На 01.09.2026 полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ги приведоа Б. На 01.09.2026 полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ги приведоа Б.И.(19) и 13- годишник, двајцата од Скопје, постапувајќи по пријава дека на 31.08.2026 околу 22:00 часот на територија на Чаир, настанала физичка пресметка помеѓу двете лица од една страна и И.З.(19), 13-годишник и 16-годишни, сите од Скопје, од друга страна, при што 13-годишникот кој е приведен, со нож им нанел убодни рани на трите лица од спротивната страна. И.З. и 13-годишникот се здобиле со тешки телесни повреди, а 16-годишникот со телесна повреда.
Тринаесетгодишно дете се бори за живот, откако било избодено со нож во тепачка на улицата „Македонско-косовска бригада“, дознава Телма. Според болнички извори, детето е во исклучително тешка здравствена состојба. Во инцидентот учествувале пет лица – четворица малолетници и едно полнолетно лице, велат за Телма извори од Министерството за внатрешни работи.
Тринаесетгодишно дете е во животна опасност по тепачка во скопската населба Чаир, во која било нападнато со нож, објави Телма. Инцидентот се случил на улицата „Македонско-косовска бригада“. Според информации од болнички извори, повреденото дете се наоѓа во исклучително тешка здравствена состојба.
Полицијата уапси 13-годишник кој синоќа со нож избол 3 лица при тепачка во Чаир. Приведен е и 19-годишниот Б.И., кој учествувал во тепачката. Повредните тројца се на возраст од 13, 16 и 19 години.
Почна новата учебна година со вкупно 238.000 ученици од кои 174.000 основци и 64.000 средношколци. Меѓу основците се запишани 14.952 првачиња, што е за 3.000 помалку од лани, и 16.932 ученици во прва година средно. Новата школска година ќе почне со 433 паралелки помалку во училиштата – 222 во основното.
Во 2020 година во Македонија се родиле 19.031 деца. За учебната 2026/2027 досега се запишани околу 14.500 првачиња. Разликата не е конечен доказ за иселување - но е доволно голема за државата прецизно да објасни што се случува со една генерација.
Со нова демографска слика утре започнува новата учебна година. Речиси 3 илјади првачиња и 3.200 с. Речиси 3 илјади првачиња и 3.200 средношколци помалку од лани ќе седнат во училишните клупи.
Наскоро ќе бидат дефинитивни бројките за запишани првоодделенци и средношколци. Засега во МОН се пристигнати податоци за 14.952 запишани првачиња и за 16.932 ученици во прва година средно. Учебниците се распределени во училишатата во примероци колку што тие побарале од МОН, а во процес е и оптимизација на училишната мрежа и затворање на училишта со Наскоро ќе бидат дефинитивни бројките за запишани првоодделенци и средношколци.
Градскиот воз започна да сообраќа денеска на првата од трите предвидени линии и тоа: Зелениково - Ново Зелениково - Орешани - Јане Сандански - Драчево - Лисиче и Нова железничка станица Скопје. Железници Инфраструктура за потребите на проектот „Градски воз” изврши целосна реконструкција на пругата за да го подигне нивото и капацитетот на брзина на оваа релација. Сообраќајот на линијата Зелениково-Нова железничка станица Скопје ќе се реализира со три возови според точно утврден ред на возење кој го утврди МЖ Транспорт.
Во среда (2 септември) во 11:00 часот ќе се изврши официјална промоција на проектот “ Градски воз.”, стои во соопштението на Министерството за транспорт. На настанот се очекува да присуствуваат: Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заменик претседателот на Владата Александар Николоски, директорoт на ЈП МЖ Инфраструктура Синиша Ивановски, директорот на МЖ Транспорт Дејан Кошутиќ, потоа градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓеоргиевски, градоначалникот на оштина Зелениково Коста Маневски, градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска и градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митевски. Според предвиденото, присутните симболично ќе го означат проектот “Градски воз” со патување со воз од железничката станица Зелениково до Нова железничка станица Скопје.
Градскиот воз денеска започна да сообраќа на првата од трите планирани линии, со која Зелениково и неколку населби се поврзуваат со центарот на Скопје. Проектот треба да донесе пократко патување, помалку чекање и поефикасен јавен превоз. Првата линија ги поврзува Зелениково и Ново Зелениково со Скопје.
Од изутринава стартуваше „градскиот воз“, на релацијата Зелениково-Железничка станица-Скопје. Ќе сообраќа осум пати дневно, во двата правца, а според најавите, патувањето ќе трае околу 25 минути. Железници инфраструктура изврши целосна реконструкција на пругата, за да го подигне нивото и капацитетот на брзина на оваа релација.
Активен пожар има на просторот меѓу селата Копаница и Радуша во општина Сарај. Пожар има и во шти. Пожар има и во штипскиот регион, на потегот меѓу селата Селце, Пухче, Степанци и Лакавица, каде што гори ниска вегетација.
На територијата на државата денеска до 13:00 часот се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои седум се активни, еден е ставен под контрола, додека два се изгаснати. Како што соопштуваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во општина Ресен, на потегот меѓу селата Бела Црква и Подмочани, каде гори борова шума и ниска вегетација, пожарот во општина Сарај, помеѓу селата Копаница и Радуша каде гори нискостеблеста шума и ниска вегетација, пожарот во општина Јегуновце, кај селото Копанце каде гори мешана шума, во општина Чашка над селото Нежилово, на местото викано Сватови каде гори ниска вегетација и единечни дрва, општина Боговиње кај селото Урвич, каде гори нискостеблеста вегетација, општина Студеничани над селото Палиград, каде гори мешана шума и пожарот во општина Долнени помеѓу селата Лажани и Кошина каде гори ниска вегетација. Под контрола е пожарот на територијата на општините Гостивар и Македонски Брод, кој се протега од селото Трново кон селата Битово, Заград и Страјане, каде што се зафатени нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат.
Во изминатото деноноќие во државата биле регистрирани 24 пожари на отворен простор, од кои седум се сè уште активни, еден е ставен под контрола, а 16 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според податоците заклучно со 7:30 часот, активни се пожарите на потегот меѓу селата Бела Црква... Текстот Активни се седум пожари, а 16 се изгаснати е превземен од А1он . Текстот. Активни се седум пожари, а 16 се изгаснати е превземен од А1он.
Во изминатото деноноќие во Македонија биле регистрирани 24 пожари на отворен простор, од кои седум се сè уште активни, еден е ставен под контрола, а 16 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според податоците заклучно со 7.30 часот, активни се пожарите на потегот меѓу селата Бела Црква и Подмочани во Општина Ресен, Во изминатото деноноќие во Македонија биле регистрирани 24 пожари на отворен простор, од кои седум се сè уште активни, еден е ставен под контрола, а 16 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според податоците заклучно со 7.30 часот, активни се пожарите на потегот меѓу селата Бела Црква и Подмочани во Општина Ресен, каде гори борова шума и ниска вегетација….
Весна Јаневска, министерката за образование и наука, на првиот ден од учебната 2026/2027 повика родителите да им посветат повеќе внимание на своите деца и ги охрабри учениците да избегнуваат насилство и да ги ценат пријателствата. На првиот ден од учебната 2026/2027 година, министерката за образование и наука, Весна Јаневска, го посети основното училиште „Киро Глигоров“ во Скопје, од каде им посака среќен почеток и многу успеси на сите ученици, родители, наставници и стручни соработници во државата. „Учете, затоа што знаењето е најголемата сила што можете да ја добиете.
Учениците од четврто до деветто одделение во ООУ „Киро Глигоров“ новата учебна 2026/2027 година ќе ја започнат со настава од далечина, поради градежните активности што Министерството за образование и наука ги изведува во дел од училишниот објект. Станува збор за инвестиција што како што е наведено се реализира во рамки на Проектот за унапредување на основното образование (ПЕИП), чиј носител … Учениците од четврто до деветто одделение во ООУ „Киро Глигоров“ новата учебна 2026/2027 година ќе ја започнат со настава од далечина, поради градежните активности што Министерството за образование и наука ги изведува во дел од училишниот објект. Станува збор за инвестиција што како што е наведено се реализира во рамки на Проектот за унапредување на основното образование (ПЕИП), чиј носител е Министерството за образование и наука.
Учебната година за учениците од четврто до деветто одделение во ОУ „Киро Глигоров“ во скопската општина… Учебната година за учениците од четврто до деветто одделение во ОУ „Киро Глигоров“ во скопската општина Центар ќе започне онлајн, поради реконструкција на училиштето. Министерката за образование и наука, Весна Јаневска за „Локално“ изјави дека адаптиран е просторот за да се воведе едносменска настава во целото училиште и да се укине целодневната настава за учениците од четврто и петто одделение. Таа рече дека околу 500 ученици од ова училиште ќе учат од далечина две недели, кога се очекува да заврши адаптацијата на просторот и училиштето да добие шест нови училници.
Среќен почеток на новата учебна 2026-2027 година им посака утрово на учениците министерката за образование и наука Весна Јаневска, која во ОУ „Киро Глигоров" во Центар присуствуваше на официјалната промоција на кампањата на „Македонски телеком“ против врсничко насилство и мирни и безбедни училишта. Првиот училиштен ден таа посебно им го честиташе на првачињата и на нивните родители и наставници, со желби најмалите ученици да имаат успех во учењето, да се описменат, многу да се дружат, да бидат многу љубопитни и да прашуваат, да размислуваат и да го кажуваат своето мислење. Им пожелувам вредна работа на учениците.
Од 1 септември ВМРО-ДПМНЕ започнува голема кампања за ажурирање на постојното членство и отворање на партијата за нови членови под мотото „Заедно за иднина – Приклучи се!“. Во периодот до 30 ноември, ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе процес со кој ќе направи уште еден значаен чекор во развојот на партијата, со цел изградба на посовремена, поорганизирана и Од 1 септември ВМРО-ДПМНЕ започнува голема кампања за ажурирање на постојното членство и отворање на партијата за нови членови под мотото „Заедно за иднина – Приклучи се!“. Во периодот до 30 ноември, ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе процес со кој ќе направи уште еден значаен чекор во развојот на партијата, со цел изградба на посовремена, поорганизирана и уште посилна политичка организација, која е подготвена за иднината. Ние имаме повеќедецениска историја, силна организација и бројно членство, а силата на ВМРО-ДПМНЕ се луѓето кои со децении се дел од партијата, кои верувале и придонесувале и во најтешките периоди, но и новите генерации кои носат знаење, идеи, енергија и желба активно да придонесат за иднината на Македонија. И во таа насока пораката на кампањата е јасна и едноставна, „обнови го членството, биди активен и биди дел од иднината“.
Заедно за иднина – Приклучи се! Со оваа порака ВМРО-ДПМНЕ од 1… Заедно за иднина – Приклучи се! Со оваа порака ВМРО-ДПМНЕ од 1 септември започнува голема кампања за ажурирање на постојното членство и за отворање на партијата за нови членови. Во следниве три месеци, до 30 ноември, сакаме да направиме уште еден голем чекор во развојот на ВМРО-ДПМНЕ, да изградиме посовремена, поорганизирана и уште посилна политичка организација, подготвена за иднината. ВМРО-ДПМНЕ има повеќедецениска историја, силна организација и огромно членство.
Во периодот до 30 ноември, ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе процес со кој ќе направи уште еден значаен чеко. Во периодот до 30 ноември, ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе процес со кој ќе направи уште еден значаен чекор во развојот на партијата, со цел изградба на посовремена, поорганизирана и уште посилна политичка организација, која е подготвена за иднината. Ние имаме повеќедецениска историја, силна организација и бројно членство, а силата на ВМРО-ДПМНЕ се луѓето кои со децении се дел од партијата, кои верувале и придонесувале и во најтешките периоди, но и новите генерации кои носат знаење, идеи, енергија и желба активно да придонесат за иднината на Македонија.
Од 1 септември ВМРО-ДПМНЕ започнува голема кампања за ажурирање на постојното членство и отворање на партијата за нови членови под мотото „Заедно за иднина – Приклучи се!“. Во периодот до 30 ноември, ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе процес со кој ќе направи уште еден значаен чекор во развојот на партијата, со цел изградба на посовремена, поорганизирана и уште посилна политичка организација, која е подготвена за иднината. Ние имаме повеќедецениска историја, силна организација и бројно членство, а силата на ВМРО-ДПМНЕ се луѓето кои со децении се дел од партијата, кои верувале и придонесувале и во најтешките периоди, но и новите генерации кои носат знаење, идеи, енергија и желба активно да придонесат за иднината на Македонија. И во таа насока пораката на кампањата е јасна и едноставна, „обнови го членството, биди активен и биди дел од иднината“.
Денеска максималната температура ќе достигне до 37 степени, а високи температури се очекуваат и в. Денеска максималната температура ќе достигне до 37 степени, а високи температури се очекуваат и во среда. Според Управата за хидрометеоролошки работи, денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и дневни температури од 33 до 39 степени.
И во вторник на територијата на Македонија ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Се појавија нови детали за тројното убиство во стрелиштето „Чешка збројовка“ крај црногорскиот град Даниловград, извршено од рускиот државјанин Михаил Шабунин (30). Убиени беа вработените на стрелиштето Петар Глобаревиќ (24), Момир Радоњиќ (67) и Немања Капор (20). Шабунин по злосторството избегал со автомобил, а потоа зел такси за Херцег Нови. Рано утрово полицијата го пронашла. Рано утрово полицијата го пронашла во шумата над населбата Топла.
Пронајдени се денеска три безживотни тела на стрелиштето „Чешка збројевка“ во Даниловград (Црна Гора), а за страшната глетка службата за итни случаи при Одделението за безбедност во Даниловград била известена од М.Ј. – сопственикот на стрелиштето, денеска околу 17 часот. Според неофицијалните информации на „Побједа“, убиени се тројца работници на... Текстот Три безживотни тела најдени на стрелиште во град во Црна Гора е превземен од А1он . Текстот. Три безживотни тела најдени на стрелиште во град во Црна Гора е превземен од А1он.
Потерата заврши рано утрово, околу 3:35 часот, во шумата над населбата топла во Херцег Нови. Спор. Според црногорските медиуми, полициските сили го лоцирале Шабуњин, а откако се нашол опколен, тој отворил оган врз полицајците.
Црногорската полиција трага по рускиот државјанин Михаил Шабунин (30) под сомнение дека вчера извршил тројно убиство во Даниловград. Телата на тројца вработени беа пронајдени денес на стрелиштето „Чешка збројовка“ во Даниловград, Црна Гора. Се претпоставува дека Шабунин ги убил Петар Глобаревиќ (24) од Подгорица, Момир Радоњиќ (67) од Даниловград и Немања Капор (20) од Подгорица со огнено оружје, објавува порталот … Црногорската полиција трага по рускиот државјанин Михаил Шабунин (30) под сомнение дека вчера извршил тројно убиство во Даниловград.
Во Белград, Србија, се одржува состанок на Движењето на неврзаните, на кој се разговара за актуелните глобални предизвици, зачувувањето на мирот и почитувањето на меѓународното право. На состанокот се обрати и српскиот претседател Александ.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, им се обрати на сите учесници на состанокот во Палатата на Србија, посветен на одбележувањето на 65-годишнината од првата конференција на Движењето на неврзаните. По овој повод, Вучиќ изјави дека лидерите на Движењето на неврзаните на првата конференција на тоа движење во 1961 година во Белград имале храброст да создадат пат на независност, дијалог и … Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, им се обрати на сите учесници на состанокот во Палатата на Србија, посветен на одбележувањето на 65-годишнината од првата конференција на Движењето на неврзаните. По овој повод, Вучиќ изјави дека лидерите на Движењето на неврзаните на првата конференција на тоа движење во 1961 година во Белград имале храброст да создадат пат на независност, дијалог и соработка во време на поделба во кое големината на државата не ја одредува вредноста на нејзиниот глас.
Александар Вучиќ се обрати на состанокот посветен на 65-годишнината од Движењето на неврзаните, потенцирајќи дека светот треба да се темели на мир, еднаквост и соработка, а не на моќта на силните. Тој истакна важноста на мултилатерализмот, почитувањето на меѓународното право и дијалогот за решавање на различностите и ја нагласи традицијата на Србија како основач на движењето и желбата за развој на блиски партнерства со земјите од Африка, Азија и Латинска Америка. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ , им се обрати на сите учесници на состанокот во Палатата на Србија, посветен на одбележувањето на 65-годишнината од првата конференција на Движењето на неврзаните.
Според премиерот Еди Рама, одлуката за воведување на интелигентните камери е донесена по трагични. Според премиерот Еди Рама, одлуката за воведување на интелигентните камери е донесена по трагичниот инцидент во едно училиште во Тирана, каде што малолетник го загуби животот по тепачка со врсници. „Тогашните камери не ни овозможија навреме да ја разбереме динамиката на настанот.
Албанскиот премиер, Еди Рама, објави дека првите 20 училишта во Тирана, се опремени со интелигентни камери, како дел од процесот насочен кон зајакнување на безбедноста во образовните институции низ целата земја. Наведува дека одлуката за модернизација на безбедносните системи во училиштата е поврзана со „обврска што ја презел по сериозната трагедија што се случи во училиште во Тирана, каде што малолетник го загуби животот по тепачка со свои врсници". Претходните системи на камери немаа доволна технологија за навреме да го сигнализираат настанот.
Осум лица загинаа, а дваесет се водат како исчезнати по превртувањето и потонувањето на траект на северен Кипар. Меѓу исчезнатите се и две деца, а спасувачките операции и истраги се во тек. Осум лица загинаа, а дваесет сè уште се водат како исчезнати откако траект се преврте и потона покрај брегот на северен Кипар во неделата на пат кон Турција.
Патнички ферибот со 270 лица се преврте денес покрај брегот на Кипар. Спасувачките екипи се на местото на настанот обидувајќи се да стигнат и да ги спасат жртвите. Фериботот се преврте кратко откако исплови кон турското пристаниште Ташуџу.
Министерот за транспорт и јавни работи на Северен Кипар, Ерхан Арикли, изјави дека на фериботот и Министерот за транспорт и јавни работи на Северен Кипар, Ерхан Арикли, изјави дека на фериботот имало вкупно 267 лица - 259 патници и осум членови на екипажот. Градоначалникот на Киренија Гирне, историски пристанишен град кој се наоѓа на северниот брег на островот Кипар, Мурат Сенкул, за CNN Turk изјави дека се спасени 159 патници. Бродот го напуштил пристаништето Гирне околу 12:30 часот по локално време кон турското пристаниште Ташуч во јужната покраина Мерсин, но кратко по напуштањето на пристаништето, од причини кои сè уште не се утврдени, одеднаш се нашол во вода само два до три километри од брегот.
Капетанот и седум членови на екипажот на потонатиот ферибот во близина на Северен Кипар се уапсени, изјави премиерот на самопрогласената Турска Република Северен Кипар, Унел Устал. Тој истакна дека „ќе бидат истражени сите аспекти на инцидентот“ и оти никој нема да биде поштеден од одговорност. Според најновите информации при превртувањето на фериботот „Фило џет“ бројот.
Најмалку седум луѓе загинале при руски ракетен напад врз железничко депо во украинскиот главен град Киев. Има пожари и големи материјални штети, напиша директорот на железницата Олександр Перцовскиј на Фејсбук. Во исто време, десетици железнички работници успеале да се засолнат и да останат безбедни.
Бројот на загинати од рускиот напад врз магацин за муниција во украинскиот регион Киев се искачи на 38, а потрагата продолжува по четири лица кои сè уште се водат како исчезнати, изјави на 30 август украинскиот претседател Володимир Зеленски. Најсмртоносниот руски напад во областа на Киев оваа година се случи во петокот доцна навечер, додека. Најсмртоносниот руски напад во областа на Киев оваа година се случи во петокот доцна навечер, додека Москва започна интензивна кампања на напади врз….
Украина сака да го зголеми темпото на далекуметните удари до 1.000 дронови дневно. Москва одговара со најава за масовни напади врз украинската енергетска инфраструктура. Војната сè подлабоко се префрла од линијата на фронтот кон рафинериите, електроцентралите, логистиката и секојдневниот живот.
Четири лица загинаа, а 15 се ранети во воздушни напади на руските сили врз Киев и околината во раните утрински часови денеска, соопштија локалните власти. Нападите го означија шестиот ден по ред непрекинати руски воздушни напади врз Киев и околината, нарушувајќи го секојдневниот ритам на животот на милиони луѓе. Опасност од воздушен напад беше прогласена за речиси целата територија на Украина во раните утрински часови денеска.
Спасувачките екипи и натаму трагаат по работници во повеќе тунели во поплавените хидроцентрали во Непал додека бројот на загинати во катастрофалните поплави надмина 1.000, а речиси 4.500 луѓе се водат како исчезнати. Досега се спасени речиси 12.000 луѓе. Фокусот во спасувачките операции, покрај на цивилното население, е насочен на пронаоѓање.
Бројот на жртви во поплавите што ги погодија Непал и Кина надмина илјада, потврдија властите. Во исто време, спасувачките екипи се обидуваат да стигнат до областите што останаа изолирани поради поплави и лизгање на земјиштето. Според Агенцијата за управување со катастрофи во Непал, во таа земја се потврдени 987 смртни случаи, а се бараат уште 3.916 лица, вклучувајќи 583 странски … Бројот на жртви во поплавите што ги погодија Непал и Кина надмина илјада, потврдија властите.
Бројот на жртви од катастрофалните поплави на Хималаите се зголеми на над 1.000 во Непал и Тибет, соопштија денеска тамошните власти, пренесува ДПА. Полицијата во Катманду во своите најнови бројки соопшти дека само во Непал загинале 1.007 лица, додека бројот на жртви во Кина, во регионот Тибет, веќе неколку дена изнесува 16. Властите во Непал соопштија дека многу од пронајдените тела биле изобличени, а во некои случаи веќе сериозно распаднати. Се очекува во следните денови и недели бројот на жртви дополнително да се зголеми.
Бројот на жртви од катастрофалните поплави на Хималаите се зголеми на над 1.000 во Непал и Тибет, соопштија денеска тамошните власти, пренесува ДПА. Полицијата во Катманду во своите најнови бројки соопшти дека само во Непал загинале 1.007 лица, додека бројот на жртви во Кина, во регионот Тибет, веќе неколку дена изнесува 16. Властите во Непал соопштија дека многу од пронајдените тела биле изобличени, а во некои случаи веќе сериозно распаднати. Се очекува во следните денови и недели бројот на жртви дополнително да се зголеми.
Неевидентирани материјални средства во деловните книги на Бирото за метрологија и пропуштена… Неевидентирани материјални средства во деловните книги на Бирото за метрологија и пропуштена можност за проверка на квалитетот на нафтата и нафтените деривати преку мобилната лабораторија, констатира Државниот завод за ревизија (ДЗР) во извршената ревизија на Бирото за метрологија за 2024 година. Констатирани се неправилности и неусогласености во работењето на Бирото и поради нивното значење изразено е неповолно мислење за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеност со законската регулатива, упатства и воспоставените политики. Со извршената ревизија на Бирото за метрологија утврдени се слабости во спроведувањето на пописот на средствата, побарувањата и обврските со состојба на 31.12.2024 година, поради што не е обезбедено усогласување на сметководствената евиденција со фактичката состојба утврдена со попис.
Според наодите на ДЗР, во 2024 година биле набавени пломби, жигови, жиг-налепници за верификација и записници во вкупна вредност од 4,266 милиони денари. За нив, според ревизијата, не била воспоставена сметководствена и материјална евиденција, иако тие се користат во услугите на Бирото и претставуваат основа за остварување приходи. Слабости се утврдени и во евидентирањето и Според наодите на ДЗР, во 2024 година биле набавени пломби, жигови, жиг-налепници за верификација и записници во вкупна вредност од 4,266 милиони денари.
,36 милиони евра опрема неевидентирани во Бирото за метрологија, лабораторијата за нафта – неискористена се клучните наоди на државниот ревизор за работењето на Бирото за метрологија. Мобилната лабораторија купена со државни пари за проверка на квалитетот на нафтата и нафтените деривати во текот на 2024 година воопшто не била користена. Ова го утврди Државниот завод милиони евра опрема неевидентирани во Бирото за метрологија, лабораторијата за нафта – неискористена се клучните наоди на државниот ревизор за работењето на Бирото за метрологија.
Поради кризата на Блискиот исток, цените на нафтата пораснаа втор ден по ред. На лондонскиот пазар, цената на барелот од марката Brent утрово се зголеми за 0,92 отсто, на 91,30 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот од типот WTI се зголеми за 1,20 отсто, на 86,80 долари. На валутните пазари вредноста на американскиот.
Цените на нафтата денеска нагло пораснаа на азиските берзи поради обновените тензии на Блискиот Исток, откако американските сили нападнаа два ракетни лансери на островот Ларак во јужен Иран, додека Техеран ги нападна позициите на САД во Јордан, објавија светските агенции. Нафтата Брент од Северно Море, репер за Европа, порасна за 2,88 отсто на 90,64 долари. Нафтата Брент од Северно Море, репер за Европа, порасна за 2,88 отсто на 90,64 долари за барел до 7:30 часот по македонско време.
Цените на нафтата на азиските берзи утрово се зголемија откога САД извршија напад врз иранскиот остров Ларак, а Техеран возврати со напади врз американските бази во Персискиот Залив. Барел нафта „Брент“ од Северното Море утрово се тргуваше за 2,88 проценти повеќе од вчера, односно за 90,64 долари. А цената на американската лесна нафта порасна за Цените на нафтата на азиските берзи утрово се зголемија откога САД извршија напад врз иранскиот остров Ларак, а Техеран возврати со напади врз американските бази во Персискиот Залив.
Поради кризата на Блискиот Исток, цените на нафтата пораснаа втор ден по ред. На лондонскиот пазар, цената на барелот Брент се зголеми утрово за 0,92 проценти, на 91,30 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот се зголеми за 1,20 проценти, на 86,80 долари. Доларот малку ослабе Сепак, на валутните пазари вредноста на американскиот долар.
Високите цени на енергијата повторно ја зголемија инфлацијата во Германија на речиси три проценти. Стапката во август, како и во април, изнесуваше 2,9 проценти, според прелиминарните пресметки на Федералниот завод за статистика. Потрошувачките цени последен пат пораснаа посилно во декември 2023 година, кога инфлацијата изнесуваше 3,7 проценти, пишува dpa.
Годишната инфлација во Германија, според прелиминарната проценка, се забрза од 2,8 проценти во јули на 2,9… Годишната инфлација во Германија, според прелиминарната проценка, се забрза од 2,8 проценти во јули на 2,9 проценти, покажаа денес податоците од Федералниот завод за статистика (Дестатис). Потрошувачките цени во Германија се зголемија за 0,2 проценти на месечна основа, главно поради новиот скок на цените на енергијата. Цените на енергијата во Германија беа за 10,5 проценти повисоки во август отколку една година претходно, што е значително забрзување во споредба со зголемувањето од 8,3 проценти во јули.
Потрошувачките цени во Германија се зголемија за 2,9 отсто во август во споредба со истиот месец минатата година, само малку посилно од зголемувањето од 2,8 отсто во јули, според прелиминарните податоци од заводот за статистика Destatis објавени во понеделникот, пребесува агенцијата dpa. Според прелиминарните податоци зголемувањето на инфлацијата главно е предизвикано од повисоките цени на Потрошувачките цени во Германија се зголемија за 2,9 отсто во август во споредба со истиот месец минатата година, само малку посилно од зголемувањето од 2,8 отсто во јули, според прелиминарните податоци од заводот за статистика Destatis објавени во понеделникот, пребесува агенцијата dpa. Според прелиминарните податоци зголемувањето на инфлацијата главно е предизвикано од повисоките цени на горивото и маслото за греење.
На 1 септември 2026 година, во 00:05 часот, во село Инџиково, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.С. (34) од с. Инџиково. При претрес во домот на 42-годишната А.Д. од истото село, извршен со судска наредба, Р.С. бил затекнат во објектот. При прегледот кај него биле пронајдени и одземени неколку пакувања со марихуана и дигитална вага.
Ноќеска во 00:05 часот во село Инџиково, скопско, полицискис службеници од Единицата за недозволена трговија прои СВР Скопје го лишија од слобода 34-годишниот Р.С. од село Инџиково. При претрес во домот на 42-годишната А.Д. од истото село, извршен со судска наредба, Р.С. бил затекнат и при преглед кај него биле пронајдени и одземени неколку пакувања со марихуана и дигитална вага. … Ноќеска во 00:05 часот во село Инџиково, скопско, полицискис службеници од Единицата за недозволена трговија прои СВР Скопје го лишија од слобода 34-годишниот Р.С. од село Инџиково.
На 01.09.2026 во 00:05 часот во с.Инџиково, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Р.С.(34) од с.Инџиково. При претрес во домот на 42-годишната А.Д. од истото село, извршен со судска наредба, Р.С. бил затекнат и при преглед кај него биле пронајдени и одземени неколку пакувања со марихуана и дигитална вага. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 01.09.2026 во 00:05 часот во с.Инџиково, скопско, полицискис службеници од Единицата за недозволена трговија прои СВР Скопје го лишија од слобода Р.С.(34) од с.Инџиково. При претрес во домот на 42-годишната А.Д. од истото село, извршен.
Во рамки на прославата за јубилејот – 35 години независност на Македонија, вечер на Плоштад Македонија во Скопје концерт ќе одржи светски познатиот тенор Хосе Карерас заедно со македонски музички ѕвезди и Македонската филхармонија. Концертот почнува во 20 часот и ќе биде бесплатен и отворен за сите граѓани. Покрај шпанскиот тенор, во македонскиот „дрим тим“ Во рамки на прославата за јубилејот – 35 години независност на Македонија, вечер на Плоштад Македонија во Скопје концерт ќе одржи светски познатиот тенор Хосе Карерас заедно со македонски музички ѕвезди и Македонската филхармонија.
Од „Авалон продукција“, која го организира настанот заедно со Владата, концертот е најавен како еден од најголемите музички проекти во историјата на Македонија, а покрај шпанскиот тенор во македонскиот „дрим тим“ ќе настапат Влатко Стефановски, Каролина Гочева, Калиопи, Ана и Игор Дурловски, Наум Петрески, Сузана Спасовска, Маја Оџаклиевска и Миле Кузмановски. Настанот ќе се одржи. Настанот ќе се одржи на Плоштад Македонија и ќе биде бесплатен и отворен за сите граѓани, како дел од програмата за одбележување 35 години независност на Македонија, стои во објавата споделена на фејсбук профилот на Владата.
На 1 септември не’ очекува сигурно еден од најголемите музички проекти во историјата на Македонија! На овој историски настан се придружува и македонската легенда Маја Оџаклиевска! Маја Оџаклиевска, Миле Кузмановски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Каролина Гочева, Калиопи, Влатко Стефановски, Ана и Игор Дурловски како македонски дрим тим, заедно со големиот José Carreras гарантираат спектакл кој На 1 септември не’ очекува сигурно еден од најголемите музички проекти во историјата на Македонија!
Македонскиот музичар, автор, и џез гитарист Владимир Василевски Четкар есенската концертна сезона ја започнува на 5-ти септември и тоа во Скопје, со свој настап во Јавна Соба (Public Room) каде ќе одржи концерт на зелената тераса. За овој настап билетите можат да се набават онлајн по цена од 600 МКД на Tix.mk < Вратите во Јавна соба се отвораат во 21:00 часот, а концертот на Владимир Четкар е закажан да започне во 22:00 часот. Инаку, консредината на месец август годинава, австралиската музичка куќа M2MR Records, за светскиот пазар го издаде винилот на Владимир Василевски Четкар на кој се најдоа 4 негови селектирани композиции меѓу кои: Ohrid, Don't Make Me Wait, Heavenly и Ocean оf Love.
Во Тирана, Драч и Корча, од 3 до 6 септември ќе се… Во Тирана, Драч и Корча, од 3 до 6 септември ќе се одржи „ Недела на македонската култура во Албанија“, во организација на македонскиот Културно информативниот центар во Тирана. Ваква манифестација по првпат се одржа минатата година а оваа година програма е особено богата и обемна и ќе обедини голем број уметници и учесници од Македонија. Во рамките на “Неделата на македонската култура” ќе бидат реализирани концерти, изложби, фолклорни настапи, поетски и драмски изведби, ДЈ настапи, промоција на вино и пиво, преку кои ќе бидат претставени македонската култура, уметност и традиција.
Од 3 до 6 септември 2026 година, во Тирана, Драч и Корча, ќе се одржи „Македонската културна недела во Албанија“, во организација на Културно информативниот центар на Република Македонија во Тирана, предводен од директорката Ема Попивода. Оваа година програма е особено богата и обемна и ќе обедини голем број уметници и учесници од Македонија. Во рамките на Културната недела.
Во Тирана, Драч и Корча, од 3 до 6 септември ќе се одржи „ Недела на македонската култура во Албанија“, во организација на македонскиот Културно информативниот центар во Тирана. Ваква манифестација по првпат се одржа минатата година а оваа година програма е особено богата и обемна и ќе обедини голем број уметници и учесници од Македонија. Во рамките на "Неделата на македонската култура" ќе бидат реализирани концерти, изложби, фолклорни настапи, поетски и драмски изведби, ДЈ настапи, промоција на вино и пиво, преку кои ќе бидат претставени македонската култура, уметност и традиција.
Од 3 до 6 септември 2026 година, во Тирана, Драч и Корча, ќе се одржи „Македонската културна недела во Албанија“, во организација на Културно информативниот центар на Република Македонија во Тирана, предводен од директорката Ема Попивода. Оваа година програма е особено богата и обемна и ќе обедини голем број уметници и учесници од Македонија. Во рамките на Културната недела ќе Од 3 до 6 септември 2026 година , во Тирана, Драч и Корча, ќе се одржи „Македонската културна недела во Албанија“, во организација на Културно информативниот центар на Република Македонија во Тирана, предводен од директорката Ема Попивода.
Некои филмски и цртани ликови не се само дел од детството – тие стануваат дел од колективното сеќавање на цели генерации. Еден од нив е Којотот, вечниот неуморен јунак со бескрајни идеи, неверојатни планови и уште поневеројатна способност секој неуспех да го претвори во причина за нов обид. Од 3 септември, Којотот повторно пристигнува на големото платно со „Којотот против … Некои филмски и цртани ликови не се само дел од детството – тие стануваат дел од колективното сеќавање на цели генерации.
Многумина се сеќаваат на „Којотот“, еден од најомилените цртани јунаци кој на голем број генерации им го одбележа детството, носејќи смеа и забава во домовите со своите упорни, но секогаш неуспешни авантури. Сигурно го паметиме и препознатливиот „бип, бип“ звук на Брзата птица итрица, неговиот голем ривал кој постојано се обидува да му побегне. Желбата на Којотот конечно да Многумина се сеќаваат на „Којотот“, еден од најомилените цртани јунаци кој на голем број генерации им го одбележа детството, носејќи смеа и забава во домовите со своите упорни, но секогаш неуспешни авантури.
После цели пет месеци пауза поради повреда, врвниот шпански тенисер Карлос Алкараз се врати на голема сцена и победи во 3 сета глатко против Роман Сајфулин: 6:4, 6:4, 6:4 на Отвореното првенство на САД.
Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас имаше успешен старт на Отвореното првенство на САД, обезбедувајќи пласман во второто коло без поголеми проблеми. Алкараз пропушти голем дел од сезоната откако се повлече од турнирот во Барселона на 16 април поради повреда на десниот зглоб. Поради проблем со раката, тој не учествуваше ниту на Ролан Гарос ниту на Вимблдон.
Тотенхем не престанува да влезе потези и да купува играчи во овој летен преоден рок, а најновите инвестиции, засилувања ќе пристигнат од градскиот ривал Челси „Петлите“ има добар преоден рок ако се земе предвид имињата кои пристигнаа без разлика на тоа што дел од нив можби беа преплатени, но ова последното е навистина чудно затоа што од Челси ќе пристигнат асови кои воопшто не играа или во најмала рака не беа во прв план кај Чаби Алонсо. Првиот е дефанзивецот Тосин Адарабијо, играч за кого ќе бидат издвоени фиксни 7 милиони фунти плус бонуси. Тој треба да биде замена за Кевин Дансо кој премина во Сандерленд за 25 милиони фунти.
Одбројување ситно до крајот на летниот преоден рок, но токму тука во овие последни часови, завршница може да се случи и некоја трансфер бомба. Со оглед на финансискита моќ клубовите од Премиер лигата можат да испорачаат вакво сценарио, а најблиску до тоа е Енцо Фернандез. Аргентинецот веќе некое време е на Манчестер Сити, клуб кој веќе е во директни преговори со Челси и останува да се види дали двете страни ќе пронајдат заеднички јазик.
Аталанта ја скрши Болоња со голчиште на Лазар Самарџиќ во длабокото судиско продолжение и стигна до 2 во 2 на стартот во Серија А. Елиф Елмас и на двете средби влезе од клупа на местото на Распадори. Прво во 82-ра минута, а синоќа во 56-та. Македонскиот репрезентативец во 3. коло гостува на Олимпико против Рома.
Ељиф Елмас доби шанса во 56. минута и одигра добро во победата на Аталанта над Болоња. Лазар Самарџиќ го постина единствениот гол со удар од дваесетина метри, Аталанта сега има шест бода од два меча.
Министерот за здравство смета дека се создадени услови за алармирање на јавноста за опасноста од епидемија на морбили по порастот на случаите во Косово и во Бугарија. Тој утрово повика децата да се вакцинираат оти опфатот на вакцинацијата е загрижувачки 62%, наспроти посакуваните 95% вакцинирани деца. „Сакам да упатам апел до сите граѓани на Македонија да поревносно пристапат кон вакцинација … Министерот за здравство смета дека се создадени услови за алармирање на јавноста за опасноста од епидемија на морбили по порастот на случаите во Косово и во Бугарија.
Да се вакцинираат децата против морбили за да се превенира можна епидемија, со оглед на тоа што расте бројот на случаи со морбили во Косово и Бугарија – апелира министерот за здравство Сашо Клековски на денешната прес-конференција. Сакам да упатам апел до сите, поревносно да пристапат кон вакцинација против... Текстот Клековски: Апел да се вакцинираат децата против морбили за да превенираме можна епидемија по растот на случаи во Косово и Бугарија е превземен од А1он . Текстот.
Да се вакцинираат децата против морбили, за да се превенира можна епидемија, со оглед на тоа што расте бројот на случаи со морбили во Косово и во Бугарија, апелираше министерот за здравство Сашо Клековски на денешната прес-конференција. Сакам да упатам апел до сите, поревносно да пристапат кон вакцинација од морбили. Опфатот на вакцинација е релативно.
Да се вакцинираат децата против морбили за да се превенира можна епидемија, со оглед на тоа што расте бројот на случаи со морбили во Косово и Бугарија - апелира министерот за здравство Сашо Клековски на денешната прес-конференција. Сакам да упатам апел до сите, поревносно да пристапат кон вакцинација против морбили. Опфатот на вакцинација е релативно низок - 62 проценти, од Институтот за јавно здравје го кажуваат тоа.
Водач на улична банда обвинет за организирање на престрелката во која беше убиен хип-хоп ѕвездата Тупак Шакур пред три децении во Лас Вегас, во понеделникот беше прогласен за виновен за убиството за неговата улога во злосторството што го замолчи еден од највлијателните гласови на рапот. Поротата во Лас Вегас размислуваше речиси три часа пред да Водач на улична банда обвинет за организирање на престрелката во која беше убиен хип-хоп ѕвездата Тупак Шакур пред три децении во Лас Вегас, во понеделникот беше прогласен за виновен за убиството за неговата улога во злосторството што го замолчи еден од највлијателните гласови на рапот. Поротата во Лас Вегас размислуваше речиси три часа пред да го прогласи 63-годишниот Дуан „Кефи Ди“ Дејвис за виновен за убиство со смртоносно оружје, со што заврши 11-дневниот судски процес во округот Кларк.
Поранешниот гангстер Двејн „Кефе Д“ Дејвис е прогласен за виновен за организирање на убиството на Тупак Шакур во Лас Вегас на 7 септември 1996 година. Тупак Шакур беше смртно застрелан на 7 септември 1996 година од бел кадилак во движење, кога раперот беше на врвот од својата кариера. Убиството го промени хип-хопот и го направи Тупак културна икона.
Поротата во Лас Вегас го прогласи поранешниот водач на бандата „Саут сајд Комптон крипс“ – Дуејн Кит Дејвис, за виновен за убиството на Тупак Шакур, затворајќи го случајот речиси 30 години откако познатиот американски рапер беше убиен. Познатиот „Кифи Ди“ (63) беше обвинет за поттикнување смртоносната пукотница, иако самиот не го повлекол чкрапалото. Тој со години им кажувал на истражителите и новинарите за неговата директна вмешаност пред да биде уапсен во 2023 година.
По речиси три децении мистерија и шпекулации, правдата конечно дојде во случајот со убиството на Тупак Шакур. Поранешниот водач на бандата Дуан „Кефе Д“ Дејвис е прогласен за виновен за организирање на убиството што го шокираше светот, донесувајќи ја конечната разрешница на приказната што ги интригира генерациите фанови на хип-хоп. Поротата во Лас Вегас вчера едногласно го прогласи Дејвис за … По речиси три децении мистерија и шпекулации, правдата конечно дојде во случајот со убиството на Тупак Шакур.
Срцевиот удар кај жените може значително да се разликува од оној кај мажите, а симптомите понекогаш лесно се припишуваат на други здравствени проблеми. Навикнати сме срцевиот удар да го замислуваме како остра, неподнослива болка во градите која буквално го соборува човекот. Но, кај жените ситуацијата може да изгледа поинаку.
Срцевиот удар кај жените може значително да се разликува од оној кај мажите, а симптомите понекогаш лесно се припишуваат на други здравствени проблеми. Навикнати сме срцевиот удар да го замислуваме како остра, неподнослива болка во градите која буквално го соборува човекот. Но, кај жените ситуацијата може да изгледа поинаку.
Американскиот поп-пејач Лајонел Ричи (77) заврши в болница, кратко по концертот во Сент Луис во саботата. Според тамошните медиуми, тој бил сместен на интензивна нега. Познатиот музичар е сред турнејата „Sing a Song All Night Long“ (Пеј песна цела ноќ), со групата „Ерт, вајнд енд фајр“, а неговиот следен настап е закажан за 26 септември во Сан Франциско.
Лајонел Ричи беше хоспитализиран во Сент Луис, Мисури, откако му се слоши по концертот во саботата навечер. Пејачот (77) се пријавил во болница по настапот за да му бидат направени тестови, објавува TMZ, и наводно бил згрижен на интензивна нега. Ричи е сè уште во болница од понеделник попладне, а според изворите на веб-страницата, се очекува да биде отпуштен деновиве.
Лајонел Ричи (77) завршил на интензивна нега како превентивна мерка, кратко по концертот во саботата во… Лајонел Ричи (77) завршил на интензивна нега како превентивна мерка, кратко по концертот во саботата во Сент Луис. Славниот музичар моментално е на турнејата „Sing a Song All Night Long“ со групата „Ерт, винд енд фајр“, а следниот настап треба да го одржи на 26 септември во Сан Франциско. Според пишувањето на ТМЗ, Ричи пред крајот на настапот во Сент Луис побарал да му донесат стол на сцената.
Македонија годинава ќе има свој амбасадор на еден од најпрестижните меѓународни избори за машка убавина и стил, а станува збор за личност која веќе ужива авторитет во домашната модна сцена. Стилистот Октај Сејди е официјално избраниот македонски претставник кој на 26 септември ќе застане на светската сцена во Тајланд, во рамките на глобално познатиот настан „Mister International 2026“. A post shared by MISS MACEDONIA (@missmacedoniaorg) Информацијата која предизвика интерес во јавноста беше потврдена и споделена од страна на матичната организација „Miss Macedonia org“, од каде што со гордост посочија дека тој ќе застане рамо до рамо со претставници од целиот свет, достоинствено носејќи ги боите на својата земја.
Македонската јавност наскоро ќе има свој претставник на една од најпознатите меѓународни сцени за машка убавина. Познатиот македонски стилист Октај Сејди е избран да ја претставува Македонија на престижниот избор „Mister International 2026“, кој годинава ќе се одржи во Тајланд. Од организацијата „Miss Macedonia“ со гордост ја споделија веста на социјалните мрежи, најавувајќи дека Сејди на 26 септември ќе застане рамо до рамо со претставници од различни земји и ќе ги брани македонските бои на големата меѓународна сцена.
НАСА лансираше нов телескоп од најнова генерација за истражување на темна енергија, црни дупки и егзопланети. Телескопот „Ненси Грејс Роман“ ќе има зголемено видно поле и ќе ги приближува одговорите за мистериите на вселената, вклучително дали сме сами во неа. Моќниот телескоп од новата генерација на НАСА полета во вселената од лансирна рампа на Флорида.
Телескопот „Ненси Грејс Роман“ ќе направи огромни панорамски погледи на вселената, со Телескопот „Ненси Грејс Роман“ ќе направи огромни панорамски погледи на вселената, со видно поле најмалку 100 пати поголемо од познатиот вселенски телескоп „Хабл“. Мисијата започнува со 100-дневно патување до точка на гледање од околу еден милион милји од Земјата, каде што телескопот потоа ќе почне да ги мапира планетите надвор од нашиот Сончев систем, познати како егзопланети. „Роман“ ќе го промени начинот на кој гледаме на универзумот“, рече Ники Фокс, администратор на НАСА . „Ќе открие десетици илјади, можеби дури и 100.000 нови егзопланети.“ Претседателот на САД, Доналд Трамп, се јави на прес-конференцијата на НАСА во недела наутро за да им честита на научниците кои работат на проектот.
Моќниот телескоп од новата генерација на НАСА полета во вселената од лансирна рампа на Флорида. Неговата мисија е да истражува темна енергија, црни дупки и други мистерии во вселената. Телескопот „Ненси Грејс Роман“ ќе снима огромни панорамски погледи на универзумот, а НАСА наведува дека неговото видно поле е дури 100 пати поголемо од она на телескопите „Хабл“ и „Џејмс Веб“, … Моќниот телескоп од новата генерација на НАСА полета во вселената од лансирна рампа на Флорида.
Моќен телескоп од новата генерација на НАСА полета во вселената од лансирна рампа на Флорида. Неговата мисија е да ја истражува темната енергија, црни дупки и други мистерии на универзумот. Телескопот „Ненси Грејс Роман“ ќе снима огромни панорамски погледи на универзумот, а НАСА наведува дека неговото видно поле е дури 100 пати поголемо од она на телескопите „Хабл“ и „Џејмс Веб“.