Градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје во Музејот на македонската борба за самостојност вечерва со почеток во 19:30 часот ќе го одржи својот годишен концерт под наслов „Филмска, поп и современа хорска музика“. Публиката ќе има можност да ужива во музичка програма која ги обединува различните музички жанрови и стилови, преку познати филмски мелодии, современи хорски композиции и обработки на македонски народни композиции. Со овој концерт, хорот „Вардар“ ја продолжува својата мисија за негување и афирмација на хорската уметност, истовремено претставувајќи ја разновидноста и богатството на хорскиот израз.
Во вторник, 17 ноември, во Македонскиот паб „Ѕе“, во 20 часот по двегодишна пауза, повторно ќе настапи Hayvanlar Alemi, еден од најинтересните претставници на современата турска и европска психоделична, дум и експериментална рок музика. Концертот ќе биде можност за непосредна средба со нивниот специфичен инструментален звук, кој се движи меѓу психоделичниот рок, жанровските експерименти и слободната импровизација. Добра увертира за претстојниот концерт е Evidence of Life on Earth: Concert Recordings from Ankara, Istanbul and Belgrade, 2018–2019, концертниот албум на бендот, објавен 2023 година за Inverted Spectrum Records.
Деветнаесетгодишната пејачка Кармел им ја донесе на Филипините првата победа на првото издание на азискиот натпревар за песна на Евровизија. На натпреварот во Бангкок учествуваа 11 земји, а претставничката на Филипините триумфираше со песната „Sobra-Sobra“. Пејачката Кармел освои 211 поени – 93 од стручното жири и 118 гласови од публиката на натпреварот што се одржа во арената „Ван Бангкок“.
Најголемиот и најдолготрајниот меѓународен музички натпревар, „Евровизија“, за првпат се проширува на азискиот континент; неговото прво издание ќе се одржи во сабота, 14 ноември, во Бангкок, главниот град на Тајланд, со учество на претставници од 11 земји. „Евровизија Азија“ се одржува во годината кога „Евровизија“ ја одбележува својата 70-годишнина, што претставува прво големо проширување на овој музички настан на друг континент, пренесува Би-Би-Си (BBC). На натпреварот ќе учествуваат претставници од Бангладеш, Бутан, Камбоџа, Лаос, Малезија, Монголија, Непал, Филипините, Јужна Кореја, Тајланд и Виетнам. Организаторите најавија дека изведувачите ќе пеат на десет локални јазици, како и на англиски јазик, со цел да се прикаже јазичната, културната и музичката разновидност на азискиот континент.
Филипини ја освоија првата Eurovision Song Contest Asia, одржана на 14 ноември 2026 година во One Bangkok Forum во Бангкок. CARMELLE победи со „Sobra-Sobra“ и стана првата победничка во историјата на новото азиско издание на Евровизија, пред претставниците на домаќинот Тајланд и Виетнам. Тоа е резултат што ќе остане запишан подалеку од една фестивалска вечер.
Со многу музика, емоции, спомени и гости, Коки Јанков синоќа во Македонската филхармонија одбележа 30 години од песната „Виолина и гитара“, со која заедно со Дуле Љубисављевиќ победија на „Макфест“ во 1996 година. На концертот, насловен „30 години – Виолина и гитара“, публиката имаше можност да ги слушне песните што го одбележаа музичкиот пат на дуото „Дуле и Коки“, но и подоцнежното творештво на Јанков. На сцената му се придружија Игор Џамбазов, Бојана Скендеровска, Ристо Самарџиев, Зоран Илиев и Јована Богдановска.
Под мотото „30 години Виолина и гитара“, Коки ќе одбележи значаен јубилеј од своето музичко творештво, заедно со пријателите, соработниците и публиката која низ годините ги следела неговите песни. Посебно место во оваа приказна има и дуото „Дуле и Коки“, кое остави бројни песни зад себе, а токму „Виолина и гитара“ е една од песните по кои ќе се памети нивното заедничко творештво. На концертот неизбежно ќе оживеат и спомените на Дуле Љубисављевиќ, со кого Коки со години ја делеше сцената, создаваше и настапуваше.
Националната установа Ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“ продолжува со својата меѓународна мисија за презентација и чување на македонското културно наследство. Денеска ансамблот ќе одржи целовечерен концерт во престижната сала „St. Vincent de Paul Theatre“ во Лука, Малта. Како што инфомираат од ансамблот, подиумските уметници, хорот и оркестарот на „Танец“ ќе претстават репрезентативна програма од антологиски кореографии, изворни ора инародни песни.
Националната установа Ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“ продолжува со својата меѓународна мисија за презентација и чување на македонското културно наследство. Денеска ансамблот ќе одржи целовечерен концерт во престижната сала„St. Vincent de Paul Theatre“ во Лука, Малта – инфомираат од ансамблот.
Националната установа Ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“ продолжува со својата меѓународна мисија за презентација и чување на македонското културно наследство. Денеска ансамблот ќе одржи целовечерен концерт во престижната сала „St. Vincent de Paul Theatre“ во Лука, Малта. Како што инфомираат од ансамблот, подиумските уметници, хорот и оркестарот на „Танец“ ќе претстават репрезентативна програма од антологиски кореографии, изворни ора инародни песни.
U2 го објавија „Carnaval De Luz“, својот 16-ти студиски албум и првиот со целосно нов материјал по девет години. Албумот излезе на 13 ноември преку Island Records, токму во годината кога Боно, The Edge, Адам Клејтон и Лари Мулен Џуниор одбележуваат половина век заедничка музичка историја. Но јубилејот овде не служи само за поглед наназад.
„Carnaval De Luz“ е 16-тиот студиски албум на U2 и првиот албум со нов материјал од бендот по девет години. Продуциран од Jacknife Lee, бендот претставува албум со дванаесет нови композиции кои го комбинираат нивниот карактеристичен рок идентитет со поп, денс и електронски влијанија. Насловот „Carnaval de Luz“, што на шпански и португалски значи „Карневал на светлината“, ја одразува основната филозофија на албумот.
Филмот „17“, дебитантско долгометражно остварување на режисерката Косара Митиќ, е номиниран за 39. Европски филмски награди во категоријата „Европско откритие – Награда ФИПРЕСЦИ“ (European Discovery – Prix FIPRESCI).
Долгометражниот игран филм „17“, дебитантско остварување на режисерката Косара Митиќ, во продукција на „Црна мачка продукција“ и Томи Салковски официјално е номиниран во категоријата Европско откритие – Награда ФИПРЕСЦИ(European Discovery – Prix FIPRESCI)за 39. издание на престижните Европски филмски награди (European Film Awards). Оваа номинација доаѓа по светската премиера на Берлинале, триумфот на Ерусалимскиот филмски фестивал и Сараево филм фестивал, како и неодамнешната скопска премиера во рамки на Скопје филм фестивал. Наградата во категоријата „Европско откритие“, која се доделува во соработка со Европската федерација на филмски критичари (FIPRESCI), ги афирмира најталентираните нови европски авторски гласови. Вклучувањето на „17“ во оваа ексклузивна селекција е огромно признание за авторскиот тим, но и пошироко – за целокупната македонска култура.
Долгометражниот игран филм „17“, дебитантско остварување на режисерката Косара Митиќ, во продукција на „Црна Мачка Продукција“ и Томи Салковски продолжува со меѓународна афирмација и успеси. Официјално е номиниран во категоријата Европско откритие – Награда ФИПРЕСЦИ (European Discovery – Prix FIPRESCI) за 39. издание на престижните Европски филмски награди (European Film Awards). Оваа значајна номинација претставува уште една потврда за уметничката тежина и автентичноста на филмот „17“, кој по светската премиера на Берлинале, триумфот на Ерусалимскиот филмски фестивал и Сараево Филм Фестивал, како и неодамнешната скопска премиера во рамки на Скопје Филм Фестивал, продолжува моќно да ги освојува срцата на меѓународната филмска критика и публика. Наградата во категоријата „Европско откритие“, која се доделува во соработка со Европската федерација на филмски критичари (FIPRESCI), ги афирмира најталентираните нови европски авторски гласови.
Македонскиот игран филм „17“, дебитантско остварување на режисерката Косара Митиќ, е номиниран во категоријата „Европско откритие – Награда ФИПРЕСЦИ“ за 39. издание на Европските филмски награди. Од продукцијата соопштуваат дека номинацијата претставува значајно признание за филмот, кој претходно беше прикажан на Берлинскиот филмски фестивал, освои награда на Филмскиот фестивал во Ерусалим и беше дел од програмата на Сараево филм фестивал, а неодамна ја имаше и својата скопска премиера во рамки на Скопје филм фестивал. Наградата „Европско откритие“, која се доделува во соработка со Меѓународната федерација на филмски критичари (ФИПРЕСЦИ), е наменета за афирмација на новите авторски гласови на европската кинематографија.