Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
„Јас би сакал еден документ да го презентирам овде пред македонската јавност, а тоа е извадок од Нацрт записникот од 194 седница на Владата одржана на 24 октомври 2023 година.
„Тогаш претседател на Владата е господинот Димитар Ковачевски и на самата седница на Владата се отвора темата за Алта Банка АД Белград, односно тогашниот министер за финансии Фатмир Бесими излегува со информација во која бара од Владата да му одобри на Државното правобранителство да влезе во деловни односи со Алта Банка- Србија“, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието за состојбите во Алта Банка Битола, како одговор на обвинувањата дека актуелната власт дозволила сомнителен капитал од Алта Банка да влезе во македонска банка.