Комерцијални објави

1.0 | 0 | 0Видео| „SpaceX“ првпат ја фати ракетата „Starship“ по враќањето од орбитата
Нетпрес

Нетпрес

Системите на „SpaceX“ ноќта кон неделата ја „фатија“ горната фаза од својот гигнатски ракетен комплекс „Starship“ првпат по враќањето на Земјата од пробен лет во вселената. Околу 20 часа по лансирањето, „Starship“ се врати во космодромот „Starbase“ во јужен Тексас, каде што беше фатен од механичките раце на лансирната кула. Тоа беше првпат инженерите на „SpaceX“ да се обидат да ја прифатат ракетата на таков начин.

Нетпрес

Масивниот бустер на ракетата носач на ракеата „Starship“ на компанијата „SpaceX“ на Илом Макс експлодирашпе претворајќи се во огнена топка, откако беше прекинат обидот за негово зафаќање при слетувањето за време на пробен лет во „Starbase“, во американската сојузна држава Тексас. Иако „Starship“ успешно полета, засилувачот не успеа да се врати за планираното прифаќање од страна на лансирната кула, туку падна во морето и експлодираше. Така „SpaceX“ не успеа да го изведе таканатеченот „двојно зграпчување“ на ракетата-носач и горната фаза за време на 15-от тест лет на „Starship“, според преносот преку онлајн платформите.

Телма

Американската вселенска компанија „СпејсИкс“ ноќеска доживеа неуспех при уште еден тест-лет на џиновската ракета „Старшип“. Тестот предвидуваше механичките раце на лансирната кула да ги фатат двата степена на ракетата, но долниот сегмент познат како ракетен забрзувач „Супер Хеви“ наместо да биде прифатен од лансирната кула како што беше планирано, се спушти во морето и се запали. Од Компанијата на технолошкиот милијардер Илон Маск засега не е соопштено што го предизвикало неуспешниот обид за враќање на „бустерот“.

Опсервер

Компанијата „СпејсИкс“ на Илон Маск го лансираше вселенското летало „Старшип“ од Тексас на својот 15. пробен лет, во рамки на мисија во која за првпат ќе се обиде успешно да го врати горниот дел од леталото на истото место од кое полета. Тестирањето претставува важен чекор во плановите на компанијата за развој на целосно повторно употреблив ракетен систем, пренесува „Ројтерс“. Според планот на мисијата, горниот степен на „Старшип“, кој лета без екипаж, треба да се врати на лансирната платформа во Тексас по речиси еден ден поминат во орбитата.

Fresh : 0.20 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 3 | 3 | 111.01.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]

1.0 | 0 | 0 | [0|0]Анализа: „Volkswagen“ заработува само 12 евра од продаден автомобил
Денар

Денар

Германскиот автомобилски производител „Volkswagen“, кој се соочува со сериозни проблеми, веќе заработува само 12 евра од секој продаден автомобил. Оваа бројка главно се должи на специјалните трошоци во износ од 8,7 милијарди евра, објави „Welt“, повикувајќи се на истражување на Центарот за автомобилски менаџмент (CAM). Коригираната профитна маржа од 3,8 отсто покажува дека „Volkswagen“ мора дополнително да ги намали трошоците и да ја подобри профитабилноста за да ја обезбеди својата долгорочна конкурентност. Добивките се под притисок во целата автомобилска индустрија.

Нетпрес

Германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ заработил просечно 12 евра по продаден автомобил во првите девет месеци од 2026 година, во споредба со просекот од 1.363 евра за секторот. Главната причина за нискиот резултат се вонредните трошоци на групата од 8,7 милијарди евра, според студијата на Центарот за управување со автомобили (CAM), цитирана од Ројтерс. Според авторите, прилагодената маржа на профит од 3,8 отсто покажува дека Фолксваген мора да продолжи да ги намалува трошоците и да ја подобрува профитабилноста за да остане конкурентен на долг рок.

Fresh : 0.02 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 11.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0