Косовските власти вратиле две пратки млечни производи од Македонија, со вкупна тежина од 12.268 килограми, поради утврдени неправилности во однос на безбедноста на храната и хигиенските услови во производството. Станува збор за производи на АД „Млекара Тетово“, кои биле запрени на граничниот премин Генерал Јанковиќ, а косовската Агенција за храна и ветеринарство не дозволила нивен увоз поради претходно воведена забрана за производителот, објави „Радио Ким“. Пратките биле наменети за компанијата „VIZIONI M.Z.I.I“ од Преоце, во близина на Грачаница, но биле вратени врз основа на забраната за увоз на производи од овој производител, која стапила во сила на 6 ноември.
„Косовските власти вратиле две пратки млечни производи од Македонија, со вкупна тежина од 12.268 килограми, поради претходно утврдени неправилности поврзани со безбедноста на храната и хигиената во производството. Станувало збор за прехранбени кремови со растителни масти и производи од сирење, произведени од АД ‘Млекара Тетово’,пренесува ‘Радио Ким’. Пратките биле наменети за компанијата ‘VIZIONI M.Z.I.I’ од Преоце, во близина на Грачаница, но биле запрени на граничниот премин Генерал Јанковиќ.“ – објави информативниот портал „Скопје 1.мк“.
Две пратки со вкупно 12.268 килограми млечни и прехранбени производи од млекарница од Тетово се запрени на граничниот премин Генерал Јанковиќ и се враќаат во Македонија, објавија косовските медиуми. Според информациите, пратките не добиле дозвола за влез на Косово поради забраната за увоз од овој производител, воведена на 6 ноември. Забраната била донесена откако лабораториските анализи на претходни производи покажале присуство на бактеријата ешерихија коли на дозволените гранични премини.
Косово врати над 12 тони прехранбени продукти произведени во македонска млекарница, откако при извршените контроли тамошната Агенција за храна и ветеринарство утврдила дека извозникот повторно ги прекршува критериумите за безбедност на храна и хигиена во производството според косовските стандарди, вклучително и незадоволителни лабораториски резултати кои во претходните пратки покажале присуство на бактеријата ешерихија коли над дозволените граници. „Одбивањето на увозот е извршено врз основа на одлука на косовската Агенција за храна и ветеринарство од 06.11.2026 година, со која се забранува увоз на производи од оваа фабрика и таа се брише од листата на одобрени објекти за извоз на прехранбени производи во Република Косово“, стои во образложението на косовското АХВ . Од македонската Агенција за храна и ветеринарство велат дека сè уште не се официјално известени од страна на нивните косовски колеги, но потврдуваат дека млекарницата поднела барање за враќање на пратката која се наоѓа под официјален надзор од косовските власти. „Во рамки на вонредната контрола во млекарницата земени се мостри од млечни и композитни производи, како и брисеви од работни површини, опрема и од вработените лица кои се дадени за тестирање во две независни лаборатории, чии резултати АХВ сè уште ги нема добиено“, пишува во одговорот што Телма го доби од АХВ.
Службеници на Државната агенција за национална безбедност на ниту еден начин и по ниту еден повод не влијаеле врз бугарската државјанка, се вели во соопштението на ДАНС.
Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар Станислав Цанов, во кое се објавени аудиоразговори со Ива Михаилова со сериозни тврдења за закани и психичко малтретирање од бугарската тајна служба ДАНС. Во разговорите таа опишува положба што новинарот ја споредува со заложништво: тврди дека лица од Државната агенција за национална безбедност — ДАНС ѝ одредувале кај кој новинар смее да гостува, што смее да зборува и дека ѝ се заканувале со ускратување на неопходната рехабилитација. Михаилова, чиј случај бугарски политичари и медиуми го претставуваа како пример за дискриминација во Македонија, во објавените разговори изнесува тешки обвинувања за односот на институциите во Бугарија кон неа.
По бурата околу нејзиното заминување од Македонија и обвинувањата за притисоци од македонските институции, Ива Михаилова повторно е во центарот на политички спор — овојпат во Бугарија. Новинарот Станислав Цанов објави видео во кое пушти аудиоснимки и прикажа скриншотови од преписка со неа. Михаилова не се појавува во видеото, а Цанов тврди дека снимките се од разговори што ги воделе претходно.
Цанов вчера објави дека ДАНС ѝ вршела притисок и ја уценувала со државната помош и лекувањето наложувајќи и за кои медиуми да дава изјав и Јутјуберот Станислав Цанов вчера во својата емисија пушти неколку аудиоснимки, најверојатно тајно снимени телефонски разговори, што ги водел со Михаилова во различни периоди. Скандал ја тресе Бугарија откако јутјуберот Станислав Цанов вчера објави снимено признание на Михаилова дека бугарска Државната агенција за национална безбедност (ДАНС) ѝ вршела притисок за кои медиуми да дава изјави, наложувајќи и ја да се појави исклучиво кај Матин Карбовски, новинарот кој тврдеше дека македонската историја може да ја спакува во плико и да ни ја прати, алудирајќи на тоа дека сме измислени во 1944 година. Бегалката од македонската правда Михаилова два дена ја бранува бугарската јавност откако јутјуберот Цанов вчера објави дека ДАНС ѝ вршела притисок и ја уценувала со државната помош и лекувањето наложувајќи и за кои медиуми да дава изјави, Михаилова денеска на „Фејсбук“ тврди дека не сака да биде дел од какви било политички спорови и оти само сака да се лекува во Бугарија.
По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Најпрво во западните делови, а попладне и кон крајот на денот насекаде ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Студеното време што денеска ја зафати земјава ќе трае до утре, а веќе од понеделник се најавува променливо, но потопло време. Температурите ќе бидат во постепен пораст и над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.
УХМР најавува дека следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од утре, под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.
УХМР најавува дека следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од утре, под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.
Македонскиот кардиолог, професор и алпинист Сашко Кедев е најстариот алпинист во светот кој се искачил на сите 14 планини повисоки од 8.000 метри. Со искачување на врвот Гашербрум I Кедев го заокружи овој предизвик на 20 јули 2025 година, на возраст од 63 години и 14 дена, со што влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстарата личност во светот што се искачила на сите планински врвови над осум илјади метри надморска височина. Д-р Кедев, кој е роден на 6 јули 1962 година, исто така, е најстарата личност која ги искачила сите планини повисоки од 8.000 метри, како и „Седумте врвови“ (највисоките точки на секој од континентите). Овој подвиг го остварил во периодот помеѓу 14 јануари 2008 година (Аконкагва во Јужна Америка) и 6 ноември 2011 година (Пункак Џаја, познат и како Пирамида Карстенц, во Океанија). Планини над 8.000 метри, коишто ги има освоено Кедев се: Еверест: 19 мај 2009.
Македонскиот кардиолог, професор и алпинист Сашко Кедев е најстариот алпинист во светот кој се искачил на сите 14 планини повисоки од 8.000 метри. Со искачување на врвот Гашербрум I Кедев го заокружи овој предизвик на 20 јули 2025 година, на возраст од 63 години и 14 дена, со што влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстарата личност во светот што се искачила на сите планински врвови над осум илјади метри надморска височина. Д-р Кедев, кој е роден на 6 јули 1962 година, исто така, е најстарата личност која ги искачила сите планини повисоки од 8.000 метри, како и „Седумте врвови“ (највисоките точки на секој од континентите). Овој подвиг го остварил во периодот помеѓу 14 јануари 2008 година (Аконкагва во Јужна Америка) и 6 ноември 2011 година (Пункак Џаја, познат и како Пирамида Карстенц, во Океанија). Планини над 8.000 метри, коишто ги има освоено Кедев се: Еверест: 19 мај 2009 Манаслу: 27 септември 2021 Дхаулагири I: 9 април 2022 К2: 22 јули 2022 Брод Пик: 29 јули 2022 Анапурна I: 15 април 2023 Нанга Парбат: 2 јули 2023 Чо Оју: 2 октомври 2023 Макалу: 5 мај 2024 Лхоце: 13 мај 2024 Гашербрум II: 22 јули 2024 Шиша Пангма: 4 октомври 2024 Канченџунга: 23 мај 2025.
Најстариот алпинист кој се искачил до вистинската највисока природна точка на сите 14 планини повисоки од 8.000 метри е Сашко Кедев, соопштија денес од Гинисовата книга на рекорди. Во објавата на веб страницата на Гинисовата книга на рекорди стои дека Кедев, од Северна Македонија, роден на 6 јули 1962 година, го заокружи овој предизвик на 20 јули 2025 година, на возраст од 63 години и 14 дена, со искачување на врвот Гашербрум I. -Д-р Кедев е, исто така, најстарата личност која ги искачила сите планини повисоки од 8.000 метри, како и „Седумте врвови“, или највисоките точки на секој од континентите. Овој подвиг го остварил во периодот помеѓу 14 јануари 2008 година, Аконкагва во Јужна Америка и 6 ноември 2011 година, Пункак Џаја, познат и како Пирамида Карстенс, во Океанија, стои во објавата на Гинисовата книга на рекорди.
Кедев, на доделувањето на наградата, порача дека освојувањето на 14-те највисоки врвови во светот го смета за национален успех којшто го посвети на сите Македонци.
Денеска (15.11.2026), во временскиот период од 11:00 до 12:00 часот, на наплатна станица Петровец, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи во соработка со РСБСП поради одбележување на ,,Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгодиʼʼ беше реализирана превентивно-едукативна активност насочена кон зголемување на сообраќајната култура и безбедноста на возачите под мотото "Заедно со одговорно однесување во сообраќајот да придонесеме за патишта без жртвиʼʼ! Во рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни материјали (летоци) со пораки кон возачите - "Вози одговорно" и придонеси за намалување на бројот на жртви во сообраќајот! Исто така, на возачите им беше укажано дека од денеска 15-ти ноември стапува на сила законската обврска за поседување задолжителна зимска опрема и да ја прилагодуваат брзината и начинот на возење на условите на патот, заради нивната лична безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.
МВР соопшти дека денеска во Скопје, кај фонтаната во Градскиот парк, полициски службеници од Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи и Одделението за превенција при СВР Скопје, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), реализираа заедничка превентивно-едукативна активност за подигнување на свеста и унапредување на безбедноста во сообраќајот, по повод Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди. Активноста со мотото „Заедно, со одговорно однесување во сообраќајот, да придонесеме за патишта без жртви!“, беше насочена кон подигнување на свеста за значењето на одговорното и совесно учество во сообраќајот, унапредување на сообраќајната култура и намалување на бројот на сообраќајни незгоди и жртви на патиштата. Во рамки на активноста, на граѓаните им беа поделени едукативни материјали – летоци со превентивни пораки и апел за одговорно учество во сообраќајот, со посебен акцент на почитувањето на сообраќајните правила и прописи и грижата за сопствената и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.
По повод Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, денеска кај фонтаната во Градскиот парк во Скопје беше реализирана превентивно-едукативна активност на Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП). Активноста ја спровеле полициски службеници од Секторот за сообраќајни работи при МВР и Одделението за превенција при СВР Скопје, во соработка со РСБСП, со цел подигнување на свеста за одговорно учество во сообраќајот и намалување на бројот на сообраќајни незгоди и жртви на патиштата. Под мотото „Заедно, со одговорно однесување во сообраќајот, да придонесеме за патишта без жртви!“, на граѓаните им биле поделени едукативни летоци со превентивни пораки и апели за почитување на сообраќајните правила и прописи, како и за грижа за сопствената и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Во рамки на активноста, биле потсетени и возачите дека од 15 ноември започнува законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.
Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогнозата, од утре под влијание на јужно воздушно струење температурите постепено ќе се зголемуваат и повторно ќе бидат над просекот за овој период од годината. Во наредните денови ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а од среда тој повремено ќе достигнува и над 60 километри на час, особено во западните делови од земјата.
Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогнозата, од утре под влијание на јужно воздушно струење температурите постепено ќе се зголемуваат и повторно ќе бидат над просекот за овој период од годината. Во наредните денови ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а од среда тој повремено ќе достигнува и над 60 километри на час, особено во западните делови од земјата.
Тело на машко лице е пронајдено во бараката што целосно изгоре во скопската населба Жданец, соопшти полицијата. Пожарот беше пријавен синоќа околу 23:40, а во гаснењето на огнот учествуваа седум противпожарни возила и 19 пожарникари. По интервенцијата Бригадата за противпожарна заштита – Скопје, во внатрешноста на објектот било пронајдено тело на починато машко лице.
Голем пожар избувна вчера во населбата Жданец во Општина Карпош, каде што била зафатена барака со површина од околу 80 квадратни метри. На терен интервенирале екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, кои со повеќе пожарникари и противпожарни возила го локализирале и го изгаснале пожарот. Од Бригадата за противпожарна заштита информираат дека интервенцијата започнала во 23:35 часот и траела до 1:30 часот по полноќ.
Пожарникарите од скопската Бригада за противпожарна заштита вчера вечер при гасење пожар пронашле тело на починат маж. Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера во 23:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. Жданец во Скопје настанал пожар во барака, сопственост на М.Р.(56) од Скопје. Бараката целосно изгорела во пожарот.
Во пожарот што синоќа пред полноќ избувна во скопската населба Жданец, по целосното гаснење на огнот во опожарената барака било пронајдено безживотно тело на машко лице. Од МВР информираат дека пожарот бил пријавен вчера , околу 23:40 часот, на улицата „Жданец“ во Скопје. Огнот ја зафатил бараката во сопственост на 56-годишен скопјанец, која целосно изгорела.
Коалицијата ВРЕДИ обвини дека поранешниот прв вицепремиер Артан Груби лично ја потпишал одлуката за продажба на државните акции во Стопанска банка Битола, кои подоцна завршиле кај српскиот бизнисмен Давор Мацура. На прес-конференција, пратеничката Саранда Имери Стафаи презентирала документи за кои тврди дека го потврдуваат потписот на Груби на одлуката. Од ВРЕДИ велат дека станува збор за записник од 158. седница на Владата, одржана на 6 јуни 2023 година, и одлука објавена во „Службен весник“ број 123 од 13 јуни истата година.
Артан Груби лично потпишал одлуката за продажба на државните акции во Стопанска банка Битола, како заклучок на седница на Влада на која присуствувале Фатмир Бесими, Бујар Османи и Крешник Бектеши. Откако во изминатите денови јавноста виде како сватот на Али Ахмети преку компанијата „АС Сењак“ земал кредит од 5 милиони евра директно од Белград, за потоа да му ги продаде акциите во битолската банка на притворениот српски тајкун Давор Мацура, денес го објавуваме третиот, крунски доказ, наведува ВРЕДИ во соопштението од прес-конференцијата на Саранда Имери Стафаи, кое МИА го пренесува интегрално. Доказ кој покажува како државниот врв на ДУИ институционално го започнал и расчистил патот за преземање на Стопанска банка Битола (денес Алта банка Македонија). Пред вас се два официјални државни документи: Записникот од 158-та седница на Владата одржана на 6 јуни 2023 година и објавена одлука во „Службен весник“ број 123 од 13 јуни 2023 година.
Влен обвини дека поранешниот прв вицепремиер Артан Груби лично ја потпишал одлуката за продажба на државните акции во Стопанска банка Битола, повикувајќи се на записник од владина седница од јуни 2023 година и одлука објавена во „Службен весник“. Од партијата тврдат дека тогашните функционери на ДУИ институционално го отвориле патот за продажба на акциите, а информациите ги поврзуваат со подоцнежното преземање на банката од белградската „Алта банка“. На обвинувањата реагираа од ДУИ, од каде велат дека Влен се обидува да ја префрли одговорноста, бидејќи токму актуелната влада ги потпишала одлуките со кои банката влегла во земјава.
Државниот врв на ДУИ институционално го започнал и го расчистил патот за преземање на Стопанска банка Битола од Алта Банка Белград, обвинува владеачката Вреди. Според нив, со владината седница на 6 јуни 2023 година, на која е дадена согласност Агенцијата за управување со одземен имот да ги продаде акциите во Стопанска банка Битола, стекнати преку конфискација, претседавал Артан Груби. Фирмата „АС Сењак“ од Кичево во сопственост на сватот на Али Ахмети, Селаудин Арифи во октомври 2024 година купува значаен пакет акции од Стопанска банка Битола, а фирма поврзана со него во јуни 2025 година зема кредит од Алта банка Белград.
Температурните разлики ги зголемија повиците кон итната медицинска помош. Во едно деноноќие имаат и по 100-тина јавувања. Најчесто помош бараат пациенти со срцеви и невролошки заболувања.
Температурните разлики ги зголемија повиците кон итната медицинска помош. Во едно деноноќие имаат и по 100-тина јавувања. Најчесто помош бараат пациенти со срцеви и невролошки заболувања.
Реформите во пензискиот фонд мора да бидат аргументирани и одржливи, да ги заштитат стекнатите права на сегашните пензионери и да обезбедат сигурност за идните генерации, изјави директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) Никола Мемов на денешната прес конференција. Тој рече дека ПИОМ се соочува со финансиски притисок и дека конкретни мерки за обезбедување стабилен пензиски систем доставиле до надлежното министерство и до Владата. Фондот има значителен финансиски притисок.
Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Никола Мемов, ги презентираше резултатите од работењето на институцијата во изминатите две години, посочувајќи ги зголемувањето на пензиите, финансиската стабилност, одржливоста на пензискиот систем и неговата модернизација како главни постигнувања. Мемов истакна дека во периодот од септември 2024 до март 2026 година пензиите кумулативно се зголемиле за 7.000 денари месечно по пензионер, преку линеарното зголемување, а во септември 2026 година следувало дополнително зголемување од три проценти по пропорционален модел. Тој нагласи дека подобрувањето на животниот стандард на пензионерите е еден од приоритетите на социјалната политика на Владата и на Движењето ЗНАМ.
Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, Никола Мемов, ги презентираше резултатите од работењето на Фондот во изминатите две години, со посебен акцент на зголемувањето на пензиите, финансиската стабилност и одржливоста на пензискиот систем, модернизацијата и меѓународната соработка. Мемов истакна дека преземањето на одговорноста во 2024 година било мотивирано од определбата програмските заложби на ЗНАМ да се преточат во конкретни политики и резултати, а не од функциите и привилегиите што ги носи учеството во извршната власт. Зголемувањето на пензиите и подобрувањето на животниот стандард на пензионерите остануваат еден од клучните приоритети на социјалната политика на Владата.
Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, Никола Мемов, ги презентираше резултатите од работењето на Фондот во изминатите две години, со посебен акцент на зголемувањето на пензиите, финансиската стабилност и одржливоста на пензискиот систем, модернизацијата и меѓународната соработка, стои во соопштението што МИА ви го пренесува во целост. Мемов истакна дека преземањето на одговорноста во 2024 година било мотивирано од определбата програмските заложби на ЗНАМ да се преточат во конкретни политики и резултати, а не од функциите и привилегиите што ги носи учеството во извршната власт. Зголемувањето на пензиите и подобрувањето на животниот стандард на пензионерите остануваат еден од клучните приоритети на социјалната политика на Владата.
Еден од најпознатите ноемвриски метеорски роеви се приближува до својот максимум. Леонидите во 2026. година ќе бидат најактивни во ноќта меѓу 16. и 17. ноември , а од Македонија најдобри услови за набљудување ќе има во часовите по полноќ и пред разденување, под услов небото да биде ведро. Не треба телескоп, ниту посебна опрема.
В недела во попладневните часови наместа ќе има повремени врнежи од дожд. Потоа од почетокот на следната работна седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, освен во средината на седмицата, кога ќе има пообилни врнежи од дожд, особено во западните делови, гласи прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и дневни температури од 8 до 13 Целзиусови степени. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд.
Променливо облачно време со сончеви периоди, но и повремени врнежи од дожд во попладневните часови – вакво време нè очекува денеска, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла, а ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој долж Повардарието ќе биде поизразен. Утринската температура ќе се движи од неколку степени над нулата до околу 10 степени, додека дневните температури ќе останат релативно високи за овој период од годината. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време, со можност за повремен дожд во попладневните часови и слаб до умерен југоисточен ветер.
Акции од Стопанска банка АД Битола на Алта банка ги продал сватот на Али Ахмети преку неговата фирма велат од ВМРО-ДПМНЕ. Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија – бараат од владејачката партија. „Лицемерието кај Филипче е на високо ниво.
Од ВРЕДИ пак обвинуваат дека функционерите на ДУИ соработувале со Алта Банка во Србија. Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for ВРЕДИ: Функционери на ДУИ директно соработувале со српските центри за моќ Категорија: Македонија.
„Црно на бело, документите покажуваат дека министрите на ДУИ предлагале и гласале точки на седници на Владата со кои на белградската Алта Банка ѝ се овозможува деловна соработка со државата. Наместо да ги штитат интересите на граѓаните, функционерите на ДУИ отворале врати за финансиски аранжмани и партнерства со банка од Србија. Ова е само уште еден доказ за долгогодишната политичка и деловна соработка на ДУИ со структури поврзани со српските центри на моќ.
Денес јавноста беше потресена од информациите за финансиските врски меѓу компании блиски до семејниот круг на Али Ахмети и белградската Алта банка. Овие случувања отвораат сериозни прашања за улогата на ДУИ, поранешниот министер за финансии Фатмир Бесими и трансакциите за кои се потребни итни одговори, велат од ВЛЕН. „Во 2023 година, на предлог на тогашниот министер за финансии Фатмир Бесими, Владата предводена од СДСМ и ДУИ ѝ даде согласност на Државната правобранителска служба да постапува во врска со продажбата на државните акции во Стопанска банка Битола, која подоцна беше купена од Алта банка.
Полицијата спровела акциска контрола во скопски Центар во текот на ноќта меѓу 14 и 15 ноември, при што биле констатирани повеќе прекршоци, а неколку лица биле лишени од слобода. Во акцијата, спроведена од полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар во соработка со Државниот пазарен инспекторат, биле констатирани 18 прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Дванаесет лица биле лишени по член 215 од Кривичниот законик, едно за безобѕирно управување со моторно возило, а три по член 204 од Кривичниот законик.
На 14/15.11.2026 во периодот од 22:00 до 07:00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар со Државниот пазарен инспекторат спроведоа акциска контрола, при што се констатирани 18 прекршоци по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, 12 лица се лишени по член 215 од Кривичниот законик, едно лице е лишено за безобѕирно управување моторно возило, три лица се лишени по член 204 од Кривичниот законик, а пет лица се приведени по член 4 и член 6 од ЗППЈРМ. Исто така, за време на активноста бе аизвршени контроли во неколку угостителски објект, при што во еден од нив беа затекнати седум малолетници кои консумираат алкохол. Додека, пак, забележано е дека тобако продава алкохол на малолетници, по што заедно со ДПИ се преземени мерки за санкционирање.
Засилени полициски контроли во централното подрачје на Скопје во текот на ноќта меѓу 14 и 15 ноември откриле повеќе сообраќајни и други прекршоци, при што биле приведени повеќе лица. Акцијата ја спровеле полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар, во периодот од 22 до 7 часот, во координација со Државниот пазарен инспекторат. При контролите биле констатирани 18 прекршоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Засилени полициски контроли во централното подрачје на Скопје во текот на ноќта меѓу 14 и 15 ноември откриле повеќе сообраќајни и други прекршоци, при што биле приведени повеќе лица. Акцијата ја спровеле полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар, во периодот од 22 до 7 часот, во координација со Државниот пазарен инспекторат. При контролите биле констатирани 18 прекршоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.