Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека за судбината на предложената изградба на луксузно одморалиште поврзано… Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека за судбината на предложената изградба на луксузно одморалиште поврзано со семејството Трамп, проект кој во текот на летото предизвика масовни протести во земјата, ќе се одлучува врз основа на резултатите од проценката на влијанието врз животната средина, а не врз основа на „улицата и идеологијата“.
„Предложената инвестиција во заштитеното подрачје Звернец на југозападот на Албанија е поврзана со ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, Иванка, и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер, кој го советува претседателот на САД и преговара во негово име.