По натпреварот со Естонија, селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Виктор Петровски, истакна дека националниот тим минува низ процес на создавање нова селекција, во кој особено е изразена генерациската промена и вклучувањето на поголем број млади кошаркарки. Без оглед на резултатот, Петровски ги потенцираше карактерот, борбеноста и пожртвуваноста на кошаркарките, како и нивниот однос кон репрезентативниот дрес. Според него, токму овие вредности се од особена важност во периодот на градење на новиот тим.
Женската кошаркарска репрезентација на Македонија в сабота, на 14 ноември од 18 часот, ќе ја пречека Естонија во спортскиот центар „Џексон“ во Штип. По стартниот пораз од Романија со 73:52, првиот домашен натпревар добива дополнителна тежина: во следната рунда од претквалификациите за Европското првенство во 2029 година продолжуваат само победниците на групите. Токму тој тесен простор за напредување го прави дуелот со Естонија важен уште на почетокот од циклусот.
Женската сениорска репрезентација на Македонија продолжува со натпреварите од ноемврискиот циклус на претквалификациите за Евробаскетот 2029. По гостувањето во Букурешт и дуелот со Романија, следниот предизвик за избраничките на Виктор Петровски е средбата со селекцијата на Естонија. Натпреварот Македонија – Естонија е закажан за 14 ноември (сабота), со почеток во 18:00 часот, во спортскиот центар „Џексон“ во Штип.
Женската кошаркарска репрезентација на Македонија го запиша и вториот пораз во претквалификациите за Евробаскетот 2029, откако на домашен терен во Штип убедливо загуби од Естонија со 51:86. По неуспехот во Букурешт против Романија, македонските кошаркарки повторно покажаа дека пред нив има многу работа доколку сакаат да бидат конкурентни во овој циклус. Натпреварот практично беше решен уште во првата четвртина. Естонија ја доби со убедливи 23:9, наметнувајќи ритам на кој домашната селекција немаше одговор.
Никола Јокиќ и Џамај Мареј го предводеа Денвер до победа над Пеликанс, во Њу Орлеанс (116:108). Јокиќ беше исклучителен. Тој забележа 26 поени, осум скока и 10 асистенции, заедно со три украдени топки. Канаѓанецот додаде 23 поени, седум скока и девет асистенции.
Денвер го победи Њу Орлеанс со 116:108 на гостински терен во натпреварот одигран на 14 ноември по американско време, односно во ноќта кон 15 ноември по Скопје. Никола Јокиќ заврши со 26 поени, 10 асистенции и осум скока , останувајќи на два скока од трипл-дабл. Џамал Мареј додаде 23 поени и девет асистенции , а Кристијан Браун постигна 17 поени.
Тандемот Јокиќ-Мареј беше главен и на овој натпревар. На српскиот кошаркар малку му недостасуваше за трипл-дабл. Тој постигна 26 пони, имаше десет асистенции и осум скокови, Мареј реализираше 23 поени, имаше девет асистенции и седум скокови.
Кошаркарите на Денвер Нагетс ја запишаа четвртата победа во последните пет натпревари откако славеа на гостувањето кај Њу Орлеанс со 116-108, во дуел што гостите го прекршија токму во моментите кога Никола Јокиќ одмораше на клупата. Иако составот од Колорадо имаше плус 11 во третата четвртина, Пеликанс преку Џордан Пул и тројката на Карло Матковиќ се вратија во игра и намалија на само четири поени негатива (86-82) пред последните дванаесет минути. Наместо пад без својот лидер на паркетот, стартот на решавачкиот период донесе фуриозна серија од 9-0 за гостите, режирана преку цврстата одбрана, блокадата и офанзивниот скок на Марвин Бегли, како и продорот на Спенсер Џонс.
Изминатата ноќ во НБА лигата ни донесе интересни натпревари каде бевме сведоци на неверојатни тимски достигнувања во одбраната, трипл-дабл настапи и изненадувачки победи на десеткувани состави. Кошаркарите на Мајами Хит продолжија со одличните игри, забележувајќи ја својата четврта последователна победа. Домаќините го прегазија Детроит предводени од Јанис Адетокумбо кој забележа 34 поени, 14 скокови и 8 асистенции.
Мајами го победи Кливленд со 133:121 во НБА купот, предводен од Јанис Адетокунбо и Бам Адебајо со по 37 поени . Натпреварот се одигра на 13 ноември во Мајами, односно во ноќта кон 14 ноември по Скопје. Адебајо додаде 14 скока, а Адетокунбо заврши со девет. Дејвион Мичел го организираше нападот со 22 поени и 17 асистенции , израмнувајќи го личниот рекорд во асистенции.
Мајами Хит го продолжија својот силен настап во НБА со изненадувачки убедлива победа од 137:117 над Детроит Пистонс. Мајами, кој ја започна сезоната со четири порази во низа, искористи многу ефикасен период непосредно пред и по полувремето за да го подобри својот резултат на седум победи и шест порази, првпат оваа сезона да имаат повеќе победи отколку порази. Откако го добија Детроит со 31:21 во втората четвртина, Мајами додаде уште 35 поени во третата четвртина гршејќи го отпорот на гостите.
Кошаркарите на Мајами Хит фатија силен залет и ја запишаа четвртата победа по ред откако на домашен терен го совладаа Детроит со убедливи 137-117, со што првпат сезонава стигнаа до позитивен биланс (7-6). Избраниците на Ерик Сполстра одиграа уште една офанзивно беспрекорна вечер, откако претходно му уфрлија 133 поени на Кливленд, сега стигнаа до вкупно 270 постигнати поени во два дена. Прво име кај домаќините повторно беше Јанис Адетокумбо, кој остана на чекор до трипл-дабл со 34 поени, 14 скока и осум асистенции, фантастична шутерска партија имаше Клеј Томпсон со 26 поени и шест тројки за само 20 минути на паркетот, додека Бем Адебајо додаде 20 поени. Иако Пистонс подобро го отворија дуелот и водеа со 39-37 по воведната четвртина, Мајами одговори со гранитна одбрана во вториот период, го сведе ривалот на само 21 поен и 24,1 отсто реализација од игра, а мечот го заврши со рекордни за сезоната 14 блокади.
Публиката во Кливленд со свирежи ја дочека веста дека тимот ќе истрча без комплетната стартна петорка, но на крајот со громогласни овации ги испрати осуммината кошаркари кои приредија вистинска сензација и го совладаа Далас со 127-117. По гостувањето во Мајами претходната вечер и привремениот прекин на авиосообраќајот низ САД, Кавалирс преноќија на Флорида и слетаа дома дури в сабота наутро. Иако Донован Мичел сметаше дека дуелот треба да се одложи, мечот се одигра во предвидениот термин, а тренерот Кени Еткинсон реши да настапи без Мичел, Џејмс Харден, Пејтон Вотсон и Џерет Ален, додека Еван Мобли втор натпревар по ред отсуствуваше поради повреда на палецот на левото стапало.
Кливленд го совлада Далас со 127:117 во ноќта кон 15 ноември по Скопје, иако настапи без својата вообичаена почетна петорка. Главна улога имаше Тајрис Проктор, кој го оствари првиот трипл-дабл во НБА-кариерата. Австралискиот бек заврши со 24 поени, 11 скока и 10 асистенции . Погоди 10 од 19 обиди од поле, вклучувајќи четири тројки, и загуби само една топка за нешто повеќе од 34 минути на паркетот.
Чикаго ја совлада Минесота со 117:106 во Минеаполис и ја запре нејзината серија од пет победи. Натпреварот се одигра на 14 ноември по американско време, односно во ноќта кон 15 ноември по Скопје. Матас Бузелис заврши со 18 поени и девет скока , додека Бади Хилд и Тре Џонс додадоа по 16 поени.
Чикаго ја прекина серијата од осум порази со победа над Атланта од 125:117 по продолжение во НБА купот. Норман Пауел беше најефикасен со 33 поени, а Џош Гиди го оствари првиот трипл-дабл во сезоната. Натпреварот во „Јунајтед центар“ се одигра во петокот, 13 ноември, по локално време, односно во ноќта кон сабота по скопско време.
Во рамките на 7.коло во Супер Лига Тиквеш дома славеше со Пелистер со 72:70, а во Гевгелија. Битолчани во Кавадарци подобро го отворија мечот, по првиот период беше +4 за нив, но во продолжение од средбата Тиквеш врати а победата дојде дури во самиот финиш кога кавадарчани знаеја како треба да одиграат. Ова е нивна четврта победа а за Пелистер ова е петти пораз.
Вицешампионот Еурофарм Пелистер забележа убедлива победа над Тиквеш над домашен терен славејќи триумф од 37:26 со што битолчани стигнаа до својата осма сезонска победа, а пак тимот од Кавадарци го запиша четвртиот сезонски пораз. Само во првите десет минути беше неизвесно, а потоа битолчани започнаа да создаваат предност и на полувреме беше 17:13. На стартот од вториот дел Тиквеш намали на минус два при 19:17, а потоа Еурофарм Пелистер влезе во одлична серија на погодоци и стигна до плус десет при 31:21 на десет минути пред крајот на мечот и сите работи беа решени. Завршницата беше рутина за домаќинот кој ја завери осмата победа со 37:26. Петар Атанасијевиќ беше прв стрелец со девет гола кај битолчани, а пак Жарко Пешевски имаше шест од шест, во тимот на Кристијан Грчевски најдобар со осум гола од десет обиди беше Тоше Ончев.
Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер на домашен терен славеше убедлива победа против ГРК Тиквеш со резултат 37-26, во рамките на натпреварите од македонската ракометна лига. Ова беше осма победа во сезоната за избраниците на Лино Червар, кои досега имаат забележано и еден пораз и едно реми. На спротивната страна, тимот на кавадарчани по овој натпревар има скор од четири порази, пет победи и едно реми.
Седмото коло во македонската кошаркарска Суперлига донесе две средби со неизвесна завршница, но и важни резултати за екипите кои се борат за подобра позиција на табелата. ТФТ славеше на гостувањето кај Кожув со 88:86 по продолжение, додека Тиквеш пред својата публика го совлада Пелистер со 72:70. Во Гевгелија се одигра вистинска кошаркарска драма. ТФТ успеа да излезе како победник од гостувањето кај Кожув, иако домаќинот имаше свои аргументи и сериозно се наметна во текот на натпреварот.
Првите два месеци од ракометната сезона 2026/27 донесоа позитивна слика за македонскиот клупски ракомет и во регионални рамки. Според статистичкиот преглед на „Балкан Хендбол“, Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер се пласираа меѓу десетте најдобри екипи според просечниот број постигнати голови, додека македонските претставници доминираат и во рангирањето на најуспешните одбрани. Во офанзивната конкуренција Вардар го зазема петтото место со просек од 34,33 погодоци по натпревар, а битолски Еурофарм Пелистер е веднаш зад него на седмата позиција со 33,90. Најдобра реализација досега има Партизан со просечни 37,56 гола, пред Загреб со 37,00 и Целје со 34,40. Меѓу првите десет се и Слован, Тримо Требње, Војводина, Нексе и Динамо Панчево.
Возбудувањата во Првата македонска кошаркарска лига продолжуваат викендов со натпреварите од шестото коло, во кое ќе се одиграат седум средби во двете натпреварувачки групи. Во центарот на вниманието ќе биде дербито во Гостивар, каде што домашниот состав ќе го пречека скопски Вардар во директна пресметка на две непоразени екипи. Во групата А, Феникс 2010 е единствениот тим со максимален учинок, пет победи од исто толку натпревари.
НБА вечерва имаше девет натпревари на распоредот, сите во групната фаза од НБА Купот. Во најинтересните натпревари, Индијана ги победи Њујорк Никс, бранителите на титулата, со 106-104, додека Сан Антонио го декласираше Голден Стејт. Индијана Пејсерс славеа дома против Никс и покрај тоа што сè уште играа без повредениот Тајрис Халибартон.
Индијана ја совлада екипата на Њујорк со 106:104 во НБА купот , во натпревар со неизвесност до последниот шут. Средбата се одигра на 13 ноември во Индијанаполис, односно во ноќта кон 14 ноември по скопско време. Паскал Сијакам со погодок на 1:49 до крајот донесе водство од 106:98. Никс потоа се вратија на само два поена разлика, а Пејсерс ја загубија топката со уште 2,8 секунди за игра.
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ беше еден од играчите со највисок статистички индекс во последната победа на грчки Арис. Неговата креативна игра на паркетот му донесе уште едно високо индивидуално признание директно од раководството на Еврокупот. Димитријевиќ демонстрира брза адаптација во новата клупска средина и веќе редовно ја прикажува својата најдобра форма, во што секојдневно се уверуваат неговите соиграчи и навивачите на грчкиот состав.
Арис ја совлада Рига со убедливи 105-81 во седмото коло од Еврокупот, а натпреварот го одбележа и атрактивниот потег на македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ. Неговото додавање за цепелин беше избрано за најубав потег во оваа рунда, па Македонецот се најде на врвот на листата со десет најатрактивни моменти од одиграните натпревари. Димитријевиќ има значајна улога во играта на грчкиот тим оваа сезона, со просек од 13 поени, 3,1 скок и 4,1 асистенција по натпревар во Еврокупот.
Ненад Димитријевиќ беше еден од играчите со највисок индекс во последната победа која ја оствари Арис, а неговата креативност на теренот му донесе ново индивидуално признание од Еврокупот. Македонскиот репрезентативец одлично се адаптираше во новата средина и веќе ја нуди најдобрата верзија од себе, нешто во што полека се уверуваат и неговите соиграчи. Димитријевиќ беше креатор на извонреден цепелин кој заврши со атрактивно забивање на негов соиграч, а токму овој потег е избран за најдобар од жирито на Еврокупот.
Алперен Шенѓун постигна 43 поени и собра 12 скока во победата на Хјустон над Јута со 125:118 во НБА купот. Дуелот се одигра во петокот навечер по американско време, односно во ноќта кон сабота по скопско време. Турскиот центар заврши со 17 погодени од 24 шута од игра , а додаде и пет асистенции.
Кејд Канингем од Детроит постигна 52 поени, што е негов најдобар скор во кариерата, и ги предводеше Пистонс до победа од 144-140 над Вашингтон по две продолженија во еден од четирите НБА натпревари одиграни вечерва. Канингем постигна 52 поени и имаше 11 асистенции, а Визардс двапати го продолжија натпреварот со голови во доцниот дел од натпреварот. Детроит го победи Вашингтон по втор пат во четири натпревари, откако тимот ги постигна првите седум поени на почетокот од првото продолжение и поведе со 128-121, објави АП. Трае Јанг постигна 37 поени и 14 асистенции за домашниот тим.
Најинтересниот дуел од кратката програма во НБА-лигата од само четири натпревари, се одигра во Вашингтон, каде Детроит славеше како гостин со 140-144 по дури две продолженија. Домашните два пати погодуваа за израмнување во последните моменти од средбата, но на крајот се радуваа гостите. Кејд Канингем имаше рекордни во кариерата 52 поени и 11 асистенции за Пистонс, додека кај Визардс, Тре Јанг имаше 37 поени со 14 асистенции, а Ентони Дејвис 30 поени и 15 скока.
Четири натпревари и четири победи на домашните тимови во НБА лигата. Во Вашингтон Визардс и Детроит Пистонс одиграа спектакуларен меч. По две продолженија победија Пистонси со 144:140.
Без повредениот Стеф Кари на паркетот, Голден Стејт делуваше како разбиена војска во Тексас, каде Сан Антонио со убедливи 123-85 ја прослави 11. победа по ред во рамки на НБА-купот. Експериментот на Стив Кер со ниска петорка и Дрејмонд Грин на центарската позиција доживеа целосен дебакл уште во воведните минути, гостите промашија 11 шутеви во низа и не знаеја за кош сè додека Сантос не го скрши мразот по повеќе од половина одиграна четвртина. Тоа им овозможи на Спарси да отворат со фуриозни 18-0, што претставува најдобар почеток на еден натпревар во историјата на франшизата.
Сан Антонио ја запиша десеттата последователна победа во НБА , совладувајќи го Чикаго со 124:119 на гостински терен. Натпреварот се одигра на 11 ноември навечер во Чикаго, односно ноќеска по Скопје. Виктор Вембањама заврши со 32 поени и девет скока, а Дилан Харпер додаде 18 поени и десет асистенции.