Споредбата на цените на енергентите покажува дека Македонија има пониски цени од европскиот просек кај електричната енергија и природниот гас за домаќинствата, како и пониски цени на одредени горива во однос на повеќе европски држави. Според Евростат, во првата половина на 2026 година домаќинствата во Македонија плаќале просечно 11,68 евроценти за киловат-час електрична енергија, наспроти 28,32 евроценти во ЕУ. Кај природниот гас, македонската цена изнесувала 10,8 евра за 100 киловат-часови, додека просекот во Унијата бил 11 евра. Податоците за горивата пак, покажуваат дека литар бензин БМБ-95 во Македонија чини 1,48 евра, а дизелот 1,61 евро.