Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, гo поддржа претседателскиот кандидат Андреј Ѓуров и се приклучи кон заедничката декларација на претседателот Росен Плевнелиев, на која потписи ставија поранешни премиери, министри, дипломати, објавија бугарските медиуми. Во документот, што го пренесува Vesti.bg потписниците ги повикуваат Бугарите да гласаат за Ѓуров и Кандев во вториот круг и предупредуваат на растечките ризици за националната безбедност поради, според нив, потценувањето на руската закана за Бугарија. Меѓу потписниците се и тројца поранешни премиери – Бојко Борисов, Иван Костов и Николај Денков.