1.0 | 0 | 0ГРК Охрид повторно домаќин на два натпревари во ЕХФ Европскиот Куп
Курир

Fresh : 0.02 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 21.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Галерија: Вардар го доби градското дерби
Република

Република

Вардар славеше против Алкалоид со 36-31 и остана перфектен, има десет победи во исто толку одиграни натпревари, за Алкалоид ова е втор пораз, има осум победи. Фадухил со 11 гола од исто толку обиди беше прво име кај Вардар, зад него беше Воркапиќ со шест погодоци.

Спортска Мрежа

Вардар влегува во десеттото коло од ракометната Суперлига со девет победи од девет натпревари, но саботното дерби со Алкалоид може значително да ја промени сликата на врвот. Лидерот има 18 бода, неговиот градски ривал 16, а Еурофарм Пелистер и Охрид ја следат трката со по 15. Пресметката е едноставна: победа на Вардар ќе ја зголеми разликата меѓу скопските ривали на четири бода. Триумф на Алкалоид, пак, ќе ги израмни на по 18. Двата тима доаѓаат со победи од претходното коло.

МКД

Алкалоид долго му парираше на фаворитот и во најголемиот дел од Во дербито на десеттото коло, „црвено-црните“ го совладаа Алкалоид со 35-31, откако во завршницата направија пресврт и ја скршија отпорноста на големиот ривал. Алкалоид долго се бореше и мотивирано сакаше да му го нанесе првиот удар на шампионот оваа сезона. Екипата предводена од Кирил Лазаров одигра квалитетен натпревар, го следеше ритамот на Вардар и не му дозволуваше на противникот да се одлепи.

Контра

Вардар продолжува со максимален ефект во домашното првенство, откако во големото скопско дерби го совлада Алкалоид со 36-31. Сепак, конечниот резултат не ја отсликува целосно неизвесноста што ја понуди оваа пресметка, во која тимот на Кирил Лазаров долго време му беше рамноправен противник на актуелниот шампион. Алкалоид влезе храбро во натпреварот, не дозволувајќи му на Вардар лесно да ја преземе контролата. По почетната предност на црвено-црните, гостите успеаја да се вратат и да го одржат резултатскиот приклучок, па на паузата двете екипи заминаа со нерешени 17-17. И во вториот дел се играше изедначено, а Алкалоид успеваше да одговори на предизвикот сè до резултатот 26-26. Токму тогаш дојде периодот кој го реши победникот.

Fresh : 0.10 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 101.01.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]
Комерцијални објави

1.0 | 0 | 0 | [0|0]Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!
Спортска Мрежа

Спортска Мрежа

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три терени – убедлива победа на Прилеп, драматичен триумф на Бутел Скопје и значајни бодови за Струга во борбата за подобра позиција на табелата. Прилеп – Мулти Есенс 34-24. Прилепчани ја оправдаа фаворитската улога и стигнаа до убедлив триумф, иако гостите од Скопје во почетните минути беа рамноправен противник.

Курир

Ракометарите на Прилеп забележаа убедлива победа над Мулти Есенс со 34:24 во првиот денешен натпревар од 10. коло во Супрелигата. Домашниот тим уште во првото полувреме ја најави победата, заминувајќи на пауза со високи 19:10. Најефикасен во победничкиот состав беше Никола Шипинкоски со 11 погодоци, а Андреј Стојановски постигна осум гола. Кај Мулти Есенс, Јован Петрески беше најдобар стрелец со осум погодоци, шест од седмерец, додека Немања Џигеровски постигна четири гола.

Лидер

Ракометарите на Прилеп забележаа убедлива победа над Мулти Есенс со 34:24. Натпреварот се одигра во рамките на првиот дуел од десеттото коло во домашната ракометна Суперлига. Домашниот тим уште во текот на првото полувреме целосно ја најави својата победа, заминувајќи на одмор со висока предност од 19:10. Најефикасен поединец во победничкиот состав беше Никола Шипинкоски кој постигна 11 погодоци. Веднаш зад него со одлична игра се истакна и Андреј Стојановски, запишувајќи осум гола на своето конто.

Fresh : 0.05 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 51.01.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]

1.0 | 0 | 0 | [0|0]Вардар го задржува својот чувар на мрежата – Валах останува до 2028 година!
Спортска Мрежа

Спортска Мрежа

Вардар 1961 продолжува да го гради тимот за иднината, а еден од важните потези во таа насока е договореното продолжување на соработката со полскиот голман Милош Валах. Чуварот на мрежата и во следните сезони ќе биде дел од скопскиот клуб, откако стави потпис на нов договор со важност најмалку до 2028 година. Валах се пресели во Скопје од полски Киелце и брзо се адаптираше на новата средина, станувајќи една од клучните фигури во составот.

Спорт Статион

Хрватскиот ракометар Игор Карачиќ, една од најголемите легенди на РК Вардар и апсолутен миленик на скопската публика, отвори душа за најтешките моменти за време на златните години на „Црвено-црните“. Во своето најново интервју, средниот бек кој со македонскиот гигант освои две европски титули, се осврна на незамисливите финансиски проблеми со кои се соочуваа играчите додека паралелно испишуваа ракометна историја во Келн. Иако на теренот Вардар делуваше како казнена експедиција која гази сè пред себе, реалноста зад затворените врати во соблекувалната била крајно исцрпувачка.

МКД

Додека ракометарите на Вардар ја играат сезоната, раководството на клубот го крои тимот и за наредната. Полскиот голман Валах, ќе продолжи да го брани голот на шампионот. „На заедничко задоволство, нашиот голман Милош Валах потпиша нов договор и тој ќе биде наш член најмалку до 2028-ма година.

Република

Во пресрет на дербито од 10.коло од ракометната Супер лига со Алкалоид од ракометниот шампион Вардар објави дека ја продолжуваат соработката со полскиот интернационалец – голманот Милош Валах (24.години). Полскиот голман нов договор со „црвено-црните“ и ќе биде во редовите на Вардар најмалку до 2028 година. Валах дојде во Скопје од екипата на Киелце и ова е негова втора сезона на голот на Вардар. Со одличните настапи се наметна како прва опција на голманската позиција, а воедно е дел од репрезентацијата на Полска.

Fresh : 0.11 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 111.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Победа над Младост во Суперлигата: ГРК Охрид славеше на домашен терен со 24: 20
Лидер

Лидер

Ракометарите на ГРК Охрид вечерва забележаа нова првенствена победа, откако во натпревар од 10. коло во македонската Суперлига успеаја да го совладаат составот на Младост со резултат 24:20. Ова беше вкупно осма победа за охридскиот тим во тековната сезона, додека за екипата од Богданци ова претставува седми пораз во шампионатот. Ѓукиќ со 5 постигнати голови беше најефикасен ракометар во редовите на победничкиот состав, додека кај гостинската екипа на Младост најдобар поединец беше Андоновски, кој натпреварот го заврши со 8 постигнати погодоци.

Охрид Њуз

Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци. По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипата на Младост Богданци. Добро се одморивме, имавме пауза од четири дена.

Курир

Ракометарите на ГРК Охрид вечерва, во меч од 10.коло во нашата Суперлига, успеа да го победи составот на Младост со 24:20. Ова беше осма победа на охриѓани а седми пораз на тимот од Богданци. Ѓукиќ со 5 голови беше најефикасен кај победничкиот состав, додека кај гостите Андоновски со 8 голови беше најефикасенна мечот.

Спортска Мрежа

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10. коло на Суперлигата, меч кој се игра во салата „Билјанини Извори“ со почеток 19:30 часот. Гостинот од Богданци патува со јасна цел, да се бори за секоја топка и да го даде максимумот и да покаже карактер, против тим кој конкурира за титула. Во тимот на Младост владее позитивна атмосфера и фокусот останува на секој меч да се освојуваат бодови и да се стигне до првата сезонска победа.

Fresh : 0.06 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 61.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Објавен списокот со ракометарките за пријателските натпревари во ЕХФ седмицата
Нетпрес

Нетпрес

Селекторот на женската ракометна репрезентација, Игор Марковиќ, го објави списокот на ракометарки за претстојната ЕХФ седмица и учеството на турнирот во Анкара, Турција. Собирот е закажан на ден 22.11.2026 (недела) во 12:00 часот во Скопје. Нашиот национален тим се подготвува за настап на Европското првенство, а во рамки на ЕХФ неделата ќе одигра пријателски натпревари против Турција,Италија и Финска.

Телма

Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација, Игор Марковиќ, го соопшти списокот со 19 ракометарки на кои ќе смета за претстојниот репрезентативен собир. Македонија ги почнува подготовките за Европското првенство, а ќе настапи и на меѓународен турнир во Анкара, Турција. Марковиќ повика 15 интернационалки и четири ракометарки од домашното првенство.

Лидер

Селекторот на женската ракометна репрезентација, Игор Марковиќ, го соопшти официјалниот список на ракометарки кои ќе бидат дел од подготовките за време на претстојната ЕХФ недела. Националниот состав ќе замине на контролен турнир во Турција каде што ќе ја тестира моменталната форма. Официјалниот собир на репрезентативките е закажан за 22 ноември 2026 година, во недела, со почеток точно во 12:00 часот во Скопје, каде што стручниот штаб ќе ги одржи првите тренинзи.

Спортеи

Женската ракометна репрезентација на Македонија ја очекува нов собир во рамки на претстојната ЕХФ недела, во која избраничките на селекторот Игор Марковиќ ќе имаат можност да ја темпираат формата преку неколку контролни натпревари. Марковиќ го објави списокот на ракометарки на кои ќе смета за претстојниот репрезентативен циклус, во чии рамки македонскиот национален тим ќе учествува на меѓународен турнир во Анкара, Турција. Собирот на репрезентативките е закажан за 22 ноември (недела), со почеток во 12:00 часот во Скопје, по што следуваат подготовките и патувањето за Турција.

Fresh : 0.07 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 71.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0ВЛТ навива: Вардар – Алкалоид, дерби во сабота
Канал 77

Канал 77

Во сабота нè очекува уште едно големо ракометно дерби – Вардар против Алкалоид. Видеолотарија и навивачите со силна подршка на трибините за црвено-црните. Дерби-натпреварот меѓу Вардар и градскиот ривал Алкалоид, закажан за сабота, 14 ноември, со почеток во 18:30 часот, ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“, наместо во малата сала на СЦ „Јане Сандански“.

ФинПортал

Дома Ракомет Домашен ракомет Ракомет Домашен ракомет Почна продажбата на билети за дербито Вардар – Алкалоид, сите се поканети и добредојдени Златко Јуруковски пред 24 минути 61 Facebook X Whats.

Канал 5

Дерби-натпреварот меѓу Вардар и градскиот ривал Алкалоид, закажан за сабота, 14 ноември, со почеток во 18:30 часот, ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“, наместо во малата сала на СЦ „Јане Сандански“. ВЛТ е со Вардар! Ги повикуваме сите навивачи во сабота да бидат дел од црвено-црната енергија и со гласна поддршка да му помогнат на тимот во дербито.

А1он

Во сабота нè очекува уште едно големо ракометно дерби – Вардар против Алкалоид . Видеолотарија и навивачите со силна подршка на трибините за ц рвено-црните . Дерби-натпреварот меѓу Вардар и градскиот ривал Алкалоид, закажан за сабота, 14 ноември, со почеток во 18:30 часот, ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“, наместо во малата сала на СЦ „Јане Сандански“. ВЛТ е со Вардар! Ги повикуваме сите навивачи во сабота да бидат дел од црвено-црната енергија и со гласна поддршка да му помогнат на тимот во дербито.

Fresh : 0.08 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 81.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Две неплатени плати и оставки во управата, Партизан минува низ најтешките моменти
Спортеи

Спортеи

Ракометниот клуб Партизан се соочува со сериозна финансиска и организациска криза, и тоа во сезоната во која по пауза од 13 години повторно се врати во Лигата на шампионите. Црно-белите доживуваат целосен пресврт, откако комплетниот Управен одбор поднесе оставки, дел од играчите веќе го напуштија клубот, а неизвесноста околу иднината станува сè поголема. За сериозноста на ситуацијата говореше и досегашниот претседател Милјан Жугиќ, кој во разговор за српскиот „Спортски журнал“ откри дека проблемите се појавиле ненадејно, по пропаѓањето на банката во која клубот ги имал сите финансиски средства, вклучително и деловните и приватните средства.

Спортеи

Српскиот ракометен шампион Партизан се соочува со целосен колапс откако за само еден ден остана и без раководството и без шефот на стручниот штаб. Претседателот Милјан Жугиќ и комплетниот Управен одбор поднесоа оставки поради блокада на банкарските сметки и тешка финансиска криза, што веднаш предизвика верижна реакција во тимот од Хумска. По одржаните итни состаноци со раководството, трофејниот шпански стратег Раул Гонзалес донесе одлука за моментален раскин на договорот, оставајќи ги белградските „црвено-црни“ во досега незапомнета криза.

Колегиум

Шпанецот Раул Гонзалез си заминува од ракометниот клуб (РК) Партизан во Србија. Ова доаѓа откако клубот остана без Управен одбор, а се започна со блокадата на банкарските сметки на клубот во Алта банка Белград. „Шпанскиот стручњак Раул Гонзалез повеќе не е тренер на Партизан.

Курир

Досегашниот тренер на ракометниот клуб Партизан од Белград, Шпанецот Раул Гонзалез, поднесе оставка, потврдија од клубот. Заедно со него, клубот го напушти и левиот бек Милош Кос, кој потпиша договор со германскиот клуб Вецлар, пренесува „Моцарт спорт“. „По денешната седница на Управниот одбор и оставката на претседателот Миљан Жугиќ, беа одржани состаноци со стручниот штаб и играчите, на кои се разговараше за претстојниот период, сè до формирањето на новиот Управен одбор.

Fresh : 0.13 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 131.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Дресот од последниот меч на Дибиров за Вардар заврши во Музејот на град Скопје
Офф.нет

Офф.нет

Подарокот го врачи капитенот на Вардар, Васил Гогов, во пресрет на 13 Ноември — Денот на ослободувањето на Скопје, со што овој спортски реквизит станува дел од музејската историја поврзана со градот и клубот.

Спортска Мрежа

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на Вардар 1961 реализираа посета со посебно значење, оддавајќи почит на историјата на градот со кој клубот е поврзан повеќе од шест децении. „Црвено-црните“ беа гости во Музејот на град Скопје, каде што преку поставените експонати и историските приказни имаа можност поблиску да се запознаат со минатото на престолнината. Посетата беше потсетување и на долгогодишната врска меѓу Скопје и Вардар, чии спортски успеси, предизвици и незаборавни моменти се дел од градската историја.

Спорт Статион

Во пресрет на големиот празник 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, раководството и ракометарите на РК Вардар 1961 повлекоа потег за длабока почит. Тие го посетија Музејот на град Скопје, покажувајќи дека спортот не се игра само на паркетот, туку се живее преку идентитетот на градот. Ова е потег кој совршено ги спојува културата, традицијата и историјата на главниот град со еден од најголемите спортски колективи кој претставува негов неразделен дел.

Fresh : 0.03 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 31.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Битолските судии делегирани за ракометното дерби меѓу Вардар и Алкалоид!
Курир

Курир

Познати се официјалните лица за големото ракометно дерби меѓу Вардар 1961 и Алкалоид, кое ќе се одигра во рамките на 10. коло од македонската ракометна Супер Лига. Ракометната федерација довербата на еден од најинтересните натпревари во домашниот шампионат им ја доделија на битолските судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски. Дуелот е закажан за сабота, 14 ноември, со почеток од 18:30 часот, во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, каде што Вардар ќе биде домаќин на Алкалоид.

Спортска Мрежа

Натпреварот што го привлекува најголемото внимание во 10. коло од Супер машката лига ќе го водат арбитрите Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Ракометната федерација на Македонија ги објави делегирањата за претстојната рунда, а битолската судиска двојка ја доби довербата за дуелот меѓу Вардар и Алкалоид. Средбата е закажана за в сабота со почеток во 18:30 часот, а наместо во вообичаениот дом на „црвено-црните“, ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ поради зафатеност на салата во која настапува Вардар.

Fresh : 0.03 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 31.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Вардар и Алкалоид сепак ќе играат пред поголеми трибини во Борис Трајковски
Спорт Статион

Спорт Статион

Ракометните фанови во Скопје конечно можат да здивнат. По првичната одлука големото градско дерби меѓу Вардар и Алкалоид да се игра во малата сала при СЦ „Јане Сандански“, раководството на „Црвено-црните“ излезе со нова, многу поповолна информација за сите љубители на ракометот. Иако претходно беше најавено дека поради густиот распоред на салите (кикбокс, бокс и Саем на книга) натпреварот од 10. коло во Суперлигата ќе мора да се игра во крајно ограничен простор, по дополнителни разговори и организациски усогласувања дојде до посакуваниот пресврт.

МКД

Само мал број на гледачи ќе можат да го проследат дербито иако интересот веројатно е многу поголем. Соопштението на РК Вардар ви го пренесуваме во целост: „Викендов треба да се одигра уште еден дерби-натпревар, овојпат против градскиот ривал Алкалоид. Средбата е закажана за 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 18,30 часот, а домаќин е Вардар.

Точка

Вардар и Алкалоид ќе се сретнат в сабота, 14 ноември, од 18:30 часот во малата сала на СЦ „Јане Сандански“. Вардар денеска го потврди терминот за дербито од 10. коло во ракометната Суперлига и соопшти кој ќе може да го следи натпреварот од трибините. Поради ограничениот капацитет, влез ќе имаат сопствениците на пластични сезонски картички и членовите на навивачката група „Комити“.

Спортска Мрежа

Големото скопско ракометно дерби меѓу Вардар и Алкалоид, во рамките на 10. коло од македонската Суперлига, ќе се одигра во Т-Арената во СЦ „Борис Трајковски“, потврдија од таборот на црвено-црните. Натпреварот првично беше закажан во малата сала на СЦ „Јане Сандански“, но по дополнителни разговори и организациски усогласувања е обезбеден термин во поголемиот спортски објект. Датумот и сатницата остануваат непроменети – сабота, 14 ноември, со почеток од 18:30 часот.

Fresh : 0.13 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 131.01.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]