1.0 | 0 | 0 | [0|0]На Инфантино му олесна, Арсен Венгер се откажа од трката за претседател на ФИФА
Спорт Статион

Спорт Статион

Легендарниот поранешен менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, одлучи да не се кандидира против Џани Инфантино на претстојните претседателски избори во ФИФА. Иако 77-годишниот Французин сериозно ја разгледуваше оваа опција и имаше силна поддршка од фудбалските кругови ширум светот, тој официјално се повлече од изборната трка пред крајниот рок. Оваа одлука на Венгер претставува огромно олеснување за актуелниот претседател Џани Инфантино.

Контра

Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, се откажа од трката за претседател на ФИФА, објавија англиските медиуми. Венгер, кој моментално е директор на ФИФА за глобален развој на фудбалот, размислувал да влезе во трката и наводно имал поддршка од управното тело на европскиот фудбал УЕФА, кое е против новиот мандат на Џани Инфантино. Неговата одлука претставува значителен поттик за сегашниот претседател на ФИФА во неговиот обид да освои четврти мандат.

Курир

Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, се откажа од својата кандидатура за претседател на Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации (ФИФА), објави денес Би-Би-Си. Венгер (77), кој моментално е директор за глобален развој на фудбалот во ФИФА, размислувал да се кандидира за претседател на организацијата, но извори од британскиот јавен сервис потврдија дека се откажал. Според медиумските извештаи, Французинот ја имал и поддршката од Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), која е спротивна на сегашниот претседател на ФИФА, Џани Инфантино, кој претходно потврди дека повторно ќе се кандидира за таа позиција. Британските медиуми известуваат дека УЕФА не се откажува од својата намера да најде алтернативен кандидат за Инфантино, а рокот за поднесување на кандидатурите истекува во среда, 18 ноември.

Fresh : 0.50 || 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 2 | 0 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]

1.0 | 0 | 0 | [0|0]Чурлинов и Митровски едногласни: „Да ја израдуваме нацијата со победа“
Спорт Статион

Спорт Статион

Македонската фудбалска репрезентација в понеделник навечер (20:45 часот) на арената „Тодор Проески“ ја спушта завесата на овогодинешното издание во Лигата на нации. Пред завршната битка со Словенија во групната фаза, репрезентативците Дарко Чурлинов и Димитар Митровски најавуваат беспоштедна борба и посакуваат триумф пред домашната публика. Брзоногиот офанзивец Дарко Чурлинов е среќен што повторно е дел од националниот тим, откако поради здравствени причини не беше во можност да им помогне на соиграчите на претходните четири натпревари.

Курир

Во нашата група Швајцарија пред последното коло во ЛН има 13 бода, Словенија е втора со осум, Шкотска има седум, додека Македонија е последна без освоен бод и веќе е познато дека ќе мора да игра за опстанок во лигата. Словенците, сепак, имаат јасна сметка пред гостувањето во Скопје. За да го задржат второто место, може да им биде доволен и пораз, доколку Шкотска не слави на гостувањето во Швајцарија, бидејќи имаат подобар меѓусебен биланс со Британците.

Спортска Мрежа

Македонската фудбалска репрезентација утревечер со почеток од 20:45 часот, на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје го игра завршниот, шести меч од групната фаза во Лигата Б од Лигата на нациите, каде противник ќе биде селекцијата на Словенија. ​На официјалната прес-конференција, селекторот Гоце Седлоски потврди дека атмосферата во тимот е на завидно ниво и дека фудбалерите се во добра здравствена состојба, а единствена дилема останува настапот на Димитар Митровски. Истакнувајќи го борбениот дух што тимот го демонстрираше на претходното гостување во Глазгов, Седлоски нагласи дека сега е момент за похрабар пристап.

А1он

Македонската фудбалска репрезентација утревечер со почеток од 20:45 часот, на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје го игра завршниот, шести меч од групната фаза во Лигата Б од Лигата на нациите, каде противник ќе биде селекцијата на Словенија. ​На официјалната прес-конференција, селекторот Гоце Седлоски потврди дека атмосферата во тимот е на завидно ниво и дека фудбалерите се во добра здравствена состојба, а единствена дилема останува настапот на Димитар Митровски. Истакнувајќи го борбениот дух што тимот го демонстрираше на претходното гостување во Глазгов, Седлоски нагласи дека сега е момент за похрабар пристап.

Fresh : 1.26 || 0 | 1 | 1 | 0 | 0 | 0 | 1 | 8 | 2 | 1 | 1 | 01.01.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]
Комерцијални објави

1.0 | 0 | 0 | [0|0]📽️ Магија и на 46 години: Роналдињо се врати од пензија и ја покажа својата класа
Контра

Контра

Легендарниот Бразилец Роналдињо го одбележа своетовраќање во професионалниот фудбал со учество во гол за својот нов тим. Бразилската икона се врати од пензија по 11 години за да игра за италијанскиот третолигаш Равена. Роналдињо го започна натпреварот против Форли од првата минута и брзо покажа дека сè уште има многу магија во нозете.

Контра

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо повторно ќе ги облече копачките и ќе игра на официјален натпревар по 11-годишна пауза. Поранешниот ас на Барселона и Милан, кој има 46 години, треба да игра за италијанскиот тим Равена во недела, 15 ноември, против Форли во 14-то коло од Серија Ц, третата лига на италијанскиот фудбал. Неговото враќање предизвика огромен интерес, но и незадоволство кај некои навивачи поради драстичното зголемување на цените на билетите.

Телма

Италијанската трета лига утре е во фокусот поради враќањето на залениот терен на познатиот бразлиски фудбалер Роналдињо. Роналдињо со своите 46-годишниот утре ќе заигра во дресот на италијанскиот третолигаш Равена, со што ќе настапи за прв пат на официјален фудбалски меч по повеќе од една деценија од неговото пенизонирање. Се очекува тој да биде стартер на утрешното дерби во Серија Ц во кое Равена го пречекува Форли.

Курир

Легендарниот Роналдињо повторно ќе ги облече копачките и ќе настапи на официјален натпревар по пауза од 11 години. Поранешниот ас на Барселона и Милан, кој има 46 години ќе заигра за италијанска Равена в недела, 15 ноември, против Форли, во 14. коло од Серија Ц, третото по ранг натпреварување во италијанскиот фудбал. Категории билети поскапеа дури четирикратно.

Fresh : 0.24 || 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 41.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Италија со неколку отсутни фудбалери ќе се соочи со Белгија
Спортеи

Спортеи

Италијанската репрезентација ќе биде ослабена за важниот дуел против Белгија во Лигата на нации. Селекторот Роберто Манчини потврди дека Давиде Фратези и Николо Камбијаги нема да настапат во Брисел, додека учеството на Рикардо Калафиори останува неизвесно. Фратези, кој постигна гол во победата над Франција (3:1), го напушти репрезентативниот камп поради мускулна повреда.

Точка

Италија ќе биде без уште еден фудбалер на решавачкото гостување кај Белгија. Николо Камбјаги отпадна за натпреварот во Брисел , откако не закрепна од повредата на скочниот зглоб заработена во четвртокот против Франција. Италијанската фудбалска федерација на 14 ноември објави дека медицинскиот тим утрото ја проценил состојбата на напаѓачот на Болоња.

Лидер

Сериозни искри и тензија ја потресоа француската фудбалска репрезентација по поразот од Италија со резултат 1:3. Две од ѕвездите на националниот тим, Рајан Шерки и Бредли Баркола, влегоа во жестока конфронтација уште за време на натпреварот, а меѓусебната расправија продолжила и по последниот судиски свиреж. Играчот на Манчестер Сити луто ја напуштил соблекувалната по конфликтот со крилниот напаѓач на Ливерпул. Драматичните сцени се одвиваа за време на дуелот од Лигата на нации, во кој тимот предводен од Зинедин Зидан претрпе пораз на стадионот „Сан Сиро“.

Контра

Селекторот на Белгија, Марк ван Бомел, нагласи дека италијанската репрезентација покажува сосема поинакво лице во споредба со првиот судир меѓу двата тима на турнирот во Лигата на нации. За време на неговата официјална прес-конференција во Брисел, селекторот го забележа сериозниот напредок во играта на противникот пред претстојниот директен дуел. „Италија изгледа значително постабилно во споредба со нашата прва средба.

Fresh : 0.27 || 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 1 | 31.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Гвардиола ги одби Американците
Контра

Контра

Пеп Гвардиола нема намера да ја преземе репрезентацијата на Соединетите Американски Држави по заминувањето на Маурисио Покетино, објавуваат англиските медиуми. Педесет и пет годишниот Каталонец цврсто одлучил да направи едногодишна пауза од фудбалот откако го напушти Манчестер Сити минатото лето. Иако не крие дека би сакал да води репрезентација на големо натпреварување во текот на својата кариера, во моментов не разгледува никакви понуди.

Лидер

Заминувањето на Маурицио Покетино на позицијата тренер на Манчестер Јунајтед исто така значи дека тој ја завршил својата мисија како селектор на репрезентацијата на Соединетите Американски Држави. Поради големиот предизвик и можноста да тренира еден од најголемите клубови во светот, Покетино не можел да ја одбие поканата и ги напуштил Соединетите Американски Држави. Според информациите на американскиот медиум Ју-Ес-Еј Тудеј, еден од главните кандидати за испразнетото селекторско место е Роберто Мартинез, шпанскиот стручњак кој ја напушти репрезентацијата на Португалија по Светското првенство.

Точка

Маурисио Почетино се расплака на збогувањето со американската репрезентација , опишувајќи го заминувањето како најтешка одлука во својата тренерска кариера. Аргентинецот зборуваше во петокот, 13 ноември, во тренинг-центарот на американската федерација во Фајетвил, Џорџија. Покрај него беа претседателката Синди Парлоу Коун и извршниот директор Џеј Ти Батсон.

Fresh : 0.22 || 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 21.01.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]

1.0 | 0 | 0 | [0|0]Покетино ги укинува слободните денови во Манчестер: Играчите ќе одат на тренинг за закрепнување веднаш по натпреварите
Лидер

Лидер

Новиот тренер на Манчестер јунајтед, Маурисио Покетино, има намера темелно да го промени режиметот на тренинг на тимот. Според информациите објавени од британскиот медиум, аргентинскиот менаџер планира да бара од фудбалерите задолжително да се јавуваат во тренинг базата Карингтон на сесии за закрепнување веднаш еден ден по одиграните мечеви. Ваквиот потег претставува директен прекин со досегашната практика, бидејќи под водство на претходниот менаџер Мајкл Карик фудбалерите речиси секогаш добиваа слободен ден по завршувањето на средбите.

Курир

Новиот тренер на Манчестер јунајтед, Маурисио Покетино, има намера да го промени режимот на тренинг на тимот, објавува „The Sun“. Според британскиот медиум, аргентинскиот менаџер планира да бара од играчите да се јавуваат во тренинг базата Карингтон за сесии за закрепнување еден ден по натпреварите. Под претходниот менаџер Мајкл Карик, играчите речиси секогаш добиваа слободен ден.

Fresh : 0.16 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]

1.0 | 0 | 0 | [0|0]Победа со „петарда“ за Питу Гули, Големо Коњари го совлада Венец, прва радост за Млекар
Спортска Мрежа

Спортска Мрежа

Вардар Неготино со пресврт славеше со 1:3 на гостувањето кај Превалец во 10. коло од Третата лига – Регион 4, по што домаќините најавија жалба. Големо Коњари го совлада Венец со 1:0 и се искачи на третото место, а Млекар со победата над Влазними Јуниор ја забележа првата сезонска радост. Превалец – Вардар Неготино 1:3.

Спортска Мрежа

Фудбалерите на Јуниор стигнаа до значајна победа откако со 2:1 славеа против Пчиња, во натпревар во кој успеаја да направат целосен резултатски пресврт, во одложениот меч од 5. коло на Трета лига регион 2. Пчиња подобро го отвори натпреварот и прва стигна до водство преку Виктор Димков, кој погоди за 0:1. Сепак, Јуниор не се предаде и успеа да се врати во игра. Андреј Димиќ со прекрасен погодок од слободен удар израмни на 1:1, најавувајќи го пресвртот на својот тим. Кога беше најпотребно, на сцена стапи Никица Петрушевски, кој по три пропуштени натпревари и долготрајни проблеми со повреда повторно се врати на фудбалските терени.

Fresh : 0.14 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 2 | 0 | 0 | 0 | 0 | 01.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Милан со интересен предлог за Ендрик, во игра се 80 милиони евра
Спорт М

Спорт М

Милан е клубот кој покажува најголем интерес за трансферот на Ендрик во јануарскиот преоден рок, а неговото заминување од Реал Мадрид изгледа неизбежно поради малкуте минути кои ги добива под водство на тренерот Жозе Мурињо. Џери Кардинале, сопственикот на Милан, има силна врска со агенцијата “Roc Nation”, која го претставува Ендрик, па поради тоа „црвено-црните“ се сметаат за фаворити во трката за неговиот потпис, иако за бразилецот постои сериозен интерес и од Рома и други клубови. Според Defensa Central , предлогот на Милан за Реал Мадрид е навистина привлечен.

Контра

Бразилскиот виртуоз Роналдињо е убеден дека неговиот млад сонародник Ендрик ги има потребните квалитети за да се етаблира во италијанската Серија А. Напаѓачот на Реал Мадрид се поврзува со трансфер во Рома и Милан во зимскиот преоден рок откако доби ограничени можности да се појави во шпанските гиганти. Во интервју за „Кориере дела Сера“, Роналдињо беше прашан дали 20-годишниот Ендрик е подготвен за предизвикот на италијанскиот фудбал. „Тој може да игра во која било лига“, категоричен беше поранешниот играч на Барселона и Милан.

Fresh : 0.09 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 0 | 1 | 0 | 01.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Влазерими побегна на пет бода, Кравари со шест гола, Крошу Спорт до три бода во дуелот со Напредок Ношпал
Спортска Мрежа

Спортска Мрежа

Влазерими со победа од 4:2 кај Баир Спорт ја зголеми предноста на врвот во Третата лига – Регион 5. Кравари со убедливи 6:0 против Чардак Велгошти се искачи на второто место, а Света Троица со хет-трикот на Бобан Кузмановски го совлада Демир Хисар со 5:0. Шесте натпревари од 10. коло донесоа 28 гола, а Караорман беше слободен. Баир Спорт – Влазерими 2:4. Никола Гилев во 20. минута ги доведе домаќините во водство, но Леонтин Бајрами израмни во 43. минута.

Спортска Мрежа

Дербито на 5. коло на Втората футсал лига му припадна на тимот на Каршиака, откако со 7:5 го доби соочувањето со Црна Река од Кавадарци. По првите дваесет минути резултатот беше 2:2 откако гостинот прв дојде до предност преку Стојан Петковски, а Енис Мемеди израмни, по што следуваат два гола пред крајот на првиот дел, а погодија истите фудбалери по вторпат. Во вториот дел за домаќинот двоен стрелец беше Онур Емини, а по еднаш Бранко Ѓуровски, Бурим Касами и Бујамин Асани беа стрелци, кај Црна Река хет-трик во вториот дел забележа Даниел Миловановиќ.

Fresh : 0.18 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 1 | 0 | 0 | 1 | 0 | 01.01.0 | 0 | 01.0 | 0 | 0

1.0 | 0 | 0Нов спор помеѓу Барселона и Бразил: Федерацијата одби да го ослободи суспендираниот Рафиња
Лидер

Лидер

Репрезентацијата на Бразил одигра пријателски натпревар против Јапонија во кој претрпе пораз со резултат 3:2. Самиот натпревар помина во тензична атмосфера, со покажани црвени картони и бројни реакции по завршувањето на средбата во врска со судењето. Ѕвездата на Барселона, Рафиња, се најде во центарот на вниманието откако беше исклучен од игра. Поради заработениот црвен картон, тој нема право на настап на следниот закажан пријателски дуел кој Бразил треба да го одигра против Сингапур.

Спорт М

Тренерот на Бразил, Карло Анчелоти, им одговори на загриженостите на европските клубови за собирањето на нивните ѕвезди, меѓу кои Винисиус и Рафинја, за азиските пријателски натпревари против Јапонија и Сингапур. „Приоритет е секогаш здравјето на играчите. Ако се 100% физички подготвени, ќе тренираат и ќе играат.

Нетпрес

Во саботата, во пријателски натпревар одигран во Сингапур, Јапонија ја победи подмладената бразилска репрезентација со 3-2. Јапонија поведе рано со головите на Такефусе Куба во 15-тата минута и Кеито Накамура во 19-тата минута. „Селесао“, во чии редови имаше 15 играчи под 23 години, се врати благодарение на Винисиус Жуниор кој постигна два гола, првиот во 33-тата минута, а потоа и вториот во 75-тата минута. Сепак, победата за Јапонија ја обезбеди Тацухиро Сакамото, кој постигна гол во судиското продолжение на крајот од натпреварот.

Контра

Легендарниот бразилски напаѓач, сега сенатор, Ромарио побара Карло Анчелоти да биде отпуштен откако Јапонија го победи Бразил со 3-2 во пријателски натпревар. „Анчелоти, готово е! Земи си ги работите и оди си! Никој не ја доведува во прашање твојата историја. Ти си еден од најголемите тренери што ги видел светскиот фудбал, но го докажа тоа во клубовите.

Fresh : 0.24 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 1 | 2 | 0 | 101.01.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]

1.0 | 0 | 0 | [0|0]Тухел го најави Трафорд против Шпанија: Англија со целосен состав во битката за врвот
Точка

Точка

Џејмс Трафорд ќе брани за Англија против Шпанија вечерва, 15 ноември, во Мадрид. Томас Тухел ја потврди голманската одлука на прес-конференцијата пред последниот натпревар од групната фаза на Лигата на нации, што почнува во 20:45 часот по Скопје . Селекторот соопшти дека повторно располага со сите фудбалери. Езри Конса и Џед Спенс се достапни откако го пропуштија натпреварот со Хрватска.

Точка

Шпанија и Англија веќе го обезбедија четвртфиналето во Лигата на нации, но нивниот последен групен дуел има конкретна тежина. Во недела, 15 ноември од 20:45 часот по скопско време , на „Метрополитано“ во Мадрид ќе се решава кој ќе ја заврши групата А3 на првото место. Шпанците влегуваат со 15 бода од пет натпревари, а Англија има 12 . Победата со 2:0 во Чешка и англиските 2:1 против Хрватска ја задржаа разликата од три бода.

Охрид Њуз

Австрија и Шведска обезбедија пласман во Лигата А, а денешната програма носи и решавачка пресметка меѓу Белгија и Италија. Данска ја забележа највпечатливата победа во синоќешните натпревари од фудбалската Лига на нации, совладувајќи ја Португалија на гости со убедливи 4:1. Во Брага блесна Расмус Хојлунд со два гола, а во листата на стрелците за гостите.

Fresh : 0.13 || 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 1 | 0 | 1 | 21.01.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]1.0 | 0 | 0 | [0|0]