Големиот УФЦ 334 настан во Њујорк не донесе промени на шампионскиот врв, откако Сирил Ган и Кајла Харисон успешно ги одбранија своите појаси. Во главната борба на вечерта во тешка категорија, францускиот шампион Сирил Ган (15-2) со едногласна судиска одлука му го нанесе првиот пораз во кариерата на Џош Хокит (10-1). По пет исцрпувачки рунди, Ган целосно доминираше во размените на нозе и ја контролираше дистанцата, додека Американецот ги собра симпатиите на публиката покажувајќи огромно срце со постојани напади, иако немаше вистинско решение за техниката на првакот. A gente não entende NADA desse esporte.
Сирил Ган помина низ исклучително тешки почетни моменти, но покажа карактер во завршните рунди и го одбрани својот шампионски појас во тешка категорија против Џош Хокит во главниот настан на гала вечерта на UFC 334. Борбата беше далеку од лесна за шампионот, кој мораше да се одбрани од агресивните и неконвенционални напади од Хокит. Способноста на Французинот да го издржи постојаниот притисок и да изведе клучни удари во доцната фаза од судирот му даде предност на картите на судиите.
Денес е финалето на 55.Меѓународен боксерски турнир „Златен гонг“ во Скопје, кое ќе почне во 17 часот во салата „Расадник“ во Кисела Вода. Репрезентацијата на Украина има 12 боксери и боксерки во финалните борби. За жал, Македонија нема боксер во финалето.
Скопје во периодот од 13 до 15 ноември ќе биде центар на меѓународниот бокс, каде што ќе се одржи јубилејното 55. издание на традиционалниот турнир „Златен гонг“. За годинашното издание е пријавен голем интерес, со повеќе од 70 боксери од 17 земји кои ќе се борат за одличја во спортската сала „Расадник“. Покрај македонските претставници, на турнирот ќе настапат и боксери од Албанија, Австрија, Белгија, Белорусија, Бугарија, Косово, Литванија, Молдавија, Словенија, Србија, Турција, Украина, Унгарија, Хрватска и Шпанија.
Финалните борби на јубилејниот 55. меѓународен боксерски турнир „Златен гонг“ ќе се одржат вечерва од 17 часот во спортската сала „Расадник“ во Скопје. Влезот за публиката е слободен. Турнирот почна на 13 ноември со четвртфиналните борби, а во саботата се одржаа полуфиналињата.
Меѓу најзвучните имиња е Украинецот Јуриј Захарјејев, сениорски светски шампион од Белград 2021. На 19 години тој стана првиот боксер што во иста година освои светско злато и кај младинците и кај сениорите. Во Скопје настапува и Данило Жасан, бронзен медалист од сениорското Светско првенство во Ливерпул во 2025 година.
Македонија го освои првиот златен медал на Европското кик-бокс првенство за сениори во Скопје, откако Нелсон Узеир славеше во финалната борба против српскиот претставник Милош Даковиќ со 2-1. Узеир уште еднаш ја покажа својата храброст, борбеност и пожртвуваност, максимално влегувајќи во секоја размена и заслужено стигнувајќи до најголемиот успех во својата досегашна кариера. Со оваа победа, тој се искачи на европскиот врв и донесе голема радост за македонскиот кик бокс. Претходно, Силвио Мировски не успеа да се закити со златото, откако во финалето загуби од Црногорецот Немања Чадењовиќ со 1-2, па мораше да се задоволи со сребрениот медал.
Силвио Мировски обезбеди пласман во финалето на Европското првенство во кикбокс во Скопје, откако во полуфиналето во лоу кик до 71 килограм го совлада Србинот Урош Крстиќ со 3:0. Македонскиот репрезентативец сега има загарантиран најмалку сребрен медал, а последната пречка до титулата ќе му биде Немања Чадењовиќ од Црна Гора. Финалната двојка е потврдена и во официјалната програма на Спортдата за сабота, 14 ноември. Борбата Чадењовиќ–Мировски е втора во распоредот на ринг 3, со ориентациски почеток во 10:13 часот.
Македонија го освои првиот златен медал на Европското кик-бокс првенство за сениори што се одржува во Скопје, откако репрезентативецот Нелсон Узеир извојува победа во финалната борба против српскиот претставник Милош Даковиќ со судиска одлука од 2-1. Узеир за време на борбата прикажа високо ниво на храброст, борбеност и пожртвуваност, влегувајќи максимално ангажирано во секоја размена на удари и сосема заслужено дојде до највредниот резултат во својата досегашна спортска кариера. Со освојувањето на најсјајното одличје, тој застана на самиот европски трон и донесе исклучително голема радост за македонскиот кик-бокс спорт. Непосредно пред ова финале, македонскиот борец Силвио Мировски не успеа да стигне до златниот медал, откако во финалната пресметка беше совладан од репрезентативецот на Црна Гора, Немања Чадењовиќ, со резултат 1-2, освојувајќи го сребреното одличје.
Македонија го освои првиот златен медал на Европското кик-бокс првенство за сениори во Скопје, откако Нелсон Узеир славеше во финалната борба против српскиот претставник Милош Даковиќ со 2-1. Узеир уште еднаш ја покажа својата храброст, борбеност и пожртвуваност, максимално влегувајќи во секоја размена и заслужено стигнувајќи до најголемиот успех во својата досегашна кариера. Со оваа победа, тој се искачи на европскиот врв и донесе голема радост за македонскиот кик бокс. Претходно, Силвио Мировски не успеа да се закити со златото, откако во финалето загуби од Црногорецот Немања Чадењовиќ со 1-2, па мораше да се задоволи со сребрениот медал.
Осум лица се осудени на шест месеци затвор во Абу Даби по масовната тепачка во која учествуваа шампионот во лесна категорија на ПФЛ, Усман Нурмагомедов, и поранешниот шампион на УФЦ, Мераб Двалишвили. Одлуката беше објавена денеска од страна на Судскиот оддел на емиратот. Инцидентот се случи во средата во лобито на хотелот „Јас Хилтон“ додека Двалишвили давал интервју.
Осум лица се осудени на по шест месеци затвор поради масовната тепачка што во средата избувна во хотел во Абу Даби, а во која учествуваа познатите ММА-борци Усман Нурмагомедов и Мераб Двалишвили. Според информациите, пресудите биле изречени во петокот од страна на правосудните органи во Абу Даби. Иако идентитетот на осудените не е официјално објавен, неофицијално се дознава дека меѓу нив е и 28-годишниот руски борец, кој е актуелен непоразен шампион на ПФЛ во лесна категорија.
Големот скандал што го потресе светот на боречките спортови стигна до судски епилог. Судот во Абу Даби осуди десет лица за масовната тепачка во хотел, во која учествувале Мераб Двалишвили, Усман Нурмагомедов и нивните соработници. Осуммина добија затворски казни, а вкупните парични казни надминуваат 600.000 евра.
Мераб Двалишвили го прекина молчењето откако беше нападнат од Усман Нурмагомедов и неговиот тим во Абу Даби. Поранешниот шампион во бантам категорија на UFC испрати порака за мир и откри дека нема намера да поднесе тужба против борецот од Дагестан и неговиот тим. За потсетување, инцидентот се случи во хотел во Абу Даби, каде што Двалишвили престојува пред неговото претстојно појавување за промоцијата на борбената организација RAF.
Светската ММА заедница сè уште дебатира за скандалозниот напад на Усман Нурмагомедов и неговиот тим врз Мераб Двалишвили и неговиот 21-годишен пријател Саба Лазишвили во хотел во Абу Даби, а сега пристигнаа и најновите информации! Според еден од најпознатите новинари кој ги следи случувањата околу ММА сцената – Ариел Хелвани, Мераб и неговиот пријател се ослободени од притвор, додека Усман Нурмагомедов, како и неговиот тим, ќе останат зад решетки. Мераб Двалишвили и Саба Лазишвили штотуку се ослободени од притворен центар во Обединетите Арапски Емирати.
Првиот човек на УФЦ, Дејна Вајт, се најде во центарот на едба прилично необична правна пресметка, но овојпат причината нема никаква допирна точка со октагонот и ММА борбите. Имено, организацијата „Power Slap“, чиј коосновач е токму Вајт, влезе во отворен конфликт со промоцијата „Lingerie Fighting Championships“ поради бизарно натпреварување во кое девојки во долна облека наизменично се удираат по задникот. Проблемот настанал околу самото име на настанот.
Необичен правен спор избувна помеѓу организацијата Power Slap, основана од извршниот директор на UFC, Дана Вајт, и новото натпреварување наречено Power Spank, во кое учесниците разменуваат… удирања по задници. Power Spank дебитираше на 11 октомври во Клирвотер, Флорида, како дел од настанот на Lingerie Fighting Championships (LFC), организација позната по своите неконвенционални борби во кои учествуваат оскудно облечени жени. Новиот формат се претставува како пародија на Power Slap, каде што натпреварувачите се удираат силно во лице без да им биде дозволено да се бранат.
Познатите ММА (мешани боречки вештини) борци се степале во хотел во Абу Даби. Усман Нурмагомедов со повеќе лица му пришол на Мераб Двалишвили од зад грб и го нападнал при што Грузиецот го извлекол подебелиот крај. Усман е братучед на големиот Хабиб Нурмагомедов.
Поранешниот УФЦ шампион во бантам категорија, Мераб Двалишвили, доживеа тежок инцидент во Абу Даби, откако во лобито на еден хотел бил брутално нападнат од група дагестански борци, предводени од браќата Усман и Умар Нурмагомедов. Инцидентот се случил среде бел ден, во моментот кога Грузиецот со свој пријател се упатувал кон закажано интервју со новинарите. Ilia Topuria just posted the footage of Usman Nurmagomedov jumping Merab Dvalishvili Holy sh*t https://t.co/TrgztXpuiW — Championship Rounds (@ChampRDS) November 11, 2026.
Усман Нурмагомедов и неговата придружба наводно биле приведени и испрашувани по тепачката со Мераб Двалишвили во хотел во Абу Даби, а ММА борците бараат строги казни. Според The National од Абу Даби, инцидентот се случил во среда во хотелот Јас Хилтон. Весникот вели дека полицијата била известена бидејќи се случило на јавно место и се било снимено со камери.
Поранешниот шампион на УФЦ, Илија Топурија, објави видео од физичка пресметка во Абу Даби, во која, според обвинувањата, бил нападнат грузискиот борец Мераб Двалишвили од Усман Нурмагомедов, неговиот брат Умар и група нивни соработници. На снимката се гледа како група мажи му приоѓаат на Двалишвили додека тој снима промотивен материјал за претстојниот турнир на РАФ, по што еден од нив го удира во лицето. По инцидентот, Грузиецот се појави со крваво лице и силно отечено око.
Неколку секунди по завршувањето на мечот, Алиев со победнички кренати раце се шеташе околу рингот кога необјасниво направи непристоен гест кон публиката покажувајќи кон неговото меѓуножје.
Францускиот боксер Мурад Алиев го победи турскиот боксер во тешка категорија Умут Чамкиран со едногласна одлука по 12 рунди за да ја освои испразнетата титула WBC Silver во тешка категорија. Сепак, нивната борба во спортската арена „Улкер“ во Истанбул беше засенета од голем инцидент што се случи веднаш по натпреварот. Пред официјално да се објави победникот, во рингот избувна масовна тепачка во која учествуваа неколку лица.
Мурад Алиев го освои сребрениот појас во тешка категорија, во верзијата на ВБЦ, победувајќи го Умут Чамкиран на поени во Истанбул, но неговиот триумф беше засенет од масовната тепачка што избувна по борбата. Францускиот боксер ја освои титула во тешка категорија, која немаше сопственик, во спортската арена „Улкер“, тесно, на поени, по 12 брутални рунди борба со локалниот боксер. Сепак, она што се случи по борбата целосно го засени спортскиот резултат.
По десет рунди и драматични сцени во рингот, тепачката беше прекината поради страшниот оток на главата, кој целосно го промени изгледот на неговото лице. Борбата за слободниот шампионски појас се одржа на боксерски настан, чии главни актери беа Џошуа Буатси и Вили Хачинсон. Пуар беше поактивен во поголемиот дел од натпреварот, но пресвртот дојде по ненамерниот судир на глави.
Боксерски спектакл во Британија беше нарушен од морничава повреда на Зак Милер, чие чело отече чудно по судир на глави. И покрај очигледната опасност, докторот му дозволи да боксува уште две рунди пред борбата да биде прекината, а противникот победи на поени. That does NOT look good for Zak Miller!