„Наместо да се посипе со пепел за она што го направија, тој очигледно продолжува со таа неоснована кампања за оцрнување на Хрватска, во која ниту самиот не верува, а камоли меѓународната заедница“, рече Пленковиќ во Њујорк, одговарајќи на новинарско прашање за говорот на Вучиќ пред Генералното собрание на ОН. Пленковиќ додаде дека секоја таква изјава „Наместо да се посипе со пепел за она што го направија, тој очигледно продолжува со таа неоснована кампања за оцрнување на Хрватска, во која ниту самиот не верува, а камоли меѓународната заедница“, рече Пленковиќ во Њујорк, одговарајќи на новинарско прашање за говорот на Вучиќ пред Генералното собрание на ОН. Пленковиќ додаде дека секоја таква изјава е уште еден чекор подалеку од европските вредности и од членството на Србија во Европската Унија. Хрватскиот премиер на тој начин го коментираше говорот на Вучиќ, во кој тој ја обвини Хрватска дека се гордее со нацистичкото минато и рече дека за Србија се неприфатливи „моралните лекции“ што доаѓаат од Хрватска, притоа споменувајќи го страдањето на Србите, Евреите и Ромите во Јасеновац. Пленковиќ рече дека тој дел од обраќањето на Вучиќ бил очекуван, откако претходно хрватскиот премиер ја критикуваше Србија поради погребот на осудениот за воени злосторства и геноцид во Босна и Херцеговина, Ратко Младиќ, со воени и државни почести.