Илинден продолжува со максимален ефект во Третата македонска фудбалска лига – Регион 1. Лидерот во осмото коло убедливо го совлада КУЛ-Здравје со 0:5, додека БВК Коњаре со пресврт славеше на гостувањето кај Студеничан со 2:3. Победи забележаа и Аеродром, Ржаничино, Беса и Марино, а на шесте натпревари беа постигнати вкупно 22 гола. Илинден во саботниот натпревар ја запиша осмата победа во исто толку настапи, а Давид Ристовски го предводеше триумфот со хет-трик. Ристовски го отвори резултатот во 11. минута, а Дарко Глишиќ во 17. минута зголеми на 0:2, резултат со кој заврши првото полувреме.