1.0 | 0 | 0Одржано Националното првенство во крос-кантри 2026 во Скопје
Спортска Мрежа

Спортска Мрежа

Изминатиот викенд, на кејот на реката Вардар во Скопје, се одржа Националното првенство во крос-кантри за 2026 година, во организација на Атлетската федерација на Македонија и Атлетскиот клуб Фортиус. На првенството учествуваа повеќе од 80 атлетичари и атлетичарки од повеќе македонски атлетски клубови, кои се натпреваруваа во различни возрасни категории, од млади пионери до сениори. Во сениорска конкуренција, титулите национални прваци ги освоија Адријана Поп Арсова од АК Олимп, која победи на 8.000 метри со резултат 32:09, и Григоријан Никовски, исто така од АК Олимп, кој триумфираше на 10.000 метри со време 32:53. Кај младите сениорки под 23 години, на 6.000 метри победи Ирма Хајдари од АК Олимп со резултат 25:58, додека во машка конкуренција на 8.000 метри најуспешен беше Бојан Чаприќ од АК Олимп со време 30:31. Во младинските категории, победи забележаа Дарија Крстевска од АК Олимп на 4.000 метри кај младинките, со резултат 15:43, и Марта Димковска од АК Работнички на 3.000 метри кај младите младинки, со време 14:20. Во категоријата млади младинци, на 4.000 метри победи Валентино Јовановски од АК Аеродром – Скопје со резултат 14:58. Во пионерските категории, национални прваци станаа Сара Ночевска од АК Олимп на 1.500 метри кај пионерките со резултат 6:18, Антонио Каракабаков од АК Аеродром – Скопје на 2.000 метри кај пионерите со време 7:22, Јана Милојеска од АК Делта на 1.000 метри кај младите пионерки со резултат 3:33 и Дијар Џемаили од АК Камјани на 1.500 метри кај младите пионери со време 5:14. Комплетен преглед на медалистите по категории.

Спортска Мрежа

Одбојкарската федерација на Македонија ќе биде домаќин на два квалификациски турнири за Европското првенство 2027 во конкуренција до 20 години, еден во машка и еден во женска конкуренција. Скопје ќе биде центарот на европската младинска одбојка во јануари следната година. Машкиот турнир од втората фаза на квалификациите, во рамки на групата Е, ќе се одржи од 14 до 17 јануари 2027 година, додека женските селекции до 20 години ќе се натпреваруваат во истиот град од 21 до 24 јануари, исто така во групата Е. Покрај Македонија, Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) ги одреди и останатите домаќини на квалификациските турнири.

Fresh : 0.02 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 21.01.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]

1.0 | 0 | 0 | [0|0]Жрепката за Светскиот одбојкарски Куп ќе се одржи во рудник за сол
Курир

Курир

Жрепката за Светскиот куп во одбојка во 2027 година во Полска ќе се одржи на 3 декември во рудникот за сол Вјеличка во близина на Краков, 125 метри под нивото на земјата. Светскиот куп, што во минатото се играше под името Светското првенство, во 2027 година ќе се игра од 10 до 26 септември во Краков (Арена Таурон), Гдањск (Арена Ерго), Катовице (Арена Сподек), Лоѓ (Арена Атлас) и Олштин (Арена Уранија). Краков ќе биде домаќин на полуфиналните натпревари и натпреварите за медали. Пласман на Светскиот куп, врз основа на светската ранг-листа од 29 септември, изборија Полска, Италија, Франција, Финска, Словенија, Јапонија, Иран, Кореја, САД, Канада, Куба, Тунис, Камерун, Алжир, Бразил, Аргентина, Чиле, Бугарија, Германија, Украина, Белгија, Турција, Србија, Чешка, Грција, Романија, Холандија, Мексико, Порторико, Данска, Египет и Естонија.

Комерцијални објави

1.0 | 0 | 0 | [0|0]Струмица 47&72 без конкуренција кај кадетите – четири победи, ниту еден загубен сет и лидерско место на табелата!
Спортска Мрежа

1.0 | 0 | 0 | [0|0]Штип УГД директно во главната рунда, на 9 декември ја пречекува Пјаченца
Спортска Мрежа

Спортска Мрежа

Македонскиот шампион Штип УГД, по завршувањето на своето премиерно учество во Лигата на шампионите, европската сезона ќе ја продолжи во ЦЕВ купот. Според натпреварувачкиот распоред, штипјани се слободни во првото коло и имаат обезбедено директен пласман во главната рунда, каде ги очекува исклучително тежок предизвик – италијанскиот тим Пјаченца. Првиот натпревар од двомечот ќе се одигра на домашен терен, во СРЦ „Џексон“ во Штип, на 9 декември со почеток од 19:00 часот.

МКД

Македонскиот шампион Штип УГД откако го заврши премиерното учество во Лигата на шампионите настапот во европските клупски купови го продолжува во рамките од ЦЕВ купот. Според распоредот Штип УГД е слободен во првото коло од ЦЕВ купот и обезбедува директен пласман во главната рунда каде го чека тежок противник – италијанска Пјаченца. Првиот натпревар од двомечот Штип УГД го игра на домашен терен во СРЦ „Џексон“ во Штип на 9 декември од 19 часот.

Fresh : 0.02 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 21.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0УГД Штип во меч со пет сета загуби во Лигата на шампионите
МКД

МКД

Македонскиот одбојкарски шампион УГД Штип одигра далеку подобро во реваншот против Орион Старс, но тоа не беше доволно за позитивен резултат. Штипјани загубија со 2-3 во сетови (25-23, 20-25, 25-21, 10-25, 10-15) и го завршија настапот во Лигата на шампионите. Домашниот тим одлично го отвори натпреварот и со сигурна игра во завршницата го освои првиот сет со 25-23. Гостите возвратија во вториот сет, во кој славеа со 25-20, но УГД Штип повторно ја презеде иницијативата и со 25-21 поведе со 2-1 во сетови.

Спортска Мрежа

Викендов се одиграа вторите турнири во машката младинска конкуренција, по кои Штип УГД во групата А и Струмица 47&72 во групата Б се единствените екипи што сè уште немаат пораз. Во групата А, штипјани продолжија со одличните настапи и покрај тоа што во дуелот со еден од главните конкуренти, ГОК Борец, загубија еден сет и останаа без максимален број бодови. Со освоени 11 бода, Штип УГД се наоѓа на првото место на табелата.

Курир

Одбојкарите на УГД Штип одиграа многу подобро во реваншот против Орион старс, но тоа не беше доволно за посакуван триумф. Македонскиот претставник загуби со 2-3 во сетови (25-23, 20-25, 25-21, 10-25, 10-15), по неизвесна пресметка во која имаше и свои моменти. Штипјани добро го отворија натпреварот и го освоија првиот сет со 25-23, покажувајќи поголема концентрација кога се решаваше исходот.

Fresh : 0.05 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 51.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Познат изгледот на Првата А и Б одбојкарска лига во машка конкуренција
Спортска Мрежа

Спортска Мрежа

По комплетирањето на натпреварите од претколото, познат е составот на двете групи во машката Прва одбојкарска лига за регуларниот дел од сезоната. Екипите се поделени во две групи со по шест учесници, а првенствените возбудувања започнуваат в сабота. Во Првата А лига ќе се натпреваруваат актуелниот шампион Штип УГД, минатогодишниот финалист ГОК Борец, Струмица 47&72, Работнички 71&22, Сушево и Универзитет во Тетово.

Спортска Мрежа

Одбојкарските екипи на ГОК Борец, Струмица 47&72, Работнички 71&22 и Сушево успешно го минаа претколото и обезбедија пласман во Првата А лига за регуларниот дел од сезоната. Таму ќе му се приклучат на актуелниот шампион Штип УГД. ГОК Борец, Струмица 47&72 и Работнички 71&22 ја завршија работата со максимален ефект во двомечите против Весна Пробиштип, Македонија Џио и Скопје.

Fresh : 0.02 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 21.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0УГД Штип загуби на дебито во Холандија во ЛШ
Курир

Курир

Одбојкарскиот првак на Македонија екипата на УГД Штип, немаше сила да се носи со Орион Старс од Холандија во квалификациите за Лигата на шампионите. Во првиот натпревар кој се одигра во земјата на „лалињата“, на дебито во елитното друштво, УГД Штип доживеа пораз од 0-3 во сетови од ривалот (13-25, 19-25, 17-25). Неизвесен од трите, беше само вториот сет. Вутер Тер Мат имаше 14 поени кај победникот, Ларс Ент додаде 11 поени, додека кај УГД Штип, Махди Задмард и Стојан Илиев дадоа по девет поени, а Александар Љафтов имаше осум поени.

Спортска Мрежа

Македонскиот одбојкарски шампион Штип УГД во среда (21 октомври) ќе го има својот дебитантски настап во Лигата на шампионите, најелитното клупско натпреварување во европската одбојка. Штипјани ги очекува сериозен предизвик на гостински терен, каде што ќе се соочат со холандскиот првак Орион Старс. Натпреварот ќе се одигра во салата „SaZa Topsporthal“ во Дутинхем, со почеток.

Fresh : 0.05 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 51.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0