Главниот и одговорен уредник на Првиот телевизиски канал на Радио-телевизија Војводина, Ненад Ќачиќ, поднесе оставка денеска по разговори меѓу вработените, синдикалните претставници и генералниот директор на телевизијата, Горан Караџиќ, објави српскиот портал Нова.рс. „Главниот уредник поднесе оставка утрово“, изјавил Караџиќ за порталот, потврдувајќи ја информацијата за заминувањето на Ќачиќ. На прашањето дали оставката го изненадила, директорот одговорил дека не е соодветно да го коментира тоа. Воедно, соопштил дека, во рамките на своите овластувања, го именувал Блажо Поповиќ за вршител на должноста главен уредник.