Тополка забележа минимална победа од 1:0 над Врановци, а стрелец на победничкиот гол во мечот од 4. коло на Општинската фудбалска лига во Велес беше Матеј Димовски, кој погоди во 75. минута од средбата. Форца Нова славеше минимална домашна победа од 1:0 над Согле, а херој за домашниот тим беше Антонио Јорданов, кој погоди во 18. минута од средбата. Раштани Спорт со 0:2 го доби Младост откако во првиот дел мрежите беа чисти, во второто полувреме двата гола ги постигна Даниел Трајковски.