Службеници на Државната агенција за национална безбедност на ниту еден начин и по ниту еден повод не влијаеле врз бугарската државјанка, се вели во соопштението на ДАНС.
Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар Станислав Цанов, во кое се објавени аудиоразговори со Ива Михаилова со сериозни тврдења за закани и психичко малтретирање од бугарската тајна служба ДАНС. Во разговорите таа опишува положба што новинарот ја споредува со заложништво: тврди дека лица од Државната агенција за национална безбедност — ДАНС ѝ одредувале кај кој новинар смее да гостува, што смее да зборува и дека ѝ се заканувале со ускратување на неопходната рехабилитација. Михаилова, чиј случај бугарски политичари и медиуми го претставуваа како пример за дискриминација во Македонија, во објавените разговори изнесува тешки обвинувања за односот на институциите во Бугарија кон неа.
По бурата околу нејзиното заминување од Македонија и обвинувањата за притисоци од македонските институции, Ива Михаилова повторно е во центарот на политички спор — овојпат во Бугарија. Новинарот Станислав Цанов објави видео во кое пушти аудиоснимки и прикажа скриншотови од преписка со неа. Михаилова не се појавува во видеото, а Цанов тврди дека снимките се од разговори што ги воделе претходно.
Цанов вчера објави дека ДАНС ѝ вршела притисок и ја уценувала со државната помош и лекувањето наложувајќи и за кои медиуми да дава изјав и Јутјуберот Станислав Цанов вчера во својата емисија пушти неколку аудиоснимки, најверојатно тајно снимени телефонски разговори, што ги водел со Михаилова во различни периоди. Скандал ја тресе Бугарија откако јутјуберот Станислав Цанов вчера објави снимено признание на Михаилова дека бугарска Државната агенција за национална безбедност (ДАНС) ѝ вршела притисок за кои медиуми да дава изјави, наложувајќи и ја да се појави исклучиво кај Матин Карбовски, новинарот кој тврдеше дека македонската историја може да ја спакува во плико и да ни ја прати, алудирајќи на тоа дека сме измислени во 1944 година. Бегалката од македонската правда Михаилова два дена ја бранува бугарската јавност откако јутјуберот Цанов вчера објави дека ДАНС ѝ вршела притисок и ја уценувала со државната помош и лекувањето наложувајќи и за кои медиуми да дава изјави, Михаилова денеска на „Фејсбук“ тврди дека не сака да биде дел од какви било политички спорови и оти само сака да се лекува во Бугарија.
Коалицијата ВРЕДИ обвини дека поранешниот прв вицепремиер Артан Груби лично ја потпишал одлуката за продажба на државните акции во Стопанска банка Битола, кои подоцна завршиле кај српскиот бизнисмен Давор Мацура. На прес-конференција, пратеничката Саранда Имери Стафаи презентирала документи за кои тврди дека го потврдуваат потписот на Груби на одлуката. Од ВРЕДИ велат дека станува збор за записник од 158. седница на Владата, одржана на 6 јуни 2023 година, и одлука објавена во „Службен весник“ број 123 од 13 јуни истата година.
Артан Груби лично потпишал одлуката за продажба на државните акции во Стопанска банка Битола, како заклучок на седница на Влада на која присуствувале Фатмир Бесими, Бујар Османи и Крешник Бектеши. Откако во изминатите денови јавноста виде како сватот на Али Ахмети преку компанијата „АС Сењак“ земал кредит од 5 милиони евра директно од Белград, за потоа да му ги продаде акциите во битолската банка на притворениот српски тајкун Давор Мацура, денес го објавуваме третиот, крунски доказ, наведува ВРЕДИ во соопштението од прес-конференцијата на Саранда Имери Стафаи, кое МИА го пренесува интегрално. Доказ кој покажува како државниот врв на ДУИ институционално го започнал и расчистил патот за преземање на Стопанска банка Битола (денес Алта банка Македонија). Пред вас се два официјални државни документи: Записникот од 158-та седница на Владата одржана на 6 јуни 2023 година и објавена одлука во „Службен весник“ број 123 од 13 јуни 2023 година.
Влен обвини дека поранешниот прв вицепремиер Артан Груби лично ја потпишал одлуката за продажба на државните акции во Стопанска банка Битола, повикувајќи се на записник од владина седница од јуни 2023 година и одлука објавена во „Службен весник“. Од партијата тврдат дека тогашните функционери на ДУИ институционално го отвориле патот за продажба на акциите, а информациите ги поврзуваат со подоцнежното преземање на банката од белградската „Алта банка“. На обвинувањата реагираа од ДУИ, од каде велат дека Влен се обидува да ја префрли одговорноста, бидејќи токму актуелната влада ги потпишала одлуките со кои банката влегла во земјава.
Државниот врв на ДУИ институционално го започнал и го расчистил патот за преземање на Стопанска банка Битола од Алта Банка Белград, обвинува владеачката Вреди. Според нив, со владината седница на 6 јуни 2023 година, на која е дадена согласност Агенцијата за управување со одземен имот да ги продаде акциите во Стопанска банка Битола, стекнати преку конфискација, претседавал Артан Груби. Фирмата „АС Сењак“ од Кичево во сопственост на сватот на Али Ахмети, Селаудин Арифи во октомври 2024 година купува значаен пакет акции од Стопанска банка Битола, а фирма поврзана со него во јуни 2025 година зема кредит од Алта банка Белград.
Реформите во пензискиот фонд мора да бидат аргументирани и одржливи, да ги заштитат стекнатите права на сегашните пензионери и да обезбедат сигурност за идните генерации, изјави директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) Никола Мемов на денешната прес конференција. Тој рече дека ПИОМ се соочува со финансиски притисок и дека конкретни мерки за обезбедување стабилен пензиски систем доставиле до надлежното министерство и до Владата. Фондот има значителен финансиски притисок.
Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Никола Мемов, ги презентираше резултатите од работењето на институцијата во изминатите две години, посочувајќи ги зголемувањето на пензиите, финансиската стабилност, одржливоста на пензискиот систем и неговата модернизација како главни постигнувања. Мемов истакна дека во периодот од септември 2024 до март 2026 година пензиите кумулативно се зголемиле за 7.000 денари месечно по пензионер, преку линеарното зголемување, а во септември 2026 година следувало дополнително зголемување од три проценти по пропорционален модел. Тој нагласи дека подобрувањето на животниот стандард на пензионерите е еден од приоритетите на социјалната политика на Владата и на Движењето ЗНАМ.
Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, Никола Мемов, ги презентираше резултатите од работењето на Фондот во изминатите две години, со посебен акцент на зголемувањето на пензиите, финансиската стабилност и одржливоста на пензискиот систем, модернизацијата и меѓународната соработка. Мемов истакна дека преземањето на одговорноста во 2024 година било мотивирано од определбата програмските заложби на ЗНАМ да се преточат во конкретни политики и резултати, а не од функциите и привилегиите што ги носи учеството во извршната власт. Зголемувањето на пензиите и подобрувањето на животниот стандард на пензионерите остануваат еден од клучните приоритети на социјалната политика на Владата.
Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, Никола Мемов, ги презентираше резултатите од работењето на Фондот во изминатите две години, со посебен акцент на зголемувањето на пензиите, финансиската стабилност и одржливоста на пензискиот систем, модернизацијата и меѓународната соработка, стои во соопштението што МИА ви го пренесува во целост. Мемов истакна дека преземањето на одговорноста во 2024 година било мотивирано од определбата програмските заложби на ЗНАМ да се преточат во конкретни политики и резултати, а не од функциите и привилегиите што ги носи учеството во извршната власт. Зголемувањето на пензиите и подобрувањето на животниот стандард на пензионерите остануваат еден од клучните приоритети на социјалната политика на Владата.
Акции од Стопанска банка АД Битола на Алта банка ги продал сватот на Али Ахмети преку неговата фирма велат од ВМРО-ДПМНЕ. Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија – бараат од владејачката партија. „Лицемерието кај Филипче е на високо ниво.
Од ВРЕДИ пак обвинуваат дека функционерите на ДУИ соработувале со Алта Банка во Србија. Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for ВРЕДИ: Функционери на ДУИ директно соработувале со српските центри за моќ Категорија: Македонија.
„Црно на бело, документите покажуваат дека министрите на ДУИ предлагале и гласале точки на седници на Владата со кои на белградската Алта Банка ѝ се овозможува деловна соработка со државата. Наместо да ги штитат интересите на граѓаните, функционерите на ДУИ отворале врати за финансиски аранжмани и партнерства со банка од Србија. Ова е само уште еден доказ за долгогодишната политичка и деловна соработка на ДУИ со структури поврзани со српските центри на моќ.
Денес јавноста беше потресена од информациите за финансиските врски меѓу компании блиски до семејниот круг на Али Ахмети и белградската Алта банка. Овие случувања отвораат сериозни прашања за улогата на ДУИ, поранешниот министер за финансии Фатмир Бесими и трансакциите за кои се потребни итни одговори, велат од ВЛЕН. „Во 2023 година, на предлог на тогашниот министер за финансии Фатмир Бесими, Владата предводена од СДСМ и ДУИ ѝ даде согласност на Државната правобранителска служба да постапува во врска со продажбата на државните акции во Стопанска банка Битола, која подоцна беше купена од Алта банка.
По контроверзните измени од 2023 година, нова можност да се исправи Кривичниот законик. Овој пат наместо законски решенија зад затворени врати и со злоупотреба на европското знаменце, се најавува широка јавна дебата со вклучување на стручната јавност, адвокатите, судиите, обвинителите, сите оние кои секојдневно се во судница. По ударот од пред три години кога претходната власт предводена од СДСМ и ДУИ донесе измени, со кои се амнестираа како нивни, така и други функционери , сега според најавите законските измени нема да се случат преку ноќ.
Во Брисел испративме два закони - Кривичниот и Законот за казнена постапка. Тоа се закони кои што во времето на Владата на СДСМ и ДУИ добија поинаква форма и суштина, посочи денес премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање. Тогаш тие злоупотребувајќи го европското знаме, по скратена постапка во Парламентот ги изгласаа овие закони.
Новиот Кривичен како и Законот за кривичната постапка ќе важат само за идните случаи и нема да се применуваат ретроактивно. Ова го вели премиерот Мицкоски кој ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на овие закони овозможиле амнестирање на криминалот и добиле политчка заштита. Новините, пак, со кои се предвидува санкционирање на ширењето лаги кои може да влијаат врз банкарскиот систем се воведуваат за да спречат политички сопки по искуствата со Алта банка, вели премиерот.
Мнозинството на ВМРО во Собранието ги изгласа криминалните измени на Законот за јавните набавки, велат од СДСМ. „Наместо поголема транспарентност и заштита на народните пари, власта уште пошироко отвори дополнителен простор за корупција и сомнителни зделки и дилови. Во фокусот секако им се криминалните тендери.
Социјалдемократскиот сојуз продолжува да ја губи поддршката од членството. Триесеттина членови од општинската организација на СДСМ Ѓорче Петров преминаа во политичката партија ЗНАМ. Од партијата на Максим Димитриевски соопштија дека овој чекор е уште потврда за состојбата во која се наоѓа СДСМ.
Повеќе од 30 членови на ОО СДСМ - Ѓорче Петров ја напуштија партијата и пристапија кон Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија. Овој чекор е уште една потврда дека се поголем број граѓани ја препознаваат политиката на ЗНАМ како автентична, принципиелна и посветена на интересите на граѓаните. Состојба во која се наоѓа СДСМ, отсуството на јасна политичка визија и губењето на довербата кај граѓаните се дел од причините поради кои членството ја напушта партијата.
„Партиските редови на СДСМ денес се почисти за неколку лица кои ровареле по партијата. Кога ги откривме сите оние кои за пари се обидуваат да ја спречат борбата против мафијата, неколкумина брзо-брзо преминаа во ЗНАМ – здружението на Максо Димитриевски, спонзорирано од Мицкоски“ соопштија денеска од СДСМ. Велат „Здружението ЗНАМ веќе не постои, тоа го покажуваат и анкетите на нивниот шеф Мицкоски.
Повеќе од 30 членови на Општинската организација на СДСМ во Ѓорче Петров ја напуштиле партијата и преминале во Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, соопштија од ЗНАМ. Како причини за преминувањето, од ЗНАМ ги наведуваат „состојбите во СДСМ, отсуството на јасна политичка визија и губењето на довербата кај граѓаните“. Од ЗНАМ оценуваат дека приклучувањето на новите членови е потврда за растот на поддршката за нивната политичка платформа и најавуваат дека остануваат отворени за нови членови.
Новиот предлог-Кривичен законик предвидува значителни промени во казнената политика за корупциските дела, но се отвора прашањето дали со него целосно ќе се отстранат последиците од измените донесени во 2023 година. Според предложените решенија, за основниот облик на злоупотреба на службената положба се предвидува затвор од шест месеци до пет години, додека за прибавување значителна имотна корист или предизвикување значителна штета казната би изнесувала од четири до 15 години. Поранешната врховна судијка Вера Коцо предупредува дека измените од 2023 година оставиле сериозни последици врз гонењето на корупцијата и довербата во правосудниот систем.
Посебно кривично дело за злоупотреби при јавните набавки, концесиите и договорите за јавно-приватно партнерство се предвидува со новиот Кривичен законик. Опфатени се незаконско склучување договори за концесии, незаконски измени на договорите, но и местење на условите и техничките спецификации за да се привилегира одреден учесник на тендерот.. Највисоката казна за овие кривични дела ќе изнесува 15 години затвор ако со делото била предизвика значителна имотна корист или штета.
За основниот облик на злоупотреба се предлага затвор од шест месеци до пет години, а за прибавена значителна имотна корист или предизвикана значителна штета – од четири до 15 години. Посебно се враќа и делото за злоупотреби при јавните набавки или договори за јавно приватно партнерство. Ако е прибавена поголема корист или предизвикана поголема штета, казната може да достигне до десет години, а за значителна корист или штета – до 15 години затвор.
Владината одлука за продажба на дел од акциите на Стопанска Банка АД Битола од јуни 2023 година, се однесуваше на продажба на запленети акции од Сашо Мијалков, но акциите не беа продаден на Алта Банка, велат од опозициската СДСМ . На денешната прес конференција Маја Серафимовска -Борозан, од СДСМ, рече дека власта се обидува да ја префрлат одговорноста спојувајќи ја СДСМ со ДУИ. Извадија документ од Службен весник од јуни 2023 година како наводен доказ дека претходната влада склучила зделка со Алта банка. Тоа е целосна манипулација.
СДСМ тврди дека одлуката од јуни 2023 година за продажба на конфискувани акции во Стопанска банка Битола не била поврзана со Алта банка и дека тие акции биле продадени дури во јануари 2026 година, кога српската банка веќе била присутна на македонскиот пазар. На денешната прес-конференција, Маја Серафимовска-Борозан рече дека документот од „Службен весник“ од 6 јуни 2023 година, кој, според неа, се користи за да се докаже дека претходната влада склучила зделка со Алта банка, е погрешно толкуван. „Извадија документ од „Службен весник“ од јуни 2023 година како наводен доказ дека претходната влада склучила зделка со Алта банка.
Фактите се најдобар одговор на политичките конструкции на Филипче и СДС. Граѓаните ги видоа резултатите од ''економските експерти'' од СДС кои ги оставија со празни џебови додека Филипче и кланот Заеви се богатеа. Кога СДС и Филипче се повикуваат на ММФ, тогаш треба да ги прочитаат и целосните извештаи, а не да извлекуваат само податоци што ним им одговараат.
Венко Филипче како предводник на талогот од СДСМ покажува дека не знае ништо друго освен да излезе во јавност и да ги лаже граѓаните и да шири паника и хистерија. Овој пат тоа го прави со економските показатели. Филипче сега покажува непознавање на основните економски работи, односно покажува дека не се разбира од економија и не знае дека треба да се гледаат сите економски параметри, а не поединечно како што прави тој.
Фактите се најдобар одговор на политичките конструкции на Филипче и СДС. Граѓаните ги видоа резултатите од ”економските експерти” од СДС кои ги оставија со празни џебови додека Филипче и кланот Заеви се богатеа, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Кога СДС и Филипче се повикуваат на ММФ, тогаш треба да ги прочитаат и целосните извештаи, а не да извлекуваат само податоци што ним им одговараат.
Фактите се најдобар одговор на политичките конструкции на Филипче и СДС. Граѓаните ги видоа резултатите од „економските експерти“ од СДС кои ги оставија со празни џебови додека Филипче и кланот Заеви се богатеа. Кога СДС и Филипче се повикуваат на ММФ, тогаш треба да ги прочитаат и целосните извештаи, а не да извлекуваат само податоци што ним им одговараат, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштение од СДСМ, која ја објавуваме интегрално Колку тоа и да не и се допаѓа на СДС, Македонија бележи највисок економски раст во регионот, меѓународните извештаи ги потврдуваат позитивните економски движења.
Еден ден трета економија, друг ден банкрот - ММФ ги разби бајките на Мицкоски. Еден ден Мицкоски раскажува бајки и зборува за трета економија во Европа, а друг ден за банкрот ако има избори. Еден ден се фали со економси раст, друг ден признава дека државата нема пари.
Еден ден Мицкоски раскажува бајки и зборува за трета економија во Европа, а друг ден за банкрот ако има избори, велат од СДСМ. „Еден ден се фали со економси раст, друг ден признава дека државата нема пари. Неговите противречни изјави ја разобличуваат целата владина пропаганда, сите негови лаги.
Еден ден се фали со економси раст, друг ден признава дека државата нема пари. Неговите противречни изјави ја разобличуваат целата владина пропаганда, сите негови лаги. И ММФ ги разби бајките на Мицкоски.
Македонија е на 41. место меѓу 48 европски економии според проектираниот номинален БДП по жител за 2026. година, со околу 11.760 долари по жител. На врвот е Лихтенштајн со повеќе од 230.000 долари, а зад него се Луксембург и Ирска. Податоците се засноваат на октомвриските проекции на Меѓународниот монетарен фонд . Рангирањето изгледа едноставно: една бројка, една позиција и големо растојание до европскиот врв.
Партијата Демократска обнова на Македонија (ДОМ) преку соопштение упати остри критики до Владата за економската состојба во државата, посочувајќи дека со „освоеното“ 41. место меѓу 48 европски економии и проектиран БДП од едвај 11. 760 долари по жител, Македонија официјално се наоѓа меѓу последните десет економии на континентот. Од партијата оценуваат дека ова не е само лоша статистика, туку сериозно предупредување за развојната перспектива. Тие ја обвинуваат Владата дека помпезно се фали со економски успеси и инвестиции, додека реалноста на граѓаните е низок животен стандард, слаба куповна моќ и плати кои траат само до 10-ти во месецот.
Македонија е на 41. место меѓу 48 европски економии според проектираниот бруто-домашен производ (БДП) по жител за 2026 година, велат од СДСМ, повикувајќи се на податоци од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). „На врвот на листата се Лихтенштајн, Луксембург и Ирска. Според проекциите на ММФ, БДП по жител во Македонија ќе изнесува 11.762 долари. Од земјите во регионот, пред нас се Србија со 17.126 долари, Црна Гора со 16.211 долари и Албанија со 13.968 долари.
Додека Давор Мацура седи во притвор во Србија за изнесени близу 400 милиони евра и сомнежи за печатење лажни банкноти од 500 евра, во Македонија ВМРО-ОКГ и Мицкоски ја бранат Алта банка. Латас, Бетмен и други квази-експерти излегуваат да ја бранат Вучиќевата пералница на пари. Да го бранат банкарот на Мицкоски.
Треба да има одговорност за случајот со „Алта банка“, а надлежните институции треба да ги лоцираат виновниците. Ова е ставот на уставниот судија Осман Кадриу, додека политичките партии продолжуваат со меѓусебните обвинувања за тоа кој дозволил „Алта банка“ да влезе во земјава, откако во Србија беше уапсен нејзиниот сопственик Давор Мацура. Според Кадриу, самиот факт што е доведен во прашање начинот како депонентите во Алта банка ќе располагаат со своите влогови има сериозни последици кои ќе се рефлектираат врз правата на граѓаните.
Христијан Мицкоски е во тотална паника за Алта банка. Тој и Трајко Славески ја донесоа Алта банка во Македонија, ги загрозија парите на граѓаните, го загрозија банкарски систем. Сега се плаши од сметките, трансакциите и вистината за Aлта банка, банката на неговиот шеф Вучиќ.
Латас, Бетмен и други квази-експерти излегуваат да ја бранат Вучиќевата пералница на пари. Да го бранат банкарот на Мицкоски. Сега се обидуваат да ја префрлат одговорноста спојувајќи ја СДСМ со ДУИ.