Хрватска во изминатите 13 учебни години остана без 63.918 ученици во основните и во средните училишта, односно за 12,5 отсто од вкупниот број, а најтешко е погодена Вуковарско-сремската жупанија, каде што бројот на ученици е намален за повеќе од една третина. Пораст на бројот на ученици во овој период бележат единствено Градот Загреб и Истарската жупанија, покажуваат податоците од Училишниот електронски регистар (ШеР) на министерството за наука, образование и млади на Хрватска, јави Хина. Во Градот Загреб бројот на ученици се зголемил за 2,16 отсто (односно за 2.095 ученици), додека во Истарската жупанија пораснал за 1,87 отсто (за 399 ученици) во споредба со учебната 2013/2014 година.