Премиерот Еди Рама нема да си поднесе оставка, а насилните протести во Албанија се резултат на странско влијание, откако група екстремисти се инфилтрираше меѓу студентите – ова е заклучокот на шефот на албанската дипломатија, Ферит Хоџа во неговото синоќешно ексклузивно гостување во „Надворешна” на МРТ. Тој вели дека барањата на студентите се легитимни и треба да бидат слушнати, но сега протестите „се киднапирани” од насилници, кои кршат и уништуваат сѐ пред себе: „Видовме екстремисти, видовме антисемитизам, што е нечуено за Албанија… Овие дечки се подготвени, добро се организирани и само сакаат да имаат насилство како единствено средство за да изразат што и да сакаат да изразат. Единствените барања што досега ги чувме се од оние во првите редови кои фрлаат камења, уништуваат и палат продавници, уништуваат банки и палат сѐ што ќе најдат пред себе, напаѓаат амбасади, знаете дека и канцелариите на ОБСЕ беа нападнати, знамето беше симнато.