Наместо дерби, доминација на теренот, шампионот Проект го „разнесе“ Бутел со резултат од 6:1 пред својата верна публика, со што тимот од Јосифово кој го води Игор Димов стигна до три од три, а гостинот го претрпе првиот сезонски пораз. Атмосферата во Проект е на високо ниво, шампионот функционира како едно семејство, а на терен продолжува да доминира како и минатата сезона. Резултатот го отвори Кристијан Гавровски во 7. минута од средбата, со што домашниот тим имаше 1:0 на полувреме.