Левица соопшти дека Европскиот суд за човекови права – Стразбур, со пресудата „АД Осигурителна полиса против Република Македонија“ од ноември 2025 година одлучи дека нашата држава, како тужена странка, со децении неоправдано и противправно ги привилегира државните неплаќачи – јавни органи, јавни претпријатија и општини со нивните институции, во процесот на извршување на правосилните судски пресуди. Според Левица, Европскиот суд утврдил дека неизвршувањето на конечните и извршни пресуди во корист на граѓаните и компаниите од приватниот сектор – со досега акумулиран јавен долг кој изнесува околу 700 милиони евра – не може веќе да се толерира и да се оправдува со „комплексноста на буџетскиот систем“, затоа што тоа еклатантно го повредува владеењето на правото, правната сигурност на луѓето и мирното уживање на нивното загарантирано право на сопственост. Но, претседателот на Уставниот суд и поранешен кабинетски советник на Ѓорге Иванов – вмровецот Дарко Костадиновски, упорно одбива да го стави на гласање на јавна седница предметот по иницијативата со кој се оспорува токму контроверзниот член 218 од Законот за извршување, иако претходно Судот донел решение за поведување на постапка за оцена на уставноста на законот!?