Boeing“ и „Lockheed Martin“, откажа набрзо по лансирањето од Флорида во неделата, уништувајќи 40 сателити наменети за интернет мрежата Leo на „Amazon“. Станува збор за првото неуспешно лансирање во историјата на компанијата. Ракетата откажа околу десет минути по полетувањето, а причината сè уште е непозната.
Ракета „Вулкан“ на United Launch Alliance (ULA) денеска, 15 ноември, не успеала да ја исполни мисијата за сателитската интернет-мрежа на „Амазон“. Компанијата потврдила аномалија околу десет минути по полетувањето од Флорида и неуспешно доставување на товарот во орбита, пренесе Ројтерс . Товарот го сочинувале 40 сателити за Amazon Leo . Причината за неуспехот засега не е утврдена; ULA соопштила дека сè уште нема доволно податоци за заклучок. Во најавата објавена пред лансирањето, „Амазон“ ја опиша LV-01 како своја прва мисија со овој тип ракета и како најголема дотогаш планирана поединечна пратка сателити за Leo.