Случај на партнерско насилство ја вознемири јавноста во Охрид, откако девојка била физички нападната од своето момче, по што, според сведочења пренесени од локални медиуми, била оставена на улица во близина на маркет на „Тинекс“. Министерството за внатрешни работи потврди дека на 15 ноември, во 05:05 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода К.К. (28) од Охрид, по пријава дека физички ја нападнал својата девојка. Според информации што редакцијата ги добила од лица блиски до девојката, кај неа бил констатиран потрес на мозокот, а биле направени и дополнителни медицински испитувања, вклучително и магнетна резонанца.