За просечниот граѓанин во Македонија, сопствениот покрив над главата во главниот град станува сè подалечна математичка равенка. Иако просечната плата во Македонија е околу 800 евра, покривот над главата станува луксуз за повеќето граѓани. Денес, стан со една спална соба во Скопје негде чини и над 100.000 евра, а стан со две спални соби чини 150.000 евра и повеќе, што значи дека за покрив над главата се потребни помеѓу 125 и 200 просечни плати – и тоа без вклучена камата доколку се земе кредит.