Нашиот штрајк започнува на 20 ноември, но не планираме да застанеме на еден ден.
Средношколци и студенти во Загреб, Риека, Пула, Задар и Осиек во петок, на 20 ноември, ќе ја бојкотираат наставата во текот на целиот ден, во рамки на меѓународниот штрајк на младите. Со протестот сакаат да привлечат внимание на високите трошоци за живот, недостапното домување, состојбата со јавните услуги и милитаризацијата. Штрајкот го организира иницијативата „Штрајк на младите во Хрватска“, како дел од меѓународното движење „International Youth Strike“, кое под слоганот „За нашата иднина, а не за нивните војни“ најави протести во 25 европски земји.
Во Специјализираните совети на Косово во Хаг, во вторник, 17 ноември, ќе се одржи рочиште против поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи; поранешниот шеф на КИА (Косовска разузнавачка агенција), Башким Смакај; поранешниот градоначалник на Малишево, Исни Киљај; поранешниот министер за правда, Хајредин Кучи; и Фадиље Фазљиу, за кривичното дело „попречување на правдата“. Според обвинението потврдено на 29 ноември 2024 година, Тачи и останатите се товарат за кривични дела поврзани со наводи за незаконски обиди за влијание врз сведочењата на сведоци во судскиот процес за воени злосторства. Во обвинението се наведува дека во периодот од 12 април до 2 ноември 2023 година, Тачи им пренел на Смакај, Киљај, Фазљиу и Кучи доверливи информации во врска со сведоците на Канцеларијата на специјализираниот обвинител, како и упатства за тоа како да влијаат врз нивните сведочења.
На 17 ноември, вторник, пред Специјализираните совети на Косово во Хаг ќе биде изречена пресудата за поранешниот лидер на таканаречената Ослободителна војска на Косово (ОВК), Хашим Тачи, и уште четворица обвинети за попречување на правдата и обид за влијание врз сведоци. Покрај Тачи, во овој предмет се обвинети и Башким Смакај, Исни Киљај, Фадиљ Фазљију и Хајредин Кучи. Обвинителството побара шест години затвор за Тачи, девет месеци за Кучи, а по три години затвор за Фазљију, Киљај и Смакај.
Бугарија повеќе нема да испраќа оружје и муниција во Украина од своите воени залихи, ниту пак има доволно пари за да обезбеди финансиска помош на Киев. Ваквиот став го соопшти бугарскиот премиер Румен Радев на неформалниот самит на Европската унија во Даблин. Радев образложи дека државата е во процес со Европската унија поради прекумерен буџетски дефицит, што значително ги ограничува нејзините финансиски можности.
Бугарија нема да учествува во обезбедувањето дополнителни 70 милијарди евра помош за Украина, изјави бугарскиот премиер Румен Радев по средбата со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Неговата изјава доаѓа по претхо.
Србија е во процес на раскинување на договорот со компанијата на Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, за „ревитализација“ на поранешниот Генералштаб на поранешната Југословенска народна армија во Белград, кој предвидува изградба на мултимилионски деловен и станбен комплекс, објавија белградските медиуми доцна синоќа. Српското Министерство за градежништво, транспорт и инфраструктура потврди за Радио телевизија Србија (РТС) дека раскинувањето на договорот е „во процес на формализирање“ и се очекува да биде завршено на почетокот од следната седмица. Претходно, неделникот Време, повикувајќи се на извори во српската влада во технички мандат објави дека „договорот е раскинат со откажување од сите можни меѓусебни побарувања“.
„Договорот е раскинат со откажување од сите можни меѓусебни побарувања“, тврди извор од српската влада за неделникот, кој пишува дека тоа би требало да значи дека на Србија повеќе не ѝ се заканува арбитража и можни казни за неисполнување на својот дел од договорот. Генералниот секретаријат на Владата и компанијата на Кушнер не одговорија на барањето на „Време“ до објавувањето на текстот. Договорот за изградба на хотел, казино и станбен комплекс на местото на Генералштабот, кој првично не беше достапен за јавноста, беше потпишан во мај 2024 година од тогашниот министер за градежништво Горан Весиќ, откако претходно беше одобрен од Владата, а неделникот „Радар“ подоцна откри дека Србија се обврзала да ја отстрани заштитата од комплексот оштетен во бомбардирањето во 1999 година, да ги урне објектите на свој трошок и бесплатно да го отстапи земјиштето на користење во траење од 99 години.
Србија е во процес на раскинување на договорот со компанијата на Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, за „ревитализација“ на поранешниот Генералштаб на поранешната Југословенска народна армија во Белград, кој предвидува изградба на мултимилионски деловен и станбен комплекс, објавија белградските медиуми доцна во саботата. Српското Министерство за градежништво, транспорт и инфраструктура потврди за Радио телевизија Србија (РТС) дека раскинувањето на договорот е „во процес на формализирање“ и се очекува да биде завршено на почетокот од следната седмица. Претходно, неделникот Време, повикувајќи се на извори во српската влада во технички мандат објави дека „договорот е раскинат со откажување од сите можни меѓусебни побарувања“.
Србија започна постапка за раскинување на договорот со компанијата Афинити, во сопственост на Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп. Со договорот беше предвидена изградба на деловно-станбен комплекс на местото на поранешниот Генералштаб на ЈНА во Белград. Министерството за градежништво на Србија потврди дека раскинувањето е во постапка на формализација и дека се очекува да биде завршено на почетокот на следната недела.
Сè повеќе Руси ја напуштаат земјата, а Грузија, Ерменија и Србија стануваат главни дестинации за оние што бараат привремено или трајно засолниште во странство. Во третиот квартал годинава се регистрирани рекордни 660.300 заминувања на руски државјани кон Грузија, додека рекорди се забележани и за Ерменија и Србија. Податоците на руската гранична служба, кои ги анализирал независниот портал „Вјорстка“, покажуваат дека бројот на заминувања кон Грузија е за 43.300 поголем отколку во истиот период лани, кога бил забележан претходниот рекорд.
Сè повеќе Руси ја напуштаат земјата, а Грузија , Ерменија и Србија стануваат главни дестинации за оние што бараат привремено или трајно засолниште во странство. Во третиот квартал годинава се регистрирани рекордни 660.300 заминувања на руски државјани кон Грузија, додека рекорди се забележани и за Ерменија и Србија. Податоците на руската гранична служба, кои ги анализирал независниот портал „Вјорстка“, покажуваат дека бројот на заминувања кон Грузија е за 43.300 поголем отколку во истиот период лани, кога бил забележан претходниот рекорд.
А.А.(19) загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи на патот Тутин – Лескова во југозападна Србија кога автомобилот „ауди а3“, во кој тој се возеше како сопатник, удри во коњи покрај патот. Според неофицијални информации, ударот беше исклучително силен, а автомобилот претрпи големи оштетувања. Граѓаните собрани на местото на трагедијата велат дека од силината на ударот беше откорнат покривот на возилото.
Деветнаесетгодишен млад човек загина во сообраќајна несреќа што се случила во саботата навечер, 14 ноември , во близина на местото Велје Полје, на патот од Тутин кон Лескова во Србија. Како што пренесува РТС , момчето било на сопатничкото седиште . Возачот, според истиот извор, се здобил со тешки повреди и бил пренесен на натамошно лекување. Архивска фотографија: полициски возила во Белград, 27 мај 2018 година.
„Рама во затвор. Ви дојде крајот“ – албанскиот премиер на мета на демонстрантите. Јајца и домати кон неговото возило, запалени контејнери и обид за насилно пробивање во парламентот.
Инцидент го одбележа денешното движење на албанскиот премиер Еди Рама, откако група демонстранти го гаѓале со јајца возилото во кое се превезувал. По настанот, полицијата привела 12 активисти. Инцидентот се случил утринава во областа Манза, додека Рама патувал кон Заливот Лалзи, каде што се одржува Националното собрание на Социјалистичката партија.
Студентското движење и незадоволните граѓани продолжуваат со редовни протести пред Министерството за образование и пред Владата во Тирана, барајќи оставка од премиерот Еди Рама и промени во власта. Вчера за време на протестот во Тирана, дојде до инциденти со палење контејнери, по што полицијата уапси три лица, поведе постапки против уште 18 и изрече 44 парични казни. Организаторите го најавуваат следниот голем бран на демонстрации за празничниот викенд на 28 и 29 ноември, кога се очекува пристигнување на албанската дијаспора во Тирана за масовен марш.
За време на денешниот протест во Тирана, двајца демонстранти се обидоа да ги скршат вратите на зградата на албанскиот Парламент – која се наоѓа спроти седиштето на Владата – користејќи метална шипка. Полицијата интервенираше и приведе неколку учесници. Според „Еуроњуз Албанија“ (Euronews Albania), демонстрантите удирале по вратите на зградата со метална шипка, а наводно биле фрлани и камења кон објектот.
.116 избирачки места се отворија во 7 часот наутро, каде што повеќе од 1,6 милиони гласачи можат да гласаат до 19 часот. Првите прелиминарни резултати од гласањето се очекуваат по 20 часот, објавува Дело. Меѓу парламентарните партии, Словенечката демократска партија (СДС) има 78 кандидати за градоначалник на локалните избори, Нова Словенија има 50 кандидати, Движењето за слобода има 44 кандидати за градоначалник, а Социјалдемократите (СД) имаат 42 кандидати.
Повеќе од 1,6 милиони гласачи со право на глас во Словене ќе избираат градоначалници и советници во сите 212 општини в недела, 15 ноември. Неизвесна изборна трка во Љубљана каде што актуелниот градоначалник Зоран Јанковиќ бара нов мандат, отворена борба за градоначалник на Марибор и бројни контроверзии, вклучително и обвинувања за злоупотреба, ја одбележаа кампањата пред изборите, јави СТА. Вториот круг избори е закажан за 29 ноември во општините каде што ниту еден кандидат за градоначалник не освои повеќе од половина од гласовите.
Словенија денеска гласа на локални избори на кои ќе бидат избрани градоначалници и членови на совети во сите 212 општини. Најголема неизвесност носи изборот за градоначалник на Љубљана на кој учествуваат 15 кандидати, додека трката за Марибор и за Копер е со 10 кандидати. Градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ, кој е на чело на градот цели 20 години, атакува на седми мандат во низа, но истражувањата упатуваат дека нема да победи во првиот круг.
Словенците денеска ќе изберат нови локални власти во 212 општини и градови на деветтите локални избори во независноста на земјата. Според анкетата на весникот Dnevnik, вториот круг од изборите за градоначалник на Љубљана е извесен, бидејќи ниту еден од 15-те кандидати нема да освои 50 отсто од гласовите. Актуелниот долгогодишен градоначалник Зоран Јанковиќ води со 33,2 отсто поддршка, додека Лука Месец, лидерот на партијата Левица, исто така, би влегол во вториот круг со 22,9 отсто од гласовите.
Двајца пожарникари, на возраст од 23 и 44 години, загинаа денес, а еден беше повреден кога дел од напуштена зграда се урна при гаснење пожар во градот Зефири, во општина Фили, недалеку од Атина. Пожарот избувнал околу 11:40 часот наутро во зградата на улицата Какантони, објави Прототема. Дваесет пожарникари со шест возила биле испратени на интервенција, а за време на гаснењето, дел од зградата паднал врз пожарникарите кои биле внатре.
При гаснење пожар во напуштен објект во населбата Зефири во северозападниот дел на Атина, паднал дел од внатрешноста на самиот објект со резултат двајца пожарникари да го загубат животот, а еден е пренесен во болница, јави дописничката на МИА од Атина. Пожарот избувна кусо по 11:30 часот, ангажирани беа 20 пожарникари со шест противпожарни возила, а за време на гаснењето дошло до уривање на дел од внатрешната конструкција на објектот, при што тројца пожарникари останале заглавени. Следуваше акција за нивно пронаоѓање, при што еден повреден пожарникар беше пренесен во болница, а беа извлечени безживотните тела на останатите двајца.
Годинава имаме 13 загинати. Уште колкумина загинати треба да види Мицотакис за да сфати дека нешто не е во ред со нашето министерство?, посочи, со солзи во очите, претседателот на грчкото здружение на пожарникари Константинос Папандонис, по денешната несреќа во која двајца припадници на противпожарната служба ги загубија животите при уривање на дел од напуштен објект за време на гаснење пожар во атинска населба, јави дописничката на МИА од Атина. Папандонис упати остри критики и обвинувања за состојбата во противпожарната служба, нагласувајќи дека нивните проблеми многупати ги покренале на средбите со грчкиот премиер, но и дека личната заштитна опрема на пожарникарите не е заменета веќе шест години.
Двајца пожарникари, на возраст од 23 и 44 години, загинаа денес, а трет беше повреден кога се урна дел од напуштен објект додека гаснеле пожар во Зефири, во општината Фили, во близина на Атина. Според грчкиот информативен портал „Прототема“, пожарот избувнал околу 11:40 часот во зграда на улицата „Кацантони“. На местото на настанот биле испратени дваесет пожарникари со шест возила; за време на интервенцијата, дел од објектот се урнал врз пожарникарите кои се наоѓале внатре.