Германскиот тенисер Александар Зверев забележа победа над Шпанецот Рафаел Ходар во нивниот меѓусебен натпревар од групната фаза на завршниот АТП турнир. Средбата се одигра во рамките на воведното коло од престижното натпреварување. Мечот траеше вкупно 1 час и 28 минути игра, а германскиот претставник славеше со максимални 2:0 во сетови, односно со резултат 6:4 и 6:4. Првиот светски рекет за време на дуелот сервираше вкупно 10 аса, не направи ниту една двојна сервис грешка и успешно реализираше 2 од вкупно 7 брејк топки.
Карлос Алкарас пристигна на медиумскиот ден во Торино со јасна цел: прва титула на АТП финалето . Шпанецот, кој минатата година загуби во финалето од Јаник Синер, на 13 ноември порача дека освојувањето на трофејот би било огромен успех. Според АФП, Алкарас во петокот го прекинал тренингот порано поради стомачни проблеми . Тој објаснил дека се разбудил со тегоби и не можел ни да појадува, но додал дека постепено се чувствува подобро. На официјалната прес-конференција зборуваше и за физичкиот товар од многуте натпревари.
Светскиот број еден, Александар Зверев, го победи Шпанецот Рафаел Ходар во два сета со 6:4, 6:4, на почетокот од Финалниот Мастерс во Торино. Германецот го победи 11-то рангираниот играч на АТП листата по еден час и 28 минути. Брејк во седмиот гем од првиот сет и брејк во третиот од вториот сет беа доволни за Зверев да триумфира.
Тенисерот број еден во светот и двократен победник на АТП Финале (2018, 2021), 29-годишниот Германец Александар Зверев го победи 20-годишниот Шпанец Рафаел Ходар Камачо (АТП-10-ти), дебитант на завршниот турнир, со 6-4, 6-4 во Торино во неделата. Тоа беше првиот меч во групата „Џон Мекенро“, во кој Зверев го реши прашањето за победникот со два „брејка“: првиот во осмиот гем од првиот сет за водство од 5-3, а вториот пат го „скрши“ сервисот на Ходар во третиот гем од вториот сет. „Задоволен сум од победата против играч од Топ 10 во два сета 6-4, 6-4. Не беше идеално, но беше добро.
Арина Сабаленка се извини на Инстаграм за испадот за време на поразот од Елина Свитолина на финалето на ВТА во Индијан Велс. Таа тврди дека коментарот не бил насочен кон Украинката, туку кон гледачите кои, вели таа, агресивно навивале за нејзините грешки. Видео кое се прошири на социјалните мрежи ја покажува Сабаленка како пцуе за време на натпреварот во петокот, кој Свитолина го доби во три сета (6:3, 3:6, 6:1). Аудиото не е звучно, а некои корисници читаат од усни за да тврдат дека таа ги навредила Свитолина или Украинците на руски.
Арина Сабаленка јавно се извини за емотивниот испад за време на поразот од Елина Свитолина на ВТА финалето во Индијан Велс. Во објава на Инстаграм на 14 ноември објасни дека нејзините зборови не биле насочени кон противничката, туку кон дел од публиката. 🤬“Those f***ing Ukrainians, for f***’s sake!” Or was it “That f***ing Ukrainian b***h, for f***’s sake!”? These are the words 🏳️ Aryna Sabalenka appears to be saying in Russian, judging by her lip movements during her WTA Finals match against 🇺🇦 Elina Svitolina.
Арина Сабаленка повторно се најде во центарот на голем скандал откако за време на поразот од Елина Свитолина (6-3, 3-6, 6-1) на Мастерсот во Индијан Велс ги загуби нервите и упати жестоки пцовки на руски јазик. Снимките од нејзината реакција веднаш станаа вирални на социјалните мрежи, а од нејзините усни лесно се прочитаа тешки навреди, што отвори бурна дебата околу тоа дали бесот бил директно насочен кон украинската тенисерка. По лавината критики, Белорусинката се огласи со обид да ја смири тензијата, уверувајќи дека нејзиниот испад воопшто не се однесувал на ривалката на теренот.
Украинката Елина Свитолина (32) (7-ма на ВТА ранг-листата) се пласираше во полуфиналето на завршниот ВТА турнир во Индијан Велс, откако во петокот ја победи Белорусинката Арина Сабаленка (28) (2-ра на ВТА) со 6:3, 3:6, 6:1. Ова е една од најголемите победи на Свитолина, нејзина прва победа над Сабаленка по шест години, како и прва победа против неа на тврда подлога. Украинката повторно не ѝ подаде рака на Сабаленка по натпреварот. “Those f***ing Ukrainians, for f***’s sake!” Or was it “That f***ing Ukrainian b***h, for f***’s sake!”? These are the words Aryna Sabalenka appears to be saying in Russian, judging by her lip movements during her WTA Finals match against Elina Svitolina.
Арина Сабаленка и Елина Свитолина ќе играат за последното полуфинално место на ВТА-финалето во Индијан Велс. Двете имаат по една победа и еден пораз во групата 2, па нивниот вечерашен дуел, на 13 ноември, директно ќе ја одреди патничката меѓу најдобрите четири. Мира Андреева веќе е прва во групата, а Каролина Мухова е елиминирана.
Арина Сабаленка на очаен начин ја завршува сезоната, белоруската тенисерка го загуби клучниот меч од Елина Свитолина и доживеа рана елиминација на завршниот ВТА турнир. Свитолина која немаше победа над Сабаленка од 2019 година, конечно триумфираше и тоа во каков момент. Белорусинката добро го почна мечот, го доби првиот сет со 6-3, но Свитолина возврати на идентичен начин со 6-3. Во третиот решавачки сет Свитолина беше супериорна со 6-1 за победа од 2-1 во сетови.
Мира Андереева и Елина Свитолина ќе се бора за титулата на Завршниот мастерс, во Индијан Велс. Во полуфиналето, Андреева ја победи петтата тенисерка во светот, Џесика Пегула, со 6:3, 6:4, за еден час и 25 минути игра. Третата тенисерка во светот не изгуби ниту еден сет во текот на четирите одиграни натпревари.
Американецот Тејлор Фриц ја освои титулата на турнирот во Стокхолм. Десеттиот тенисер во светот го победи Аргентинецот Тијаго Агустин Тиранте во три сета, 6:2, 4:6, 7:6. Мечот траеше два часа и 14 минути. Фриц двапати направи брејк на сервис на аргентинскиот тенисер, додека Тиранте освои еден брејк.
Лоренцо Музети обезбеди полуфинале на турнирот во Стокхолм откако на 12 ноември го совлада Иго Умбер со 7:6(5), 3:6, 6:4 . Третиот носител се врати од брејк-негатива во решавачкиот сет и по два часа и 29 минути го потврди дуелот со Тејлор Фриц. Италијанецот мораше да помине низ тај-брејк за првиот сет, а потоа Умбер израмни и имаше предност во третиот. Сепак, Музети успеа да го сврти текот на завршницата и да стигне до последните четворица.
Тејлор Фриц успеа да ја освои шампионската титула на тенискиот турнир што се одржа во Стокхолм. Во завршниот финален натпревар, американскиот тенисер забележа тешка победа против аргентинскиот играч Тијаго Агустин Тиранте со резултат од 2-1 во сетови, односно 6-2, 4-6 и 7-6/3 во одлучувачкиот тај-брејк. Американецот, кој во моментов се наоѓа на десеттата позиција на официјалната АТП ранг-листа, стигна до победничкиот пехар по исцрпувачки дуел што траеше два часа и 14 минути активна игра на теренот.
Тејлор Фриц е шампион на турнирот во Стокхолм, откако во финалниот меч го совлада Аргентинецот Тијаго Агустин Тиранте со 2-1, по сетови 6-2, 4-6, 7-6/3. Американскиот тенисер, кој се наоѓа на десеттото место на АТП листата, до трофејот стигна по исцрпувачки дуел од два часа и 14 минути. Фриц имаше два брејка, наспроти еден на аргентинскиот противник, кој е 51. тенисер во светот. За Американецот ова е дванаесетти АТП трофеј во професионалната кариера.
Сара Ерани и Јасмин Паолини без пораз стигнаа до своето прво финале на ВТА завршниот турнир во двојки. Во полуфиналето во Индијан Велс ги совладаа Ханју Гуо и Кристина Младеновиќ со 6:3, 6:4 , а денес, 15 ноември, за трофејот ќе играат против Катерина Синијакова и Тејлор Таунсенд. Италијанките последни обезбедија место на турнирот, но ги добија сите три групни натпревари и полуфиналето.
Мира Андреева и Џесика Пегула првпат ќе се соочат на ВТА турнејата , а влогот веднаш е место во финалето на завршниот турнир во Индијан Велс. Нивното полуфинале на 14 ноември е прво во програмата: почетокот е во 21:00 часот по македонско време , односно напладне во Калифорнија. Иако двете се меѓу водечките тенисерки, досега не одиграле официјален меѓусебен меч на турнејата.
Комо Гоф ја победи Марта Костјук, но и покрај тоа го заврши настапот на Завршниот ВТА-турнир, откако Џесика Пегула ја совлада Линда Носкова и ја остави Американката без место во полуфиналето. Гоф славеше со 2-0 во сетови (6-4, 7-5), иако во вториот сет беше на работ на пораз. Костјук имаше предност од 5-1 и дури три сет-топки, но Американката освои шест гема во низа и направи целосен пресврт.
Линда Носкова е првата полуфиналистка на ВТА-финалето во Индијан Велс . Чешката тенисерка ја победи Коко Гоф со 6:3, 6:3 за 75 минути и со вториот триумф без загубен сет го обезбеди пласманот меѓу најдобрите четири. Носкова повторно беше убедлива по победата над Марта Костјук во првото коло. Против Гоф реализираше пет од девет брејк-топки и освои 18 од 24 поени на вториот сервис на Американката.
Коко Гоф ја победи Марта Костјук, но двете славја не беа доволни за пласман во полуфиналето на Завршниот ВТА-турнир. Американката беше елиминирана откако Џесика Пегула ја совлада Линда Носкова и го обезбеди местото меѓу најдобрите четири. Гоф славеше со 2-0 (6-4, 7-5), иако во вториот сет беше пред елиминација.
Џесика Пегула и Линда Носкова се пласираа во полуфиналето на ВТА-финалето во Индијан Велс. Вечерва Сабаленка и Свитолина ќе се борат за последното место во нокаут фазата. Пегула ја победи Носкова со 7-6, 4-6, 7-5, откако спаси меч-топка, па Американката со овој триумф го обезбеди второто место во групата.
Во Торино вчера беа одредени двете групи за завршниот Мастерс турнир кај мажите, што ќе се игра од 15 до 22 ноември во Торино. Најдобриот светски тенисер Александер Зверев ќе ја предводи групата „Џон Мекинро“ а за ривали ги има: Бен Шелтон (САД), Артур Фис (Франција) и Рафаел Ходар (Шпанија). Во групата „Иван Лендл“ се Карлос Алкараз (Шпанија), Данил Медведев (Русија), Флавио Коболи (Италија) и Френсис Тиафо (САД). Зверев има освоено два Мастерси во 2018 и 2021 година, Медведев има победа во 2020 година, додека Коболи, Фис, Тиафо и Ходар се дебитанти. Поради повреда, на турнирот нема да настапи ланскиот победник Јаник Синер од Италија.
Четворица дебитанти ќе играат на годинешното АТП-финале во Торино, чии групи се одредуваат денес, 12 ноември. Завршниот турнир се игра од 15 до 22 ноември во „Иналпи арена“, на тврда подлога во сала. Александер Зверев и Карлос Алкараз го предводат составот, во кој се и Бен Шелтон, Данил Медведев, Флавио Коболи, Артур Фис, Френсис Тиафо и Рафаел Ходар.
Најдобриот германски тенисер Александар Зверев ќе настапи во групата „Џон Мекинро“ на завршниот АТП-турнир во Торино, каде што за противници ќе ги има Американецот Бен Шелтон , Французинот Артур Фис и Шпанецот Рафаел Ходар , одлучено е со денешната ждрепка. Зверев досега двапати во кариерата го освојуваше завршниот турнир, во 2018 и 2021 година, па повторно ќе се обиде да стигне до трофејот. Во групата „Иван Лендл“ се најдоа Шпанецот.
Светскиот број еден, Александар Зверев, ќе игра во групата „Џон Мекенро“ против Американецот Бен Шелтон, Французинот Артур Фис и Шпанецот Рафаел Ходар на завршниот Мастерс во Торино, а ждрепката беше извршена денес. Втората група, наречена „Иван Лендл“, ја сочинуваат Шпанецот Карлос Алкараз, Русинот Даниил Медведев, Италијанецот Флавио Коболи и Американецот Франсес Тијафо. Зверев е двократен шампион на овој турнир, кревајќи го трофејот во 2018 и 2021 година, додека Алкараз ќе се обиде да триумфира на завршниот Мастерс за прв пат.
Мира Андреева приреди вистинско тениско шоу на завршниот ВТА турнир, откако со неверојатна серија од 11 освоени гемови по ред ја прегази светскиот рекет број два, Арина Сабаленка, и обезбеди пласман во полуфиналето. Сабаленка одлично го отвори мечот и поведе со 4-1 во првиот сет, оставајќи впечаток дека рутински ќе ја заврши задачата. Но, тогаш 19-годишната Русинка и актуелна шампионка на Ролан Гарос започна да игра брилијантно и целосно ја искористи сè полошата и понервозна игра на противничката.
Арина Сабаленка и Каролина Мухова ја отвораат втората група на ВТА-финалето во Индијан Велс. Мечот на 9 ноември почнува во 21:00 часот по Скопје . Веднаш потоа играат Мира Андреева и Елина Свитолина. Чешката тенисерка има три победи во пет меча против Сабаленка.
Тешка победа за Сабаленка во Индијан Велс, Андреева ја декласира Свитолина Микс Makfax / 10.11.2026 10.11.2026 Арина Сабаленка и Мира Андреева успешно стартуваа на Завршниот мастерс во Индијан Велс. С.
Мира Андреева приреди вистинско тениско шоу на завршниот ВТА турнир, откако со неверојатна серија од 11 освоени гемови по ред ја прегази светскиот рекет број два, Арина Сабаленка, и обезбеди пласман во полуфиналето. Smiling her way into the semis 😄 #FAGEWTAFinals | #TheUltimateStage pic.twitter.com/qhOFtfQSZA — wta (@WTA) Сабаленка одлично го отвори мечот и поведе со 4-1 во првиот сет, оставајќи впечаток дека рутински ќе ја заврши задачата. Но, тогаш 19-годишната Русинка и актуелна шампионка на Ролан Гарос започна да игра брилијантно и целосно ја искористи сè полошата и понервозна игра на противничката.
Поранешниот најдобар тенисер на светот Рафаел Надал предлага промени при рангирањето на светската АТП листа, со пресметување на резултатите од две години, наместо како што е сега, од една година. Во овој случај тенисерите ќе имаат поголема слобода да ги планираат своите настапи. Системот на рангирање би ги пресметувал резултатите од две години, наместо една и играчите ќе имаат повеќе слобода при носење одлуки за настапите.
Рафаел Надал го повтори своето верување дека на светскиот систем за рангирање во тенисот му е потребна голема ревизија. Шпанецот, исто така, зборуваше за проширениот формат на серијата АТП Мастерс. И АТП и ВТА користат слични системи за пресметување на светските рангирања, кои се базираат на поените освоени од играчите на турнирите во текот на изминатите 52 недели.
Рафаел Надал смета дека професионалниот тенис мора да направи промени за да им овозможи на играчите подобри услови и помал физички напор. Легендарниот Шпанец, кој ја заврши кариерата пред две години, предложи поинаков систем за бодување и рангирање на тенисерите. Според Надал, АТП-листата не треба да се базира само на резултатите од последните 12 месеци, туку на учинокот во период од две години.