Мајката на Сара, која сè уште се наоѓа во болница, преку јавна објава на Фејсбук изнесе сериозни обвинувања за постапките на осомничениот Кристијан, како и за наводното влијание на неговото семејство врз случајот. Таа наведува дека нејзината ќерка, наместо да се посвети на закрепнувањето, живее во страв за сопствената безбедност, особено по информацијата дека осомничениот синоќа бил пуштен на слобода. Во објавата, мајката тврди дека Кристијан се фалел оти неговите родители се доволно моќни за да „средат“ сè, посочувајќи ги неговите родители Љубинка Корабоска, поранешна претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, и Гоце Корабоски, инспектор во УЈП.