Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
„Жената, мајката и ќерката треба најбезбедно да се чувствуваат во својот дом, а институциите се должни да направат сè што е во нивна можност за нивна заштита, порача министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за телевизија Сител, најавувајќи дека во Собранието е поднесено ново законско решение за семејно насилство, со кое, меѓу другото, се предвидува и можност за употреба на електронски алки за следење на насилниците.
Тој посочи и дека во 2026 година има зголемување од 270 проценти на изречените мерки притвор поврзани со семејно насилство, наведувајќи дека 163 лица се во притвор или биле во притвор во текот на годината за кривични дела поврзани со овој вид насилство.
„Факт е дека пријавите во Министерството за внатрешни работи оваа година се далеку побројни отколку претходно...Јас сакам да верувам дека тоа е така затоа што жртвите се охрабрија да пријавуваат, гледајќи партнер во рамки на Министерството за внатрешни работи како институција – рече Тошковски.
Верувајте ми, ова законско решение нема да ја реши состојбата со семејното насилство, но гарантирам дека ќе даде подобри резултати од оние што ги имаме сега – рече Тошковски.
„Тој објасни дека со предложените измени полициските службеници ќе добијат овластувања за побрза интервенција, а ќе се зајакнат и механизмите за постапување во случаи на семејно насилство.
„До Собранието е поднесен нов закон за спречување и заштита од семејно насилство, изјави министерот за внатрешни работи.