Дваесет и шест луѓе, меѓу кои полицајци, демонстранти и случајни минувачи, се… Дваесет и шест луѓе, меѓу кои полицајци, демонстранти и случајни минувачи, се повредени за време на протестите што се одржаа синоќа во Тирана и се згрижени во Универзитетската болница во Тирана. Студентските протести, кои траат веќе три дена, се одржуваат поради незадоволството од условите на универзитетите, високите трошоци за студирање, недоволната финансиска поддршка и слабите можности за вработување по дипломирањето. За време на немирите биле запалени возила и избиле пожари, додека безбедносните служби се обидувале да ја стават ситуацијата под контрола.