Пазарот на целосно електрични автомобили во Европа забележа силен раст во август, при што нивниот удел во новите… Пазарот на целосно електрични автомобили во Европа забележа силен раст во август, при што нивниот удел во новите регистрации во 16 клучни европски пазари достигна 30,5 %, покажуваат најновите податоци на New AutoMotive и E-Mobility Europe . Во текот на август биле регистрирани 202.833 целосно електрични возила (BEV), што претставува зголемување од 54,2 % во споредба со истиот месец минатата година . Проценетиот удел на BEV возилата на ниво на Европската Унија достигнал 31,2 %. Од почетокот на годинава во анализираните пазари се регистрирани околу 1,67 милиони електрични автомобили , или 33,1% повеќе во однос на истиот период во 2025 година. Според авторите на анализата, ваквата динамика е повисока од дел од прогнозите објавени на почетокот на 2026 година. Меѓу најголемите европски пазари, Франција и Германија имаат значајна улога во забрзувањето на електрификацијата.