По минатонеделната средба на министрите за култура на Албанија, Грција и Република Северна Македонија во Преспа, Грција, прекуграничната мрежа „ПреспаНет“ ја поздравува иницијативата за разгледување на можноста за заедничка номинација на прекуграничниот регион Преспа како мешано природно и културно наследство на УНЕСКО. Ова отвора голема можност одново да се сврти меѓународното внимание кон заедничкиот предел кој има исклучителна биолошка разновидност, … По минатонеделната средба на министрите за култура на Албанија, Грција и Република Северна Македонија во Преспа, Грција, прекуграничната мрежа „ПреспаНет“ ја поздравува иницијативата за разгледување на можноста за заедничка номинација на прекуграничниот регион Преспа како мешано природно и културно наследство на УНЕСКО. Ова отвора голема можност одново да се сврти меѓународното внимание кон заедничкиот предел кој има исклучителна биолошка разновидност, културно наследство и живи традиции и да се зајакне соработката за неговата иднина, велат од Македонското еколошко друштво.