1.0 | 0 | 0По 14 години, нови амбулантни возила за штипската Итна помош
Сител

Сител

По 14 години, штипската Итна медицинска помош доби три нови амбулантни возила, а наскоро треба да пристигне уште едно. Со обновувањето на возниот парк се надминува долгогодишниот проблем со дотраените возила, кои секојдневно се користат за итни интервенции и транспорт на пациенти. Во моментот располагаме со 11 доктори, 11 возачи, 12 медицински сестри и шест амбулантни возила, така што можеме слободно да кажеме дека во овој момент ги задоволуваме стандардите и обезбедуваме целосна покриеност на населението во општините Штип и Карбинци, изјави Горан Андонов, Директорот на Здравствениот дом „ Панче Караѓозов“-Штип.

Алфа

Три нови амбулантни возила пристигнаа во Здравствениот дом „Панче Караѓозов“ во Штип, наменети за потребите на Брзата помош. Возилата се опремени со современа медицинска опрема и ќе овозможат побрз транспорт на пациентите и подобри услови за работа на медицинскиот персонал. Директорот на Здравствениот дом „ Панче Караѓозов“-Штип Горан Андонов изјави дека со оваа набавка ќе се подобри здравствената заштита на жителите на Штип и Карбинци.

МКД

Три нови амбулантни возила опремени со современа медицинска опрема пристигнаа во Здравствениот дом „Панче Караѓозов“ во Штип, со што ќе се подобрат условите за работа на Брзата помош и згрижувањето на пациентите. Возилата ќе ги покриваат потребите на жителите на Штип и Карбинци, а во наредниот период се очекува установата да добие уште едно. Директорот на Здравствениот дом, Горан Андонов, информира дека возилата се набавени во рамки на проектот за 100 амбулантни возила на Министерството за здравство и Владата.

Fresh : 0.15 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 1 | 0 | 0 | 0 | 31.01.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]

1.0 | 0 | 0 | [0|0]Автопатот Охрид – Кичево ќе биде целосно пуштен до крајот на мај, најави Николоски
24 Часа

24 Часа

Автопатот Охрид-Кичево целосно ќе биде завршен и пуштен во употреба до крајот на мај, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој информираше дека градежните работи на делницата од Извор до Врбјани, вклучително и тунелите кај Пресека, се целосно завршени. Во моментов се спроведуваат потребните тестирања за безбедност во сообраќајот, согласно најновата европска директива, со посебен акцент на тунелите.

Охрид Њуз

Изградбата на автопатот Охрид – Кичево се одвива со одлична динамика, а за прв пат во Македонија и во целиот регион се применува најновата европска директива за безбедност во сообраќајот, особено во делот на тунелите. Ова го истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски од Охрид каде учествуваше на меѓународната конференција „Современи предизвици за.

МРТ

Изградбата на автопатот Кичево – Охрид влегува во завршна фаза. Пробиени се двете тунелски цевки, завршени се четирите галерии, мостовите и вијадуктите, а најтешката делница од Извор до Врбјани се очекува да биде пуштена во сообраќај во декември. Во тек се безбедносни тестирања на тунелите, министерот за транспорт уверува дека останува на рокот за целосно завршување на автопатот до крајот на мај 2027 година.

Сител

Интензивно се работи на изградбата на автопатот Охрид – Кичево, моментално се применува најновата европска директива за безбедност во сообраќајот, особено во делот на тунелите, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, додавајќи дека целата делница со сите потребни документи ќе биде пуштена во употреба до крајот на мај 2027 година. Министерот Николоски подвлече дека од особена важност за градот е и изградбата на новата терминална зграда и модернизацијата на охридскиот аеродром, каде бројот на патници бележи значителен раст. Особено значајна е најавата за можноста Охрид да добие големи чартер-аранжмани надвор од летната туристичка сезона.

Fresh : 0.22 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 171.01.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]
Комерцијални објави

1.0 | 0 | 0 | [0|0]Зимската опрема задолжителна од денеска: Снегот не е услов, а само синџири во багажникот не се доволни
Охрид Њуз

Охрид Њуз

Обврската важи до 15 март 2027 година, независно од времето. Дозволени се и летни гуми, но само со пропишана длабочина на шарите и соодветни синџири, додека за возилата со погон 4×4 важат посебни правила. И кога коловозите се суви, а температурите над вообичаените за ноември, автомобилот мора да биде подготвен за зимски услови.

Денар

Од 15 ноември до 15 март возилата што учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема. Во согласност со одребите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата за безбедно учество во сообраќајот на патиштата како зимска опрема на моторните возила се подразбира: За моторни возила што не надминуваат 3.500 кг: – зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри; – пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со најмалку 4 мм ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала. За моторни возила со погон на четири тркала (4×4): – зимски пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм; – пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со најмалку 4 мм ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната оска, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената оска.

Паноптикум

Од денеска, 15 ноември, во Македонија започнува периодот во кој возилата задолжително треба да имаат пропишана зимска опрема. Обврската важи до 15. март 2027. година и не зависи од тоа дали надвор има снег, дали температурата е десет степени или патиштата се целосно суви. Токму тука секоја година се повторува истата дилема: дали законот бара сите автомобили задолжително да имаат зимски гуми?

Експрес

Од денеска, 15 ноември возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата, задолжително треба да ја поседуваат пропишаната зимска опрема. Зимски гуми се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS“, „M+S“, „M & S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва. Како што информира Министерството за внатрешни работи (МВР), задолжителното поседување зимска опрема е согласно со одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Fresh : 0.37 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 2 | 4 | 4 | 191.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Семакедонска средба: Амбасадорите во Скопје треба да бидат запознати што се прави со Македонците во егејскиот и во пиринскиот дел
Денешен

Денешен

Македонците кои живеаат во соседните држави, како и Македонците од Егејска Македонија, кои сега живеаат во Македонија вчера се собраа на традиционалната „Егејска вечер“, но и семакедонска средба во Штип. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на општина Пустец во Албанија вели дека во моментов актуелно е бугарски здруженија преку хуманитарни активности и лекари кои прават бесплатни прегледи на населението да ја извртуваат вистината за населението кое живее во овој регион во Албанија. Сега во последно гледаме дека си играат и го злоупотребуват дури и здравјето на луѓето.

Канал 77

Во периот пред Пописот во Албанија, бугарската пропаганда ги искористи пасошите и европското државјанство кај македонското да влијае врз пописните резултати, но како што вели поранешниот градоначалник на Пустец, Едмонд Темелко, тоа не влијаеше многу врз резултатите. Пописот беше електронски, па секој моќеше како сака да се изјасни. Сепак, Македонците од Албанија, овој Попис го оспоруваат.

Телма

Македонците во Мала Преспа Албанија водат битка за зачување на македонскиот идентитет. Едмонд Темелко вели дека бугарски здруженија преку хуманитарни активности и лекари кои праваат бесплатни прегледи на населението сакаат да ја извртуваат вистината и токму овие акции ги прикажуваат дека се прават кај бугарско население. „Сега последно гледаме дека си играт и го злоупотребуват дури и здравјето на луѓето.

Курир

Македонците кои живеаат во соседните држави, како и Македонците од Егејска Македонија, кои сега живеаат во Македонија се собраа на традиционалната „Егејска вечер“, но и семакедонска средба во Штип. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на општина Пустец во Албанија вели дека во моментов актуелно е бугарски здруженија преку хуманитарни активности и лекари кои прават бесплатни прегледи на населението да ја извртуваат вистината за населението кое живее во овој регион во Албанија. Сега во последно гледаме дека си играат и го злоупотребуват дури и здравјето на луѓето.

Fresh : 0.12 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 2 | 1 | 71.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Водата во Опеница не е за пиење: Пронајдени E. coli и колиформни бактерии
Точка

Точка

Водата од водоснабдителниот објект – извори во селото Опеница не смее да се користи за пиење , соопшти Општина Охрид по решение на Агенцијата за храна и ветеринарство. Мерката е донесена откако ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид извршил лабораториски анализи. Во примероците е утврдена микробиолошка контаминација со присуство на E. coli и колиформни бактерии . Со решението се задолжува Месната заедница Опеница да постави јасно и видливо предупредување дека водата не е за пиење . Жителите треба да го почитуваат предупредувањето и да ги следат следните известувања од надлежните институции.

Точка

Агенцијата за храна и ветеринарство донела решение со кое се забранува користење на водата за пиење од водоснабдителниот објект – извори во селото Опеница. Информацијата е објавена на официјалната страница на Општина Охрид на 12 ноември. Решението следувало по лабораториски анализи извршени преку ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид.

Fresh : 0.02 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 21.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Асошиејтед прес со сторија за проблемот со кравите во Крива Паланка
Локално

Локално

За проблемот со кравите кои слободно талкаат низ Крива Паланка, сторија објави и новинската агенција Асошиејтед Прес. Во сторијата на АП се вели дека кравите се спуштаат од околните ридови, главно ноќе, и ги уништуваат градинарските и земјоделските насади во потрага по храна. Жителите на Крива Паланка во изјава за АП велат дека дека кравите што слободно шетаат претставуваат сериозен ризик за водоснабдувањето на градот, како и за возачите на патот што води кон соседна Бугарија.

МКД

Покрај брегот на Крива Река џогираат спортисти, ама трчаат и кравите, низ градот одат на корзо мештаните, но се „корзираат“ и кравите, во пар, а и во стадо. Чиниш толку навикнале на местото и се вдомиле што слободно, како да се сопственици, влегуваат и во дворовите, стојат пред стаклата на рестораните, да се праша човек, што би рекле жителите, дали можеби и резервација имаат. Редакцијата на МКД.мк ја посети Крива Паланка за да провериме дали проблемот за кој со години градоначалникот Сашко Митовски бара од надлежните помош и наоѓање на решение е претерување или шега, или навистина постои, а за тоа е виновна политиката.

Паноптикум

Повеќе од 1.000 говеда што неконтролирано се движат низ Крива Паланка и околните села стигнаа и до светските медиуми. Асошиејтед Прес и Euronews објавија стории за животните што се движат по улици, меѓу автомобили, низ паркови и земјоделски површини, додека локалната власт бара од Владата 30-дневна кризна состојба. Она што од далечина може да изгледа како необична балканска приказна, за жителите одамна не е куриозитет.

Канал 5

Веста дека стотици говеда шетаат слободно низ градот го објавија неколку угледни светски медиуми, како Асошиејтед прес и Еуроњуз, каде што случајот со кравите се најде во познатата рубрика „без комента“. Медиумите наведуваат дека жителите на Крива Паланка, опишана како земјоделски град, се бори со повеќе од илјада крави кои им ги уништуваат имотите.

Fresh : 0.09 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 91.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Археологијата како магнет за туристите: Се крои мапа на словенските локалитети
Охрид Њуз

Охрид Њуз

Археологијата, одржливоста, како и инклузивноста во туристичкиот и економскиот развој на градовите со археолошки богатства се во фокус на меѓународната работилница што под наслов „Заштита и промоција на културното наследство како ресурс за инклузивен и одржлив развој“ се одржува во Охрид во организација на НУ Завод и Музеј Охрид и Форумот на словенски култури, а.

Охрид Њуз

Форумот на словенските култури, во соработка со НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид, организира меѓународна работилница под наслов „Заштита и промоција на културното наследство како ресурс за инклузивен и одржлив развој“, која ќе се одржи во Охрид од денес до 15 ноември. Работилницата ќе се фокусира на археолошкото наследство, неговата.

Република

Археолошкото наследство, неговата заштита и одржливо управување, како и можностите за негова современа интерпретација и промоција, се во фокусот на меѓународната работилница од денеска до 15 ноември се одржува во Охрид. На работилницата органзирана Форумот на словенските култури, во соработка со НУ „Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид“, експерти од земјава, како и од Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина ќе презентираат примери на добри практики, актуелни истражувања и проекти за поврзување на археолошкото наследство со локалните заедници и одржливиот развој. Програмата опфаќа две тематски целини – првата посветена на заштитата и одржливото управување со археолошките локалитети, а втората на нивната промоција, современите начини на интерпретација и вклучувањето различни групи посетители.

Fresh : 0.03 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 31.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Општина Гевгелија доби ново амбулантно возило преку Центарот за развој на Југоисточниот регион
Алфа

Алфа

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион денес го додели и четвртото амбулантно возило наменето за Општина Гевгелија, како дел од проектот „Кон прекугранична област, безбедна за срцето – Heart Safe CBA“ во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка со Република Грција. Од организацијата велат дека ова е последното од четирите целосно опремени амбулантни возила, кои досега беа доделени и на останатите општини опфатени со проектот – Струмица, Радовиш и Валандово. Новото возило ќе послужи за итните медицински интервенции, а придобивки ќе имаат општините и граѓаните од целиот Југоисток, беше истакнато на примопредавањето на донацијата на која учествуваа директорот на Центарот на Југоисточниот регион, Јован Коцев, директорот на Општата болница во Гевгелија Патрик Матх и градоначалникот на Општината, Андон Сарамандов.

Сител

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ја започна имплементацијата на проектот ,,ХартСејф,, преку кој се зајакнуваат капацитетите на итната медицинска помош во Југоистокот. Во рамки на проектот, здравствените домови во Струмица и Валандово веќе добија нови амбулантни возила со современа медицинска опрема, а во наредните денови ќе следуваат и здравствените домови во Гевгелија и Радовиш. Од Здравствен дом Струмица велат дека новото возило, современата апаратура и сертифицираниот медицински кадар ќе придонесат за поквалитетна здравствена заштита и поефикасно постапување при итни случаи.

Курир

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион денес го додели и четвртото амбулантно возило наменето за Општина Гевгелија, како дел од проектот „Кон прекугранична област, безбедна за срцето - Heart Safe CBA“ во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка со Република Грција. Од организацијата велат дека ова е последното од четирите целосно опремени амбулантни возила, кои досега беа доделени и на останатите општини опфатени со проектот - Струмица, Радовиш и Валандово. Новото возило ќе послужи за итните медицински интервенции, а придобивки ќе имаат општините и граѓаните од целиот Југоисток, беше истакнато на примопредавањето на донацијата на која учествуваа директорот на Центарот на Југоисточниот регион, Јован Коцев, директорот на Општата болница во Гевгелија Патрик Матх и градоначалникот на Општината, Андон Сарамандов.

Fresh : 0.04 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 41.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0